До крајот на месецов планирам да се подновам, па дилемите ми се меѓу HP и Acer. Која од овие две марки нуди поквалитетен лаптоп? Цената не ми е битна, имам архивирано доволно.
Во потрага сум на овој лапотоп на LENOVO ideapad s10 значи 10 инчен па доколку некој знае каде поточно низ Македонијава би можела да го најдам нека ме информира
^ Oвоа малово е супер, дечко ми го има за онака, многу ми е слатко и добра марска се . dell Hемојте да се зезнете, многу се скапи, за ништо не ги бива, полначите им се расипуваат скроз на скроз, дечко ми 100 проблеми имаше, веќе не го ни користи, така му седи, само на име е оваа марка. Jас имам TOSHIBA и добро задоволна сум зашто да не, се дур има нетче добро е. и имам и едно мало UNKNOWN лаптопче, за по мала голема нужда го користам Jас сум сепак за мали лаптопи, поготово ако сте уживатор додека си вршите нужда, да си седите на нетче плус и цените на лаптопите многу се паднати човек за 200е да си земе некој, до пред некоја година дупло и повеќе поскапи беа.
^ А од каде го има земено да не знаеш и колку одприлика кошта ? Јас ги гледав во техно маркет но ги нема повеќе.
E не е од Mкд лаптопот, плус веќе неколку години го има, сигурно 5, не е баш нов модел, ама ако те интересира супер е
Првиот лаптоп што го имав беше Hр, и не сум нешто многу задоволна од него, за многу кратко време почна да загрева, купив кулер, ништо, го однесов да го исчистат, беше добар два три дена и пак истата приказна потоа. Кога е ладно може да се користи како греалка. Од Америка си купив Toshiba, и сум презадоволна, ме одушеви тоа што има LED backlight, тастатурата свети, така да навечер воопшто нема потреба да се пали светло додека се дреми на нет.
Првиот лаптоп ми беше Аcer и бев ептен задоволна по 2 години јас го пукнав екранот иначе ќе си траеше многу..Вториот лаптоп ,го купив од Нико msi и по месец дена ми се расипа и чекав 45 дена да ми го направат..Не го направиа па ми дадоа друг..после месец дена и тој се расипа ..па повторно го добив четириесетиот ден..Така мислам дека најдобри се acer
Можеш да си замислиш каков да биде лаптопот што сакаш да си го купиш.. па да отвориш на нет ке видиш што ти се вклопува со цена, модел, меморија, процесор и.т.н ке видиш цена.. и ке одличиш каков ке си земеш. Јас кога купував разгледав модели на Hp, Dell, Toshiba и се одлучив на крајот за HP некако ептен примамливо ми изгледаше.. и супер е. Најдобро Скопје.. амц, нико. зависи од кој град си..
Дечки, деновиве треба да бирам нов лаптоп, па ме интересира збор-два за маркава. Мајка ми има таков, па ме отече буквално - таков, те таков да сум си купела, батеријата им траела долго, што ти знам таму ... Мене некако не ми фаќа око, не ни знам што марка по квалитет е, порадо би купила Acer или Asus, ама сепак би сакала да прочитам уште мислења. И ако има некои што повеќе се разбираат, да ми препорача што конкретно да си барам таму. Ќе студирам на технички факултет и ќе користам 3Д програми за цртање, па би требало да си барам компјутер со поголема рам-меморија, така ?
Мојот прв лап топ беше Асус го земав пред 6 години...што се не преживеа (бидејки сум "малце" несмасна) значи кога го оставав на маса, ја промашував масата, кога пиев кафе буквално пиев со него значи цела чаша ми се има истурено врз него...незнам да беше човек Чак Норис ке го викаа...единствено пред 2 год. му цркна батеријата, тогаш решив да си земам Мси лаптоп, ама вој стварно го чувам, не јадам не пијам во негова близина и некна ми се расипа...не му работат копчињата(и треба сега да менувам цела фолија)...и нормално стара љубав заборава нема, постов го пишувам од Чак Норис значи ASUS for the win ))
Јас имам лап топ toshiba, ми го прати баба ми од Америка, го користам веке 2 години и сум многу задоволна од него. А претходно имав Fujitsu Siemens и не сум задоволна , ми се расипа и батерија и полнач, и неможам да го направам