Препорачајте интересна серија Секако дека за еден ден за изгледав My mad fat diary и дека контакт со реални луѓе е сувишен. :geek: Препрепрепредобра, не можам да дочекам втора сезона. Би ја ставила како задолжителна лектира во средно.
Препорачајте интересна серија Епа добро, мислам дека е редно Трендафилка да отвори тема за серијата. И јас ја изгледав, а немам каде да си пишам импресии. Кога веќе има за некакви си турски серии теми греота е за Дебелиов дневник да нема тема. Еве една препорака и од мене и молба до Трендафилка за тема. Пошто нали, она е виновникот што сите ја изгледавме. Едит: Oкеј не сум видела, ми дојде некако ко тебе Трендафилке прва да те прочитав. Ондак нека отвора Хипстер тема, ми лежи нешто зa Rae да си кажам на душа.
Препорачајте интересна серија Actually... Hipster ја препорача прва , ова сега изгледа како малите деца - Ахаааа, јас реков прва, ама стварно она прва ја препорача, Домино ја изгледа, а јас по неа, и така направивме верижна реакција. Секако серијата е супер, мислам дека прираснува за срце затоа што нема шминка, нема лудост, нема преправање, реална е и приземјена. Да не остане мислењево празно, јас би препорачала една постара (завршена) серија, само 1 сезона со 14 епизоди - Firefly, заокружена со филм Serenity. Значи за сите љубители на сај-фај, со некоја чудна мешавина на каубојски провев , ова е супер.
Препорачајте интересна серија Ќе може некој да ми препорача некоја интересна смешна серија? Досадно ми е многу преку ден а скоро сите што ги гледам се на паузи..
Препорачајте интересна серија Па види вака, јас неможам а да не гледам некоја смешна серија со по епизоди од по 20 мин и така си ги гледам за занимација. Препорачки имаш за: * Friends ( верувај дека иако знаеш за шо се работи и сите тие ствари нема да го загубиш времето со Рејчел, Рос, Моника, Чендлер, Фиби и Џои. Јас дури несакав да ја догледам..незамелнива е ) * Јоеy ( продолжение од Friends ама само со Џои) * Cosby show (стара серија ама вредна) * The big bang theory (на почеток е досадна ама станува интересна,јас ја гледам моментално) * Two and a half men * Malcom in the middle (старичка ама...) * Prince of bel air
Препорачајте интересна серија Од немајќи што ја почнав The Fosters, не ми се гледа лоша, али ќе видиме. Кој ги неќе геј причите нека не ја почнува, али мене ми е интресна Кели и братчето што ќе се деси со нив. Тотално во стилот на АБЦ фамили, семејна драма. http://www.imdb.com/title/tt2262532/ На имбд има зачудувачки висока оцена, но може да се развие во интересна серија.
Препорачајте интересна серија Дојдов и јас да ја препорачам, не е лошичка.Мене ми се допаѓа ете што е од поинаква перспектива, каков е животот кога имаш две мајки.За првиве неколку епизоди, ми се допадна, ептен е како што кажа семејна драма.A посебно слатки ми се Џејк. Т.Аустин и Давид Ламберт. Исто ја препорачувам и Twisted(2013) Некако немам серии за гледање и решив да и дадам шанса на оваа.Не знам зошто ме потсеќа на Pll,можеби зошто има напнати моменти.Интересна е, со мистериозна приказна за момче кое што ја убива тетка му, а никој не ја знае причината.
Препорачајте интересна серија The Vampire Diaries, ако ти се допаѓаат филмови со вампири сигурно и оваа серија ќе ти се допадне, многу е интересна, мене на секој крај од епизодата ме интересира што ќе се случи понатаму и на ден изгледувам по 5-6 епизоди
Препорачајте интересна серија Teen Wolf За сите љубители на серии од типот на The Vampire Diaries, The Secret Circle.. Самиот наслов си кажува за што отприлика станува збор. Ми се допаѓа тоа што нема тапкање во место, постојано има нови дејствија и нови ликови. Мене лично првата сезона ми е прилично досадна, но затоа втората и третата која е во тек ми се ептен интересни. Едвај чекам нова епизода, ептен се навлеков. П.с. како што гледате има ептен згодни дечки.
Препорачајте интересна серија Vicious Британска тв-серија, до сега има само една сезона со 6 епизоди од по 20 минути. Мене ми се допадна, го има оној специфичен суров британски хумор кој не е за секого, ама ако еднаш ти се допаднал те навлекува. Инаку приказната е околу Фреди и Стујарт, стар-геј пар кој има една love-hate relationshiр, пропратена со присуството на нивни пријатели и новиот млад сосед кој се вселува во зградата.
Препорачајте интересна серија Број еден серија во последните 2 години , успеа да извади таква реакција од луѓето што на ниедна серија не и успеала до сега. Има све , ама буквално све што сакате да има од измачување,војни и секс до црни магии и змејови Најдоброто е тоа што за разлика од другите серии и филмови каде што после 2 саата или 100 епизоди на крај главниот лик ќе победи и ќе се ожени/омажи за својата љубов , тука никој не е сигурен и секој може да умре , нема главни ликови.
Препорачајте интересна серија Gossip Girl Charmed Nikita Las Vegas Los Serranos Sex and the city Two and half man
Препорачајте интересна серија Отсекогаш сум гледала американски серии, но оваа е убава австралиска серија (барем мене убава ми е). Девојките се другарки цел живот и во средно беа сметани како губитнички, но по 10 години кога повторно ќе се сретнат на 10 годишнина им паѓа Оз лото и стануваат "победнички". Стануваат успешни, секоја си има различна приказна, и покрај се тие се заедно. Спојлер Серијава ја загледав на FOX life
Препорачајте интересна серија Некоја добра вампирска серија освен The vampire diaries? Ја изгледав и сега сумм нестрплива чекајки 5 сезона и The Originals.И освен True Blood пошто излгедав неколку епизоди и ми се виде досадна а и не се згодни вампирите таму, мрачни се
Препорачајте интересна серија ^ http://www.imdb.com/list/nCOxSn5PMbE/ Не сум гледала ни една од нив, освен што имам слушано дека Buffy the Vampire Slayer e одлична серија. И Being human e доста зборена. + http://www.imdb.com/title/tt0280347/
Препорачајте интересна серија Buffy the Vampire Slayer е стварно интересна серија, како и gossip girl, i CSI
Препорачајте интересна серија californication 25-30 минутни епизоди кои се гледаат мнн брзоо има добар хумор и секако доста секс сцени ... но Духовни е велелеп