1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорачајте интересна серија со кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Sonce, 8 ноември 2009.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Bosch

    Дали сум ви зборел досега за Бош? Не? Срам да ми е. :D

    Бош е серија направена според светски популарниот серијал на книги од Мајкл Конели за полицаецот од Лос Анџелес - Хиронимус (Хари) Бош. Серијава ја сакам ради многу ствари - интересна главна приказна во секоја сезона, со исто толку интересни споредни приказни, кинематографијата, актерите, музиката. Едноставно, сè е онака како што би требало да биде.

    Идејата за полициска серија можеби не е нешто невидено за 2015-та, кога серијава почна да се емитува, но серијава има нешто, нешто што не можам точно да го дефинирам, но нешто посебно, по што се издвојува од морето на веќе постоечки полициски серии. Bosch има некоја vintage vibe, иако се случува во современо доба, некоја noir нота - можеби ради начинот на кој е снимена и џез саундтракот - во секој случај, ги користи најдобрите елементи од старите детективски филмови, без да биде клише.

    Секоја сезона има различна приказна и сите до сега се апсолутно интересни, возбудливи и непредвидливи. Освен тоа, за разлика од многу други серии, буквално сите ликови во Bosch се одлично обработени и секој од нив има доволно длабочина за да ги чувствувате како нешто повеќе од обични статисти у целата приказна.

    Сериозно, гледајте ја серијава. :D





     
    На sia.bella, 1209, smooch и 6 други им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    40.771
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez како во право време ја препорача серијава алал да ти е. Баш бев очајна оти сите серии се на пауза и оти одамна немам гледано детективска серија која тотално ќе ме обземе, со оглед на тоа дека ми е омилен жанр мислев дека нема што не сум гледала додека не ја симнав серијава синоќа и не спиев скоро цела ноќ.
    Одлична е. Стварно многу добри ликови има, приказната е таман на место, ниту многу развлечена ниту се случува ептен набрзина. Доволно да задржи интерес.
    Фала ти, сериозно.
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    @1209, баш се радувам - серијава ми е една од омилените и ја препорачувам на кого ќе стигнам, ама без многу успех - најверојатно затоа што не знам да објаснам што точно е тоа што ја прави да биде одлична. :D
     
    На CoCoGiiiRL и 1209 им се допаѓа ова.
  4. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Дали секоја сезона обработува само една главна приказна или секоја епизода различни случаеви се? Ептен ме заинтригиравте, а гледав трајлер интересна ми се виде, да си ја симнам. И колку епизоди се излезени? :D
     
    На Lady Phoenix, Bender Rodriguez и 1209 им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    40.771
    Пол:
    Женски
    Мислам дека секоја посебно сезона, не знам енос сум кај прва, ама има 3 сезони сеа за сеа мислам. А инаку не се секоја епизода различни случаеви, поврзано е. Симни ја одлична е.
     
    На Tiki-lolipop и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Секоја сезона има по една основна приказна, низ која се провлекуваат неколку други, да ги наречам, споредни. Тоа е така пошто серијава е снимана според книги па така, на пример, првата сезона е базирана на 3 книги - City of Bones, Echo Park и The Concrete Blonde, втората исто така на три други книги, третата сезона на 2 книги - и така. :D У секој случај, не е тип на серија во секоја епизода епизода има приказна со почеток, средина и крај.

    Само што излезе 3-тата сезона, инаку, секоја има по 10 епизоди кои траат околу 50-ина минути.
     
    На Nausicaa, Tiki-lolipop и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  7. Miss-Angie92

    Miss-Angie92 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Inside No. 9

    A dark and macabre look behind the front doors of houses with the number 9.

    [​IMG]

    Британска антологиска серија со црн хумор на BBC.

    Досега се излезени 3 сезони и секоја од нив има по 6 епизоди (30 мин. времетраење).

    Секоја епизода обработува посебна приказна, различни карактери во различен период, локација, куќа, соба, купе од воз, дури и во плакар. :)

    Особено ја препорачувам на оние што си го поштуваат британскиот (Монти Пајтон) хумор, а од друга страна и на хорор фанови, зашто во секоја 6та епизода од сезона се пресликуваат и различните хорор филмови и подтипови (demonic pocession, slash, Insidious, па дури и snuff...).

    Всушност, единствените нешта што ги поврзува епизодите се: фактот што се случуваат на некоја локација со број 9, како и двајцата креатори и сценаристи Reece Shearsmith и Steve Pemberton,
    кои се појавуваат во сите епизоди, секако како различни ликови.

    Сè на сè, драматични, енигматични, психолошки, трагикомични и мошне невообичаени епизоди со одлични пресврти за сечиј вкус.

    Кинематографијата варира и совршено се прилагодува, зависно од темата која што ја обработува.

    Пофални зборови и за глумците. Добар дел од нив кој повеќе, кој помалку сме ги гледале во разни филмови и серии.

    Не би сакала да откривам повеќе во врска со епизодите, за да може повеќе да уживате во нив. :)

    Топла препорака!
     
    На Barbie20, 1209, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Almost Human (2013)

    Размислував дали воопшто да почнам да ја гледам серијава, а откако ја изгледав – дали воопшто да ја препорачувам – затоа што е откажана после првата сезона. Сепак, ја изгледав, ми се допадна и сепак, решив да ја препорачам. :D

    Almost Human е серија која се одвива во не-толку-далечната иднина, кога експлозивно брзиот развој на технологијата води кон неверојатни можности за напредок на човештвото во сите сфери, а една од тие сфери е и криминалот.

    Серијава е всушност полициска серија, сместена во иднината, а во главните улоги се Карл Урбан, кој глуми старомоден и технофобичен детектив, со лошо минато искуство со андроидите и Мајкл Или, кој го глуми неговиот партнер, кој истовремено е и андроид, ама од постар модел – кој има емоции и бил дизајниран во секој аспект да биде што почовечен – а од истата причина (бидејќи бил хаотичен и непредвидлив, како и луѓето нели :D), бил исфрлен од употреба.

    Almost Human го следи нивниот однос, кој во текот на серијата еволуира и се развива – од отворено непријателство, кон вистинско другарство – додека во меѓувреме работат и решаваат различни криминали, сите на некој начин поврзани со новоразвиените технологии на иднината. И сето тоа, со фина доза на хумор и сарказам.

    Иако во суштина е cop drama сместена во иднината, Almost Human низ своите 13 епизоди истражува интересни аспекти, проблеми и етички дилеми и импликации на современата технологија – генетски инжинеринг на ембриони и создавање на подобрени деца, клонирање, уреди за враќање на изгубени сеќавања и бришење на трауматични искуства, 3D печатење на органи и ткива, механички органи за трансплантација, нови халуциногени дроги и уште многу други ствари – но, пред и над сѐ, вештачката интелигенција, и што всушност во иднината ќе значи „да се биде човек“.

    Иако е само серија (и тоа, неуспешна), специјалните ефекти и анимациите се и повеќе од солидни, а атмосферата на дејствието е сајберпанк – мешавина помеѓу Blade Runner, Judge Dredd и Ghost in the Shell.

    Освен посебните приказни со кои се занимава секоја епизода, постојат и неколку „главни“ приказни, кои се провлекуваат низ цела сезона – многу други интересни места и настани се само навестени и нецелосно разјаснети – најверојатно, затоа што се планирало да се разјаснат и прошират во втората сезона.

    Арно ама, втора сезона нема, затоа што серијата е откажана. И ова е можеби најголемиот минус во мојава препорака – затоа што, ќе се навлечете на ликовите и на приказната и после само 13 епизоди – сѐ е готово, а речиси ништо не е завршено. Бидејќи првата сезона не е снимена како stand-alone, крајот ќе ве остави со многу прашања, а тие прашања никогаш нема да ви бидат одговорени.




    Sleeper Cell (2013)

    Постара и помалку позната серија од две сезони – некои можеби ја памтат од времето кога идеше на А1 – со гореспоменатиот Мајкл Или во главната улога на андеркавер ФБИ агент, кој инаку е муслиман, во терористичка ќелија во Лос Анџелес.

    Иако е снимена само 4 години после настаните од 11-ти септември, Sleeper Cell одлично се снаоѓа со сензитивната проблематика на радикален исламски тероризам на американско тло и успева да не биде навредлива ниту за жртвите од терористичките напади, ниту за муслиманите генерално.

    И иако е снимена пред повеќе од 10 години, одлично го издржала тестот на времето во продукциска смисла, а успева да остане интересна и за гледачите денес, бидејќи тероризмот е сѐ уште актуелен, можеби и повеќе од било кога.

    Она што Sleeper Cell го прави навистина одлично е тоа што на нашиот замислен стереотип на бомбаш-самоубиец со мозок испран со радикален ислам му дава сосема нова димензија и длабочина. Негативците во серијава, односно терористите, се пред сѐ, обични луѓе, со свои доблести и маани, и со многу подлабоки и полични причини за тоа зошто се свртеле кон тероризмот како начин на дејствување, многу поразлични и покомплексни од „некој им го испрал мозокот“.

    Исто така, серијава ни дава и одличен увид во исламот како религија и за суптилностите и варијантите во неговото толкување помеѓу муслиманите – не сите муслимани се терористи, не сите терористи оправдуваат убивање на невини луѓе и цивили. И одлично ја доловува поентата дека она што го претставува една религија всушност зависи од самите верници, а не обратното.

    Sleeper Cell изобилува со шареноликост во ликовите – имаме афроамериканец, Французин, Босанец, типичен американски белец и Арап – сите муслимани, кој од раѓање, кој по определба, и секој со сопствени мотиви кои стојат позади нивната одлука да станат „божји војници“. И со секој од нив можеме емоционално да се поврземе, да сочуствуваме и делумно да го оправдаме.

    Освен Мајкл Или, во улога на главниот негативец го имаме Одед Фер, кој е навистина првокласен актер.

     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Две постари серии, кои ги имам пропуштено на времето, а вреди да се погледат. Ако и вие сте ги пропуштиле, еве прилика да ја исправите таа грешка. :)


    The Wire (2002-2008 )

    Постарата од двете серии кои ги предлагам за гледање, The Wire денес има 15 години. А сепак, тоа не ја прави помалку интересна за гледање.

    Накратко, приказната е следната: под притисок на еден судија, полицијата во Балтимор е принудена да направи task force за да се истражи еден од главните играчи во трговијата и продажбата на дрога во градот – Авон Барксдејл, лик за кој речиси никој не знае ништо, па дури и дека постои.

    Но, иако групата за истрага се формира, никој од полицијата не е заинтересиран случајот да биде решен – се надеваат дека ќе уапсат неколку улични дилери и дека за 2 недели ќе биде готова целата работа. Затоа и тимот за истрага е составен од неспособњаковичи и лузери собрани од сите полициски оддели. Всушност, само еден човек е вистински заинтересиран за решавање на случајов – детективот Мекналти, на чија иницијатива и е создадена групата и чија кариера виси на конец поради тоа што го направил за да создавањето на групата биде возможно.

    Како што минува времето, се испоставува дека надежите дека ова ќе биде брз случај паѓаат во вода, работите се комплицираат, пропалитетите од истражниот тим полека почнуваат да ги покажуваат своите скриени таленти, а Авон Барксдејл се покажува како интелигентен и достоен противник.

    Многу интересни ликови и ситуации, сето тоа проследено со здрава доза на (црн) хумор и одлична актерска екипа.


    Homeland (2011-)

    Агентката на ЦИА, Кери Матисон добива информација од терорист во заробеништво дека еден американски војник заробен во Ирак е преобратен од страна на еден од најозлогласените водачи на Ал-Каеда, Абу Назир. Во меѓувреме, американската војска на мисија во Ирак од терористички камп го ослободува Николас Броди – војник кој поминал цели осум години во заробеништво и за кој се сметало дека е мртов.

    Иако Броди е дочекан како воен херој во САД, Клер се сомнева во неговата искреност и претпоставува дека токму тој е војникот кој бил преобратен кон џихадистичката кауза од страна на Назир. Помеѓу нив двајца започнува вистинска игра на мачка и глушец, а работите дефинитивно не се онакви какви што изгледаат.

    Интересна и динамична серија, преполна со пресврти, непредвидливост и неочекувани моменти. Доста реалистичен приказ на војната против тероризмот, од кој гледаме дека ниту едната ниту другата страна не се целосно невини или целосно виновни, дека никој не е целосно во право, како и дека виновници и невини жртви има и на двете страни.


    Да напоменам дека препоракиве ги базирам на впечатоците од првата сезона на двеве серии – The Wire е веќе завршена и и покрај тоа генерално важи за добра серија, а Homeland сѐ уште трае – што значи дека и за двете серии постои можност дека стануваат полоши со текот на времето, како што најчесто се случува со серии кои долго се емитуваат и имаат повеќе сезони.
     
    На DzingrlakaDzikica, Nausicaa, violetblue и 2 други им се допаѓа ова.
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    29.258
    Пол:
    Женски
    Барав низ форумов тема за серијава и сфатив дека нема :| Така да ајде да ја препорачам серијава :D

    Unbreakable Kimmy Schmidt(2015)
    [​IMG]
    Сестра ми ми ја спомна кога беше излезен првиот трејлер, пошто е од Тина Феј, а фанови сме и, ама мене не ми се допадна трејлерот и не и дадов шанса. После некое време чепкајќи низ Нетфликс, пак налетав на серијава и решив да и дадам шанса и се заразив. Двете сезони тогаш ги изгледав во два дена. Сега излезе и третата сезона па ја гледам деновиве. Инаку мора да нагласам дека хуморов нема да им е смешен и интересен на сите. Се работи за Кими, која била киднапирана уште од како дете од страна на еден тип кој води култ, и била држена заробена таму со години. Откако полицијата ќе ја спаси, Кими пробува да се прилагоди на современиот и модерен живот во Њу Јорк, и тука почнуваат интересните дешаванки. Ако сакате лабава сериичка, за да ве релаксира пред спиење од мене препорака.
    [​IMG]
     
    На Victorian, Skorpija25, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.516
    Допаѓања:
    27.315
    Пол:
    Женски
    Ај предложете некоја интересна серија дечки :D
    По моѓност да нема одење во иднината и враќање во минатото :rofl:
    И да нема многу фантазија. Оти мразам.
    Нешто пореално.
     
    На Skorpija25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.822
    Допаѓања:
    5.166
    Пол:
    Женски
    The night of, имам пишувано поназад, прејака серија.
    Orange is the new black, Suits, How to get away with murder, 13 reasons why.
     
  13. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.516
    Допаѓања:
    27.315
    Пол:
    Женски
    Оваја ке ха гледам баш читав ми се допадна.
    Да не знаеш колку епизоди има?
    Сепак фала ти :*
     
  14. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.822
    Допаѓања:
    5.166
    Пол:
    Женски
    13 епизоди, една сезона е сега за сега, али се снима втора
     
    На k.frosina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    22.737
    Пол:
    Женски
    Guilt би ти препорачала да ја гледаш, ако ја немаш гледано. Серијата има една сезона со 10 епизоди.
     
    На k.frosina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez Ја изгледав Almost Human кога те прочитав, само сега проблем е што е една сезона а сакам уште :D
    Не знам оти така престануваат со интересни серии, а некои бесмислени остануваат долго време живи.
    Инаку мал збор за серијата од моја страна, како голем фан на sci-fi ептен добро ми легна. Секогаш ми се интересни серии што имаат дејствие во иднината, посебно тука што се теми што не се толку далеку од нас и дефинитивно не се толку нереалистични.
    Глумата е солидна, не е нешто вау, ама прифатлива. Ептен ми се допадна Доријан, и самиот концепт синтетичка душа.
    И тоа, крајот незавршен, со многу прашања неодговорени, штета навистина.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.778
    Пол:
    Женски
    Да ви ја предложам австралиската серија Wentworth. некаде прочитав дека идеата за Оrange is the new black е добиеана баш од оваа серија,точно е има многу сличности но сепак се многу различни. според мене Wentworth е многу по добра од OITNB.
    Bea Smith оди во затвор и додека чека судење за обидот за убиство над нејзиниот насилен сопруг мора да научи како функционира животот во затвор.( типот е вистински идиот заслужува да биде убиен) нејзината керка која и е буквално све на светот е оставена сама со нејзиниот не многу добар татко,и од тука запоцнува цела драма.
     
    На Zivyle, Skorpija25 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  18. Zivyle

    Zivyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Јас па пред 1 недела ја почнав оитнб и сум до 3 сезона сега одвај ја чекам Стела, заљубена сум во глумицата :D Али од трејлерот што го прикачи некако таа пореална и поинтересна ми се виде, иако повеќе сум ЗА комедија вметната како во оитнб. Ги имаш двете гледано ? Има некој такви смешни испади и ликови како Крејзи Ајс или не е толку розево? Да завршам со оваа, обавезно ќе ја гледам Вентворт :~:
     
  19. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.778
    Пол:
    Женски
    OITNB ја имам гледано само првата сезона и не ја продолжив понатаму, некако серијата не ми задржа многу внимание, а Wentworth стигната сум до 5та сезона, нема комични случки и карактери но секоја улога има интересна приказна. Омилени карактери ми се Френки и Вил Џексон. Има многу крвави сцени незнам дали можеш да поднесеш такви сцени јас ги обожавам ]:). Дај и шанса мислам ќе ти се бендиса, и пиши мислење ако ја загледаш.
     
    На Zivyle му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Broadchurch
    [​IMG]

    Серијава ми беше планирана да ја гледам уште лани,ама не знам како сум ја заборавила и периодов во недостаток на серии ми текна!:D Видов дека има и американска верзија исто со главниов детектив, ама само една сезона и не ми се гледаше таа, плус американциве само да ископираат нешто.
    Прво ми се допадна самата приказна, ме потсети малку на The Killing која ми е една од омилените серии и заради тоа морав да и дадам шанса.
    Започнува со наоѓањето на мртвото тело на 11 годишниот Дени, на плажата во Броудчрч, кое е мало крајбрежно градче, каде сите луѓе се знаат меѓу себе, вооедно и прво убиство ever. И тука со самата истрага почнуваат да се откриваат сите тајни, сплетки и колку само луѓето не се такви како што се претставуваат.
    Главниот детектив одговорен за истрагата е префрлен од друг град, го глуми инаку Дејвид Тенант(оние што ја гледале ЏЏ сигурно ќе го познаат како Килграве), другата полицајка ја глуми Оливија Колман истo така одлична актерка. Сите се предобри глумци, одличен кастинг.
    При крај сум со првава сезона и навистина е добра, динамична, секоја епизода нешто се открива, нема непотребни работи и брзо се одвива дејството.
    Има до сега 3 сезони, со по 8 епизоди кои траат 45 минути.

    Hooten and the lady
    [​IMG]

    Серијава случајно ја најдов, ми се допадна приказната и ја изгледав во еден ден.
    Интересна е ептен, авантуристичка, за сите љубители на Индијана Џонс, за скриено богатство, изгубени градови, артефакти што сите мислат дека се уништени, ви ја препорачувам.
    Хотен и Алекс случајно во потрага по изгубениот град Z, ќе се сретнат во Амазонија и од тука им почнуваат авантурите. Интересни се и двата лика, Хотен посебно, многу ми беше смешен.
    Секоја епизода опфаќа еден град/држава каде двајцата трагаат по нешто изгубено. И она што многу ми се допадна се преубавите места каде е снимена серијава, сите пејсажи, стварно преубаво.
    Има само една сезона до сега, 8 епизоди по 45,50 минути.
     
    На Pleiada, kravce, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.