babylove овошни кашички

Препораки при вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од vinozito1, 11 јули 2013.

  1. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    3.417
    Мислам дека кај нас ова ретко се практикува, а треба посебно внимание да се обрати на ова .Значи работните места се менуваат и се што си научил како да пага во вода.
    Секое работно место е искуство и останува со старото работно место.
    Дали некој од вас добил препорака од работодавец од колеги, така имам, слушнато и тие можеле да даваат препораки .Мислам дека со практикување на ова полесно ќе најде ново вработување.
    ако има ваква тема слободно канта .
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.346
    Допаѓања:
    18.388
    Пол:
    Женски
    ПРЕПОРАКА ПРИ НОВО ВРАБОТУВАЊЕ

    Еве вака, ако ништо друго, како „активен одач на интервјуа и земач на препораки“ :D да си пишам свој став.

    Зависи од работодавец до работодавец. Некои ги ценат, некои ги проверуваат, некои не ги ценат затоа што кај нас ретко сериозно се сфаќаат тие препораки и многу често оди по принцип „Напиши си ја и дај да ти ја потпишам ако веќе толку ти треба“ и затоа и има некои кои не ги сфаќаат толку сериозно истите можеби баш затоа што самите ги давале на тој начин.

    Во секој случај, добар додаток на вашето работно портфолио. Пожелни се, ама не секогаш пресудни.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    3.417
    Бев на разговор за вработување.Ми бараа податоци за тоа каде сум била вработена колку време...Бараа име на фирмата.Се сомневам дека ќе се распрашуваат, а одговорите нема да ми одат во прилог .Поготово што на крајот имав конфликт со газдата околу исплата на отпремината и начинот на кој бев прогласена технолошки вишок.Дали сето тоа го изнесам на следниот разговор или да си чекам само одговор.Што мислите вие ?
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.346
    Допаѓања:
    18.388
    Пол:
    Женски
    Хмм, јас за да избегнам такви „рекла-казала“ моменти, во ЦВто каде што пишувам работно искуство, ги пишувам сите контакт информации за фирмата (целото име, адреса и телефон) така што им отворам простор да си прашаат ако ги интересира. Мислам дека тоа е добра почетна стратегија, би требало да влее доверба кај работодавачот.А на толку невработени и толку апликанти, сигурно газдите немаат време секаде да се испојават и да проверуваат. Сум имала и повеќе и помалку пријатни искуства, но совеста ми е чиста, па сега, луѓе сме и конфликти се случуваат, изборот дали ќе ме примат или ќе се водат по тие работи си е нивен. Се` додека јас сум била праведната, нема што да кријам.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    3.417
    Мое мислење е дека само колегите може да дадат вистинска препорака .Газдите си се поврзани , посебно во помалите места.Теси ,токму за правдината се работи, на газдите им смета луге што ја бараат.
    Останува да се надевам дека се во конфликт. :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    16
    Многу паметна идеја ти е ова :clap: .Никогаш не знаеш каде ќе ти се најдат тие препораки.Еве конкретно јас иако досега имам само волонтерско искуство,што од невладини организации,летни пракси,од професори секогаш сум си барала.Сето тоа со стекнатото искуство го склопив во електронска верзија од класичното резиме во форма на веб страна кое се нарекува кариерно потфолио.Овој вид на резиме е доста користено во другите земји,во замена на класичното резиме.
     
  7. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    Во некои огласи за вработување се бараат и препораки од претходни работодавачи или организацијата каде кандидатот волонтирал.Какво е вашето искуство со добивањето препораки од претходни работодавачи?Дали сте побарале и добиле?Дали тие препораки ви помогнале при некое идно вработување?Воопшто како би требало да изгледа (формално и содржински) една препорака од работодавач?
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.171
    Допаѓања:
    5.903
    Како треба да изгледа една препорака за работа, што треба да содржи?
     
  9. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    871
    Допаѓања:
    544
    Пол:
    Женски
    Препорака треба да ти дадат таму каде што си работела претходно
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.171
    Допаѓања:
    5.903
    Да, ама што воопшто треба да пишува и како изгледа не знам.
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.430
    Допаѓања:
    76.049
    Пол:
    Женски
    Еве ти пример, инаку да и јас мислам исто како @Polsko.
    [​IMG]
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    32.755
    Пол:
    Машки
    Ја мислам дека у препоракава задаток е клучниот моменАт. :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.171
    Допаѓања:
    5.903
    Кај го ископавте ова. Се изнасмеав за задатак. Ви дал ли некој работодавец препорака?
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.430
    Допаѓања:
    76.049
    Пол:
    Женски
    Мадр Раша момент, хаха.

    Инаку, @Tanjamm, имаш милион примери низ Итернет, само напиши „препорака“ во пребарувачот и ќе ти излезат милион различни.
    Јас го копирав првиот на кој наидов. :)
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    32.755
    Пол:
    Машки
    @Tanjamm, кај нас ретко кој работодавач дава препорака - дури и ако сама се решиш да ја напуштиш фирмата, може и да се јави кај конкурентските фирми да те изнапљука убаво.

    А и да сака некој да ти даде, прво треба да ја напише. А како, кога е неписмен, пустиот? Последно нешто што напишал у живот е состав у 5-то одделение „Како го поминав летниот распуст?“ и добил 3-.

    Шала на страна, ако веќе си налетала на некој добронамерен кој сака да ти даде препорака, најверојатно ти самата ќе треба да си ја напишеш (да не речам, да се пофалиш), а тој само да тури потпис. Затоа што реално, сам да фати да пишува му е преголемо замарање, и додека да го „срочи“ текстот, ќе му помине добрата воља да ти даде препорака.

    Така да, мој совет ти е, понуди му се, ненаметливо, да направиш као нацрт-верзија за препораката, па да му ја дадеш да ја дополни и поправи. Ти ќе ја напишеш (онака како што сакаш да звучи), он ќе тури 2 точки и 3 запирки у твојот текст (за да се осети дека уствари он ја напишал препораката, нели) и на крај - и волкот сит, и овците на број.
     
    На SwanMay, eloves, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  16. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.092
    Допаѓања:
    16.134
    Сум добила препорака но од професор не знам дали е исто и од работодавач но еве ќе ти пишам аналогно на мојата препорака што по мене треба да содржи и таа на работодачот.
    Препораката за работа треба да содржи најнапред основни податоци т.е генералии, потоа колку време си вработена во фирма, кои се твоите квалитети како личност пример амбициозна,одговорна, како ти си придонела за напредок на фирмата/институција во која си работела и мислење на работодавачот зошто ти ја заслужуваш новата работа и како би можела да придонесеш за новото работно место.
    Ретки се тие што даваат препорака затоа што доколку си квалитетен секој ќе гледа да те задржи кај себе освен ако некој стварно искрено ти посакува напредок и успех.
     
  17. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    20.049
    Пол:
    Женски
    Треба да се состои од кратко видување и осврт на твојот претходен работодавец за твоите работни квалитети и способности, кои придонеле за напредок во фирмата и поради кои те препорачува на друг.

    Не знам дали воопшто некој работовец ќе ти ја напише, освен ако не си работела во некоја поголема компанија, каде пишувањето препораки е пракса.
     
    На joy1 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.430
    Допаѓања:
    76.049
    Пол:
    Женски
    Мене веќе неколку години по ред ми даваат препораки од арх. бироa, за успешно извршени практикантски задачи и препораката изгледа многу слично како онаа која ја постирав погоре.

    Препораката ми ја приготвува менторот, никогаш не сум ја напишала сама, но овие нешта како препорака, молба, жалба, приговор и сл. си имат т.н. шема по која се склопуваат и останатото е само игра на зборови.
    Разгледај неколку примери по Интернет, мислам дека ќе успееш да си склопиш и сама, па примени го советот од Бендер. :)
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.681
    Допаѓања:
    101.395
    Пол:
    Женски
    Јас имам препорака од фирмата во која работев, на англиски јазик е
    Пишува препорака, за таму каде што ќе треба да послужи
    Наведено е мое име презиме, работна позиција на која сум работела и датум од кога до кога
    Наведено е што сум работела на работното место, како сум ги извршувала раб. задачи,каков впечаток сум оставила кај работодавецот, каква сум била со колективот и клиентите, какви професионални и лични квалитети сум покажала, за какви работни позиции ме препоралуваат и сл.
    Има датум и потписи од регионален менаџер, генералниот на мкд и генералниот од матичната земја на фирмата.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.