1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорачајте интересна серија со кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Sonce, 8 ноември 2009.

  1. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    2.556

    Серијата е како за мене :)))) Предобар хумор, нетипичен но сепак јак! Пробај, мислам дека ќе ти се допадне.
     
  2. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Riverdale
    [​IMG]

    Нова серија во продукција на CW. Инаку е базирана на стрип.
    Само две епизоди се излезени до сега и мене баш ми се допадна.
    Ме потсеќа малку на Twin Peaks, таква е мрачна. Иако се работи за тинејџери, не ме потсетува на некоја типична тинејџерска серија, не знам дали е така зашто има вметнато и murder plot па повеќе е акцентот на ставен на тоа. Кастингот е одлично погоден, ама навистина одличен, немам ниту една замерка, одлична хемија помеѓу сите актери. Плус глуми и Cole Sprouse:l::D
    Инаку накратко станува збор за еден мал град- Ривердејл, прилично мирно место се додека не се случи убиство. Убиен е Џејсон Бласам, брат близнак на Шерил Бласам која btw глуми одличен негативец:D И понатаму почнуваат да се отплеткуваат работите и сите тајни. Дејството се врти и околу сите деца што учат во Riverdale High. Арчи и Бети се најдобри другари уште од детство но Бети е заљубена во него, потоа се доселува тука Вероника заедно со мајка и од Њујорк и на неа и се допаѓа Арчи па почнува еден love triangle, нормално ниедна серија не може да помине без тоа. И Cole како Jughead, поранешен најдобар другар на Арчи, антисоцијален тип, саркастичен и мене ми е омилен лик за сега:D
    Има навистина многу ликови, ама да не се распишам уште толку, барем првата епизода изгледајте ја, мене за сега ми е навистина интересна.:D
     
    На Quincy, theowndemon, allaround и 4 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.021
    Допаѓања:
    159.668
    Пол:
    Женски
    Не најдов тема па си реков ајде тука да ја прокоментирам.
    Вчера ја почнав The man in the high castle. Скоро сум при крај со првата сезона ама реално многу ја препорачувам серијата, буквално секоја епизода е премногу важна, секоја сцена мора добро да биди забележана за се убаво да се види, секој е со задни намери и слично. Накратко ете, се работи за период доколку Хитлер би ја победил војната, сега тој е стар и болен и дејството е конкретно во Америка која е поделена помеѓу Јапонија и Германија, како некои ги кријат корените дека се евреи, има група која претставува отпор кои се постојано гонети и слично. Нема и многу епизоди во една сезона, по 10 епизоди, обично траат 50 минути и за сега имаат две целосни сезони излезени.
    Топло ја препорачувам. :)
     
    На Bender Rodriguez, sjdgo и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    29.258
    Пол:
    Женски
    Sweet vicious(2016)
    [​IMG]
    Наликува на лабава серија, ама обработува многу тешка тематика, која што за жал е дел од нашето секојдневие. Се работи за две девојки студентки кои живеат на кампус на универзитет, и никогаш не би се вклопиле во друштво ама со сплет на околности се запознаваат и заедно започнуваат да работат на една мисија. Нивната мисија е да им вратат на машките кои силуваат девојки на кампусот, затоа што универзитетот ги прикрива силувањата а машките продолжуваат да си живеат слободно и да ги прават истите работи. Сега за сега има една сезона од 10 епизоди, и да има глупи моменти ќе признаам, ама мене ми беше интересна тематиката и си ја загледав.
     
    На crimson, Nausicaa и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.021
    Допаѓања:
    159.668
    Пол:
    Женски
    Јас како верна на CW си викам да ја пробам и онака само 5-6 епизоди се гледам. :lol: Нели ако не дам шанса, ќе ми пишат минус. Ако ја почнам од Понеделник ќе пишам како ми се допадна и дали ќе ја продолжам или не. :hug:
    Едино со вака релативно нови серии, обично дур не потврдат втора сезона и не ги почнувам чисто зошто го имам тој страв од прекинување на серијата, а мене ми се допаднала.
     
    На Nausicaa и Tiki-lolipop им се допаѓа ова.
  6. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    1.084
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледам серијата ама не сум баш воодушевена за сега, дури последнава епизода не ја ни догледав од што ми беше досадна. Ни ликовите не ми се допаѓаат баш, посебно Бети па и Арчи :| Ама ќе ја догледам сезонава до крај штом ја почнав, може ќе сменам мислење како за Teen Wolf.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.021
    Допаѓања:
    159.668
    Пол:
    Женски
    Ако нешто не ми се допадни, лесно го оставам, барем то знам. Си викав уште оваа серија вчера шо ја почнав и доста е, ама изгледа никогаш не е доста за нови серии па сепак ќе ја почнам ќе видам, ако ми се допадни сигурно ќе ја гледам, ако не ќе ја остам штом забележам дека поинтересно ми е да прицкам во телефон него да гледам епизодата.
     
  8. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Ако си верен фан на CW, ги следиш повеќето нивни серии, мислам дека ќе ти се допадне и оваа:D.
    Плус освежување е од сите оние вампири, суперхерои, ликовите се супер, кастингот е топ погоден.
    Сега работа на вкус е нормално ама мене многу ми е интересна, со нетрпение ги очекувам епизодите.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.021
    Допаѓања:
    159.668
    Пол:
    Женски
    На CW сум верна чисто ради сериите со суперхерои, реално не им се најдобри ама ради самите ликови ми се допаѓаат ама ете, решив да дадам шанса на серијава и да ја завршам оваа сега што ја гледам ќе ја почнам оваа. :D
     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bebuf17

    bebuf17 Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2016
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Омилената серија! На сите ја препорачувам предобра е. Луцифер бил ѓавол избркан од рајот и осуден вечно да владее со пеколот се додека не му здодее и си зема годишен одмор во Лос Анџелес. Тука тој поседува ноќен клуб и работи за тамошната полиција. Се заљубува во детективката Клои и доста е, нема да ви биде интересен ако го раскажам цел. Има досега 2 сезони, третата излегува во Мај. И јас не верував дека е добар филм се додека не го почнав..вреди да се погледне. Полн со сарказам и комични моменти..а овој Луцифер или Tom Ellis е нешто немогуче колку е прекрасен :inlove: Screenshot_2017-03-05-14-59-23-1.png
     
    На theowndemon и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  11. bebuf17

    bebuf17 Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2016
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    П.с ако некој знае друга серија слична на оваа нека ме извести
     
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Rush - додуша, по тематика е скроз различна - овде се работи за доктор кој работи на повик и кој луѓе го користат за деликатни ситуации, кога вообичаено не можат или не смеат да одат на лекар. :D

    Али, ако Луцифер ти се допаѓа ради Том Елис, а не ради ангелите и демоните, онда мислам дека и оваа ќе ти се свиѓа, затоа што, од она што успеав да приметам, улогата на Луцифер му е практично реприза на онаа на Вилијам Раш.

    Еве трејлер:
     
    На theowndemon, 1209, НаталиЛили и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. bebuf17

    bebuf17 Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2016
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Ех, ти благодарам. Ќе гледам обавезно.. а Том Елис, шо знам во улога на Луцифер го обожавам, има нешто ѓаволско во него па му одговара да биде ѓавол.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  14. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    И јас ја препорачуам серијава. Мене доста ми се допаѓа. Потсетува на Pretty Little Liars по тематиката исто е тинејџерска со доза на мистерија и убиство ама уште на почеток изгледа позрела заразлика од Pretty Little Liars и Teen Wolf (кои ми се омилени) кои напочетокот беа подетски па постепено созреваа. Veronica и Jughead ми се омилени ликови засега :l:. А за убиецот значи стварно немам претстава кој би можело да биде.:worried:
     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Еве една комедија од мене

    Британска серија која го опфаќа текот на животот пред крајот на светот на неколку луѓе кои живеат на различни места, а сепак се поврзани. Ја гледав лани, ама видов дека никој ја нема спомнато, па да ви ја понудам. Има само една сезона, 10 епизоди и за жал нема најавено 2ра сезона иако мислам дека добро ќе дојдеше. Интересен хумор, интересни дешавки, интересни карактери. Пробајте ја (y)
     
    На zhap4e, Nausicaa и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Legion
    MV5BMjA3Njc1ODg2MF5BMl5BanBnXkFtZTgwMzYyMjI5MDI@._V1_SY1000_SX666_AL_.jpg
    http://www.imdb.com/title/tt5114356/?ref_=ttpl_pl_tt

    Дејвид е напатен дечко. Дијагностициран со шизофренија уште како дете, животот го поминува обидувајќи се да разграничи што е вистина а што халуцинација. Хоспитализиран во душевна болница поради брутален напад врз неговиот психијатар, таму ја запознава убавата Сид која не сака да биде допрена и меѓу нив двајца се случува љубов. Но, што ако Сид не е случајно таму и што ако сите тие гласови и визии што ги гледа Дејвид не се илузија, плод на неговата болест туку навистина постојат во реалноста? И зошто владата сака да го убие, тврдејќи дека тој е најмоќниот мутант на светот?

    1200.jpg


    Legion се случува во универзумот на X-MEN, но зазема многу пософистициран пристап кон суперхеројската тематика. Визуелно преубава, серијава воопшто не е лесна за следење и бара солидна концентрација. На моменти смешна, на моменти бизарна, приказната не води на едно патување за кое навистина не знаеме каде точно ќе заврши.



    Досега се излезени само 5 епизоди кои траат по скоро еден час. Почетокот на серијата не е баш најинтересен ама нека не ве пишманува спориот старт, верувајте со нетрпение ќе чекате да излезе наредната епизода.
     
    Последна измена: 10 март 2017
    На Marossa, kravce, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Мислам дека веќе еднаш ја препорачав лани, кога излезе првата сезона, ама морам да се повторам сега, кога серијава е некаде на средина на втората сезона и уште еднаш да ја спомнам во темава – затоа што станува сѐ подобра – The Expanse.

    [​IMG]

    Кога се појави, The Expanse ја опишуваа како Game of Thrones во вселената. И иако има доста сличности, од аспект на целосно развиен и разработен фикционален универзум во кој е сместена, на елементи на акција, политички интриги и мистерија – и покрај неприкосновените квалитети на GoT, би рекол дека The Expanse во некои работи е и подобра.

    Ако првата сезона на почетокот беше бавна, пред да се развие главната приказна (и мноштвото споредни приказни), вторава сезона е многу подинамична, со акција и настани на кои, се чини, им нема крај. Друго нешто што вреди да се истакне во серијава се специјалните ефекти, сценографиите и пејсажите, кои се на ниво достојно на холивудските блокбастери.

    The Expanse е дефинитивно најреалната научно-фантастична серија некогаш направена, а најверојатно и најдобрата во изминативе десетина години, ако не и повеќе.

    Топло ја препорачувам, дури и на оние кои не се фанови на сај-фај жанрот.
     
    На LollySky, zhap4e, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    И за оваа серија веќе имам пишувано, ама постот на @theowndemon во другана тема за серии ме инспирираше да пишам пак – бидејќи, како и The Expanse, и The Man in the High Castle е серија чија втора сезона е подобра од првата.

    За оние кои не знаат, серијава е сместена во периодот по Втората светска војна, во алтернативен универзум во кој силите на Оската се победниците и во кој земјите од светот (и Соединетите држави) се поделени помеѓу Третиот рајх и Јапонската империја.

    Втората сезона е многу подинамична, со многу повеќе и поинтересни настани, со објаснувања на многу од работите кои претходно беа само начнати и со одговори на прашањата кои во првата сезона останаа отворени.

    Освен интересната замисла за алтернативна иднина и размислување во насока „што би било, кога би било“, т.е. како би изгледал светот кога исходот на Втората светска војна би бил поинаков, во серијава ми се допаѓа што работите не се ни приближно толку црно-бело претставени како што би можело да се очекува од ваква серија – односно дека Германците и Јапонците се „лоши“, а силите на отпорот „добри“.

    Сите ликови се многу реално претставени, со длабочина која ретко се среќава на филмското платно и на малите екрани, и никој не е целосно добар ниту целосно лош – секој лик има свои доблести и маани, добри и лоши одлуки, позитивни и негативни страни, и без разлика на која страна припаѓаат, сите се, пред сѐ, луѓе – луѓе со чии животи, одлуки и избори можеме да се поистоветиме и со чии животни судбини можеме да сочувствуваме. Дури и Хитлер во серијава е претставен во многу поумерено и поразумно светло од она во кое сме се навикнале да го замислуваме. :D

    Сѐ на сѐ, доста интересна серија, која покренува доста морални и етички прашања за тоа каков е (или треба да биде) животот во тоталитаристичко општество, што сѐ е дозволено да се направи за „поголемото добро“, како и на каков начин е исправно да се води борбата за слободата и отпорот против окупаторот.

    Првата сезона веќе ја препорачав, втората ја препорачувам уште повеќе. :)
     
    На Nausicaa, LivingGlam, do-re-mi и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    [​IMG]
    Marvel's Iron Fist
    Јас како што е редот:D, односно отткога ги препорачав Daredevil, Jessica Jones и Luke Cage, да не останам покуса па морав и Iron Fist :D
    Прво, серијава има ептен лоши критики, од кои главно се состојат од жалење бидејќи главниот лик не е Азиец, што според мене е баш расистички зашто не се они единствени кои знаат боречки вештини и како друго самиот iron fist во стриповите е белец. :^)
    Мене кастингот ми беше супер погоден, Finn Jonеs и Јеssica Henwick и двајцата од GoT, како Дени Ренд и Колин Винг, која патем ми беше една од омилените ликови во серијава, плус хемијата помеѓу двајцата ми беше одлична.
    Се појавува и Клер Темпл, нормално како во сите серии до сега, Мадам Гао исто од Дердевил и The Hand се во глобала главните негативци плус фамилија Meachum(психопатска), партнери во фирмата на Дени.
    Единствена замерка ми беше борењето, односно кореографијата.
    Не знам дали се должи на тоа дека се работи за боречки вештини, малку понереалистички од остатите суперхерои, многу скокања, салта у вис, ама на некои сцени ептен изгледаше како вештачки. Само на тоа да обрнат повеќе внимание во The Defenders.
    Инаку се работи за Дени Ренд, кои се води како мртов кога авионот заедно со неговите родители се срушил во предел кај Хималаиите. Дени е спасен од страна на монаси, и растен во Кun Lun, нешто како друга димензија која се активира на секои 15 години, таму станува Iron Fist "living weapon" единствен кој може да ја уништи организацијата позната како The Hand, но токму по 15 години одлучува да избега од таму, се враќа во Њујорк и тука започнуваат веќе работите.
    Јас стварно ви препорачувам да не читате критики, зашто реално серии од ваков тип не се правени за критичарите туку за фановите. Ако досега ви се допаднале DD, JJ , LK, тогаш верувам и оваа ќе ви се допадне:):D

     
    На Nausicaa, Lady Phoenix, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Chance (2016)

    [​IMG]

    Еве една серија која мислам дека не доби ни приближно онолку внимание колку што заслужува минатава година.

    Главниот лик, Елдон Ченс, го толкува Хју Лори, кој повторно глуми брилијантен лекар (овој пат, невропсихијатар) и повторно има американски акцент. Но, сличностите со д-р Хаус тука престануваат.

    Приказната започнува кога Ченс се запознава со жена која има dissociative personality disorder, односно 2 личности – Џеклин и Џеки, како резултат од трауматичниот живот и нејзиниот насилен, посесивен сопруг. Елдон се решава да ѝ помогне, но не знаејќи ги сите факти за Џеклин, несвесно се впушта во нешто што е далеку од безопасно, притоа тонејќи сѐ подлабоко, додека кревката рамнотежа во неговиот живот се нарушува и неговиот свет полека, но сигурно се руши.

    Бидејќи нема друга серија која е слична на Chance, кога би морал да ја споредам со нешто опипливо, би рекол дека е како вртлог – во првите епизоди се наоѓате на надворешниот раб на вртлогот и можеби изгледа како речиси и да се се движите и како во серијава да не се случува којзнае што. Но, како што времето минува, некаде после 3-тата епизода, сѐ повеќе се доближувате до центарот на вртлогот, а серијава ве вовлекува сѐ побрзо и сѐ подлабоко во себе – последите 4 епизоди ги изгледав една по друга, во исчекување да видам што ќе се случи.

    И всушност, тоа е една од најдобрите работи во однос на серијава – никогаш не сте сигурни што следно ќе се случи и никогаш не може да претпоставите во која насока ќе се одвива дејството – а постојано сакате да дознаете.

    Трилер и драма, наука и човечки импулси, филозофија и насилство – Chance е серија која изобилува со противречности – но, противречности кои се одлично вклопени и функционираат беспрекорно една со друга.

    Освен Хју Лори, кој е еден од малкуте навистина одлични и сестрани актери кои работат денес, пријатно ме изненади и Итан Сапли, во улогата на Ди, како и Гречен Мол, во улогата на Џеклин.

    Сѐ на сѐ, одлична серија – интересна, непредвидлива и возбудлива – и за жал, речиси анонимна.

    Препорачувам!
     
    На RainBow, Annath, sweet-cherry и 6 други им се допаѓа ова.