Препорачајте интересна серија THE FIRM Серија ипол! Само 2 или три епизоди но дефинитивно ветува! На сите кои ја сакаат Suits, мислам дека и оваа ќе им се допадне
Препорачајте интересна серија The Royal Pain. http://en.wikipedia.org/wiki/Royal_Pains Почнав да го гледам вчера веке сум со 9 еп изгледани од 1вата сезона... моментално на „замундите“ има 3 сезони ...така да може да го предложам за сите оние кои сакаат смешни и медицински серијали ... лесен и забавен ... од мене има 9/10 па уживајте
Препорачајте интересна серија Јавно да си изразам благодарност до Трендафилка за препорачување на серијава. Ја изгледав во еден ден и е навистина феноменална. Кејт Винслет е неверојатна, те остава без зборови. А тоа дериштето Веда, сакав да ја удавам 90% од времето. Одлична серија, со ниту еден не потребен момент. Препорачувам.
Препорачајте интересна серија Mildred Pierce е навистина прекрасна. Буквално се е на место, ликовите, музиката, костимографијата Кај ја најдоа само онаа постарата Веда, ќе ја задавам
Препорачајте интересна серија Па и малечкото, каков давеж. Ти доаѓа да го здробиш. А само мене ли Гај Пирс, минус тој бркот чуден ми беше hot? А Веда ја глуми Evan Rachel Wood, јас на почетокот не ја познав, многу ми дојде трансформирана.
Препорачајте интересна серија Ви ја препорачувам Life unexpected има две сезони по 13 епизоди,прекрасна серија која ќе ве навлече да ја изгледате цела за еден ден
Препорачајте интересна серија Touch е новата америчка серија која ќе ми го задржи вниманието. Толку добар Pilot немам гледано одамна одамна. Мартин е татко на 11 годишно аутистично момче чија мајка починала на 11. септември ( при нападот на Близначките). Се’ се менува кога Мартин открива дека неговиот син може да ги предвиди настаните пред истите да се случат... На ИМДб пилотов има оценка 8.6, а од мене има 9.5. Кифер Сатерленд после 24, почнува уште едно патешествие на мое огромно задоволство. ...Следна епизода излегува мислам на 19.март...Според мене, вреди да го погледнете пилотов, па за поанатму одлучете сами. Никој не знае дали ќе се задржи истото темпо. Што е до мене барем, ми требаше ваква серија
Препорачајте интересна серија Desperate housewives.. интересна доста. Ги гледам тие криминалистичќите серии доста, како мала многу сакав да бидам инспекторка. И South Park, забавни се многу.
Препорачајте интересна серија Once Upon A Time Толку бев скептична за серијава и сум изненадена што ваков тип на серија ми се допаѓа. Пет епизоди изгледав за ден ипол. Hart of Dixie ја имам препорачано, ама малку почнува да ме нервира серијава и тоа само заради Рејчел Билсон. Толку си нема врска од глума, чудо едно. Да имаше друга актерка на нејзинo место серијата ќе беше многу подобра.
Препорачајте интересна серија Ееее, и јас ја меркав првата, мислев дека е глупушкава, ама ќе и' дадам шанса. А за Hart of Dixie... малку ми е дебилна целата серија. Малку повеќе и стварно Рејчел Билсон е само девојка со убаво лице, без абер од глума. А и дејствието е малку тапа. Што остана да се каже кога најинтересен лик ми е иритирачката Лемон.
Препорачајте интересна серија ^ За таа првата, кој го мрзи да спушта од нет, даваа на ФоксЛајф реклама дека ќе ја емитуваат за брзо.
Препорачајте интересна серија Спојлер Raising Hope Серијава онака почнав да ја гледам, немав нешто посебно за гледање. Бев скептична на почетокот, ама понатаму се покажа како навистина топла, семејна серија, а има и добар хумор. Се работи за Џими кој има секс за една ноќ со непозната девојка, ама она останува трудна. Работата е што таа е сериски убиец и завршува на електрична столица, а Џими заглавува со бебето. Целото негово семејство е лудо, на чело со прабабата. Серијата изобилува со интересни ситуации, па топло ви препорачувам да ја погледнете.
Препорачајте интересна серија Моментално на списокот ми е.. Los Serrano (2003–200 Една од најдобрите шпански серии, дефинитивно. И огромна смеа, и поука. Еден куп интересни случки. Иако претпоставувам дека повеќето знаете за што се работи.. Се работи за две семејства, кои ќе се спојат во едно. Па тука ќе има омраза, љубов.. ма све и свашта. Деновиве почнав да ја гледам на интернет, онлајн, со српски превод.. Еве доколку некој е заинтересиран. Спојлер http://www.natabanu.com/serija/porodica-serano.html?start=80
Препорачајте интересна серија Sherlock Кој бил мутав како мене и не ја изгледал серијава порано веднаш нека се корегира. Неописливо ненормално добра. Да бидам искрена, малку сомнително ми беше тоа модерен Шерлок да не биде жива глупост. Ама не, не, далеку од тоа. Не знам од каде да почнам со фалење и глума, дијалози, сценографија се апсолутно се си е на место. Штета што има само 6 епизоди до сега. 100/10
Препорачајте интересна серија Монк. - интересна криминалистичка серија со смешен детектив Андријан Монк.
Препорачајте интересна серија Ви ја препорачувам серијата Nepobedivo srce, на сите на кој ви се свиѓаше Ранетиот орел, ќе ви се свиѓа и оваа сигурно. И оваа серија е работена по роман на Мир Јам, глумците се горе - доле исти како во Ранетиот орел, приказната е многу убава, пропратена со уште поубава музика. И што е најбитно, не е долгометражна серија, има само 15 епизоди. Можете да ја гледате онлајн на следниов линк http://www.natabanu.com/serija/nepobedivo-srce.html
Препорачајте интересна серија Jane by design Во главно нова серија, започна со снимање на почетоков на 2012. Жанр: Комедија/Драма. Накратко се работи за млада девојка која балансира помеѓу таен живот во кој работи во модна агенција каде што сметаат дека е постара девојка и всушност животот како средношколка.Исполнета е со мода и доста драма.Една од многуте така наречени тин серии, ама не е лоша.Има излезено 7 епизоди мислам и да добра е за тепање време
Препорачајте интересна серија Денес ја загледав серијата Непобедиво срце, која ја препорачала погоре БоаВиста, изгледав три епизоди и многу ми се допаѓа. Има многу убав шмек и прекрасна сценографија, дури и мајка ми ја ѕиркаше со мене, зашто го има прочитано целиот опус на мадам Мир Јам. Многу интересна серија, посебно глумецот ми се допаѓа, многу е природен и глуми убаво, некако неизнасилено, кога дознав дека е женет со Јелена Томашевиќ, срце ми се скрши, ама добро, прават убав пар.