Препорачајте интересна серија My mad fat diary http://www.imdb.com/title/tt2407574/ Спојлер Британциве се феноменални, прекрасна серија за една девојка по име Реј што е многу несигурна во себе затоа што е полничка но одеднаш животот ќе се смени на многу попозитивно. Првата сезона има само 6 епизоди, вредат како 20. Ги има на јутуб сите, и на пиратот исто. Јас се заљубив во дечково, пресладок е Ќе има и втора сезона, ама тек догодина А да прикажува време од 90тите и музиката е од тоа време,милина.
Препорачајте интересна серија ^ Фала Хипстер, ова оди на to do list веднаш. Британците имаат луди серии, почнувајќи од Skins - феноменална, Secret diary of a call girl, Mistresses, Sherlock BBC1, Hustle, сите серии одлични. Вадат малку епизоди, ама КВАЛИТЕТНИ.
Препорачајте интересна серија ^Oваа е тинејџерска, ама имаат избрано одличен кастинг,па и така не знам етен ми остана при срце. Музиката е ептен соодветно избрана, самиот концепт, akцентот па,нема таква тинејџерска серија моментално. Тинејџерска ама јас на 22 цела ја лапнав у еден ден Мене Скинс ми е на листата што ми фати на око https://www.youtube.com/watch?v=Hz8SGBmaRow Само на јутуб некои од песните се блокирани, вајда зарад заштита на правата на авторите. Јас од торент ја симнав, и кога ја гледам вака на јутуб не ми ист филингот без музика.
Препорачајте интересна серија Private Practice Јас на FoxLife ја гледав ама незнам дали ќе ја даваат следната сезона а серијава ја обожавам.
Препорачајте интересна серија Ај некоја интересна тинејџерска серија препорачајте , нешто можи како Госсип, незаменлива е
Препорачајте интересна серија Hipster, you damn be. Кај го видов предлогов, кај се запустив. И јас сум навлечена на британски серии. А купот книги и скрипти до мене е навлечен на мене. Guess who wins tonight? Завршив со првите две епизоди. Потпишувам дека е ептен добра, иако на почетокот некако мислев дека ќе е досадна. Имате и од мене препорака за My Mad Fat Diary.
Препорачајте интересна серија Изгледа сите баш кога имаме за учење почнуваме да гледаме некоја серија. Јас почнав да ја гледам 2 Broke Girls и баш ми се допаѓа, скоро двете сезони ги изгледав. Инаку баш убаво ми доаѓа ова со серииве и намерно барам некои од 20 минути, си се наградувам со гледање епизода (или две ) после неколку часа учење, баш убаво ми доаѓа за релаксирање кога правам пауза и ем мотивирана сум да учам
Препорачајте интересна серија Јас ја препорачувам Gossip Girl. Премногу интересна тинејџерска серија. Неможам да престнам да ја гледам се опседнав секој ден гледам по неколку епизоди.
Препорачајте интересна серија Јас би ви ги препорачала http://ia.media-imdb.com/images/M/MV5BM ... SX214_.jpg Многу ми е интересен awkward http://ia.media-imdb.com/images/M/MV5BM ... 4,317_.jpg Овој е тинејџерски, ам си го гледам исто и тој ми е интересен http://ia.media-imdb.com/images/M/MV5BM ... 4,317_.jpg отпочеток ми се гледаше глупав, но многу е смешен http://ia.media-imdb.com/images/M/MV5BM ... 4,317_.jpg и овој е смешен
Препорачајте интересна серија *Sherlock (TV series) Шерлок го изгледав сите 6 епизоди навистина е супер( и јас мислам за Британската) Спојлер - УСА опцијата мислам да ја почнам наскоро ** во најава се нови епизоди од септември.. тие денови во домашна атмосфера гледам лимунатката *Once Upon a Time Интересна ми е замислата, лесна е за гледање и јунациве не се нешто многу смотани .. ама сепак би рекла дека е Теен серијал(да не ме сватите погрешно ќе си ја продолжам со гледање пошто уште 5 епизоди имам до крај на 2рата сезона) .. *Flashpoint is a Canadian police drama television series! Морам да кажам дека во последно време канадциве многу пријатно ме изненадуваат со квалитет на серии ...оваа е една од многуу добрите искрено има многуу убајна за гледање и нема да ви е досадна .. 5 сезони завршени ..
Препорачајте интересна серија Зошто бре така ги развлекуваат сериите Британциве, да си пукне човек. СЕРИЈАТА Е ФЕНОМЕНАЛНА!!! Музиката - посебна љубов, конечно серија со вистински, реални луѓе, со реални проблеми, реални величини, реална облека , не стегнати фуфици од по 16 години. Просто живот. OASIS ах, убавини бе. I thought my ovaries were going to explode.
Препорачајте интересна серија НЕ се сомневајте во мојот вкус за серии Толку ќе ви кажам Мене полн погодок ми беше инерпретацијата на Арчи на retrurn of the mack. Се топам на песната, оригиналот е 0 во споредба со оваа изведбава Арчи http://www.youtube.com/watch?v=2MPbB38RpF0 Оригиналот http://www.youtube.com/watch?v=uB1D9wWxd2w Фин е јаготка на шлагот, јас поубав и посладок човек не сум видела
Препорачајте интересна серија Веќе ја препорачав, ама сега кога ја изгледав цела можам поасално да напишам нешто. Значи ова Британциве, значи... Мислам дека има моменти што на секој му се случиле, макар еднаш. Ја отсликува реалната слика ко што кажа Трендафилка. На моменти сакав да ја треснам Клое преку монитор, се радував ко дете кога ќе успееше Реј во нешто... Буквално се соживеав со ликовите. Арчи е баш my cup of tea. Барем на почетокот. После... Кхм, да не откривам на тие што планираат да гледаат. Фин на почеток ми беше мргуд, а после... Музиката попогодена, амин. Имам новосоздадена опсесија со Оазис. И на крај кога Чоп ја пееше Champagne Supernova, мислам дека последниве 24 часа во главно тоа се слуша од кај мене в соба. Озбилно гледајте ја ако сакате добра серија. Ако не сфативте, серијата е My Mad Fat Diary. http://www.youtube.com/watch?v=SRu6YRr1KtM
Препорачајте интересна серија Видов вчера дека мн ја препорачувате My mad fat diary и решив да ја гледам. Господеее, најдобра одлука во последниве 3 месеци може и повеќе. Значи толку се навлеков што сношти ја гледав до 4:30(ми остана не ја изгледав целата најмногу бидејки видов дека се разденува веќе и решив да си легнам иако не ми се оставаше). Но денес си ја изгледав. Мхмм, зошто толку малце само 6 епизоди , сега кој ќе чека до догодина за нова сезона . Иаку браво за британциве супер серија
Препорачајте интересна серија The vampire diares Teen wolf-на 3ти јуни почнува 3та сезона Skins Game of thrones Carrie Diares Pretty little liars
Препорачајте интересна серија Препорачајте интересна серија, од типот на Friends, How I met your mother, TBBT, 2 Broke Girls, по можност епизодата да трае по 20 минути, да се посмеам малку и релаксирам на пауза од учење
Препорачајте интересна серија И јас да не останам покуса почнав да ја гледам My mad fat diary. До сега изгледав две епизоди и ептен ми се допаѓа самава приказна, ликовите ми се интересни секој на свој начин, само 6 епизоди како за прва сезона некако малку ми се, бидејќи како што тргнала работава уште денеска ќе ги изгледам овие 4 епизоди што ми останаа. Како и да е Фин е преубав, иако и Арчи не е лош. Како и да е супер серијава
Препорачајте интересна серија Ако случајно не си ја гледала ти ја препорачувам,ма пре препорачувам Modern family. She puts shame to all sitcoms, барем на овие денешниве. Нема посмешна серија моментално(според мене и на пошироко) Треба да ми даваат процент за толку маркетинг што им удрам После тоа, ако си ја гледала ти ја преопрачувам New girl, Last man standing, Mike and Molly, Melissa and Joey, Suburgatory, My name is Earl како ситкоми кои траат по 20 минути епизода. За сите има теми во подкатеријата серии, па прочитај си подетално дали ќе ти фатат окце, ама да ако си љубител на ситкоми ќе ти бидат сите добитна комбинација.