Ако сакаш еден вид на психолошки драми тогаш ќе ти се допадне оваа серија. Воедно е и трилер. Добра е стварно барем според мене
Некоја добра серија? (по можност крими,акција, драма, психопатска хаха)еве неколку кои ми привлекле внимание и сум ги гледала Prison break the arrow the originals the vampire diaries true blood pod prikritie witches of east end teen wolf wolfblood salem elementary forever the mentalist dr.house lie to me the listener ghost whisperer bones body of proof
@Hipster Не знам ни сама што сакам да гледам, имам гледано најразлични серии почнувајќи од Grey's anatomy, MD House, Gossip girl (тапа), The Carrie diaries, The vampire diaries, Heart of Dixie, The Originals.. Не ми текнува што друго.. Breaking bad гледав и сум до 4та сезона не ми беше нешто посебно забавно, исто така почнав со Game of thrones и тоа го оставив, многу долго ми траат епизодите не ми го задржуваат вниманието 60 минути. Ги изгледав Orange is the new black, тоа ми беше интересно, чекам нова сезона.. Arrow оствив.. не ми се допаѓа многу кога во секоја епизода се случува истото, на пример секоја епизода бркаше некој нов, и цело време само тоа се случуваше, исто како во Хаус што секоја епизода бараше болест. Од овие тука што сум ги напишала и што ми текнале во моментов нај при срце ми се Оригиналните, не знам зашто многу ми е интересна серијата. Изгледа дека се тинејџерски ха. Revenge исто така гледав 2 епизоди ама немам сега време да седнам малку подолго да се посветам на серија, имам за учење, уште една недела и после распустов ќе почнам да си гледам нешто. Размислував за Friends да гледам, ако ништо друго кратки се епизодите а и позабавни. Orphan black, Homeland, Supernatural имам размислувано да ги гледам ама сум немала време до сега. Инаку многу сум чудна и секогаш читам спојлери за да знам што ќе се случи и дали е интересно па после гледам И да додадам Одела гледав - последнава сезона заостанувам ќе ги гледам сите од еднаш, и имам гледано Оркугот Оринџ (пак тинејџерско нешто) и таа ми е една од поомилените.
По крими драма и психопатска од Dexter нема да најдиш,се на едно место,една од нај добрите серии што сум ги гледала. Ја немам гледано Hannibal ама по рекламите што ги имам видено делува интересно и доста психопатски
@x.Daisy.x Интересен избор на серии, горе доле имаме сличен вкус, и јас сакам од се по нешто да гледам, па дури и тенејџерски. Ќе ти препорачам од секоја категорија барем по две серии кои сум ги гледала, ги гледам и продолжувам да ги гледам зашто сметам дека се навистина добри. За секоја серија скоро има тема на форумов, па отвори таму сигурно сум коментирала јас па и другите. Комедии- Modern family, Brooklyn Nine-Nine, Hot in Cleveland Акции- Games of thrones, и The Flash иаку е спин оф на Arrow а тебе таа не ти се допаѓа, мислам дека оваа повеќе ќе ти се допадне, полесна е за гледање. Kрими-драми- Sherlok, Elementary, Forever Драми- Scandal, Damages, HOUSE OF CARDS( иаку е малку прегруба на моменти мислам дека е најдобрата драма моментално) Тинејџерски- Тhe Fosters, Faking it, Teen Wolf, Switched at birth Бонус категорија, нешто што е солидно, може не се најдобри ама имаат свои моменти- New Girl & The Mindi Project и двете се комедии. Оnce upon a time има одлични сезони со исклучок на некои епзиоди каде нависитна е утната, но дај и шанса. Melissa and Joey има свои моменти, барем на почетокот ми беше ептен интересна. Chasing life e интересна драма причично нова има само една сезона и 10тина епизоди брзо ќе и влезеш у штосот(на претходната страна имам напишано кратко ревју) Моментално тоа е тоа што можам да ти предложам што гледам и што вистински ми се допаѓа. Се заразив летоска на една серија, не ја изглеав цела зашто немав ич време, ама планирам да ја довршам. Се работи за Pushing Daisies, кратка серија од само 2 сезони, фантастична-комедија за Нед, младо момче кое сосема случајно отрива дека има моќ да ги враќа мртвите во живот со еден допир. Но со вториот допир ги враќа назад во мртвите. Но сето тоа има последици поточно некој друг умира наместо оживеаниот. Траги-комедија подобро речено. Но не е воопшто морбидна, чудна е да, ама пресмешна е пресимпатична. Се разбира има девојка вмешано во целата приказна, и тоа ја прави серијава навистина пресимпатична за гледање. Спојлер Oмилена сцена
Спојлер: Цитат на мислењето Иии сум ја заборавила Сменети при раѓање. Ја гледав летово додека бев на одмор до 10 епизода сум ама после сум се заборавила со други серии изгледа. Инаку размислувам да дадам уште една шанса на Arrow, Флеш знам дека е нова серија, слична на таа и Оливер мислам дека го има во неа. Имаш ли гледано Constantine, Grimm, Sleepy hollow? Овие мислам дека се такви по фантастични ама ја сум многу страшливец, т.е. ми се проектира се што гледам во сон. Посебно ако е нешто така по „страшно“ ќе го сонувам цела недела ахаха. Инаку во Once upon a time гледав една сцена (некоја девојка беше на мост и требаше да се спаси, па направи некое чудовиште) и многу ми беа чудно направени ефектите, како во некој цртан филм и баш затоа си реков ајде нема да ја гледам. Во секоја епизода ли се такви? Ме потсеќа на Волшебнички, со ефекти направени у 2000 год. Новата девојка е нешто слично на Young and hungry и 2 Broke Girls? Таков стил? Не знам дали си фан на аниме и дали гледаш нешто ама Death note e едно од најпознатите, и има многу добар рејтинг, плус многу е кратко околу 35+/- епизоди од по 20 мин, можеш да видиш дали ќе ти се свиѓа или не. Ми текна на уште една која ја меркав, The 100. Mногу интересно ми изгледа само од трејлерот, има 2 сезони од кои втората е во тек. И јас сакам различни серии да гледам, едноставно нешто кога ќе ми го привлече вниманието седнувам и гледам 2 сезони во 3 дена. Не сакам сега да ризикувам уште една недела ќе издржам. А за тоа време ќе се одлучам што да гледам, се надевам
Периодов сакам да одморам малку па препорачајте ми некоја серија слична на Desperate housewives, Devious maids, mistresses.. Освен GG, 90210.. Ја почнав Hart of Dixie, исто и Orange is the new black и Modern family ама нешто не ме воодушевија многу. Suits, Scandal, Grey's anatomy, how to get away with murder ги завршив, еве сега гледам Homeland, ама сакам нешто по женско, со интересен хумор итн, итн, Па? Ептен ми се гледа некоја таква серија
New Girl не е баш слична со Young and Hungry, мене ми епоинтересна, класичен ситком од типот на Пријатели, How I met your mother, пријатели кои живеат заедно и нивните згоди и незгоди. Има пресмешни епизоди, има и просечни епизоди, горе доле не е совршена, ама смешна е. За жал не гледам аниме,може да кажам дека гледам се освен аниме, дури и хорори почнав да гледам иаку порано не ги поднесував ама аниме не. Што не значи дека нема фда го променам мислењето, понатака. Ќе ја имам во предвид x.Daisy.x
Scorpion http://www.imdb.com/title/tt3514324/ Сосема нова серија, со интересна тематика и симпатична екипа на свежи актери. Се работи за група од 4ри генијалци плус една нпрмална девојка кои после една успешна мисија на Хоумлен секуритиќе бидат најмени од истата да и помагаат во решавањето на проблеми. Валтер е генијалец сo IQ од 196, Тоби е неверојатен психијатар (behaviourist), Силвестер е човечки калкулатор, Хепи продиџи маханичарка. Пејџ е бафер зона меѓу нормалноот свет и 4цата генијалци која исто има генијален син и сотоа се обидува да се доближи до неговиот свет. Како што реков свежа екипа, непознати и неизвикани ликови, млади и пријатни за гледање(со еден исклучок) Јас сум на самиот почеток само 4 епизоди имам изгледани и продолжувам дагледам понатака, дефинитивно задржува внимание. Има голем број на нелогичности и неверојатности во врска со да ги наречам "мисиите" т.е на проблеми кои наидуваат, ама и покрај тоа ми е симпатична и лесно замижувам покрај тој факт. Имдб оцена 7.2 што релативно се поклопува со мојата 7ца.
Hindsight(2015) Сакам да си гледам полесни серии навечер пред спиење, супер ми се за релаксација после напорен ден и оваа секако ја вклучувам во тие.Во продукција е на VH1, до сега имаат излезано 5 епизоди, и се заразив.Се работи за девојка која живее во модерниот денешен свет, но не е задоволна со одлуките кои ги има донесено во животот, и со чуден пресврт се наоѓа назад во 90-тите години, пред да ја направи една од најважните одлуки во животот.Преинтересна ми е, од музика, до мода, ликовите, до приказната, која иако е клише, сепак вреди.90-тите се eдна прекрасна ера, и серијава ме враќа во годините во кои посакувам да живеам.Има одлични оутфити, типични за тие години, па и музиката која ми ја погодуваат почнувајќи од the Cranberries, U2, Green Day, Poison... И интересни ми се моментите, кога прикажува колку само ние зависиме од технологијата, а колку бил поедноставен животот тогаш, но и поубав. На имдб има солиден рејтинг 7.4, така да кој е за релакс серија, топло му ја препорачувам
Secrets and lies Случајно ја видов на АXN кога ја рекламираа уште пред 2 недели,прочепкав по нетов и зашто не можам да одолеам на серија со ваква тематика си викам да и дадам шанса. До негде ме потсетуваше на The Killing, само тука е повеќе од аспект на семејството , а не од поглед на детективите,не е обрнато големо внимание на истрагата, доказите.Повеќе дејството е фокусирано на врските помеѓу луѓето во едно мало градче полни со тајни,сплетки и предрасуди. Има доста заплети, а ми се свиѓа тоа што брзо се одвива дејството и како за почеток ептен брзо се открија доста работи. Ми се свиѓа и актерската екипа, досега се` е добро осмислено. Има моментално 3 епизоди излезено,а доколку ја имате AXN премиерно секој понеделник од 22.00 има нова епизода.
The 100 Дејството започнува после 97 години од катастрофална нуклеарна војна на земјата која уништила се на земјата.Единствените преживеани биле жителите на вселенски станици во орбитата на земјата.Тие сите се обединиле да живеат во вселенски брод наречен Арка под раководство на канцеларот Џаха.Но после толку години,почнува да им се трошат ресурсите и праќаат 100 затвореници што имаат под 18 години да видат дали може да се живее на земјата и им ставаат алки за да ги следат дали се живи,колку се здрави итн. Да не откривам понатаму,гледајте ја многу е интересна,само од првата епизода се заразив после неможев да престанам да гледам.Цело време има акција,нема некоја досадна епизода и глумците многу им се погодени,сигурно ќе се заљубите во Белoми. Мене малце ме потсеќа на The hunger games во тој стил е и затоа почнав да ја гледам.
Medcezir - дефинитивно една од најдобрите турски серии.. Се навлеков на серијата по цели денови ја гледам.. Екипата е повеќе од одлична Cagatay Ulusoy и Serenay Sarikaya.. Драма,љубов,сплетки,смеа.. се во едно.. Ликовите веднаш ќе ве освојат, не е во ниту еден миг досадна.. Дефинитивно вреди да се погледни. Еве ги и трејлерите на првата епизода, сигурно нема да ве остават рамнодушни.. http://vbox7.com/play:1cf9ff4d24 http://vbox7.com/play:a680b9b6ac Овде ја имате целата серија со превод - http://medcezirsaprevodom.weebly.com/medcezir.html
Деновиве започнав да гледам 2 нови серии Hindsight и Unbreakable Kimmy Schmith и не зажалив, Hindsight гледам дека веќе е дискутирана погоре, па да не се пофторуваме...супер е. Unbreakable Kimmy Schmith ја препорачувам на тие што ја гледале гледале 30ROCK, бидејки и зад оваа серија се крие името на Tina Fey. Настанот се врти околу Кими која последните 15 години ги поминала во бункер со уште неколку жени, одцепена од реалноста, бидејки во тинејџерските години била намамена во култ. Серијата започнува со нивното спасување од бункерот, иако доживеала голема траума таа обива да биде гледана како жртва и гледа позитивно на животот. Таа решава да го започнесвојот живот одново во Њујорк... практично најлошото место за некој кој 15 години немал никаков допир со реалноста
На оние што им се допаднала Hindsight, им ја предложувам серијата Being Erica. Всушност, Hindsight уште од самиот почеток ми се виде како копија на Erica ( серијава е постара и паметам ја гледав на hallmark / universal channel). Разликата е во тоа што Ерика се "враќа" во одредени моменти од нејзиното минато и притоа и помага еден доктор. Значи, не живее константно во алтернативно минато/сегашност како Бека, туку откако ќе направи некои промени во минатото, се враќа во реалноста и се соочува со нивните последици. Многу интересна серија.
Да се надоврзам , интересна е и серијава , иако после некое време ја однесоа во некој чуден правец , и поприлично многу сезони има , според мене не потребно толку да ја развлечат .
Мене баш не ми баш претерано слична Hindsight со Being Erica, ги имам гледано и двете и можам да кажам дека Hindsight е поинтересна. Идеата можеби, ама и Being Erica туку не е уникатна зашто пред неа имало вакви милион филмови. Hindsight jас ја изгледав во еден ден цела, 10 епизоди реално не се многу. Супер серија, се надевам дека ќе има втора сезона зашто ептен ќе се изнервирам ако нема. На моменти мислам дека секоја девојка во 20тите може да се соживее со Бека, буквално. Глумицата е преслатка и преприродна. Приказната е лесно прифатлува, освен фантастичниот момент на патување во минатото, останатото е доста реално и опишува многу денешни проблеми. Јас и давам солидно 8че.