Другарка ми ми ја препорача серијата Criminal Minds зашто и јас и таа сакаме криминалистички серии сеуште не сум почнала да ја гледам ама како што ми ја раскажуваат интересна била
Има тема за серијава, јас сум голем фан, само темата е малку замрена, не знам зошто, дали повеќето ја немаат гледано или не им се допаѓа. serii-i-emisii/kriminalni-umovi-criminal-minds-t7055/30.html?hilit=criminal%20minds И јас ја препорачувам, има одлична актерска екипа, ќе се цитирам од темата за серијава. Серијава не е за секој, има доста гадни сцени, брутални убиства, трагедии ама има и доста брутално фаќање на психопатите што накрај те исполнува со ќеф.Ми се допаѓа зошто не е како стандардните криминалистички серии кои се темелат на барање докази и мотиви и притоа се обработуваат некои безвеза приказни...тука навлегуваат во умот на убијците, ги проучуваат толку детално, што овозможува на крај да ги фатат.Актерите се одлични, секој карактер посебно, одлично се вклопува во целата слика. Не се извештачени ликовите, специјални се, секој со своите генијалности. Има и одлична оцена на имдб, а и доста згодни актери. Исто гледам ја немате препорачно Orphan Black, иако оние кои ја имаат гледано имаат и коментирано во темата за неа. Серијава има само 1 сезона сега за сега, наредната е од март мислам, 10 епизоди од по 50тина мин. Нема да зажалите ако ја изгледате, актерите се одлични, посебно главната актерка, не можете ни да претпоставите колку добро се снаоѓа во играњето на повеќе ликови. Во серијава се работи за девојка која случајно ќе налета на жена која е нејзина копија.Таа не знае кои се нејзините родители, зошто живее во дом, па сакајќи да дознае дали жената е нејзина сестра близначка тргнува да истражува и притоа открива многу тајни кои ни случајно не требало да бидат откриени. Приказната е феноменална, ќе се навлечете толку што ќе ја изгледате за 2 дена макс. Штета што излегува на година дена, ама вреди за чекањето. http://www.imdb.com/title/tt2234222/
House of cards! http://www.imdb.com/title/tt1856010/?ref_=sr_1 OДЛИЧНА! Мој тип на серија дефинитивно, како и порано не сум ја забележала не знам. Кевин Спејси ис д мен, убедливо, предобар глумец, фантастичен. Јас сум сеуште на почетокот првата сезона ја цедам, ама е кратка има само 13 епизоди, па ќе ја лапнам у 3 дена цела. Епизода трае по 55 минути, вистинско уживање. Tрејлер За љубителите на политички драми, конспираси и многу многу политички сплетки. Сега за втора сезона ќе се изначекаме до 2014 февруари, али its worth waiting
Јас дојдов тука да ја препорачам Orange is the New Black. Си ја имав ставено на листата за гледанње утште од препораката на АнаКаренина. Навистина одлична серија, интересно дејствие, интересна приказна, а пред се добро сработена. И мене не ми е многу по кеф глумецов од Американска Пита, ама ајде ќе помине. Досега има една сезона од 13 епизоди кои траат околу 55 минути. Јас веќе половината ја изгледав, и деновиве ќе ја довршам. Оценката на имдб е заслужена.
2 Broke girls Смешна, интересна и доста реална. Има 2 сезони со по 22 епизоди од по 20-23 мин., наредната недела почнува третата сезона, едвај чекам. Како што кажува насловот серијата е за 2 девојки, кои живет во New York, работат во мало ресторанче и едвај врзуваат крај со крај, но со голем сон - да отворат сопствен Cup-cake business . Керолајн потекнува од богато семејство, но татко и е фатен во финансиска афера-го прелажал цел NY и им ги зел парите, па оди во затвор и таа губи се, останува без пари и без пријатели, па решава да се пресели во единствениот дел од градот каде нема да сретни никој од нејзините "пријатели од големото друштво". Се вработва во ресторанчето каде ја среќава Макс, и стануваат цимерки. Два сосема спротивни карактери, со сосема различни животни приказни. Лесна, интересна, смешна, забавна и покажува дека патот до успехот не е така лесен. Ја обожавам серијава и ја препорачувам.
Wonderfalls http://www.imdb.com/title/tt0361256/ Maлце постара серија, малку почукната него обично тие што ги гледам, ама бидејќи беше кратка, имаше само една сезона и 13 епизоди не ме смори и убаво ми легна. Не дека има некоја тешка филозофија развиено или има некоја тежина, но за пред спиење zа пуштање мозок на пасење ми е беше супер. Многу ми се слатки главните глумци, многу убав пар се. Џеј е девојка со диплома по филозофија, која работи во продавница на сувенири во Нијагарафолс. Но нешто многу чудно и се случува за кое не смее да кажува на другите. Нејзиното исто толку чукнато семејство се прича за себе. Битно и со само 13 епизоди е една заврешна целина, не е оставена недоречена. (да ја активираме малку темава, ептен замрела)
За љубителите на мистериите , натприродното и легендите ја препорачувам Мерлин , прекрасна серија за волшебникот Мерлин и кралот Артур , има и некои комични делови али предобра серија е. Се работи за тоа како Мерлин му помага на Артур околу Камелот да го заштитат од непријателите и од многу митски и натприродни суштества . Артур во секоја епизода се бори против некое животно , но и Мерлин е секогаш тука да му помогне . Но интересно е тоа што во Камелот е забрането да се користи магија и така никој незнае дека Мерлин е волшебник , знае само Гаус куќниот доктор. Гледајте ја нема да згрешите - 10 од мене А исто така и Смолвил , за животот на Супермен- Кларк Кент , неговите тинејџерски денови , 9 од мене
Baby Daddy Многу ретардирана серија Денес ја почнав изгледав 7 епизоди и сум фасцинирана Серијата е предобра. Бившата на Бен му остава пред врата бебенце кое патем е најслаткото нешто шо сум го видела, збунет е и не знај шо да прај, но на крајот решава да си ја задржи Ема Е тука настанва интересното. Топло ви ја препорачувам, нема да зажалите Серијата е закон. Патем некои сликички од најслаткото бебенце Спојлер
Homeland - Многу добра серија за тоа како работи ЦИА за да се одбрани од терористичките напади и да ги открие оние кои ги организираат терористичките напади. Дефинитивно најдобра серија.
Современо семејство (Modern family) се зборува за три семјства кои се воедно роднини...Едно семејство е еден старец со млад ,згодна жена,другиве се обично 4 члено смејство и другиве се геј.
Dirty sexy money Каква сериичка луѓе, милина. Толку добро избрани луѓе за секој карактер, одлично. Ја лапнав за време сесија, ама пред заспивање обавезно доза од 2 епизоди примав. Криво ми е за 2-те сезони, можеа сигурно баарем уште една. Значи, станува збор за неверојатно богато семејство и нивните каприци кои мора да ги задоволи нивниот семеен адвокат кој во аманет на својот татко ја продолжува неговата работа со ова семејство. Имате свештеник, размазени близнаци брат и сестра кои ќе си го најдат својот пат, сенатор, жена со 3 подоцна 4 пропаднати брака и главата на фамилијата Трип ( Доналд Сатерленд) и Патриша, неговата жена. Ѕвезди кои успат се појавуваат се Софија Вергара и Луси Л(и)у. Фала ти Анушке за серијава, гледам под утисак на серијава и една друга, си ја имаш Луси на аватар.
Не е баш серија, мини ТВ серија е. Во секој случај... Stephen Fry in America Стивен Фрај е британски комичар, глумец и водител (другарче на Др.Хаус иначе) Во овој серијал од 6 епизоди тој ги посетува сите 50 држави од САД. Мене ептен ме бендиса, од поодамна го почнав ама не стигнав до пред некое време да ги изгледам. Прво Фрај сам по себе е феноменален. Тоа што мене посебно ме бендиса е што не ги посетува оние апла туристички локации него и многу поинтересни места. Беше во фабриката на Бен и Џери, во рудници, на плантажа за марихуана, во официјална јавна куќа и сл. Го препорачувам, по еден час трае епизода. Ептен ми се интересни споредбите што ги прави меѓу САД и Британија, посебно во начинот на размислување на луѓето. Не знам дали може да се симнат, јас на Youtube ги гледав. Ако не ви е проблем британскиот акцент релативно добри се снимките.
Ripper Street http://www.imdb.com/title/tt2183641/ , интересна е и задржува внимание.Крими серија е, се раскажува за убиства што се случиле во улицата каде што убивал Џек Мевосек, сместена е во 1889 па поради тоа ми е доста интересно да гледам како тогаш ги решавале убиствата. Кој сака ваков тип на серии ќе му се допадне. Тhe Paradise http://www.imdb.com/title/tt2391224/ E серија од две сезони сега за сега, сместена е во некој дамнешен период, поим неам кои години. Се зборува за продажна куќа и животот кој секојдневно се одвива во неа и околу вработените во неа. Млада девојка од село оди кај вујко и каде што бара работа но тој нема да и понуди поради тоа што е отворен Рајот на таа улица и му ги краде муштериите, нејзе и требаат пари па решава да се вработи и таа таму, притоа ја бива доста за продажба и за намамување клиенти и станува миленичка на газдата, таа се вљубува во него и се издешаваат некои работи. Лимонатка е серијава, лесна и забавна и ми се допаѓа што не ги влечкаат и тупат работите туку се одвиваат брзо.Главнита актерка е многу симпатична, мила и нежна, а богами и газдата не е за фрлање, ептен е маж, маж.Кој сака филмови и серии со раскошни фустани, убави фризури, дамско однесување, ќе му се допадне серијава. И незнам колку од вас ја имаат гледано Вероника Марс, ама јас сега ја завршив и тотално ми се навлече под кожа, ми се искачи во топ 10, а со оглед на тоа колку серии гледам не е малку да си во топ 10 . Ако ја немате гледано, пошто сепак јас касно палам нема да зажалите. Трендафилка и ставено рецензија на серијава, чинам на 40 и некоја страна беше ако ве интересира погледнете, да не барам сега.Ама сакам да кажам дека серијава иако е постара изобилува со доста квалитетни ликови, богати приказни, убавина.Крими серија е, но во центарот на детективските случувања е Вероника, тинајџерка со нејзиниот брилијантен талент и мозок. За жал ја прекнаа на 4 сезони и останаа многу работи не докажани, но за среќа во Март излегува филм наречен по серијава и во него ги има сите ликови и еден вид зафршница на приказнава, јас со душа го чекам, а и по трејлерот доста ветува. http://www.imdb.com/title/tt0412253/
Last Man Standing http://www.imdb.com/title/tt1828327/ Во барање по одлична лимонатка и комична серија некако наидов на оваа. Топло ви ја порепорачувам на сите. Одлична ми е серијава, одлично скоцкана. Смешна, на некои сцени дури и се подмочав. Ликовите ми се одлични, ја обожавам најмалата од ќерките Ив, некако најинтересна ми се виде. а и останатите се преинтересни. Одличен кастинг. Денеска ја завршив прва сезона и еве си ја симнувам втората. Инаку има три сезони серијава, последната епизода од третата е излезена на 31 Јануари оваа година. Како што кажав одлична серија и ако сте во потрага по нешто смешно и интересно, почнете ја.
Ми треба некоја серија која ќе трае околку 45 минути епизода. Ќе биде смотана и лесна и ќе биде погодна за пред спиење. И да има повеќе сезони и епизоди уште подобро, тамам со месеци да ја гледам. Ениуан?
Arrested Development Интересна серија од типот на Modern Family, кога таткото завршува во затвор заради финансиски малверзации на Мајкл му останува да се грижи за лудото и помалку дисфункционално семејство. Првите три сезони се постари т.е. снимани се од 2003 до 2006, а четвртата е од 2013, добро е што им текнало да ја продолжат. Фина е, за тепање време, незнам како порано не сум ја открила. The Blacklist Една од подобрите нови серии, многу ми праи ќејф освен што на моменти мислам дека можеле да најдат подобра актерка од Меган Боун. Интересна крими драма, со моменти на акција и трилер. White Collar Уште една криминалистичка серија, детективот Питер соработува со криминалецот Нил при решавањето на случаите од White Collar делот на ФБИ. Не е толку чиста крими акција како The Blacklist, туку е полесна со елементи на комедија. Само што треба да и се даде шанса, првите неколку епизоди се така малце глупи, но после станува навистина интересна. Нил ми е, како да кажам лепотан, не e секси ко Харви од Suits, но е фин за гледање, штета што е геј. Ова се новите серии што почнав да ги гледам во последно време кои ми оставија позитивен впечаток и топло ги препорачувам.
^ Lilit, ти ја препорачувам Hart of Dixie, одлична е, баш онаква каква што бараш. Има 3 сезони, а во една сезона има по 22 епизоди. Траат околу 40-45 минути. Две сезони се излезени, а до сега мислам дека е прикажана и пола трета.
Lilit, можиш да а гледаш ако не ти е гледана Chicago fire, баш е лесна и таман за подобра ноќ. Ама не е смотана, за смотана таман е Hart of Dixie, иако на моменти мене ми е оваа досадна и иритирачка. Исто ти ја препорачувам Switched at birth, пре релаксирачка, лесна и топла семејна серија (драма) со 3 сезони и многу епизоди кои траат по 45 минути. Спојлер Tells the story of two teen girls who discover that they were accidentally switched at birth. Bay Kennish grew up in a wealthy family with two parents and a brother, while Daphne Vasquez, who lost her hearing as a child due to a case of meningitis, grew up with a single mother in a poor neighborhood. Things come to a dramatic head when both families meet and struggle to learn how to live together for the sake of the girls.
На Замунда нема торнети бе. Ми треба некоја за пред спиење дур си го мачкам задников со антицелулитна и доволно ми е смачено од фактот дека треба рано да станам. Имам ритуал пред спиење по еден тед говор да слушам, ама ми го буди умот и после ме фаќа несоница, а и при сите предзаспивачки ритуали, па некогаш него не го ни слушам убаво и се нервиркам. А морам нешто такво да правам, не можам директно во кревет, а навиката да отворам фб или фемина се помалку ја имам...
Lilit, не знам дали ја имаш гледано Hot in Cleveland, сега само што ја догледав. Има ненормално добар хумор, чисто женска серија, тамам за релаксација на мозок пред спиење... Прелесна е за гледање, има 4 сезони, една епизода трае 20минути...