1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорака за очна оптика

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EvAngelos, 9 мај 2026 во 13:28.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    11.222
    Пол:
    Машки
    Препорачајте некоја оптика во Скопје каде што можат да ти направат дијагностика на диоптер и да ти изработат наочари? Фала!
     
    На Малечка Малинка му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Малечка Малинка

    Малечка Малинка Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2025
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    537
    Пол:
    Женски
    Оптика Ицо кај Зелено пазарче
     
    На Cutiepie123 и EvAngelos им се допаѓа ова.
  3. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    3.623
    Пол:
    Машки
    Ленс, Тафталиџе. Многу сум задоволен од нив. Не сум поврзан со нив, само сум бил клиент.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    11.222
    Пол:
    Машки
    Фала на препорака.
    Веќе земав од Отпика Ицо кај Зелено Пазарче ( @Малечка Малинка ) и ептен сум задоволен од услугата, дијагностиката на диоптер цилиндар, советите и ептен те тинтраат за избор на рамки, воопшто не те притискаат за побрзо да одлучиш, туку ти даваат еден куп опции.
    Дека е локациски до пазарче и очекував поефтини цени, ама цените се исти како во секоја оптика, 7300 ме фати со стакла и рамки.
     
    На Vikktorr и Малечка Малинка им се допаѓа ова.
  5. Малечка Малинка

    Малечка Малинка Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2025
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    537
    Пол:
    Женски
    Мило ми е. И јас го имав истото искуство за услуга, а очилата се како нови со години. Имам неколку пара и сите се супер. Претходно ми беше одбивно да носам очила, мислев дека повеќе ми смета одколку шо ми помага. Ама до квалитетот било.
    Сепак ќе ја имам на ум и другава препорака.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  6. StefCek

    StefCek Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2026
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Не е малку скапо?Или ти си одбра рамки за таа цена?Па и стакла?
    Може да пишеш ако не е тајна кои се цените на стаклата и на рамката?

    И каде се наоѓа точно дуќанот(продавницата)?Во уличката кај Зегин аптеката и Рептил продавницата?
     
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    11.222
    Пол:
    Машки
    Скапо е. Ама немав време да барам други препораки, со надеж дека ќе најдам квалитет и пониска цена.
    Стаклата се 4200 денари, а рамката 3100 ден.

    Дуќанот се наоѓа на источната страна од пазарчето, од внатрешна страна. Го има на гугл мапс (Оптика Ицо), така ти е најлесно.
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.150
    Допаѓања:
    14.917
    Би рекла дека е евтино тоа, а не скапо. Очила имам земено пред 13 години во оптика во внатрешноста за 7.400 денари, рамка и стакла, и фотогреј стаклото е, со цел сончевите зраци да не му пречат на окото. Има и многу скапи рамки, само рамка може да чини над 10.000 денари. Ама па и не треба да се штеди за такви работи, еве сега сум на лаптоп, и рамката со очила антирефлекс е стара 15 години, и не мрда.
     
    На Manako2 и Малечка Малинка им се допаѓа ова.
  9. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    1.084
    Допаѓања:
    1.693
    Пол:
    Женски
    15 години имаш ист диоптер ?Браво.Јас купувам буџет,за рамки не давам пари за стакло на 3 години ми менуваат диоптер и го менувам стакло со ново.се гребе,и тука не давам многу и менувам со ново.Работам на ПС,и баш не верувам во фотогреј,така ми кажа доктор оператор ,ставам капки за очи за суво око поскапи.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cutiepie123

    Cutiepie123 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2025
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Како си задоволна од дијагностиката кај нив? Порано имав земено само стакла кај нив а рамка од тезгите карши супер се само дијагностика немам правено кај нив
     
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    11.222
    Пол:
    Машки
    Ок се. Трпелив е дечкото. Види, нс нив им е важно да си задоволна од видот потоа, за да ги фалиш. Ако ти ја утне диоптрија и ако гледаш матно или те боли глава потоа, ти се најлошо ќе збориш за нив.
     
    На Cutiepie123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. evinaevina8

    evinaevina8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2024
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Јас сум многу задоволна од Визус, имаат и ординација и оптика нивна, ординацијата е во Тафталиџе, последен пат бев пред повеќе години и тогаш работеше Др. Гордана Софрониевска , сега да не е во пензија не знам, ама ептен е стручна, прегледува темелно.
     
  13. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    8.062
    Пол:
    Женски
    Јас сум презадоволна од Геталдус во Лептокарија. Девојките се преуслужливи, дечко ми има доста повисок диоптер и долго време од таму зима наочари, а и јас сега пред некое време менував рамки. Супер се стварно.
     
  14. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    844
    Допаѓања:
    2.342
    Пол:
    Женски
    Дали имаат ефикасност очилата за заштита од компјутер? Немам диоптер
    На мисла сум да земам и јас барам добар оптичар. И како се со цени?
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.029
    Допаѓања:
    139.869
    Пол:
    Женски
    За дијагностика на очи не се оди во ОПТИКА се иде на Офтамолог. Ова од мое лично искуство со наочати од мои 15 до 39 години . Од 39 до 47 сум без очила направив ласер во Систина.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    8.062
    Пол:
    Женски
    Јас купив од Барнер, пред 2 ипол години, абе болка немам осетено од тогаш. Преефикасни, ги носам по 8-9 часа. Пред да ги купам ме болеше глава нон стоп од компјутер, сега воопшто. Ги препорачувам со цело срце, цела канцеларија имаме и сите се презадоволни + на ова е што не се ни чувствуваат на очи од што се лесни.

    Јас ги имам овие https://mebrands.mk/product/chamberi/
     
  17. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    8.062
    Пол:
    Женски
    Најчесто некои оптики соработуваат со офталмолози и имаат опрема за истите. Пример во Геталдус во оптикава, си имаат екстерен офталмолог и он те проверува и после си ги правиш очилата.
     
    На Малечка Малинка му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.029
    Допаѓања:
    139.869
    Пол:
    Женски
    Да ама нема ширење зеници, нема дихајностика. Знам што зборувам и како ме имаат зезнато во Оптики.
     
  19. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    489
    Со години носам очила, одам на офтамолог и никогаш не ми ширеле зеници за одредување на диоптрија. На децата кога беа помали, еднаш на клиника им ширеа и во скроз темна просторија им мереа нешто. Инаку и на клиника диоптријата не ја одредува докторот, туку мислам беа дефектолози ако добро разбрав, ова го кажувам за детска возраст. Се сложувам дека диоптријата треба да ја одредува офтамолог или оптометрист, а не било кој вработен во оптика.
     
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.029
    Допаѓања:
    139.869
    Пол:
    Женски
    И мене не ми ширеа со години па кога отидов во Систина се открија многу работи.
     
    На zence му/ѝ се допаѓа ова.