Better call Saul една сезона има излезено, многу интересна серија е и има висока оценка на имдб. На кратко, се работи за еден адвокат кој од поранешен криминалец се обидува да изгради адвокатска кариера и име. Жанр- драма
Приказната се врти околу животот на Керин, Стеш, Зара и Ерик кои на прв поглед не се разликуваат многу од останатите луѓе, но доколку подобри ги запознаете веднаш ќе сфатите дека тие имаат една заедничка карактеристика која ги одвојува од останатите – ниту еден од нив не е способен да одржи долготрајна љубовна врска.
Серија т.е реално шоу кое го пратам деновиве и ми се допаѓа релативно - Catfish MTV. Далеку е од брилијантно ама ја доловува глупавоста на 21 век и онлајн запознавање. Снимена после истоимениот филм од дечкото кој бил зафркнат на истот начин допишувајќи се до девојка која поседувала лажен профил и како тој ја открил целата измама на камера и снимил филм со брат му. Серијава е како тој се обидува да им помогне на други луѓе да не бидат измемани. Смешна е на моменти има бизарни случки, но има и реални ситуации на луѓе кои немаат лажен профил ама едноставно немале храборост да го направа слениот чекор. АКо ништо друго ќе ја согледате опасноста од споделување се и свашта за вашиот живот и као тоа може некој да го искористи. И давам пролазна 6ка, пред се заради дечкото Нив и камерманот Макс кој се релативно харизматични и интересно ја доловуваат поентата на серијава и реално ја прават поинтересена. Инаку да релативно гледано америве се многу ступидна нација, ама за жал знам многу луѓе и од кај нас што се зафркнале со запознавање преку интернет. http://www.imdb.com/title/tt2498968/?ref_=nv_sr_1
Моја препорака Sense8, викендов ја изгледав во еден здив. Се работи за 8мина, во различни градови во светот, ментално поврзани....Ѕирнете трејлер
Sons of anarchy Има 7 сезони со по 13 епизоди кои траат 50-60 минути. Само што ја завршив, ама дефинитивно ми е една од помилените. Ликовите многу добро се претставени во серијата, и нивниот однос шо многу ќе ги сакате. Се работи за мото клуб, они се лоши момци кои дилаат оружје и дрога, главен лик е Џекс, кога станува претседател на клубот сака да го изведе на прав пат...и не знам многу да раскажувам, не сакам да ви го расипам впечатокот. 10/10
Ај препорачајте ми некоја серија во стил на Friends, 2 Broke Girls, Mixology, New Girl...Комедија со добар хумур, епизоди по 20-25 минути?
Незнаев во која тема да прашам.. Дали постои некоја апликација за гледање на тв во живо преку мобилен?
Eye Candy Се работи за девојка, Линди која е хакерка и ја киднапираат сестра и пред нејзини очи. Три години подоцна Линди се уште нема никаква информација за сестра и и работи во IT компанија. Има основано страна преку која се труди да им помага на други семејства и лоцира исчезнати лица,а во исто време е на тапет на сајбер jунитот кои сакаат да ја затворат. Сосема случајно преку dating app флиртуал Линди станува мета на психопат,сериски убиец кој е опседнат со неа. Она што ми се свиѓаше е што дејството брзо се одвива, има интересни и напнати случки и искрено не очекував од mtv добра серија ама пријатно ме изненади. Брзо се гледа, јас за ден ипол ја изгледав а и прилично е заразна. Има само 10 епизоди по 40 мин.
Mr. Robot - сега за сега има само 2 епизоди и уште на половина од првата, станав зависна. Елиот е хакер кој работи како програмер за безбедност во Allsafe Security и ќе биде приморан да ја штити компанијата E Corp. (која ја мрази и ја нарекува Evil Corp.) од хакерски напади. Тој пати од социјална акнциозност (за која и посетува психијатар) поради која се дистанцира од луѓето во реалниот свет, но се зближува со нив така што ги хакира нивните профили и открива што е можно повеќе информации поврзани за нив. На тој начин, тој станува еден вид на херој. Во меѓувреме, мистериозниот анархистот Mr. Robot ќе му пристапи на младиот Елиот со намера да го регрутира во својата underground хакерска група се со цел заедно да ги нападнат "големите" компании кои го "контролираат" светот и да ги избришат сите долгови на луѓето насекаде. Многу ми се допаѓа приказната, пред се. Главната поента е дека сите ние сме робови, а не сме ни самите свесни за тоа. Ликот на Елиот ми е особено интересен, начинот на кој размислува, интелигенцијата со која отскокнува од останатите луѓе околу него, начинот на кој се снаоѓа во животот и општо, во секојдневието (покрај сите проблеми и внатрешни демони). И последна забелешка (во позитивна смисла), начинот на кој е пренесено неговото размислување, односно нараторството, многу ме потсеќа на Dexter, што многу многу ми се допаѓа.
Daredevil (2015) Интересна серија правена според Марвеловите стрипови. Досега има само една сезона со 13 епизоди, од кои секоја епизода трае околу 50-ина минути. Во главни улоги се: Charlie Cox, Vincent D'Onofrio, Deborah Ann Woll, Rosario Dawson. Содржина: Се работи за дете кое при обид да спаси човек, трајно ослепува, но натприродно му се изоструваат останатите сетила. Живее со татко си како самохран родител и боксер, а приказната за мајката сеуште (барем до 5-та епизода) не е откриена. Останува сам на 9-годишна возраст, бидејќи татко му го убиваат. Како и да е, детево успева да порасне во интелигентен дечко, кој преку ден правдата ја тера работејќи како партнер во своја адвокатска фирма заедно со својот пријател, а ноќе ги користи своите боречки вештини за да се справува со криминалците од неговиот град. Моја критика: Серијава е многу интересна, иако не сум обожавател на серии за суперхерои (а филмови сакам и гледам). Епизодите можеби траат долго, но не забележувам кога поминуваат бидејќи се исполнети со акција. Многу акција. Тепачките се супер координирани и прилично реално изгледаат, дури и во однос на некои филмови кои сум ги гледала. Изборот на глумци ми е ок, немам забелешки на тоа поле. Во секоја епизода има некоја нова „приказна“, ако може така да се изразам, а низ целата сезона континуирано се проткајува основната приказна, се открива нешто ново за ликовите. Романтика - нема, мистерија - не можам да кажам дека има или нема, со самото тоа што не ја знаете целата приказна зад ликовите, има доза на „мистерија“, крвави сцени - има, секс - до сега слабо. На оние кои се по акциони филмови би требало да им се допадне серијава. Исто така и на оние кои сакаат полајт серии. IMDB оцена: 9 Моја оцена: 9 Препорачувам!
Нови серии за 2015 !!! Let the season begin! Досега само првите епизоди се достапни. Повеќе крај на Септември! 1. Lucifer Луцифер "Господарот на пеколот" представен како саркастичен и доста згоден дечко којшто ќе помага при решавањето на крими случаеви на полицијата во Лос Анџелес. 2. Blindspot = Слепа точка Серијава осеќам ќе ми биде во топ 5 ! Истетовирана од глава до пети, една жена се наоѓа во торба на сред Њу Јорк. FBI го открива случајот и се обидува да дознае која е девојката и која е пораката на секоја од тетоважите! Ви ги препорачувам топло и двете серии! Мислам дека ќе бидат едни од подобрите оваа година. Чекам фидбек од вас!
И јас дојдов на темата да ја препорачам Lucifer. Иако е излезена само првата епизода,имаше навистина феноменален почеток. На плотот треба да се поработи,посебно бидејќи последниве години изникнаа премногу научно-фантастични серијали и натприродни суштества кои работат рамо до рамо со полицијата,па им требаат некои моќни содржини. Она што ми се допадна на прв поглед се разбира е главниот лик,Луцифер.Саркастичен и секси,плус со натприродни моќи,рецепт за успех.Глумецот е до последен детал погоден,и очите му се така некако ѓаволски,големи црни А и терминот ѓаволска насмевка му одговара Ми изгледа дека планираат да создадат друга,светла страна на ѓаволот,бидејќи злобата не е демонстрирана и баш би сакала да видам како ќе изгледа сето тоа,како прв впечаток ептен се навлеков. Детективката многу ме потсеќа на Мила Јовович и ми се допаѓа,не е само згодна,туку и работи мозочето. Покрај сите натприродно/криминалистички серии,за оваа имам големи очекувања.