Jas dojdov da ja falam "True Detective". Posle famoznata "Breaking Bad" ovaa mi e na vtoro mesto. Se raboti za dvajca detektivi koi sto neodamna se vo partnerstvo i zaedno go istrazuvaat ubistvoto na mlada devojka za koe se veruva deka e so religiska pozadina. Istragata se siri vo mn nasoki, i so tekot na vremeto detektivite doznavaat za nelegalni aktivnosti koi sto se vrsere vo visoki krugovi na luge. Samite detektivi Rustin Cohle (Matthew McConaughey) i Martin Hart(Woody Harrelson) se prikazna za sebe. Cohle e skeptik, nihilisticki lik, samotnik, cij karakter go pravi sovrsen za detektiv. Negovite filozofii za zivotot ke ve razmrdaat i podrazmislat poradi nivnata ostra kontrovrznost i tabu. Martin od drugata strana e semeen covek, daleku pokonzervativen, kako sto on vika "people person" i takviot spoj na likovi e praviot jing-jang. Na serijata i likovite moze da se pravi dlaboka analiza, i da se razgleduva od mnogu filozofski i socioloski gledni tocki. Seto ova e opis samo na prvata sesona. Vtorata ja zapocnav i ja zabataliv bidejki e daleku od dinamikata na prvata a voedno mn elementi se razlicni pocnuvajki od akterskata ekipa. Slusnav najava deka ke se snimala i treta sezona vo koja ke se vratel likot na Cohle i edvaj ja cekam Definitivno sekoj 18+ treba da ja gleda!
The Last Man On Earth Одлична комедија за враќање у светот на смеата. Иако комедија сепак знае итекако да те замисли и на што е се спремен еден маж само да ги има жените околу себе. И тие не остануваат должни и му враќаат со своја мера. Во секој случај мене ми се допадна серијата, онака релакс шо се вели за пред спиење.
This is us (2016) Серијата ми е врв! И духовита, и реална и емотивна. Дефинитивно една од најомилените серии! Приказната започнува со брачната двојка која добива тројки, ама едно дете умира при пороѓај па родителите го посвојуваат едно црнче кое доспеало во болницата тој ден на невообочаен начин. Се преплетуваат настани од минатото со сегашноста, ама толку добро се склопени и толку добро е тоа одрадено! Првата сезона има 13 епизоди, кои ги изгледав во рекордно време. Едвај чекам втората сезона. Одлична серија! Containment (2016) Лабораторијата за заразни болести случајно (или намерно) го пушта експериментален вирус надвор од безбедните простории и така за кратко време еден дел од градот Атланта бива целосно изолиран, ставен во карантин, со сите оние луѓе што се затекнале во тој период таму, за да го држат вирусот под контрола. Интересна серија ми беше. Не е хорор серија воопшто, трилер серија повеќе, ми се допадна.
13 reasons why За сите оние што сакате мистерии ви ја препорачувам вреди да се погледне. Испадна пред само неколку дена, но бидејќи е под Netflix целата сезона е прикачена наеднаш. Прва серија што ја гледам од Netflix и дефинитивно нема да биде последна, предобра е. Серијата е снимена според истоимената книга 13 reasosn why од Jay Asher и претпоставував дека ќе има само 1 сезона како што има една книга и тоа многу ми се допадна, ама последната епизода има премногу clifhangers кои асоцираат дека најверојатно ќе има и 2-ра сезона и сега откако ја изгледав првата сезона не се задоволувам само со една и се надевам дека ќе има уште. Една од режисерите е Селена Гомез, да,да и дефинитивно иако ми е омилена актерка и пеачка и role model, во улога на режисер најмногу ја бива, секоја и чест. И да не должам. Се работи за 17 годишна средношколка која решава да се самоубие, зад неа остава неколку радио касети со 13 причини зошто се самоубила. 13 личности се причината за нејзиното самоубиство. Пред да се самоубие и ги остава касетите на една личност која ќе биде одговорна за нив да ги предаде на првиот што треба да ги ислуша и да следи дали касетите ќе стигнат до сите 13 личности. Приказната ја гледаме од преспектива на главниот јунак Клеј пријател и first love на Хана (девојката што се самоубива) и како тој се чуствува кога ги слуша касетите и како реагира. Има доста ликови обработено и сите во дел од серијата и ќе ги мразите и ќе се сочувствувате со нив. Главната тема на серијата е bullying. Вреди да се погледне. Иако актерите можеби и првпат ќе ги видите во серијава, дечките супер си ги одиграа улогите, неверојатно добри беа сите до еден посебно Клеј, Џесика, Хана и Алекс. Омилени ми се Џесика и Џастин иако не се баш позитивни ликови. Освен на Netflix можете да ја најдете на rarbg.to за симнување и на Popcorn Time ја има целата сезона и некој ако има што ја прочитал книгата да знае дека има неколку измени во серијата за да биде понапната. "Hey it's Hannah. Hannah Baker. Settle in becuse i'm about to tell you the story of my life, more specifically why my life ended and if you're listening to these tapes, you're one of the reasons why."
^ и јас дојдов за серијата да ја фалам. Само ќе додадам збор два од мене. Мене серијата ми е тешка за гледање, не е од оној тип на серии која што седнуваш и ја гледаш без станување. Обработува толку тешка тематика, самоубиството е толку брутално реално прикажано и за жал и тоа е дел од нашата реалност. Како личност која што се бори со депресија веќе со години и која што имала моменти какви што има Хана, јас потполно се соживував и не можев да престанам да плачам. За секој родител и адолесцент јас мислам дека е must watch, посебно за родителите кои понекогаш се несвесни низ што поминуваат нивните деца, а за адолесцентите за тоа колку се несвесни дека со малите постапки носат огромни последици. И во никој случај серијава не го глорифицира самоубиството, како што прочитав некои критики, туку напротив покажува какви последици има врз сите од опкружувањето. Инаку малку е изменета содржината, бидејќи книгата е издадена во 2007 дејството се одвива поинаку, а сега е модернизирана бидејќи технологијата напредна многу повеќе од тогаш. Исто така има голем плус за музиката во серијава, предобра е!
^Јас неможев да престанам да ја гледам пошто е мистерија. Мистериите секогаш не ме оставаат на мира. А тематиката да доста е тешка и болна. И да се поправам грешка сум напишала 12 личности се. Една личност е одговорна за 2 причини.
Znaci serijava e....... KRAAAAAAJ. Definitivno najdobra i revolucionerna animirana serija vo momentov koja ne e za mali deca. Barem po moj vkus. Golema doza na cinizam, sarkazam, kritika kon opstestvoto i covestvoto. Mn smesni momenti, uste povejke momenti kade sto ne znaes kako se custvuvas. Temata e: Lud, najgenijalen vo univerzumot, egoisticen i mnogu kontroverzen naucnik, po mnogu godini se vraka kaj svojata kerka koja ja napustil kako mala i vospostavuva semejni odnosi so nejzinoto (svoeto) semejstvo. Odtamu so svojot vnuk sekojdnevno e vo potraga po intergalakticki i interdimenzionalni avanturi. Dosega se izlezeni 2 sezoni i za tretata se cekase kako na Gospod. Postojano ja prezakazuvaa, odolgovlekuvaa za na kraj sosema nenajaveno i na secie iznenaduvanje da ja pustat prvata epizoda na denot na segata. Ostanatiot del od sezonata se prognozira za letovo (nadezno). Stotuku ja izgledav novata epizoda i ne znam kako ke se strpam do leto. Rick and Morty
Masters of Sex (2013) Серијава ја избегнував долго време и не ми беше ниту у план да ја гледам, затоа што некако насловов си го поврзав со една софт-кор серија со млади девојки и дечки кои стално имаат секс – нешто што ми личеше на socially acceptable porn. Ама не, не пишувам за таа серија. Masters of Sex е драма, снимена според вистински настани и ликови, за истражувачкиот пар д-р Вилијам Мастерс и неговата соработничка Вирџинија Џонсон и нивното пионерско истражување на човечката сексуалност. Серијава е интересна од повеќе аспекти – прво, сместена е во ’50-тите години, во квази-пуританското општество на САД (нешто како нашево општество денес )кога и самиот збор „секс“ бил нешто безобразно,а научна студија за сексуалноста – со луѓе кои мастубрираат и имаат секс – била еднакво на career suicide. Второ, поучна е – интересно е да се види како огромен број на мистерии, митови и заблуди за сексот и особено за женската сексуалност се разјаснети или урнати и како всушност нашето знаење за сексот било речиси непостоечко, пред само половина век. Трето, забавна е – далеку од тоа дека е комедија, но сепак, серијава успева да внесе здрава доза на хумор во приказна која е инаку доста сериозна. Четврто, пристапот кон сексот овде е поинаков од она што сме навикнати да го гледаме на малите екрани – сцените со секс не се нафрлени и вулгарни, ниту служат како ефтини финти за возбудување на гледачите или изговор да ги видиме главните актери голи – напротив, одлично се вклопени во целокупната приказна. Сексот не е нешто за што не смее да се зборува, нешто што треба да се практикува дома, зад заклучени врати, во целосна темница и покриени со јорган. Сексот тука е прикажан како нормален и составен дел од животот, а не како нешто од што човек би требало да се срами или да го потиснува во себе. Покрај сето ова, Masters of Sex има и одлична актерска екипа, предводена од Мајкл Шин и Лизи Каплан во главните улоги. Masters of Sex е несекојдневна, интересна, едукативна и забавна серија и сериозно не можам доволно да ја препорачам, особено за женска публика.
Unreal.Prv pat ja sretnav serijava na Fox no ne ja zaslediv celosno, iako mi fati oko zosto ima nekoj poseben vibe, i nesto sto barem jas do sega ne sum go sretnala vo druga serija. Serijata ja razotkriva temnata strana na Hollywood. Dejstvijeto se vrti okulu reziranjeto na reality tv show za spojuvanje na srodni dusi, no glavnite slucuvanja se onie zad kamerata koi govorat sosema porazlicno od ona sto se servira na javnosta. Serijata ima dve sezoni a ke ima i treta, i sum mnogu prijatno iznenadena od nejziniot napredok t.e. vtorata sezona e uste podobra od prvata a toa e dosta redok slucaj za zal. Za nekolku dena gi izgledav dvete sezoni, ednostavno serijata ti vleguva pod koza. Karakterite se fenomenalni, dlaboko obraboteni, na momenti gi mrazis, na momenti kompletno socustvuvas so niv. Definitivno ja preporacuvam! 9/10!
Кој со нетрпение го очекува 22 јуни? Пред десет години книгата на Стивен Кинг ја доби првата филмувана верзија, а ова лето приказната за мистериозната магла ќе ја гледаме и во телевизиски формат. Дали крајот ќе биде ист како во книгата ќе дознаеме на крајот од 10те планирани епизоди. Во мало градче каде повеќето се познаваат се спушта чудна непрозирна магла која во себе крие закана. Дел од жителите засолниште наоѓаат во трговскиот центар (Dawn of the dead?) но набргу дознаваат дека вистинската опасност не се крие надвор во маглата, туку лежи во нивните довчерашни соседи и пријатели. ****************** Мене филмот премногу ми се допадна (особено крајот!) па затоа ептен ми се направи мерак кога дознав за серијава. Читав дека тимот кој стои зад Mist 2017 сметале дека филмот е прилично познат и дека повеќето го имаат гледано па затоа ќе има значителни измени во приказната. Само се надевам дека нема да испадне драма со по некој нафрлен хорор/ сај-фај момент.
Секој пат ми е незгодно кога сакам да препорачам хумористична серија (или филм, книга, сеедно) зошто хуморот е субјективен па тоа што на мене ми е смешно на некој друг му е тапа, и обратно. А и самата имам специфична смисла за хумор, па ич не сум репер за тоа што е смешно ама Trial and Error ми е закон!!! Посмешно нешто мислам дека немам гледано Серијава е пародија на новиот тренд на документарци а ла „Making a Murderer“. Во мал град, професор по поезија е оптужен за бруталното убиство на својата сопруга и неговата одбрана ја превзема млад и неискусен адвокат. Ако биде прогласен за виновен, се соочува со смртна казна. Звучи клише, така? А, ако ви кажам дека смртната казна е растргнување од мечка? Џон Литгоу ми е срцка уште кога беше Дик во „Третиот камен од сонцето“, и тука е подеднакво откачен и смешен. Епизодите се така скоцкани што цело време нешто се случува, постојано има динамика во приказната, темпото е турбо. Актерите се надополнуваат меѓу себе и нема досаден лик, сите до еден се симпатично екцентрични. Серија за опуштање, за подигање на позитивно расположение. На имдб оценката е 7,5 а од мене има 10
А ќе може да добиеме и кратка рецензија? Мислам, и thumbs up технички е кратка рецензија, ама малце поопширно од тоа.
Серии немам гледано не знам од кога, ама кога те прочитав ете ме убеди за оваа оти баш нешто опуштено и позитивно ми треба за гледање. Ја изгледав првата епизода и ме насмеа неколку пати на глас Ќе продолжам да ја следам. Тенк ју
Овие три серии кои имаат едно заедничко име Чикаго и секогаш има crossover и многу се добри кои се пожарникари, кои детективи, кои се медицински лица и многу се добри сите три
Има и Chicago Justice, нова е таа. 9 епизоди има до сега, интересна е и секако поврзана со овие погоре наведените.
Јас случајно испратив една епизода од серијава и се заразив, па ја изгледав во еден ден. Ситком серија која е доста забавна, со доза црн хумор и на некој начин доста поучна. Се работи за една жена која живеее како клошар буквално, случајно се наоѓа на забава на сестра ѝ која е од крем класата, на забавата ги апсат сестра ѝ и зет и нивните три разгалени деца стануваат нејзина грижа. Хаосот со кој се соочува и начинот на кој продолжува да се грижи за нив е урнебесен. Ликовите се супер иако актерксата екипа не ми е позната добро си ја завршија работата. Ја препорачувам, ептен е забавна за тепање време. http://www.imdb.com/title/tt5638056/
Предлог за некоја серија слична на Hart of Dixie? Ја мислев Nashville ама таа е мислам доста ориентирана кон музика.