Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорачајте интересна серија со кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Sonce, 8 ноември 2009.

  1. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Препорачајте интересна серија

    [​IMG]
    true blood
    4сезони - вампири, самовили, вукодлаци
    љубов, омраза, освета, и забава
    препорачувам
    [​IMG]
    Pretty Little Liars (TV Series 2010– 2011)
    2 готови сезони
    и морам да кажам дека ми е предобра
    девојките мнн ми се оргинални и посебни


    Следна која јас ке ја гледам е онаа со ОГОВАРАЧКИТЕ :rofl:
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Препорачајте интересна серија

    True Blood
    [​IMG]

    Cеријава е предобра,случајно ја фатив на фокс и се навлеков на неа,заразна е :D

    Desparate Housewives
    Cите знаеме дека е добра

    Cе спремам да ја почнам Make it or Break it :?:
     
  3. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Препорачајте интересна серија

    Почнав да ја гледам вчера и сум до 4-та епизода. Серија за тимот на Бостонска адвокатска фирма. Има убави лица, но и многу добри вербални дуели, реплики и по некоја љубовна приказна. Серијата портретира образовани, интелигентни деловни луѓе, прави ѕверки во својата бранша, а таа комбинација едноставно ме плени.

    Ја препорачувам на секој што нема да се задоволи освен ако не е и интелектуално скокоткан додека седи со часови пред пц.

    [​IMG]
     
    На elcezelce и Trendafilka им се допаѓа ова.
  4. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Препорачајте интересна серија

    The Vampire Diaries.
    Вреди да се гледа, прекрасна серија со прекрасни глумци :wasntme:
    [​IMG]

    Исто така и Pretty Little Liars е интересна, иако на моменти забегува :D
    [​IMG]
     
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Препорачајте интересна серија

    Да се надоврзам....за љубителите на Boston Legal (и на сите останати) ја прпорачувам и Suits
    Со слична тематика, адвокатска фирма во Њу Јорк со големи ѕверки решава случаи. Баш како што кажа Елементал, добри вербални дуели, хумор на моменти, по малку љубовни интриги (каде без нив :) )
    Серијава е прилично нова, една сезона со 12 епизоди. Само што заврши сезонава, па ќе чекаме нова
    И двајцата адвокати Харви и Мајк ми се мх мх, за женски очи :) ама јас гласам за помладиот
    На кратко...Харви е постар адвокат, еден од најдобрите во Њу Јорк и го зема младиот Мајк да работи со него. Проблемот е што од авокатската фирма му наложуваат да земе студент од Харвард но Харви го зима Мајк кој воопшто нема никаква диплома, а е ужасно паметен. Сето ова почнува како тајна меѓу нив двајца.....

    [​IMG]
     
    На Trendafilka и EleMental им се допаѓа ова.
  6. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Препорачајте интересна серија

    La reina del sur, нова е на пинк 15, од понеделни до петок во 18 и 30, реприза во 08.00 часот. Не е типично шпнска серија, стварно е интересна. Почна во понеделникот.
     
  7. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Препорачајте интересна серија

    Дефинитивно Gilmore Girls

    Ако не ви се допадне саркастичната смисла за хумор, која преовладува во филмот, тогаш сигурно ќе ви се допадне некој од дечковците на Рори

    Не сум јас крива што секоја тема околу мажи ќе ја свртам, хормони ќе да се у прашање :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Препорачајте интересна серија

    Можеби и сум ја препорачала, но еве пак, деновиве интензивно ја гледам...
    [​IMG]
    MISTRESSES

    Значи обожавам британски серии.
    Тие што се хумористични - хуморот е страшно добар, одмерен сарказам и квалитетна иронија.
    Предобра глума.
    Добри дијалози, одличен кастинг и секогаш имаат супер сценарија.
    Плус, многу внимаваат на квалитетот, а не на квантитетот (како американците на пример).
    Ретко ќе сретнете повеќе од 5-6 епизоди во сезона, а многу ретко повеќе од 4 сезони.

    Серијава засега има реализирано цели 2 сезони од по 6 епизоди, во тек е третата сезона.

    Заборавете на сите серии кои вклучуваат 3 или 4 жени кои се најдобри другарки.
    Значе не е од типот на Сексот и градот, Кармини и Џунгли итн...

    Самата атмосфера која преовладува е некако темна, мистична, а нема нешто надприродно или крими.
    Многу интересни карактери и приказни, и многу добар избор на актерски.
    Ќе се навлечете, можеби не веднаш, но дадете и шанса, и онака се само 6 епизоди во сезона.
    Во целост си го оправдува името серијава, тајни, лаги, но ништо претерано, ниту холивудско.
    Само реалност.
    Многу добра.
    :up: :up: :up:
     
  9. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Препорачајте интересна серија

    [​IMG]

    Серијава RULES! Сценариото се врти околу познатиот холивудски актер Vincent Chase и неговата entourage -брат му Johny Drama кој сака да биде славен глумец, најдобриот другар и менаџер Eric/E и Turtle. Тука се доловени сите згоди, незгоди во кои влегува друштвото, животот на висока нога, холивудските забави, снимањето на филмови, темната страна на Холивуд, но сепак главната цел е да се прикаже моќта на пријателството.
    Серијава не би била таа што е ако не е легендарниот лик на Ari Gold - агентот на Vincent, кој не избира средства, а и зборови богами, да им најде добро сценарио на своите клиенти.
    Како гости се јавуваат многу познати фаци од Холивуд како Џејмс Камерон, Питер Џексон, Менди Мур, Дејвид Швимер и многу други. На IMDb има оценка 9/10.
     
  10. foxlife

    foxlife Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    0
    Препорачајте интересна серија

    Desperate Housewifes
    Sex and the city
    Yes dear
    Two and a half men
    Charmed
    Ghost whisperer
    Everybody loves Raymond
    Friends
    How I met your mother
    Hope and Faith
    Melissa and Joey
    Hot in Cleveland
    Will and Grace
    Rules of engagement
    Darma and Greg
    Accidentaly on purpose
    Kath and Kim
    Samantha who
    Dead like me
    Cougar town
    Pepper Dennis
    Happy Endings
    Life of Riley
    Uggly Betty
    Garry Unmarried
    Rita rocks
    According to Jim
    Life with Fran
    Joey
    Spin city
    Stacked
    Grey's anatomy
    The Big Bang theory
    I, Carly
    Everybody hates Chris
    Drake and Josh
    Frasier
    The Fresh prince of Bel Air
    Private practise
    House
    CSI
    Lost
    Prison break
    Law and order
    Monk

    http://tv.blinkx.com/ - тука има уште повеќе, но само овие ги имам гледано :) ако ве интересира нешто за серииве што ги имам пишано слободно прашајте.
     
  11. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Препорачајте интересна серија

    Damages
    Кој не се навлекол уште на овој серијал ете има можност предобар е
    јас од замунда го зедов
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Препорачајте интересна серија

    Grey's anatomy ,Pretty little liars ,Gossip girl ,House
    Се серии на кој ја сум навлечена и ги препорачувам да ги гледате сите :D
     
  13. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Препорачајте интересна серија

    Може имам пишано во темава, ама за секој случај

    House
    Star trek
    Doctor Who
    Criminal Minds
    Bones
    O.C
    The Big Bang theory
    Two and a half men

    ииии...
    Луд Збуњен Нормалан 8)
     
  14. Elen.b

    Elen.b Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    40
    Препорачајте интересна серија

    The Big Bang theory :D
     
  15. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Препорачајте интересна серија

    Drop dead diva е навистина интересна релаксирачка серија особено за женски. Мене многу ми се допаѓа главниот лик. Интересно ми е што иако е поничка глумицата е секогаш тип топ дотерана. :inlove:
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Препорачајте интересна серија

    SUITS
    Инстантно навлекување, ноќеска изгледав 3 епизоди наеднаш, :) се работи за голема адвокатска компанија, многу успешен и шармантен адвокат и помладо момче кое воопшто не било на Харвард, не го положило правосудниот испит, а сепак има поголемо знаење од сите кои досега Харви ги запознал...
    Не е типична адвокатска серија - случај - судница - пресуда, туку многу интересна, забавна и поразлична од другите.
    Глумата е фантастична.
    Глумците, м м м :mm: ^_^ ... Погледнете.
    9/10
    [​IMG]
     
    На rossonerka и AlicaInWonderland им се допаѓа ова.
  17. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Препорачајте интересна серија

    Еј а баш се мислев дали да ја почнам серијава, епа фала Трендафилка баш ќе ја гледам.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Препорачајте интересна серија

    Нема да биде супер ако сите како Трендафилка препорачаме серија и воедно напишеме нешто за неа, што и како ни се свиѓа, зашто да ја гледаме, која е приказната, каков е стилот.....наместо да ставаме листи со наслови кои "мора да ги погледнеме", а појма неаме што значат?

    Инаку, после една изгледана епизода ја препорачувам Person Of Interest. Првата епизода ми беше лудило, што и немора да значи дека ќе продолжи така понатаму, ама јас ќе продолжам да ја гледам сигурно. Серијава сега почна да излегува, има една епизода а за ден-2 ќе биде втора

    Се работи за тоа како еден научник е еден бивши ЦИА агент работат заедно, нелегално и неофицијално за да откријат случки уште пред да се случат и да спасат нечиј живот

    Всушнот научников (Мајкал Емерсон, Бен од Лост :) ) после 09/11 креирал машина која ја прати секој човек на планетава и она според некои параметри известува за опасни ситуации низ америка, ама оние опасни ситуции од оргомни размери со многу жртви....додека поединечните и мали случаи каде по 2-3 луѓе губат живот ги игнорира зашто е нели тоа премногу работа. Од друга страна агентов има изгубено блиска личност и многу е повреден. Па се здружуваат овие двајца за да работат на оние мали случаи кои машината предвидува дека ќе се десат и на тој начин спасуваат живот, инаку машината цело време им испаќа по некој сошал секјурити намбр и така знаат за кого се работи

    [​IMG]
    [​IMG]


    п.с се извинувам ако има некои нелогичности во мојот текс, може и нешто грешка сум разбрала, ама тоа е моето мислење од една изгледана епизода :)
     
    На Mrs.Cuper и Trendafilka им се допаѓа ова.
  19. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Препорачајте интересна серија

    ја рекламираат на Бум тв трета сезона,ќе почнела во октомври
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Препорачајте интересна серија

    Штотуку започна, дејствието се врти во едно кафуле, каде работи Макс - сиромашна девојка која едвај врзува крај со крај и Керолајн - девојка од високата класа во Њујорк, чиј татко е обвинет за проневера на милиони долари и сите нивни сметки се замрзнати, па по игра на судбината завршува како келнерка за да преживее.
    Во првата епизода се запознаваат и стануваат цимерки и заедно ќе скројат план кој ќе ги води кон успехот... или не?
    Хуморот не е лош, можеби ќе очекувате богаташката да е тотално празноглава, но не е, ликот е многу добро изграден.
    Плус, епизодите траат по 20-тина минутки, тамам да се пополни тоа кратко време додека чекате нешто. :D

    2 BROKE GIRLS
    Досега се излезени 2 епизоди.
    Серијата е чисто за релаксација.
    [​IMG]
     
    На LittlePinky, Mrs.Cuper и TeddyGrey им се допаѓа ова.