Asus дефинитвно. 4 години го имам ништо не му се случило. Супер работи. А и мислам дека не се претерано скапи.
ај да се пофалам вчера си купив мало ASUS лаптопче 15000го плативме доволно ми е за разнесвање наваму натаму и многу ми е слатко како и да е појма немам како да се поврзам на нет преку модемот од персоналниот компјутер што ми е дома сто пати пробав неможи ќе можи малку помош?(ако има ваква тема преместетего прашањето слободно)
Планирам да си купам лаптоп, некаде до 25000. Некој да ми препорача добра марка, позитивни критики? Леново дали се квалитетни, Асус...? Благодарам
Ако купувате Дел, немојте да земате од Риверсофт. Јас запнав за Дел, ама и самиот менаџер со кој правев муабет ми рече дека моделите со кои располагале биле доста неквалитетни и постои ризик компјутерот брзо да почне да откажува. Кажа дека периодов им е таков и дека се трудат да го средат овој недостаток. Just sayin', да не се излаже некоја, па да се зафркне. А после моето позитивно искуство со HP, се сомневам дека некогаш ќе посакам да сменам марка. Да не го подречам, лепота е!
Вака сеа ќе ви каже Свит.Татко ми работи со лап-топи и такви ствари,и најдобар лаптоп е дефинитивно Дел.И ХП и Тошиба се добри,ама н.1 е сепак Дел.
Во понеделник ќе го порачаме овој. Да ми кажете некои критики за него, доколку го има некој користено а
Тошиба се добри компјутери, јас сум задоволна од мојот лап топ, за Дел се знае а, Ацер и Асус не ми се допаѓаат.
Еве го мојот и супер е Спојлер 15.6" HD Display AMD A4-3305M Dual Turbo Core 4 GB DDR3 RAM 500 GB HDD AMD Radeon 6480G LAN, Wi-Fi b/g/n, USB, Bluetooth, HDMI, Card Reader DVDRW, Webcam 2 години гаранција за физички лица 1 година гаранција за правни лица
Мене ми треба итно мини лаптопче, цената да му е некаде до 100 евра. Каде да барам? Цениве што ги гледам на нет во АМЦ и НЕПТУН не ми се баш примамливи..
Се сеќавате дека ве прашував за препорака? Епа уште не сум си купила лаптоп. Добив ваучер со вредност од 15.500 ден. од Владата, и сега треба да си додадам уште неколку илјадарки, и да си купам конечно. Јас секако нели планирав, ама супер ми дојдоа овие пари од Министерството за информатичко општество Е сега, овој сакам да го земам. http://www.amc.com.mk/ShopDetal.asp?Art ... eID&Action Што мислите, добар е? Од тоа што ми го објаснија постручни лица, разбрав дека има понов процесор, добра графичка картичка, и РАМ меморија.
Мислам дека е како мојот, ама поим си немам за карактеристики... Не се ни заинтересирав нешто посебно кога купував. Отидов, кажав дека ми треба лаптоп за стандард работење, интернет, офис, чат-пат некое игриче, музика, филмови, ми го понудија Асус, си платив и си отидов. Минатото лето многу загреваше и ми ги кочеше филмовите, ова малку почна, и таман ќе купував кулер, се управи, да не го подречам. Тастатурава ќе треба да се смени во догледно време, за година да речеме, некои буквички треба посилно да се притиснат, на пример С, ама и тоа не ми е нешто трагично. Јас сум си задоволна, да не го подречам, ептен лесно подрекувам , пу пу... пуштен ми е по цели денови, измалтретиран е, не викам не... имав 1 година гаранција за лаптопот и 3 за батеријата.
Dell моментално се најефтини и со најдобар избор во Макпетрол делл(има на југо дрво, на други места незнам дали ја има продавницава) Главни дистрибутери се они и си имаат сервис. Јас имам веќе 4 години Делл, и неможам да се пожалам. Батеријата почна да зафркава,ама после 4 години е разбирливо. Само јас му ко пукнав екранот и ми бараат 5000 со рака и во Делл макпетрол, а на асите други места над 7000 ми рекоа. Така да ако имате Делл или се мислите каде да купите, најфетини се во Макпетрол, и си имаат лиценциран сервис.
Јас ќе одам малку off-topic со моето прашање ама овде ќе го пишам оти мислам дека најбрзо можам да добијам одговор. Проектов од Владата за лаптоп, важи за сите години или само за 4та? И дали е уствари за сите факултети или само за информатичарите?
Ваучерите важат за сите студенти,без разлика на кој факултет,за социјално загрозени семејства. Инаку јас моментално имам Asus го користам две и пол години,некогаш кочи и морам да го рестартирам,така да сепак е добар бидејќи јас сум 24/7 на лап топ. Исто така многу ми се допаѓаат и Тошиба и HP.
Дечки, ми треба мислење од некој што има користено од овие маливе лаптопи, 10 инчните. Се мислам дали да земам, ми треба за канцелариско работење, музика, некоја серија, најобични игрички како карти и мемори гејмс, ништо посериозно. Би ве замолила доколку некој има вакво мини лаптопче да сподели искуство, совет, да препорача нешто итн...Како со батерија, дали се побавни и се` друго што сметате релевантно. Благодариме
Брат ми има мини лап топ од 10 инчи и за разлика од обичните лаптопи помалку држи батерија,бидејќи е со помал процесор и послаба графичка плоча. Доколку сакаш да земаш мини лап топ би те советувала да си земеш Acer кои се одлични за канцелариско работење,за програми,презентации,инернет и се друго. Инку и брат ми користи Acer,а познавам и другарки и колешки кои ја користат истата марка и се презадоволни.Одбегнувај Asus,бидејќи се со многу слаба конфигурација,а релевантно на тоа и побрзо се расипуваат. Поздрав,
едно прашање зашо ич не сум упатена, ве читав ама не прочитав дали коа идам купувам лап-топ и доаѓам дома го пуштам и го користам, значи нема дополнителна потреба од инсталации, анти вируси и оперативни системи?! да се надоврзам дека сум во long time lasting relationship со мојов преценет, речиси 10 цели години и за сите делови, мемории, графички, тастатури и мауси и екрани сменети до сеа дома у секоја соба компјутер ќе имав, сакам да кажам дека од почетниот компјутер е останата иста само кутијата од куќиштето, ама тоа ти е македонска работа