Од кој тип на проблем? За замена? За рекламација? Сум имала и таква ситуација немало никако проблем се било во ред. Или па јас имам среќа
Ако гледаме така, тогаш ќе речам од Нептун не купувајте ништо оти на моја фамилија ништо од таму се нема погодено.
Јас не купувам никогаш на попуст и на акција. Зашто знам дека кога има толкави попусти гарант е некое вратено, поправено.. А ако е на акција купено не ти важат истите закони за рекламирање и сервис како за редовни цени. И тука доаѓа до збунување на луѓето. Без разлика од каде, дали Сетек, дали Нептун, Техномаркет.. Лаптопите ги набавуваат директно од производител не ги склапаат они.
Значи навистина си со среќна звезда, браво за тебе , successful story за компанијата од каде што купуваш
Кажи де. А не само да внесеш црв. Кажи што си имал проблем за друг да внимава. А најлесно е само тресни Не купувајте од таму.
Еве другар имаше проблем. Телевизор на попуст, го продаваат како нов, а којзнае колку часови имаше работено на излог. Кога им кажа дека не сака таков, туку нов, не користен, му рекоа дека е овој последно парче и затоа е на попуст. Епа ако е така, треба да нагласиш дека не е нов. Има повеќе работено од рандом ТВ дома што го користеле луѓето со години. Со Нептун сум немал лично искуство вакво, ама од муабет со луѓе, ништо не е поразлично, па затоа не сум земал последни парчиња.
Драга форумџике, јас напишав ВНИМАВАЈТЕ ОД КАДЕ КУПУВАТЕ , не напишав : НЕ КУПУВАЈТЕ . Следниот пат прочитај пред да пишуваш
Ете му кажале. негово било дали ќе го земе или не. Значи луѓе, техника никој не ти дава туку така со голем попуст. Тоа сигурно си има зашто баш тие производи се на попуст. Не се лажете. Тоа е стратегија на секој трговец.
Му кажаа пошто он нагласи и е технички поткован. Да отидеше некој што не се разбира, немаше да му кажат, ќе му го увалеа. Мајка ми така во А1 ја изиграа. Жена во години, нема појма, и гледаат да и увалат нешто. После ја одев да се расправам, не сакаа ниту да го вратат, па закани со АЕК, со дирекција во А1 разговор пошто имам познати, па да се среди работата одма. Тоа не е попуст инаку, туку редовна цена треба да биде. Оваа по која ги купуваш е напумпана како балон. Којзнае со колку висока маржа работат. Муабетот е дека сите се исти, ама за Сетек сум слушнал најлоши приказни. Мадракот има право што рече да внимавате.