препорака за од кај може да се најдат масички за во дневна? да не бидат од тие секојдневните, нешто по уникатно, слично на think house of furniture, luxin furniture(не работи веќе)?
е у овој стил нешо да, убава е оваа само за кај мене нема да одговара, ќе разгледам тогаш југоекспорт
Се надевам постов ќе го прочитаат што повеќе луѓе за во случај ако дојдат во контакт со овој човек да бегаат што подалеку од него! Се решивме за него затоа што беше по препорака ама гадно се зезнавме… Подолг пост но вреди да се прочита. “Мајстор” за плочки БРАНКО ПАНЧЕВСКИ. Мајстор е во наводници затоа што за едни плочки да се наместат во мала кујна и на тераса му требаа 2 недели, и притоа не ги местеше он туку двајца цигани за кои гарантираше дека супер ќе ја завршат работата за два три дена максимум, он не се ни појави а требаше он да ги мести. Плочките на тераса беа катастрофа, дете од 3 години подобро ќе ги наместеше па после го подбравме Бранко да си дојде да си ги пререди зашто тоа беше ужас. Најомилено нешто на “човекот” му е да лаже и да прави филмови. Човек е исто во наводници зашто се работи за превара невидена, какви стресови и нервози ни предизвика а јас сум трудна плус операција правев баш кога почнавме со него и он тоа го знаеше ама му беше гајле, гледаше само како да не прелаже за да ни ги земе парите и после да го снема. Во исто време ни направи филм демек врати преку негов човек да земеме со попуст, отидовме одбравме и му дадовме пари и тука направивме грешка. Ние сме си криви што му дадовме пари него демек он со газдата се знаел ќе ни напраел попуст. Парите отидоа, вратите ги нема, работата стои и почнуваат нервозите и стресовите. Од тој момент кога ги зема парите не се појавуваше туку цело време викаше ќе дојдам во среда, па не можел среда му испаднало нешто ајде петок доаѓам обавезно завршуваме работа… и така едно добри 3 недели… па кога видовме дека нема абер од вратите му рековме да ни ги врати парите кои он како што ги земал очигледно така ги потрошил, не нарачал врати без око да му трепне. И пак лажгите, ќе префрлам на сметка, па имало проблем со банката па на крај ќе позајмел од некој и така у круг цело време. Пробуваме да ја решиме ситуацијата и јас се надевам на добар исход.
Ах леле баш ми е жал ова што се случило.. Се надевам побрзо ќе го решите проблемот и ќе си ја заврши човечки работата.
Постои ли мајстор што може да порави дел од врата?! Внатрешна врата, релативно нова, 2 години, кваката паѓа. Ај што паѓа, веќе дупки се направени кај што се заштрафува и не може ни нова квака да се монтира. Постои ли некој кој би ја средил вратава на тој дел?
Може доцна одговарам, ама многу сум задоволна од Софа Студио. Не само што изработуваат по мерка, туку и се скроз професионални да дојдат дома тие самите да го измерат просторот. Ние имавме ситуација кајшто аголот не беше 90 степени и дојдоа го измерија и аголот и двете страни и ја направија гарнитурата под точен агол за да одговара и да биде скроз залепена за ѕид. На ниту едно место не се нафатија на ваква изработка.
Во Џамбо имам гледано, и во Синсеј знаат да донесат. Исто разгледај во Maximo Lighting сигурно ќе најдеш.
Не мора да е од ист или сличен материјал, ниту пак да има сличен изглед. Јас не сакам премногу униформираност, па би одела со некоја скроз црна подна ламба. Можеш да ги разгледаш подните што се исти како плафонските шини. Мислам дека баш убаво ќе се вклопат, овие се најлесни за комбинирање. На нешто вакво мислам: https://homelight.mk/product/robby-podna-lamba-so-3xgu10/ Штета што ја немаат на залиха во Хоум лајт, ама треба да ги има овие подни ламби и по другиве салони за расвета.
Сакам домчето нешто вака да го уредам, т.е на бежот да му дадам малку боја. Е сега прашањето ми е дали можам да не купувам вакви слики и да ги преплатувам туку пр да ми ги направат во некое студио како во форма на постери со убава резолуција и јас да си купам рамки? Пр вакви слики: