1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорачајте интересна серија со кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Sonce, 8 ноември 2009.

  1. little.gf

    little.gf Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2013
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    42
    Препорачајте интересна серија

    Friday Night Dinner најсмешна серија од која се смеам до солзии :rofl: :rofl:
     
  2. s.t.a.r.s.h.i.n.e

    s.t.a.r.s.h.i.n.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    28
    Препорачајте интересна серија

    bones na fox, zakon e
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Препорачајте интересна серија

    ^ Најдлабоко ве замолувам, кога препорачувате некоја серија, да напиште 3 реда текст, зашто ја препорачувате, не мора содржина, за тоа постoи имдб, ама вака само ако редиме серии нема да има смисла темава и нема да има никаква вредност за нас што ни ја пропрачувате, зашто не знаме на што можеме да наидеме, не читаме мисли не знаеме што е тоа што и нас би не привлекло.
    3 реченици само барам, не одзема многу време.
    Извинете на оффтопик, ама ме нервира ужасно кога ќе видам има на серија и слика, и си викам поѓаволите како јас ќе знам сега дали мене би ми се засвијала или не, освен да земам да барам линкови, да читам критики на англиски итн...
     
    На Marossa, Sanniii, Lilit и 3 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.034
    Допаѓања:
    66.605
    Пол:
    Женски
    Да, Хипстер е во право. Нема поента редење на наслови, оваа, онаа, за тоа си постои да си кажете во Омилена серија на пример. Тука кога препорачувате нешто треба да има и причина за тоа, за некој да се заинтересира.
    Така што од сега па натаму, си пишувате која серија и зошто токму таа серија ја препорачувате.
    Во спротивно мислењето ќе биде избришано како оф-топик.
     
    На Vikica.cuci, ariela09 и Hipster им се допаѓа ова.
  5. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Ја препорачувам Devious Maids, имаат излезено само 2 епизоди. Ева Лонгорија е една од продуцентите на серијата и не сум сигурна ама мислам дека и од Очајни Домаќинки продуцентот е исто така дел, се работи за 4 латино слугинки, кои доаѓаат да работат во ЛА со надеж да си ги остварат своите соништа, излезени се 2 епизоди немам нешто многу да кажам, ама сега за сега ми се бендисува. Лесна серија за жешките денови со хумористични моменти.
     
  6. fox.megan

    fox.megan Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    NIKITA !!!
    Значи опсесија ми е :D Се работи за девојка која што била осудена на смртна казна но неа ја извлекува една тајна организација која што врши платени убиства и тие ја земаат, и даваат нов идентитет и ја обучуваат да биде агент но таа по 3 години бега од организацијата наречена „Одсек“ и ќе сака да ја уништи затоа што и го убиваат свршеникот (откако станува теренски агент, таа се заљубува во обичен цивил и сака да го смени животот, што е строго забрането во Одсекот).. Ќе успее својата партнерка Алекс да ја инфилтрира внатре, која што ќе и дава информации од внатре во врска со мисиите што ги планира Одсекот а Никита ќе ги саботира епизода по епизода...Многу е добра серијата, навистина ти ја препорачувам !! :)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. redheaded

    redheaded Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    За сите оние кои сакаат историски серии,ви ја препорачувам The Borgias, се зборува за Папа Александар 6ти и неговото семејство, пропратена со измами,убиства, инцести..интересна е, во главна улога Џереми Ајронс :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Camellie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Camellie

    Camellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    107
    Читајќи тука низ темава за британските серии, морам да признаам дека ме заразивте. какво освежување ми се од американските серии (иако и од тие има фантастични серии). Последна што ја гледав (уште ја гледам) е Parade's end , направена според книга. Се одвива пред и за време на Првата светска војна (како и Downton Abbey), а приказната се врти околу еден конзервативен и многу интелегентен маж, неговата, па да речеме bitchy жена и нивните љубовни триаголници. Јас се залетав по серијата заради Benedict Cumberbatch (опсесија) кој ја има главната улога. Не е лоша, ми го задржува вниманието, има интересна приказна, ги прикажува друштвените односи во тоа време (какво оговарање има :@ ) и костимите се прекрасни. Првата сезона има 5 епизоди, а не се знае дали ќе има и втора.
     

    Прикачени фајлови:

  9. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Cougar Town
    [​IMG]
    Леле луѓе јас станав зависник од серијава. После две и пол изгледани сезони потполно ви ја препорачувам. Одлична серија која ќе ве насмее до солзи. Иако сите ликови се погодени, мене Ели дефинитивно ми стана омилена, тие што ја гледаат или ја гледале ќе знаат зошто. Ја обожавам значи и дефинитивно сакам да бидам и јас дел од таа ''улична банда'' :lol: . Тие што ја немате гледано серијава ви ја препорачувам, седнете слободно почнете ја нема да зажалите. Една епизода трае околу 20 минути, па така брзо се гледа.
     
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Don't trust the B---- in Apartment 23
    [​IMG]
    Се тамани за два дена, само две сезони има, една со 7 и друга со 19 епизоди.

    Приказната е во Њу Јорк, за две девојки што случајно ќе станат цимерки. Едната, Клои е неверојатен манипулатор и е цепки за гледање. Џун е девојка од мало место што сака да се пробие во Њу Јорк но откако се ќе и пропадне во вода мора да се всели во Клои. И така стануваат другарки и имаат низа глупости и дешавки.

    Супер серија за опуштање, Клои ми е фаворит во секој поглед. Се наоѓа и по некој згоден мушкарац, и одлични модни комбинации. Смешна и веселка.
     
    На Butterfly14 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    [​IMG]

    Штом е комплицирана значи е закон а по комплицирана серија нема да најдете. Неможам ни да објаснам за што станува збор. Седум кралства кои се борат за тронот (од нив само 4 се важни)...Ако продолжам ќе раскажам се. Веројатно имате слушнато за серијава дека е супер,јас ви потврдувам. Серија која враќа во реалноста и можеш буквално се да се надеваш,дури и на смрт на главниот лик :!: Ја немам ни догледано, до средина сум па решив да ја пофалам. :lol:
     
  12. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    The Vampire Diaries, Skins, Pretty Little Liars, The O.C, New Girl, Friends, Sex and the City, Teen Wolf,
    Desperate Housewives, Secret Diary of a Call Girl итн. не ми текнуваат други.

    Скинс некако најинтересна ми е. Британска серија која го опишува бурниот живот на младите, со сите журки, алкохоли, дрога, секс, врски, измами, распаѓање на пријателства, непланирана бременост и слично. Има секакви ликови, од манипулатори до повлечени личности. Сигурно ќе се пронајдете барем во еден лик.

    Може некоја препорака за ваква слична серија ?? Моментално ја гледам Скинс 7ма сезона ама по една епизода неделно излегува :/ Затоа ми е потребно нова серија да почнам да гледам ама не знам која. Некоја со млади луѓе, со харизматични ликови ама да не биде клише. Предлози ?? :)
     
  13. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Еl internado
    [​IMG]
    Шпанска серија полна со мистерии...Малку мрачна но според мене многу интересна,заразна и те тера да гледаш и да гледаш,да дознаваш што ќе се случи понатаму :D
    Ми се допаѓа што не се врти само околу едно нешто туку се случуваат разни работи :)
     
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Не се баш серии, едното е еден вид на документарец а другото квиз, ама морав да ги препорачам. Не знам кој колку го знае Стивен Фрај, мене ми е опсесија.

    Едниот документарец/серијал е Stephen Fry in America. Го има на ЈуТуб, 6 епизоди се по 1 час каде он со неговото такси патува низ САД. Мене ми се прекрасни, и јас го имам истиот став дека со Југот на Америка и притоа он посетува интересни локации каде му раскажуваат убави приказни. Дава една јасна слика за американското општество и историја и според мене вреди да се изгледа.

    Другата работа е квизот QI (Quite Interesting). Квизов е сниман уште од пред 10 години и е фе-но-ме-на-лен. Го има и ова на ЈуТуб, најверојатно има милион епизоди. Не е класичен квиз со награди туку Стивен е водител, и има 4 гости кои се нешто значајни во Британија. Имаат дискусии и одговараат на прашање според одредена буква од азбуката ама честопати и забегуваат. Неверојатно интересни работи може да се научат и мене ми е доста смешен. Оригинално и забавно, буквално сум опседната. Единствена маана е што зборат баш британски акцент (и австралиски кога од таму има гостин) и тоа на почетокот е малку напорно. Ама брзо се навикнува.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.178
    Допаѓања:
    23.133
    Пол:
    Женски
    Summerland :)
    Мене баш ми е многу интересна, ја даваја и на ТВ порано, јас ја спуштив пак и пак си ја гледам.
    Инаку се работи за 4 другари шо живеат заедно, 2 машки, 2 женски.
    На едната женска и умира сестра и и зет и во сообраќајна па децата и ги остава неа.
    Е тука настанва лудница дури да се навикнат сите еден со еден, Мене закон ми е серијата :)
     
    На Mimi123 и Elena69221 им се допаѓа ова.
  16. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Beauty and the beast
    Јас започнав оваа серија да ја гледам,и да ви кажам многу ми се допадна.Има 1 сезона,за жал,а втората сезона ќе излезе во август.Значи,исто како во приказната,Винсент е ѕверот и тој на секој можен начин се обидува да ја спаси Кет.Таа пак работи во полицијата и тој и помага во тоа.А и да не заборавам,актерот е многу згоден :$ ,затоа го препорачувам ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lady-red-riding-hood

    lady-red-riding-hood Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    30
    How I Met Your Mother Најдобра е :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    На figgiMK и ariela09 им се допаѓа ова.
  18. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Се извинувам за офтопик ама пошто ја имам гледано серијава... хахахахха сликава е предобра :rofl:
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    2 сезона излегува на 7 октомври.
    http://www.imdb.com/title/tt2193041/epi ... t_eps_sn_2
    Јас ја догледав првата сезона и преубава ми е серијата многу се навлеков на неа. Па ќе почекаме до октомври да почне 2 сезона. ;)
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Orange is the new black

    http://www.imdb.com/title/tt2372162/?ref_=sr_1

    Ми фати око зошто е необична, безобразна, брутална и штракната. Не се сведува само на една приказна, и е одлично освежување.
    Ме потсеќа на 500 дејс оф самр затоа што во една епизода го спојуваат и минатото и сегашноста на главниот лик.
    Девојка оди во затвор, осудена е на 16 месеци и таму ја сретнува нејзината бивша девојка, нејзиниот кошмар која исто така како нејзе заглавила во затвор.
    Нејзиното момче го глуми Џејсон Бигс или:

    [​IMG]

    Според мене најантипатичниот лик на сите времиња, и поради тоа малце се двоумев дали да ја изгледам, ама сепак главното дејство е во затворот.
    13 епизоди се, излегоа одеднаш на 11ти јули, што значи ќе се чека на 2ра сезона подолго време.
     
    На anuskaNESTLE, 1209, rossonerka и 2 други им се допаѓа ова.