Препорака за лаптоп

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од karina8, 18 септември 2011.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.773
    Допаѓања:
    76.507
    Пол:
    Женски
    Jас се мислам меѓу Lenovo и HP. Со цените се тука некаде, овој HP е 3-4 илјади поскап, ама некако ми е поубедлив, што знам. За Lenovo искрено, прв пат слушнав, сега се информирав дека се втори по квалитет после HP. :?:
    Им напоменав убаво таму, дека не ми треба за игрички и тинтири-минтири, ами за графика и 3Д програмчиња, па што знам сега. Стварно сум во дилеми и ме загрижува тоа што слушав негативни коментари за HP-то, дека демек за кратко време почнувале брзо да загреваат и слични стварчици.
    А оваа другава марка ми е непроверена и ептен несигурна. :|
    Стварно не знам што да мислам веќе.
    Да фрлам ждрепка? :D
     
  2. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    654
    Јас пред 5 години добив како подарок HP лаптоп, цената беше околу 25 000 ден.
    Но сега за на факултет сакам нов да купам...па би требало да купам ( родителите да ми купат :D ) Dell.
    околу 19 500 ден е. Но сепак само на факултет, добар мислам дека ќе ми биди :worried:
     
  3. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    223

    Јас го имам HP веќе година дена , и го нема да мрдне :D , а пуштен ми е 20/7 , не кочи, сецка и слични глупости ( а не ми е надоградуван за никаква графика и сл. ) , има многу добра звучна , држи бајаги батерија , така да топло ти го препорачувам . А за другава марка искрено немам чуено, може е и подобра , ама од HP се немам пожалено :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  4. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Јас во моментов користам Lenovo и морам да кажам дека е коска.Еве четврта година по ред го служиме,ама не сака да чуе да се расипе нешто.Е сега пред некој месец го забележав дека после толку време почна повеќе да загрева,ама си купив кулер пред некој ден и пак си е по старо.

    Туку јас имам друго прашање,ама не најдов тема кај да го поставам,па ајде овде.Купив лаптоп пред некој ден и ми вика тој демек ги продаваме без оперативен систем.Е сега дали може некоја да ми каже колку чини да го купам или да го инсталирам или како и да оди тоа веќе?
    Многу глупо прашање знам,ама пак ич не се разбирам во овие работи,а брат ми не е тука да ми помогне :$
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.773
    Допаѓања:
    76.507
    Пол:
    Женски
    Ако имаш некој близок да ти го среди и инсталира оперативниот систем - земи си го компјутерот.
    Најсигурна варијанта ти е да си прашаш колку чини да ти инсталираат ОС таму, иако нели не ти оди во цената со компјутерот. Ако не ти се исплаќа пак, барај си друга варијанта, ма да јас мислам, ако ти фатил око компјутерот, најди си некој што ќе ти го среди ОС и немај гајле. :)

    Jaс сепак се одлучив за HP.
    Oва е лепотанот. :$
    [​IMG]
    Батеријата од старт е супер - да не го подречам, си тера три и пол саати без проблем. Се надевам дека ќе ме служи уште долго, а и треба богами, не за џабе сета заштеда си ја потрошив. :D
    E сега, имам прашање - колку време ја полните батеријата?
    Ми препорачаа да си одам по тактиката - празни до крај и полни до крај. Брзо се полни, ама отприлика колку саати би било онака, најправилно ? :^)
    Едни ми велат 12 саати, други додека не се наполни (а реално, се полни можеби и за саат време). :?:
     
    На linguaragazza му/ѝ се допаѓа ова.
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.029
    Го препорачувам HP Pavilion dv7, пред се за оние кои би работеле графика, а и за оние кои се по игрите.
    НАвистина прекрасен лаптоп кој си вреди за секој денар, а бога ми не е ефтин(иако сега би требало да е намалена цената, јас го земав пред 10месеци).

    [​IMG]

    За полнење јас кога е полн до крај го вадам(доколку имам потреба, инаку постојано е на струја), ја празнам батеријата до некои 20%, па го ставам повторно на полнач да се наполни. Потоа ако имам потреба повторно го вадам.
    Навистина сум задоволна во поглед на батеријата, зошто сеуште се понаша како нова(пу пу пу ), а реално батериите секогаш се со краток век.
     
  7. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    ^^ Го однесов да ми инсталираат.Не беше скапо,500 денари беше,јас мислев поскапо е.

    Јас земав Fujitsu сега и батеријата трае околу 3,5 часа.Ама ќе видиме понатаму како ќе се покаже.
     
  8. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.373
    mishela Lenovo e poslem Toshiba, znachi Toshiba e br1 a poslem Lenovo , Hp, Acer... itn

    Mozhebi ti e nepoznata markata ama Lenovo se dosta dobri, dosega ne sum slusnala nikoj da se pozali od niv, i HP se dobri ama onie poskapite , onie sto se 15-16000 ne cinat za nisto, bratucetka mi imase zemeno i non stop se zali od nego
    Jas go imam Lenovo ThinkPad pred nekoe vreme go zemavme od Anhoch 28.000 :)
     
  9. Simona190799

    Simona190799 Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    Моја препорака е TOSHIBA :)
     
  10. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    223

    Ама го погоди, ист како мојот :D
    Ај со среќа да си го користиш :)

    А околу батеријата , мене ме советуваа да ја празнам до крај и да ја полнам до крај ( не по 12 саати , за саат , два се полнеше ) , така три пати , и еве до сега да чукнам в дрво ја нема да мрдне, по 6 саати тера без гајле :D ( зависи ако не работам ништо и по 7 - 8 )
     
  11. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.046
    Допаѓања:
    20.947
    Пол:
    Женски
    Во голема дилема сум, поточно трилема :)

    Сакам да си купам лаптоп, и се мислам меѓу овие 3... Што ќе ми кажете?
    http://amc.com.mk/ShopDetal.asp?Article ... D=&Action=

    http://amc.com.mk/ShopDetal.asp?Article ... EA&Action=

    http://amc.com.mk/ShopDetal.asp?Article ... G5&Action=



    Ако случајно имате некоја подобра идеја, слободно споделете ја, ќе ви бидам благодарна :)
     
  12. Tej4e

    Tej4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    TOSHIBA девојки ! Мене ми е од Германија, цената му беше 450, но кај нас е накај 500 евра мислам. Од го користам речиси 10 месеци, нема гајле ! Како нов е ! Па и ако има Windows7 одличен би бил (како мојот,де). Секој сака Apple ама кога немаш, подобро земи тошиба.
     
  13. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    8.919
    Пол:
    Женски
    Моја препорака е ASUS.
    Добар е, ме служи... што се му се нема случено, па пак работи. Јас имам ваков. Скоро 2 години има. :)
    [​IMG]
     
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.545
    Хепи а за која намена ти е лап топчето? Пошто ако ти е за домашна она фб, интернет, семинарски ништо повеќе јас ти го препторачувам ХП за тие пари има многу добри перформанси, а и не ти треба ништо повеќе само да си знаеш сите ХП компјутери имаат по една година гаранција и таа гаранција ја диктира самиот производител. Кога ќе купувате ком. не купувајте марка туку убаво погледнете си ги карактеристиките на ком. доколку вие не се доволно разбирате пожелно е да се консултирате со некој кој се разбира од компјутери не за друго многупати купуваме поскапи компјутери од кои немаме потреба и многу поефтин и со многу послабни перформанси може да ни заврши работа.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.029
    Јас имам ХП и Тошиба. А најдобри се Дел, дефинитивно. За Асус слушам само негативни коментари :worried:
     
  16. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.046
    Допаѓања:
    20.947
    Пол:
    Женски
    За домашна употреба ми е, да. Интернет, филмови,музика, семинарски и такви работи. Не ми треба некој којзнае каков. Ама бидејќи не се разбирам многу во компјутери, не знам каков да земам.
     
  17. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.362
    Во Англија по сервисите најмалку имаат поправки на Ацер, тука како е не знам :).

    Дел и ХП се исто доста квалитетни (и поскапички) :)
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. capri

    capri Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    23

    Добар избор е Fujitsu и јас користам..и работи исто како и првиот ден..Германска Машина :D :D :D
     
    На linguaragazza му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    877
    Пол:
    Женски
    Јас сакам лап топ да си купам али се мислам дали лап топ или таблет :D
    лап топот си е лап топ, штознам, со копчиња со усб, со тие ствари, ама неможеш да го носиш ако ти текне у кафич или негде вака лесно..не дека неможеш али гломазен е, треба посебна ташна за него итн.
    а таблетов ко тетратче си го носам кај сакам...
    незнам стварно :/
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    19.991
    HP то го имам, добар е. Иако ќе го менувам за кратко, за помал. И Тошиба се добри да знаеш. Твој е сепак изборот.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.