Како што пишав и порано, го имам 3год и до сега воопшто не ми е чистен од прашина(мислам внатре во него ако ме свативте за какво чистење станува збор ). Прашав една другарка и ми рече дека таа дома сама си го чистела, и јас сакам сама да си го исчистам ама незз кој дел треба да го отворам . Ај ако може некој да ми каже како можам да го исчистам, бидејки ни даваат домашни и јас повекето ги пишувам од интернет и ако го однесам во некој сервис сигурно ке ми го задржат 2-3 дена, ако некој знае ве молам кажете ми.
Јас имам Asus, а го имам чистено т.е.тастатурата само со оние спрејови што дуваат воздух, барем еднаш неделно, све и свешта се собира внатре..
Јас имам Lenovo хахаха иначе сеа за сеа добар се покажа ми паѓаше два три пати и ништо не му е нема ни гребнатинка, прилично сум задоволна и ако некој планира да купи лаптоп со помалце буџет му го препорачувам накај 15 500 е.
Јас се мислев, се мислев, и на крајот се одлучив за овој Notebook Dell Inspiron N5110 Intel® Core™ i5-2450M 4GB DDR3/500GB 7200rpm/HD7450/15.6" HD LED/HD Cam/Red Прво долго време се мислев околу марката и мислам дека не згрешив што се одлучив за Dell. Во однос на карактеристиките, барем црно на бело изгледа супер, а во пракса ќе видиме Читав доста статии со целосен review, во глобала корисниците се задоволни, освен една мана што ја забележав - наводно загревал повеќе при играње игри. Ама јас гејмер не сум, игри не играм, така што мене работата ќе ми ја врши Надворешниот дизајн е одличен, многу фино е изработен, просто страв ми е во раце да го држам Башка џиш црвен... мераци! Го купив од Анхоч, некако во однос на цената и условите најмногу ми одговараше. Еве линк ако некој сака повеќе да се информира. За некое време ќе пишам импресии, сега прво треба да ги префрлам сите податоци од стариов лап топ и да почнам да работам на новиот Ова ми дојде како задоцнет подарок за дипломската, а подранет подарок за роденденот
И јас го имам тотално истиот само кај мене е црн цел - 4GB DDR3/500GB , и многу си го сакам имам пишано во темава мислам дека
И јас сум во потрага по лаптоп е сега гледав од амц и ако можи да ми кажите мислење за овие два: http://www.amc.com.mk/ShopDetal.aspx?Ar ... =&Action=V и http://www.amc.com.mk/ShopDetal.aspx?Ar ... =&Action=A Спрема перформансите се гледа кој е подобар, а во глобала се тука негде освен процесорот а јас не правам ништо друго освен за на нет, филм, скајп, офис и сл... и затоа не сакам многу пари да давам ама па и сакам да се погоди да ми потрае повеќе време..и затоа не можам да се одлучам со цената а и марката
За лаптоп наново ќе ми требаат 10 години да заштедам Ме интересира што мислите за поволен лаптоп? дали вие би земале или?
Aко се одлучиш за половен,убаво проучи го,или ако не си упатена во квалификациите што ги има,нека го види некој поискусен. Но,јас искрено не би земала. Сега има да земеш квалитетен лаптоп со рата до 1000 ден,е сеа малку подолго може ќе го исплаќаш,но барем ќе знаеш,ново си е ново
Aко се одлучиш за половен,убаво проучи го,или ако не си упатена во квалификациите што ги има,нека го види некој поискусен. Но,јас искрено не би земала. Сега има да земеш квалитетен лаптоп со рата до 1000 ден,е сеа малку подолго може ќе го исплаќаш,но барем ќе знаеш,ново си е ново
Јас имам HP ProBook 4720s, го добив пред две години како поклон за Нова Година, и премногу сум задоволна од него. Издржлив е, одличен е. Е сега, не е пластика туку е метален, што го прави малку потежок, и плус не е класична „мини коцкичка“ туку Има 17 инчен екран, што го прави малку поголем од вообичаено и не го збира во секоја торба, ама затоа ако сакаш да гледаш филм или да играш некоја игрица е прва лига. Се на се, супер компјутерче. http://dyra.eu/sites/default/files/gallery/HP_ProBook_4720s/HP-ProBook-4720s-IMG9.JPG
Луѓе ми треба препорака за лаптоп што мислите за некој од овие ? http://amc.com.mk/ShopDetal.aspx?Articl ... D=&Action= http://amc.com.mk/ShopDetal.aspx?Articl ... EE&Action= http://www.neptun.mk/index.php?route=pr ... _id=205359 http://amc.com.mk/ShopDetal.aspx?Articl ... =&Action=A не се разбирам ич ама ич во вакви работи , па ве молам кажете кој од овие лаптопи е најубав или препорачајте ми некој до 20 и нешто илјади денари Чекам одговор , позз