Со оглед на тоа дека двете серии кои ги гледам наскоро завршуваат летово ќе мора да барам нова.Ајде препорачајте некоја серија каква било Само не вампирски, нема место за уште вампири во срцево
Јас ја гледав The Mistresses и тоа за време на викендите ја имаше реприза на Fox Life. Сега овој викенд ја немаше во предвидениот термин, а баш ми се допаѓаше серијава. Ако некој знае во колку саат оди пак на истиот канал нека пише.
Озбилнооо? Јас па на IMDB гледам пишува дека уште не е завршена па затоа прашав. http://www.imdb.com/title/tt1149608/?ref_=nv_sr_1
Ја начекав Friends with better lives на фокс лајф пред неколку месеци, сега гледам пак ја даваат затоа ми текна да пишам. Штета што после една сезона е прекината серијава, до скоро на имдб стоеше (2014-) ама сега гледам само (2014). Сценариото е веќе видено (F.R.I.E.N.D.S./HIMYM), група пријатели и нивните случки во животот, но хуморот им е одличен. Колку пати слатко се изнасмеав во тие неколку епизоди што ги гледав. 6 пријатели се, двајца од нив се во брак со детенце, другите двајца се дечко и девојка, има еден разведен тип, и една женска опседната со кариерата па е always single. Оваа последнава ми е омилена, уште да беше малце поубава ќе беше незаменлива ама добро е и вака. Карактерно на моменти ме потсеќа на Макс од 2 Broke Girls. Изгледајте една епизода кога ви е досадно, ништо не губите.
Transparent http://www.imdb.com/title/tt3502262/ Интересна серија која го истражува животот на едно дисфункционално семејство откако нивниот шеесет и нешто годишен татко ќе почне да живее како жена. Иако се занимава со прилично тешка тематика, серијата успева да го задржува ведриот тон и да се концентрира на позитивните работи од животот. Првата сезона има само 10 епизоди кои траат по 25-30 минути и главниот лик го толкува Џефри Тамбор, кој на фановите на Arrested Development им е попознат како Џорџ Блут. Helix http://www.imdb.com/title/tt2758950/ Моето грешно задоволство Хеликс е микс од хорор, мистерија, научна фантастика и трилер, надополнет со одлична приказна и многу пресврти. Немојте да очекувате голем буџет и спектакуларни специјални ефекти но бидете подготвени дека можеби ќе `заглавите` цела ноќ гледајќи епизода по епизода за да дознаете што наредно ќе се случи Првата сезона има 13 епизоди а од втората досега се снимени 9 од планираните 13.
Вчера започнав да гледам една нова серија и многу ми се допаѓа. Се вика Togetherness. Приказната се одвива помеѓу 2 пара кои живеат заедно. Едниот пар се брачен пар кои имаат мала ќерка и бебе и се наоѓаат во онаа фаза каде што романтиката е речиси згасната и се трудат да најдат начин да ја вратат возбудата во својот живот. Другиот пар е постарата сестра на жената од првиот пар, неомажена девојка која е во постојана потрага на партнер; и најдобриот другар на мажот од првиот пар, тип кој упорно бара начин да стане успешен и познат глумец. Ведра серија со комични моменти.
Hostages Една од најдобрите докторки треба да го оперира претседателот на Америка, но дента пред операцијата сите од нејзино семејство стануваат заложници на една група луѓе кои бараат од неа да направи компликации при интервенцијата и претседателот да го загуби животот. Следува интересна битка да се спаси семејството или да остане жив претседателот. Многу добра серија, има само една сезона.
BANSHEE Незнам како да ја опишам серијава за да ве убедам да ја симните одма. Можеби ако кажам дека има 3 цели сезони, и една сезона ја гледав во 2 дена? Дека сите 3 сезони ги изгледав за 4-5 дена... Сакав да отворам посебно тема за серијава, ама пошто гледам дека никој друг не ја спомнал и не ја гледал, ајде тука ќе ја препорачам па ако ја загледате може да отворам и да коментираме. Антони Стар е во главната машка улога, а женска главна улога е Ивана Миличевич која што е Босанка. На Имбд има оцена 8.4, јас би дала 9ка чиста. Двајцата главни лика како млади се во тајна врска, пошто работат заедно како крадци за таткото на Босанката - во серијата со име Ана, која има лажен идентитет под името Кери. Таткото на Ана е моќен мафијаш кој е до врат влезен со криминал и полицијата упорно се труде да изграде случај против него. Лукас, главниот машки лик, излегува од затвор после 17 години, пошто на нивната последна работа т.е крадење, самиот татко на Ана ги откажува пошто дознава дека се во тајна врска, и дека му работеле заедно зад грд. А тие имаат планирано после оваа работа, со лажните идентите да избегаат и да живеат далеку од него бидејќи не сакаат повеќе да крадат за него. Лукас ја превзема цела вина за кражбата, а Ана бега и полицијата никогаш не дознава за неа - само заради Лукас. После 17 години Лукас оде кај Џоб кој е кинес трансексуалец за да ја најде Ана каде живее со лажниот идентитет, пошто Џоб е тој што им ги направи лажните идентитети. Ја наоѓа во Банши Пенсилванија, мажена со јавен обвинител и две деца. Таа му кажува дека од нивната последна кражба ги нема дијамантите кои ги земале и да си оде тој, пошто тука веќе има живот и дека не сака да ја загрози безбедноста на нејзините деца иако Лукас е љубовта на нејзиниот живот. Но, Лукас, додека пие пијачка во еден стар бар, иде новиот шериф на Банши, кој сеуште никој не го видел пошто е од друг град и почнува со работа за неколку дена, и е пред негови очи убиен од двајца насилници, па он решава заедно со сопственикот на барот, исто бивши затвореник, мил црн старец, да го закопаат шерифот и Лукас го превзема неговиот идентитет како шериф на Банши. Тука почнува серијата, која има толку многу прекрасни и комплексни ликови, не, не можам да одвојам ниту еден омилен, едноставно толку добро и детално е разработена цела тематика, приказна, за сите во градот, за многу ликови, и за Амишите, за племе едно кое живее близу Банши, за нивните стари племенски сфаќање, одмазди, ритуали, и многу многу други работи што не можам да ви ги опишам. Серијата е полна со секс сцени, бетер од Game of Thrones буквално, со крвотници, со тепање, па не е препорачливо со некој фамилијарен да се гледа. Пред се е драма, па после би рекла криминал и акција. Ве навлекува и едноставно не можете да прекинете да ја гледате. Одлична и уникатна приказна дефинитивно. http://www.imdb.com/title/tt2017109/?ref_=ttpl_pl_tt
Cristela Лесна и добра комедија. Ме потсети на Spin City на времето. Се начекуваше на Фокс или некоја друга ТВ не знам, ама и тоа како вреди и да се симне. Дејството е околу Кристела, правник која заедно со уште еден колега и колешка волонтира во правна канцеларија на познат адвокат. Кристела има мексиканско потекло, живее со мајка и, сестра и, зетот и внуците. Сите ликови се посебно специфични и смешни, а скоро секој дијалог е комичен. Погледајте ја, нема да зажалите. Black Sails Интересна авантуристичка серија. Дејството е околу познатиот Капетан Флинт ликот од „Островот со богатството“ на Стивенсон. Преку преубави пејзажи, сцени и кореографии е опишан животот на пиратите, а преку заверите и интригите начинот на нивното функционирање, се со цел да се дојде до посакуваниот плен. После 4-5 изгледани епизоди, мислам дека е вредна да се продолжи со гледање.
Вратените ( The returned) Приказната започнува со несреќа во која еден училишен автобус, чиј шофер обидувајќи се да избегне да удри дете, ќе излета од планинскиот пат во длабока провалија. Разбирливо, по овој настан сите од автобусот ќе се сметаат за мртви. Но, приказната продолжува 4 години подоцна, кога едно од девојчињата во автобусот ќе се разбуди во планината и ќе се врати дома. Нејзините родители ќе бидат шокирани кога ќе забележат дека таа е тука, покрај нив, однесувајќи се како ништо да не се случило. Но, она што е најинтересно е тоа дека таа не остарела ниту еден ден. Како што поминува времето, така еден по еден ќе почнат сите од тој автобус да се враќаат назад кај своите семејства. Откако ќе откријат што се случило, ќе се обидуваат да живеат нормален живот, но работите нема да бидат толку едноставни. Како што тие ќе се враќаат назад, така во градот ќе почнат и да се случуваат мистериозни и морбидни убиства. Меѓу вратените исто така ќе се појави и момчето кое беше виновно за излетувањето на автобусот од патот. Но, тој е многу повеќе од едноставно момче кое бара помош… Не можеме со сигурност да кажеме дека сите тие се мртви, но исто така не можеме ни да кажеме дека се живи. Дури и покрај тоа што нивните најблиски можат да ги допрат, како и да разговараат со нив. Ретко можеме да налетаме на добра и интересна хорор ТВ приказна која може подолго време да ни го задржи вниманието. И покрај тоа што некои делови на оваа приказна се проѕирни и можат лесно однапред да се претпостават, сепак текот на настаните со сигурност ќе ви го привлече вниманието. Доколку сте лесно плашливи, погрижете се да не ја гледате сами оваа ТВ серија, бидејќи има навистина застрашувачки моменти кои не се за оние со „слабо срце“. Од друга страна пак, љубителите на хоророт ќе бидат и повеќе од задоволни. http://www.kafepauza.mk/film-i-tv/tv-serija-vratenite-the-returned/
Manhattan Love Story Серијата има само 11 епизоди,што не знам дали е позитивно или негативно Ако би имала повеќе епизоди,би немало солидна содржина,бидејќи вака како што е,опфаќа скоро се што треба.Воглавно се работи за еден пар,како се развива врската од запознавањето,првиот бакнеж, првиот секс и кажувањето на магичните три зборчиња I love you Чиста лимонатка,ама мене супер ми легна,главниот глумец ептен ми беше харизматичен,а девојката ми е позната од некаде,само не ми текнува од каде.
И јас ја изгледав серијата, поточно првата сезона во еден здив. Стварно е заразна серијата и има интересна содржина ако ништо друго, барем го задржува вниманието додека трае епизодата. По препорака од темава ја изгледав, ако сакате лесна и порелаксирачка серија, а и плус ако сте носталгилари за 90-тите, тогаш оваа серија е полн погодок.
Може да ми препорачате некоја јака серија сега ја завршив pretty little liars значи на сите ви ја препорачувам серијата е врв!!!
Flashpoint - мислам дека е меѓу најреалните. Ликовите се добро оформени и што е најважно случките имаат смисла. Друга таква е Mentalist, ако не за друго заради главниот лик ја гледам серијава! Од порелаксирачките, во моментот топ ми се Don't trust the b in apartment 23. Прекрасен хумор, не баш реалистично но воопшто не заморува како на пример New Girl. Ликовите во Don't trust the b се светски и мислам вреди да се гледаат.
За љубителите на акции, трилери, полициски серии, серии во кои се истражуваат убиства: Luther - Серија од 4 сезони, со по 6 епизоди во времетраење од 60-ина минути. Криминалистичка тематика за полицаец кој брилијатно решава убиства (најчесто сериски), но често знае да им подлегне на страстите и да се впушти во некои нелегални акции за да ја истера правдата. Преинтересна, превозбудлива, преполна со настани, едноставно заразна, а Idris Elba е генијален. Strongly recommended. Bosch - 1 сезона од 10 епизоди кои траат по 50-ина минути. Детективска серија, добра музика, интересни случаи (генерално сериски убиства). Многу, многу добра серија. Legends - Серија од засега една сезона со 10 епизоди од по 60-ина минути. Се работи за undercover оперативец кој поседува различни идентитети, но почнува да се запрашува кој е тој всушност кога преку кошмари му се враќаат делови од сеќавањето. Премногу акција и возбудливи моменти. И замислете, во главна улога е Sean Bean, а не умира. The Americans - Серија од засега 3 сезони, со по 10-ина епизоди во времетраење од 40-50 минути. Обработува настани од времето на Студената војна помеѓу Русија и Америка. Руски шпиони живеат како Американци и делуваат на американско тло, а FBI цело време им се зад пети. Возбудливо, полно со настани од кои ќе се запрашате како може еден човек да живее толку животи паралелно. Многу добра. Dexter - Си има посебна тема и тоа заслужено. Одлична серија која ќе ве натера да сочувствувате со главниот лик иако знаете дека тоа е етички неисправно. Прејака. Не е за луѓе со слаб стомак. The Blacklist - Си има посебна тема за серијава. Криминалци, случаи, терористи и фрки. Вреди да се погледне. Low Winter Sun - Една сезона со 10 епизоди во времетраење од околу 40-ина минути. Во главна улога е брилијантниот Mark Strong како полицаецот Frank вработен во корумпираната полиција во мрачниот Детроит. Убива свој колега под измама дека тој му ја убил девојката-проститутка. Оттука почнуваат да се замрсуваат конците. Одлична. Почитувам кога режисери и останата екипа знаат кога треба да се заврши една серија. Wire In The Blood - Серија од 6 сезони од по 4 епизоди кои траат 50-ина минути. Обично за една сезона се обработуваат две убиства. Психолог кој работи како универзитетски професор соработува со полицијата и се обидува да ги решава убиствата размислувајќи и како убиец и како жртва. Многу добра серија која воопшто не е досадна ни на еден момент. Sherlock - Што да се каже за серијава која исто така со право има своја посебна тема. Единствено да ве подбуцнам да седнете да ја изгледате, ако сеуште не сте го направиле тоа. Нема да зажалите 100%. Elementary - И оваа серија има своја тема. Исто е за Шерлок, ама концептот е малку поинаков. Интересна беше првата сезона, а сега - не знам, зашто ми затапе. Можеби си го вратила стариот сјај во последно време. Во секој случај - препорачлива за гледање. За љубителите на хорор, мистерија, научна фантастика или пак серии базирани на историски настани: Helix - Гледам некоја членка над мене ја опишала баш како што треба. Препорачувам. The Strain - Серија од 10-ина епизоди и времетраење од околу 40-ина минути за појава на епидемија, од која после луѓето стануваат зомби. Доста крваво, ама е ок за тепање време. GoT - Си има посебна тема. Верувам и дека доста луѓе ја гледаат. Нема што да се каже. До сега можеби нешто најуникатно. The Borgias - За оваа серија веќе има и посебна тема, но на тие што не ја гледале - ептен ја препорачувам. Исто исполнета со настани, интересна, те тера на повеќе. Значи не е документарец за да прикажува исклучиво точни историски настани, туку некои настани се изменети за да биде од забавен карактер, нели... Spartacus - Серија од 3 сезони со по 10-13 епизоди и 1 преквел од 6 епизоди. Претставен животот на гладијаторите преку приказната на Спартак. Полно со крвави сцени и секс, ама и со згодни мажи и жени (за секого по нешто). Според мене првата сезона беше најдобра. Потоа го сменија актерот кој ја имаше улогата на Спартак бидејќи почина и некако не се поврзав со новиот лик. Вреди да се погледне во секој случај. Има доста настани и акција. Досадно не е во никој случај. Penny Dreadful - И за оваа си има посебна тема, ама е страшно интересна. Нема да може да станете додека не изгледате се'. Една од подобрите серии во последно време. За љубителите на добра комедија: Louie - Серија со епизоди од по 20-ина минути за животот на истоимениот комичар. Делува смотано, разведен е, со две деца и на сурово реален начин прави зафрканции од настаните во неговиот живот. Наликува на риалити шоу, меѓутоа некои од настаните не се точни. Прилично интересен. За љубителите на документарци: Cosmos - научно-популарна серија со само една сезона и мислам 10 епизоди, од кои секоја трае 40-50 минути. Заснована на истоимената серија на Carl Sagan. Домаќин, или наратор, е легендарниот Niel Degrasse Tyson кој на сликовит и интересен начин, преку аналогии, споредби и поедноставувања објаснува за настанувањето на универзумот и многу негови компоненти. Задолжително раскажува и за научници без кои таквите откритија не би биле возможни. Извонредно поучна и интересна серија за сите оние кои се заинтригирани од вселената. Постов е долг, ама ми дојде инспирација, па си викам - ајде да искористам прилика. Знам дека ќе ме мрзи да го правам во рати, па го направив наеднаш, резимирајќи ги сериите кои сум ги изгледала досега, а најмногу ми оставиле впечаток. Се надевам ќе си најдете нешто по вкус.