1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорачајте интересна серија со кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Sonce, 8 ноември 2009.

  1. badgirl2

    badgirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски


    каде ја гледаш?
     
  2. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    6.115
    Пол:
    Женски
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Z Nation
    z-nation-poster.jpg

    http://www.imdb.com/title/tt3843168/
    Неколку години после мистериозната зомбокалипса која ја има збришано човечката популација, мала група на обични луѓе помагаат единствениот преживеан од зомби напад „жив и здрав“ ( што понатаму ќе се покаже како дискутабилно) да стигне до единствената функционална лабораторија во Америка, каде од неговата крв ќе може да се синтезира вакцина.

    Мојата омилена серија периодов!! Го обожавам зомби жанрот и можам да кажам дека серијава дефинитивно е освежување. Акцијата и комедијата се преплетуваат додека драмата, иако присутна, е сведена на минимум. Ликовите се симпатични и уникатни и интересна промена е што нема еден главен лик туку, во зависност од епизодата, секој од ликовите подеднакво е застапен и важен во целокупната приказна. Серијата дополнителни поени добива што зомбињата ги викаат зомбиња, ликовите не донесуваат глупави одлуки само за да се случува нешто во серијата, нема шокантни умирања и (барем за мене) огромен поен плус е што секоја епизода е целина за себе.


    Интересен податок е дека Џорџ Р.Р. Мартин (авторот на „Game Of Thrones“) е голем фан на серијата па во втората сезона има камео појавување, но како зомби :) Се пресмеав кога го видов.
    z-nation-martin2-social.jpg
     
    Последна измена: 18 ноември 2015
    На 1209 и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  4. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Наидов на една серија што ми се виде интересна, па почнав да ја гледам и сум отприлика до 3-4 епизода.

    Имено, станува збор за

    The Man In The High Castle (2015)

    Ја карактеризираат како драма/Sci-Fi/трилер, а е базирана на старата добра „што би било кога би било“, односно што би било кога Нацистите би ја добиле Втората Светска Војна? Епа, во таква алтернативна иднина, Америка е поделена на два дела - со источниот дел од Северна Америка владеат Германците, а со западниот - Јапонците. На средина некаде се наоѓа еден мал неутрален дел, каде наводно не важат никакви закони. Нормално, постои и Отпор кој се труди да инфилтрира шпиони и да се избори за слобода, а постојат и строги казни за секаква ситница.

    Зошто го носи овој наслов сеуште не сум открила, а не сакам да читам, па останува да покажат следните епизоди. Нема некоја позната актерска екипа, барем не засега, но не се лоши глумците. Приказната не се одвива премногу брзо, но не е ниту бавна. Сепак во секоја епизода се случува по нешто.

    Засега има само една сезона (како што гледате, излезена е во 2015-та година, поточно во јануари), а секоја епизода трае по еден час, па затоа и толку малку епизоди до сега сум изгледала (меѓу другото).

    На IMDB има оцена 8.4, што не е толку лошо. Оние кои се заинтересирани за ваква тематика - нека ја погледнат серијава, не е лоша.

    [​IMG]
     
    На Оленка*, Nausicaa и LivingGlam им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.172
    Допаѓања:
    56.632
    Пол:
    Женски
    Некој ја гледа Наркос?

    Да си направевме тема... Инаку, ја препорачувам. Реалистична серија за животот и 'делото' на Пабло Ескобар. Одлична, одлична, одлична глума! Негативците не се целосно негативни, и нема позитивни ликови. :)

    [​IMG]
     
    На Tiki-lolipop, karmenka и 1209 им се допаѓа ова.
  6. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    3.945
    Пол:
    Женски


    Јас.:) Предобра серија. Актерите феноменални. Приказната одлично е доловена, ептен ми се допадна. И јас ја препорачувам на сите. Нема да зажалите.8)
     
    На karmenka и LivingGlam им се допаѓа ова.
  7. karmenka

    karmenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    62
    Мене ми е во топ 3 серии, а верувајте сум гледала мнооогу!

    Јас ја почнав Broadchurch. Пак драма/мистери :D. Се работи за убиството на 11 годишно дете во еден мал град во западна Англија со најмала стапка на криминал. Иако навидум сите се среќни и сплотени, низ решавањето на убиството ќе се дознаат многу тајни. Виновникот се дознава последната епизода од првата сезона, во втората му се суди и паралелно се решава друг случај, а сега гледам дека ќе има и трета сезона.

    Мене ми океј. Солидна актерска екипа. Ја препорачувам на сите што си љубите ваков жанр.
     
    На Nausicaa и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.204
    Допаѓања:
    23.569
    Narcos е топ серија, една од најдобрите годинава. Толку многу дешавки совршено сплеткани и отплеткани, одлично тече приказната. Глумата е перфектна, толку многу ликови многу добро обработени. Дефинитивно е must-watch.
     
    На smooch и LivingGlam им се допаѓа ова.
  9. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Две тинејџерски девојки кои ги смениле како бебиња во болница и живеат обратен живот. Интересен е. сличен е на серијата Pretty Little Liars :)
    [​IMG]
     
  10. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    @x.Daisy.x до каде си стигната со серијата? Јас ги изгледав 10-те епизоди и едвај чекам нови.
    Исто и јас ја препорачувам серијава за гледање.
     
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Ја откажаа :( Немало доволна гледаност и рејтинг.
    А одлична беше, баш ми е жал.
     
    На papillonP му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Тина Фрутина

    Тина Фрутина Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2016
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Young & hungry ја гледам моментално онака ми лајт смешна релаксирачка...
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.730
    Допаѓања:
    4.585
    Пол:
    Женски
    [​IMG] http://www.imdb.com/media/rm1720503296/tt1632701?ref_=tt_ov_iМајк е брилијантен ум но поради тоа што е фатен да мами неможе да се запише на Харвард и да заврши право.Но и покрај тоа се вработува во адвокадска фирма,а главната таму незнае дека не е вистински адвокат.Интересни се случаевите што ке ги решава фирмата,а во последнава сезона ако ви откријам нема да биде интересно :Р. Друга серија е [​IMG] http://www.imdb.com/media/rm3573582592/tt1235099?ref_=tt_ov_i Исто така брилијантен ум Лајтман,има своја фирма и го најмуваат да открива криминалци со помош на својот талент да чита гестови на лицето и телото и да препознае дали лаже човекот што го испитуваат.
     
  14. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    Гледана ми е и таа серија, штом излезат нови епизоди ги гледам и нив. И мене ми е ептен релакс и секогаш има сцени на коишто се смеам како луда. :D
     
    На Тина Фрутина му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Younger

    [​IMG]

    Една од моите поомилени серии, лесна за гледање и има интересна приказна. Се работи за жена која е во своите 40-ти години, има ќерка тинејџерка и е разведена. Таа пред 20-тина години била многу успешна во својата кариера, но решила да се откаже од неа со цел да го посвети целото свое време на домот и семејството. Но, откако таа останува сама дома, одлучува повторно да ѝ се врати на својата кариера и да продолжи онаму каде што застанала. Оди на неколку интервјуа, но сите и завршуваат неуспешно бидејќи многу работи се имаат променето во уредништвото, а и неколку од работодавачите сметаат дека таа е престара за оваа работа. Се се менува, кога таа ќе запознае млад дечко 26 годишен, во кафе бар, кој ќе мисли дека таа е во своите 20ти години. Поради ова со помош на својата цимерка,решава да направи лажна лична карта со која докажува дека има 26 години и со помош на нејзе таа се вработува како 26 годишна девојка во фирма за уредништво. Повторно ги доживува своите 20ти години, започнува врска со момчето од барот и станува пријателка со новите ,,врснички".
    Сега во тек е втората сезона, а веќе најавена е и третата сезона. Мене серијава ми е одлична, сите актери се одлично избрани посебно главниот лик,женава навистина не личи како да има 40 години, и секако дечкото ептен ми е згоден :inlove::D
     
    На mileystar, Nellie, mama89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Предлог за серија (крими,мистерија) да нема многу епизоди ми е важно зошто година ке презапишам на факс :P
     
  17. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    10.193
    Пол:
    Женски
    Шерлок, со Бенедикт Камбербач :) малку сезони се, три ми се чини, со по 3 епизоди кои траат час и половина. Од срце ти ја препорачувам, предобра е.
     
    На Talita му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    The Night Manager

    Серијава е најнова. Ќе има само 7 епизоди.
    Јас очекував по неколку недели од првата епизода да ја пронајдам на интернет во HD. Но за чудо, по 3-4 дена од примиерата на BBC, ја најдов и баш се израдував.

    Базирана е на новелата The Night Manager од John le Carré. Биле направени обиди за екранизација на новелата во филм, но 2 часа не биле доволни за да се прикаже се.
    Потполно се согласувам со ова. Во првата епизода настаните убаво се развиваа, заземаа доволно време колку што е потребно и не можат да се соберат во дваесетминутен воведен дел во филм.

    Актери: Tom Hiddleston, Hugh Laurie, Olivia Colman, Tom Hollander

    Мене ме заинтересира серијава и едвај ја чекам следната епизода.
    tumblr_o35cuaXCkM1qjqcybo2_540.gif
     
    На WildMk, Bender Rodriguez, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.301
    Допаѓања:
    22.579
    Пол:
    Женски
    Ептен ми е смешна, ја има ли некаде онлајн да се гледа, освен на Фокс??
     
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    И јас ја изгледав првата епизода,изгледа добра ќе биде серијава,иако само 7 епизоди.Британците се врвни во шпиунажа,содржината ептен ми се допаѓа,глумата исто одлична,Хју Лори е феноменален актер.
    Патем го гледам Том Хидлтон цел час,си велам познат ми е човекот,он Локи бил :D
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.