Јас можам да ви кажам кого да НЕ ангажирате, ʼАјде домаʼ од Ново Лисиче. Катастрофа изработка, не довршуваат до крај, 100 пати треба да им се јавиш за полица фалело, рачки, ситниците ги нема. Газдарицата Ива не знае веќе што лаже, не крева, не враќа на пораки, катастрофа, да ти се одмили домот на кој толку си се радувал и си го дизајнирал со мерак.
Здраво, дали знаете фирма која што реновира купатила целосно? Би сакала да не бараме мајстори посебно за се, туку самата фирма да си има. Ако имате искуство да препорачате, би била благодарна, фала.
Барам препорака за столар, ми треба најобичен плакар за на тераса. Можеби не сум во тек со цени, ама не ми е логично плакарче 80х60 да биде скоро 200е. Толку ли е се поскапено? Ако некој знае ефтин столар, пишете ми контакт.
И со двајцата мајстори имаме искуство и добри се, меѓутоа мислам дека овие од Тетово би ти дале пореална цена и поевтина.
Јас имам, чекав 1 месец зошто Ананас имаа проблем со партнерот, на крај од партнерот директно го нарачав и стигна за 1 недела.
Ми треба помала, удобна и релативно евтина фотелја. Во кои салони да разгледам? Во Скопје и околина (Куманово, Тетово…).