Одамна сум иселена и неам поим што се дешава по Скопјево. Тука сум то 31 дек. Некој знае добар козметички салон кој има солариум и колку третмани можам to cram into it .И како вид на солариум третман препорачувате .Преферирам да биде карпош и околина и да не биде некој од поголемите салони како Силуете .... Фала однапред
јас си купив преку групер за 99 ден третман во студио кала beauty се наоѓало кај рампа... прв пат ќе идам таму па ако некој бил нека каже искуство еве ти линк http://grouper.mk/skopje/deal/solairum-stoehcki-kala-beauty
Девојки искуство за солариум? Имам прилично бела кожа, на сонце горам, по горењето фаќам убава боја. Е сега сакам да го избегнам делот со горењето па ако некој (сличен како мене) би сакал да ми препорача каде, и на колку третмани од прилика би требало да одам?
Немам намера да правам лажна реклама. На своја рака и од лично искуство пишувам. Морам да го пофалам најновиот и втор на Балканот LED UV+COLLAGEN 2020г. лежечки солариум што допрва пристигна во студио Фигурела. Ја имав таа чест и прилика прва да го пробам. Бидејки дечко ми го склопуваше и ја правеше електрониката на истиот. Сакавме да го пробаме, да видиме како функционира пред да оди во студиото и да се пушта во употреба. Солариумот е ВРВ. Од само едно сончање од 7мин. добив боја таква што порано за истата одев на 10 сончања од 10 минути. Бидејки имам многу светла кожа, резултатите од потемнувањето се зачудувачки. Штета што не сликав пред/потоа.(Топлес се сончав и немам бели линии од бикини) Ептен рамномерен темен тен постигнав, за разлика од други солариуми каде што сум останувала со нерамномерен тен. Друго, самото име кажува Uv+Collagen, освен што ќе добиете тен, овој солариум го забавува процесот на стареење на кожата. Бидејки солариумот е нов и многу моќен, внатре има џоистик со опции за дополнително разладување, опција за освежително распрскување со специјална вода, опција за кревање и спуштање на горниот дел(поклопот) во случај да не ви дојде премногу, и во секој момент доколку сметате дека ви е доста, до вас стои копчето за вклучување и за исто така предвремено исклучување на сесијата. Додека се сончате слушате музика со квалитетен звук. За сите љубители на темен тен и на солариум, топло топло ви го препорачувам. Се очекува наскоро да се отвори и студиото Фигурела, па ќе имате прилика и самите да се уверите. Спојлер
Uv + Collagen солариумот овозможува ем сончање ем подмладување на кожата преку специјална технологија за фоторегенерација и козметички забрзувач Collagenol. + го стимулира производството на витамин Д во режим на сончање. @Dentina
Девојки препорачајте ми каде да одам на солариум? Некој стварно добар и брз зошто многу тешко фаќам боја. Се мислам за силуете, имате ли искуство од таму?
Jas vo afrodita s odev minatata godina. Zadovolna sum, nov e solariumot so trista zastitie... toa e najvazno.
Да секако затоа прашав од кој сте задоволни. Афродита ми е малку далеку, ако најдам некој добар поблиску ок, ако не може и таму да одам. ти благодарам