Life (NBC TV series) Спојлер Life is an American crime drama television program created by Rand Ravich that aired for two seasons on NBC. It was produced by Universal Media Studios under the supervision of executive producers Rand Ravich, Far Shariat, David Semel, and Daniel Sackheim. Semel also directed the pilot. The series stars Damian Lewis as Charlie Crews, a detective released from prison after serving twelve years for a crime he did not commit. Life premiered on September 26, 2007 on NBC Приказна за Чарли и погрешно осуден полицаец кој е сега на слобода и пак работи како полицаец... има прекрасна партнерка... има милиони прашања а нема одговори .. Искрено моето внимание е задржано од него .. вреди има хумор има мала мистика има реалност.. Моја препорака
Мене ми се гледа серија од типот на Менталист и Касл и по можност да има повеќе сезони излезени Или па дали некој знае каде би можела да ја гледам Lie to me ама со превод македонски или српски?
Graceland Барајќи нова серија случајкно налетав на оваа. Досега има излезено 6 епизоди, од кои јас изгледав 4. Добра е серијава, задржува внимание. Се работи за тајни агенти од ФБИ и ДЕА кои се сместени во safe house во ЛА. Таму се приклучува нов и млад агент кој треба да биде обучуван. Интересен заплет има серијава, како што кажав задржува внимание. Сега за сега ќе продолжам да ја гледам ми се допаѓа. Препорачувам. А и главниот лик е шеќерче. Спојлер
Revenge - многу интересна серија . За сите што сакаат мистериозни драми топло би ја препорачала . Аманда Кларк се враќа во местото каде што се родила, на тој начин што го менува идентитот со својата поранешна цимерка Емили Торн од центарот за млади деликвенти, се со една цел да им се одмазди на сите одговорни за смртта и неправедното обвинување за тероризам на нејзиот татко. Таа ја купува поранешната куќа на нејзиот татко која се наоѓа веднаш до семејството Грејсон кои се виновни за таа неправда. За да се зближи со нив таа започнува љубовна врска со нивниот син Даниел. http://www.youtube.com/watch?v=kHIaORMG-AM Глумците се одлични ,приказната е многу интересна , јас неможев да престанам да ја гледам . Мислам дека вреди да се погледне
Интересна серија е Psych, ја гледав подолг период. ''Видовити'' пријатели и помагаат на полицијата во истражување на убиства, лесна комедија
The exes Како бе порано никој ми ја нема кажано!? Ептен забавно серииче, 20 минути епизода, супер глумци. Холи е адвокат за разводи и станот спроти нејзиниот го изнајмува на тројца мажи кои и биле клиенти. Типциве се кој од кој посмешен и позабеган, а Холи (типката од Третиот камен од сонцето) е сама по себе ненормална. Да ви кажам право, идол ми е, една од ретките актерки што е само 3 цм повисока од мене и што дава надеж за здрави, прави, девојки кои не тежат 50 кила сосе кондури. Препорачувам!
^ Meне серијава ми е на листата одамна, ама ти се привот човек што ја пофалил, така да it will be next. Туку јас заљубената во Сајмон Бекер, пред некој ден загледав една серија на АXN и ептен ми се допадна. Среќа кратка е има само 3 сезона, ќе ја лапнам во недела дена The Guardian http://www.imdb.com/title/tt0285370/ Nick Fallin е убедливо важен и одличен адвокат кој работи во многу познатата и успешна адвокатска фирма на неговиот татко во Питсбург . За жал, високиот животен стандард не го има извлечено најдоброто од Ник. Тој е уапсен поради употреба на дрога и осуден да обави 1500 часа доворотоврна работа на оптшетстевната заедница и потребно е тие да се спојат во неговиот 24/7 свет на спојувања, друштва и состаноци. Неволно, тој е сега Guardian(старател, тутор)- со скратено работно време застапник на услуги за правна помош на децата, каде што еден случај по друг се прикажуваат деца фатени во тешки ситуации. Мислам дека само фактот дека Сајмон е главен лик на многумина ќе им привлече внимание да го гледаат, но не само тоа од епизода во епизода има навистина потресни и поучни приказни кои навистина прават серијата да вреди повеќе од само тоа дека има одличен глумец во главна улога. И ако уште се мислите....
Under the Dome Честерс Мил е мало градче каде што жителите си живеат сосема нормално се додека не се заробени од страна на мистериозна купола. Бидејќи немаат никаков излез, тие се обидуваат да дознаат зошто е всушност куполата тука и дали има некаков начин да се уништи. Серијава е релативно нова, летово мислам дека излезе првата епизода. На оние кои сакаат мистерија и сај фај серии верувам дека ќе им се допадне.
Го отварам форумов само за да ја препорачам серијава. Sandal Политизирана и феминизирана верзија на Suits. Оливија е адвокатка која ги чисти политичките скандали најчесто врзани со Белата куќа и најбитните политичари (претседателот, сенатори, амбасадори и сл.). Барав лабава серија од типот на Gossip girl и случајно од негде ја откопав, мислев дека е класична женска лимонатка но ме изненади, поприлично квалитетна и интересна.
Јас би ја препорачала The big bang theory Серијата е феноменална за овие летни горештини и досадни часеви дома. 20 минути една епизода во која има мнооогу смеење
Значи по препораки на темава, од Хипстер и компанија решив и јас да ја гледам Twisted! Спојлер Ќе прескокнам и да не се повторувам да пишувам кратка рецензија на серијата, бидејки неколку пати е спомната во темава. Луге се опседнав хаха во 2 дена ја изгледав цела (11 епизоди се сега за сега) дури навечер и почнав да ја сонувам, и теории да си правам кој/а е што го мести Дени цело време... и да верувам дека татко му е уште жив! Дека нешто направил па едино да се спаси му преостанува да одглуми лажна смрт. ПРЕинтересна серија е! Кој сака мистерии драми од типот на Prettily Little Lyars, The Lying game би требало да ви се допадне! Ја препорачувам! P.S. Дали има тема за серијата, таму да си го продолжам муабетот?
Community Серијава ме освежи летово. Најдоброто нешто од ситкоми што сум го погледнала во последно време. Ми требаше малку додека хуморот ми се пикне под кожа, ама ми се пикна и тоа како. Сите ликови се одлични, целосно различни, но сепак, ги спојува тоа што се чудни на некој начин. Ми се свиѓа претераноста во епизодите, различна е од другите вакви серии и стварно ви ја препорачувам серијата, воопшто нема да згрешите. A suspended lawyer is forced to enroll in a community college with an eclectic staff and student body. http://www.imdb.com/title/tt1439629/ Има и одлична оцена на имдб.
What I Like About You Холии живеј со татко му, ама него го префрлат од работа во Јапонија, и татко и ја пушта да живеј со сестра и, е тука настанва хаосс веќе Луѓе сум се изнасмеала, ако ви треба добра комедија, спуштете ја и изнасмејте се Све е ретардирано од мал до голем
Top of the lake http://www.imdb.com/title/tt2103085/?ref_=fn_al_tt_1 Срамота е ова со 7те епизоди. Започнува со едно 12 годишно девојче кое се обидува да се самоубие во смрзнувачкото езеро. За среќа, успеаа да ја видат навреме и во полициската станица откриваат дека девојчето е бремена 4-5 месеци. Не е воопшто наивна приказната, ме потсеќа на некој роман на Мураками, пејсажите се извонредни, невидена природа. Покрај приказната со девојчето, има пар други ликови, ми се допаѓа тоа што ја видов актеркава: од серијата Outrageous fortune, најчукнатата серија што некогаш сум ја гледала.
Secret diary of a call girl Интересна сериичка за тепање време, и доста заразна Самата серија всушност е дневник на една 27-годишна девојка од Лондон по име Хана која тајно работи како елитна проститутка (high class escort). Бел Де Жур и' е „уметничкото“ име. Задоволна и среќна е со тоа што го работи, заработува одлично, не сака врски и интимност. Целта и' е да заработи што повеќе пари додека може. Серијата е многу интересна, јас се навлеков буквално и ја изгледав за само неколку дена 4 сезони има само, тоа ми е криво, а баш е забавна, доволно комична, а доволно сериозна и драматична... Не е безобразна, има голотија, но со мерка, не е перверзна. Мене многу ми се допадна. Лани ја гледав, ама пак ќе си ја изгледам деновиве. Девојката инаку ја глуми Billie Piper, кој гледал Doctor Who сигурно ја знае Одлична е во улогата на проститутка, мене ми е слатка и симпатична, одлично глуми и баш ми е погодена за улогава
Јас би една британска мини серија (ептен мини, 3епизоди има сезоната, а другата сл. година ќе биде) The Bletchley Circle Трилерче сместено во 50тите години. Во Лондон сериски убиец убива млади девојки. Четири жени кои сега водат обичен нормален живот, а во војната биле во некоја единица за дешифрирање, решаваат да ги превземат работите во свои раце и да го пронајдат убиецот. Ако кажам уште нешто, цела ќе ја раскажам. Кратка е, британска е, одлична за едно попладне
Јас би ја препорачала The killing http://www.imdb.com/title/tt1637727/ Ја започнав пред некој ден, интересна крими серија која е американска верзија на данска серија. Се работи за убиство на млада тинејџерка, во приказната се вметнати семејството на истата, животот на детективката и животот на кандидат за градоначалник. Откако ќе го најдат телото на девојката откриваат дека можеби не е единствена. Прилично добра актерска екипа има серијава, а и оцената на имдб не е лоша.Кој сака крими серии нема воопшто да се разочара. Има сега за сега 3 сезони с о по 13 епизоди од 45 мин. Ама јас изгледав веќе една сезона за неполни два дена, заразна е и ептен брзо лета епизодата. Можете и данската верзија да ја гледате, таа е приказната, јас изгледав една епизода, ама повеќе ми лежеа актерите од американската па си ја симнав таа.
Баш сега ја гледам со англиски превод, нема српски! Браво за серијава супер е одамна ја имав симнато ама пред 2 дена се наканив да ја гледам, ја пуштив во 1 навечер и 7 епизоди изгледав без око да ми трепне, уште сум на прва сезона а за недела дена гарант ке ја завршам... штета само за преводот!