1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорачајте интересна серија со кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Sonce, 8 ноември 2009.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.034
    Допаѓања:
    66.605
    Пол:
    Женски
    И јас пред некое време прашував за серијата. Ама ја симнав и ја изгледав. Лесна серија е, на почетокот изгледа малку лабаво, како да не е нешто посебно, ама после ептен се разработува. Ликовите се супер, Нил е бонбонче, да ја гледаш, супер ќе ти дојде.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186

    One Tree Hill -
    My fav tv show ever
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Јас еве веќе еден период ја гледам серијава Merlin но има и уште едно име The Adventures of Merlin
    [​IMG]
    [​IMG]
    Интересна серија,авантура,за сите оние што сакаат серии во коишто преовладува магијата и магичните сушества.Не е типична серија со магија,ќе кажете детски работи но серијава е навистина многу интересна,се работи за едно момче коешто поседува магија и воедно е и последниот “господар“ на змејовите,момчево е слуга на принцот Артур,но кралот (таткото на артур) строго ја забранува магијата и го убива секој којшто се служи со неа.Момчево,Мерлин,наизглед многу наивно момче всушност е многу храбро и неговата судбина е да стои до Артур...
    Инаку јас сега ја гледам четвртата сезона,да напоменам дека сезоните не траат многу најмногу има по 15 епизоди во една сезона.
     
  4. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Охоо,, јас ја обожавам.
    Друга интересна серија: Lost Girl .
    Женскава, Боу е феи ( нетприродно суштество). Има повеќе видови феи: Врколаци, Сирени.. секакви. Има и еден Крвен Крал кој кога пишува со својата крв тоа станува реалност. Таа незнам кој вид е.. Но, ни самата незнае дека е феи. Дознава во првата или втората епизода. Таа ги бара своите биолошки родители, а воедно и своето минато. Се засакуваат со еден полицаец Дајсон (врколак), има една другарка (човек). Таа и другарка и стануваат приватни детективи за феи. Феите се делат на: Светли и ТЕмни. Исти се, но Светлите се добри, а Темните се на страна на злото.Ја запознава својата мајка по еден куп расплети, но незнае дека и е мајка. Потоа мајка и исчезнува и пак се враќа по еден пореиод. Дознава дека оваа и е мајка, но злобна е затоа што Светлите феи и наштетиле во минатото. Се борат со мајка и, еден куп крв и слично . на крајот се борат но овој, Крвиот Крал со својата крв пишува во една книга дека тие ќе се смират и тоа се случува. За жал, мајка и паѓа од оградата и исчезнува повторно.
    Има уште една трета сезона, но не сум ја гледала. Тој Сирената и женската човек се пресмешни.
     
    На Barca-Gril му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.423
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека во 2014 за прв пат во животот ја гледам F.R.I.E.N.D.S
    Рецензија секако не е потребна...I'm lovin' it! :)
     
    На Ema.Sk и MiloMalo им се допаѓа ова.
  6. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Е на мене ми е потребна резенција.. до сега незнаев ни дека постои таква серија.. Ај опис некој.. . :^)
     
  7. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.423
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Се работи за 6 луѓе на кои им се вкрстуваат патиштата во животот и стануваат најдобри пријатели.
    Секс,љубов,врски,кариера во возраст кога се е возможно.Се се врти околу пријателството бидеќи кога си сам во толку голем град пријателите се твоето семејство.
    Урнебесна комедија,препорачувам!
     
  8. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Penny Dreadful
    http://www.imdb.com/title/tt2628232/
    Драма // Хорор

    Дејството се одвива во Лондон, Велика Британија, во 1891 година- Викторијанското доба. Како што полицијата се обидува да ја реши серијата од грозоморни убиства кои се случуваат, реномираниот истражувач Сер Малколм Мареј, заедно со Ванеса Ајвс знае дека се случува нешто многу повеќе од само една низа на нерешени злочини. Во потрага по вистината и неговата изгубена ќерка, тој ги повикува еден од најдобите американски стрелачи Итан Чендлер и д-р. Виктор Франкенштајн да се придружат на нивното патување.

    Премиерата беше вчера. Засега е само прва сезона, со 8 епизоди. Следната епизода е закажана за наредниот понеделник, 18 мај. Нестрпливото чекање од неколку месеци, ја доби смислата пред неколку часа кога ја изгледав првата епизода. Со саати барав добра снимка, ниедна не ми отвараше, за најпосле да најдам и следните 50мин. да ги почувствувам како да поминале нецели пет. Денес успеа вешто да ми го задржи вниманието, преку досетливите дијалози, совршената сценографија и Ева Грин, секако :D

    Доколку сте љубител на психолошки трилери со доза на класични хорор елементи кои резултираат како одлична драма, топло ја препорачувам. Уствари, ете јас сакам загадочни мистерии, но со дааалеку поблаг хорор, ама и давам шанса. 7.5/ 10 :up:
     
    На redheaded, MaggieTatum и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  9. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    [​IMG]

    Долго време бев изгубена без некоја нова серија и конечно оваа ја открив. Многу ми се допадна. Се работи за две девојки кои ќе дознаат дека биле сменети на денот на раѓањето во болницата. Звучи рецензија како од шпанска серија ама не е.. :D Доволни се две епизоди за да се заразите ;)


    И оваа!!! Во топ 5 ми е :D :D Со секоја сезона се подобро и подобри. Адвокати, сплетки, афери ;)
    [​IMG]
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    40.770
    Пол:
    Женски
    Јас имам нова серија за љубителите на добра кримилистична серија.
    http://www.imdb.com/title/tt2071645/
    [​IMG]
    Мене ми стоеше на листата за гледање кој знае колку време, некако ја одбегнував поради не толку високата оценка на имдб, ама пошто сите дваесетина серии кои ги гледам ги завршија сезоните морав да почнам со нова за летово нели.Се одлучив поради актерската екипа составена од Kevin Bacon, James Purefoy и Shawn Ashmore.
    Има и други актери кои не се за потценување но јас многу си го сакам Кевин и така се одлучив.
    Рецензија:Рајан Хардли е детектив во мирување кога добива повик дека убиецот кој го бркал со години избегал од затвор и дека тој мора да се врати на должност за да го фатат пак.Убиецот бега со една цел да го заврши своето последно дело кое токму поради Рајан останува незавршено.Откако ќе го вратат во затвор сфаќаат дека тој имал други намери, почнуваат да се случуваат други убиства од луѓе кои уствари се учени и му се восхитуваат на убиецот Џо, тие всушност се еден вид на култ кој тој го командува од затвор.Убиецот е харизматичен поранешен професор по книжевност и тоа е се што му треба за да ги заведе останатите. Не знам зошто нема повисока оценка на имбд, ама претпоставувам дека е поради тоа што има малку гледачи, зошто серијата стварно има добри актери, ефекти, глума...
    Приказната стварно е многу интересна и напната, тематиката на серијата може да се каже дека наликува на книгата Шепнувачот и поради тоа ептен ми се допадна.

    Јас синоќа ја нападнав изгледав 9 епизоди наеднаш, а патем има 2 сезони од по 15 епизоди кои траат стандардно 42-3 мин.Трета сезона е тек во Јанури.
    Топло ја препорачувам нема за зажалите ако ја погледнете.
     
  11. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    4.777
    Еве некој друг како мене заразен од британски серии :D
    Ти препорачувам две серии, кој последно време ми оставја впечаток.
    Torchwood 2006-2011 четири сезони.

    Misfits 2009-2013
     

    Прикачени фајлови:

    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Девојки ми завршија па сите серии немам што да гледам :D :D
    Дај кажете некоја добра заразна серија :)
    Ќе ви кажам што имам на списокот, па ако некоја се пронајде слободно нека ми предложи нешто, очајно ми треба :D :D

    The Good Wife
    Revenge
    Arrow
    Hart of Dixie
    The Vampire Diaries
    The Originals
    New Girl
    Two and a half men
    The Big Bang Theory
    Switched at Birth
    The Exes
    Melissa and Joey
    Friends
    Suits
     
  13. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.778
    Пол:
    Женски
    Hmm...
    Prison Break, ili Grimm, ili Believe
     
  14. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    NCIS и NCIS LA-презакон.Секоја си е посебна на свој начин.Повеќе ја сакам ЛА,бидејќи во неа го има и Дикс...
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    Не толку љубезни (Less than Kind). Не ја следам епизода за епизода, но станува збор за семејна комедија, дејството се одвива во Винипег. Не сум воодушевена, но знае добро да ме насмее секогаш. Moже да се начека на канал 5+.

    [​IMG]
     
  16. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    На сите љубители на гимнастиката им ја препорачувам Make it or Break it. Серијава има 3 сезони со околу 20тина епизоди.

    Базирана на играниот филм Stick it. Кој го гледал, гарантирам дека и серијава ќе му се допадне.

    Американска е серијава, го опфаќа животот на 3 другарки и нивните семејства. Тие се елитни гимнастичарки и се спремаат за Олимпијадата 2012.

    Мене ми се допадна и мака ми е што има само 3 сезони.

    Ако ја гледа некој друг би сакала да прочитам мислења. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • MIOBI.jpg
      MIOBI.jpg
      Големина на фајлот:
      26,3 KB
      Прегледи:
      287
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Јас би ја препорачала серијата Доктор Хаус (Dr.House...House MD зависи како каде)
    интересна ми е серијава,научив некои интересни работи за медицината т.е некои болести...а и ја сакам серијава заради врвниот сарказам од главниот лик...
    Има 8 сезони секоја сезона има одреден број епизоди,неколку имаа 24 некои 16 епизоди....
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.178
    Допаѓања:
    23.133
    Пол:
    Женски
    One Tree Hill :)
    После толку изгледани серии, ништо ама ништо не можи да ми ја замени оваја, серија шо ќе те насмеј, серија шо буквално за некој сцени ќе се убиеш од плачење, ко јас на пример.
    Прекрасни 9 сезони ни една досадна епизода, со стварно многу интересна приказна.
    Ако немате шо да гледате, не се думајте ич. Серијата е незаменлива :) :inlove:
     
    На Aleksandra-Kukla, the.vampire.girl и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  19. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    The Bridge,
    Suits,
    good wife
    24
    californication
    Devious Maids
    чекам нови епизоди
     
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    40.770
    Пол:
    Женски
    Ако се сеќавате одамна ја препорачував The killing US верзијата, годинава излезе и последната 4 сезона и тоа ме натера да ја погледнам данската верзија на серијава.Кога ја препорачував реков дека се исти, ама имав згрешено.Првата сезона е иста, мислам од аспект на дејствија, убиство и сл, ама веќе другите 2 сезони се различни и морам да кажам дека данската верзија повеќе ми го прави меракот.
    За да не ја повторувам рецезијата за првата сезона, може да ја погледнете онаа која веќе ја имам напишано.
    Разликата исто е и во тоа што од US верзијата 2 сезони се зборува за истиот случај, а во данската тоа завршува во прва сезона и другите две се со различни случаи.
    Јас од срце им ги преопрачувам и двете на љубителите на добра крими серија, зошто стварно се одлични и имаат одличена екипа и приказна.
    http://www.imdb.com/title/tt0826760/
    [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=PKmldKVy9Eg
     
    На figgiMK и Tiki-lolipop им се допаѓа ова.