Hellooo, има на Тему еден куп вакви постери а и не се скапи. Слично нешто и јас сакам да направам дома, само да му дојде крајот на реновирањево прво. А можеш и тука да прашаш како се со цени. https://print.mk/?utm_source=ig&utm_medium=social&utm_content=link_in_bio
Баш откако пишав отворив на тему и изнајдов милион слики за по 80 денари, се наполни кошничката 8 илјади за дома сега. Фала ти
Во Canva можеш да си направиш вакви за без пари. Ќе си подесиш формат каков што ти треба и ќе си ги симнеш како слики. После можеш да си ги испечатиш во принтарница на хартија со дебелина ко за визитки или на хамер.
Епа си најдов на пинтерест ама да тоа ми беше муабетот. Е сеа на тему најдов мноогу евтини а убави што ми се свиѓаат па може и од таму да си порачам.
Со среќа да одбереш, има глава да ти штукне колку избор има. Пиши boho wall poster и ќе ти излезат баш такви ко што сакаш.
Можеш да ги испринташ во Тримакс, принтаат А3 и А4 формат. Многу е евтино, може и на обична хартија, оти ќе ти биде во рамка, не мора специјална. Рамки од Синсеј, 150 до 250 денари една.
Јас голем формат постери имам принтано во полиестердеј и ги урамив. Ама за вака поситни и помали можеш во фотостудио или книжара. Само пази ако симнуваш од нет да се добра резолуција.