Препорака при ново вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од vinozito1, 11 јули 2013.

  1. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    3.415
    Мислам дека кај нас ова ретко се практикува, а треба посебно внимание да се обрати на ова .Значи работните места се менуваат и се што си научил како да пага во вода.
    Секое работно место е искуство и останува со старото работно место.
    Дали некој од вас добил препорака од работодавец од колеги, така имам, слушнато и тие можеле да даваат препораки .Мислам дека со практикување на ова полесно ќе најде ново вработување.
    ако има ваква тема слободно канта .
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.319
    Допаѓања:
    18.117
    Пол:
    Женски
    ПРЕПОРАКА ПРИ НОВО ВРАБОТУВАЊЕ

    Еве вака, ако ништо друго, како „активен одач на интервјуа и земач на препораки“ :D да си пишам свој став.

    Зависи од работодавец до работодавец. Некои ги ценат, некои ги проверуваат, некои не ги ценат затоа што кај нас ретко сериозно се сфаќаат тие препораки и многу често оди по принцип „Напиши си ја и дај да ти ја потпишам ако веќе толку ти треба“ и затоа и има некои кои не ги сфаќаат толку сериозно истите можеби баш затоа што самите ги давале на тој начин.

    Во секој случај, добар додаток на вашето работно портфолио. Пожелни се, ама не секогаш пресудни.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    3.415
    Бев на разговор за вработување.Ми бараа податоци за тоа каде сум била вработена колку време...Бараа име на фирмата.Се сомневам дека ќе се распрашуваат, а одговорите нема да ми одат во прилог .Поготово што на крајот имав конфликт со газдата околу исплата на отпремината и начинот на кој бев прогласена технолошки вишок.Дали сето тоа го изнесам на следниот разговор или да си чекам само одговор.Што мислите вие ?
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.319
    Допаѓања:
    18.117
    Пол:
    Женски
    Хмм, јас за да избегнам такви „рекла-казала“ моменти, во ЦВто каде што пишувам работно искуство, ги пишувам сите контакт информации за фирмата (целото име, адреса и телефон) така што им отворам простор да си прашаат ако ги интересира. Мислам дека тоа е добра почетна стратегија, би требало да влее доверба кај работодавачот.А на толку невработени и толку апликанти, сигурно газдите немаат време секаде да се испојават и да проверуваат. Сум имала и повеќе и помалку пријатни искуства, но совеста ми е чиста, па сега, луѓе сме и конфликти се случуваат, изборот дали ќе ме примат или ќе се водат по тие работи си е нивен. Се` додека јас сум била праведната, нема што да кријам.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    3.415
    Мое мислење е дека само колегите може да дадат вистинска препорака .Газдите си се поврзани , посебно во помалите места.Теси ,токму за правдината се работи, на газдите им смета луге што ја бараат.
    Останува да се надевам дека се во конфликт. :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    16
    Многу паметна идеја ти е ова :clap: .Никогаш не знаеш каде ќе ти се најдат тие препораки.Еве конкретно јас иако досега имам само волонтерско искуство,што од невладини организации,летни пракси,од професори секогаш сум си барала.Сето тоа со стекнатото искуство го склопив во електронска верзија од класичното резиме во форма на веб страна кое се нарекува кариерно потфолио.Овој вид на резиме е доста користено во другите земји,во замена на класичното резиме.