Тоа им е стандардна процедура за обичен офтамолошки преглед или можеби тебе ти правеле при подготвителен преглед за операција? Систина и Промедика се исто нели се споија за офтамологија.
@nena2010 иста ти беше диоптријата со ширење и без ширење на зеници? Мене ми имаат ширено во Систина на крај испадна иста диоптријата, само што после ми беше непријатно, примижував и не знаев кај терам. И дали секој преглед ти го прават со ширење?
Специјалистички преглед е обавезно со ширење зеници. Јас имав вртоглавици кои сите ми ги припишуваа на спондилоза да испадне дека сум имала некој астигматизам кој се отврди само со спрецијалистички преглед. Подготвителниот преглед е многу поинвазивен од специјлистичкиот. @MarigoldA не ми беше. Тотално утната ми била. Среќа за 2 недели се оперирав. Од 2019 не ми ширеле зеници. Ама не сум ни била од ковидот на преглед ќе ме утепа докторката.
Јас првпат носам очила сега. На 45 години за блиску. Без на офталмолог и ми одредија диоптрија. @nena2010 не ми ширеше зеници. Рече нема потреба. Мереше очен притисок и се останато,а зеници ширење не било стандарден преглед, само ако има потреба. Инаку за наочари отидов во Прима Оптикс и таму ми понудија ако сакам да ми проверат пак диоптер со некој апарат бесплатно, ама ќе требаше да се враќам следниот ден и си останав само да си земам рамки и стакла. Зедов едни прво во продавницата во Дајмонд со некои квалитетни стакла, а потоа се сетив дека на плажа ќе ги испогребам кога ќе читам па после во Беверли во аутлетот купив едни со магнет на рамката за темни стакла. На тие ставив поефтини стакла. И ваљда се опремив и се надевам нема да расте диоптријата.