1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорачајте интересна серија со кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Sonce, 8 ноември 2009.

  1. Miss.A.

    Miss.A. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Жанр:
    политичка драма
    Првата дама на Мексико е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг, иако не е виновна за тоа.
    Главниот лик е Kate del Castillo, од La reina del Sur.
    Број на епизоди - 15, што е многу малку:^) .За среќа, се снима 2-ра сезона]:).
    Јеее :party:
     
    На blackpanter му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Co0kie

    Co0kie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Верувајте ми, најдобра серија со 12 СЕЗОНИ, од по 40-45 мин епизода, КОСКИ(BONES) но најдобро гледајте си на нет а не на фокс (502 овие со макс тв што имате, тој канал) 2-ата сезона не се со ред зависи на која страница, јас ги гледам на 123movies.to (gostream.is) ви го препорачувам и мора да го гледате...Исто така и „Шепот на духови“ е добар, но не за некој кој се плаши многу. Хех, другии, „Новата девојка“, „Американска домаќинка“, „Вовед во анатомија“, и др.
     
  3. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Absentia
    [​IMG]

    Нова серија, има само 3 епизоди до сега излезено, а прочитав дека првава сезона ќе има 10 епизоди.
    Ме привлече самата приказна, ептен сум опседната со крими-мистерии и оваа ми е баш по вкус.
    Актерите ми се релативно непознати, освен Стана Катиќ (Бекет од Castle), ама глумата е сосема океј.

    Се работи за Емили која е бивши ФБИ агент и се води за мртва веќе 6 години, додека убиецот што е осуден за нејзината смрт тврди дека не знае каде е нејзиното тело, бидејќи тој не ја убил. Сопругот на Емили е исто така ФБИ агент, кој една вечер по судењето на убиецов добива телефонски повик од него кој му вели дека Емили е жива и има само 60 минути да ја спаси.
    Ова е на кратко она што се случува во првите 15 минути од првата епизода.
    Мене за сега ми е ептен интересна, ја препорачувам!:)
     
    На LadyC, 1209, Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.204
    Допаѓања:
    23.575
    Star Trek: Discovery - дејствието е 10 години пред капетан Крк, Спок и "Ентерпрајс" кога "USS Discovery" леталото открива нови светови и живи битија. Во принцип, серијата се врти околу ликот Микаел Бурхам (ја глуми Sonequa Martin-Green [Sasha од The Walking Dead]) која се труди да открие се' што е вонземско и како функционира. За жал, ја нема онаа убава атмосфера што ја прави привлечна оригиналната Стар Трек серија, но сепак не е лоша. Ќе и' пружам уште шанса, тек 3 епизоди излегоа.

    The Orville - уште една серија поврзана со патешествија низ универзумот само што оваа е со елементи на комедија. Но, не изостанува со акции, иако не се на ниво на горенаведената, сепак заплетите се интересни и ја препорачувам за тепање време.
     
    На theowndemon и Nausicaa им се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    The Wire ( 2002-2008 ) – продолжение

    Првата препорака за серијава ја напишав кога уште бев на првата сезона и сега, откако ги изгледав сите 5 сезони, чувствувам морална обврска да направам амандман на препораката. :D

    Да не речам, се осеќам како да не ја пофалив серијава онака како што заслужува. Тоа е така затоа што за да се разбере феноменот „The WIre“, култниот статус и верните обожаватели кои го има, едноставно мора да се изгледаат сите сезони – затоа што се поврзани во еден континуиран наратив, една нераскинлива целина.

    Во однос на сезоните, ако ги разгледуваме поединечно, би рекол дека можеби втората е најслаба, но никако лоша. Но она што е уште поинтересно е што серијава станува сѐ подобра со текот на времето, а 5-тата сезона е можеби најдобрата. Велам интересно, затоа што повеќето серии прогресивно губат на квалитет после првата сезона.

    Она што ја прави The Wire уникатна се, пред сѐ, ликовите. Серијава изобилува со најразлични карактери, со кои се запознаваме уште на почетокот и чии животни судбини, подеми и падови, животни пресврти и развој ги следиме во текот на целата серија. Втората работа поради која се издвојува од останатите серии е реализмот – ниту еден лик не е целосно добар ниту целосно лош – ништо не е апсолутно црно или апсолутно бело. Настаните кои ги следиме и ликовите кои учествуваат во нив оперираат во „сивата зона“, впрочем како и реалниот свет во кој живееме. А сепак, сите ликови, без разлика дали се на страната на законот или на криминалот, кај гледачот побудуваат симпатии и сочуствителност.

    Мене најголем впечаток ми остави она што јас го сфатив како порака на серијава – ништо, никогаш не се менува. Идеалистите, ликовите кои се залагаа за нешто подобро (или полошо :D) или за некакви промени или умреа, или си легнаа на брашното, или станаа токму оние ликови против кои се бореа. Тие ги заменија оние кои ги презираа и мразеа, а на нивно место дојдоа нови луѓе, со „свеж“ идеализам. Ама во суштина, светот, системот или во случајов – Балтимор – се така поставени што на крајот, ништо не се менува. Секогаш ќе постојат и добри луѓе, и идеалисти, и забушанти, и опортунисти, и корумпирани полицајци, и наркомани, и дилери, и криминалци.

    Можеби некој извлекол поинаква „поука“ од серијава, можеби за некој моево толкување е премногу песимистичко, нихилисточко или цинично, ама ете, мене ми се допадна. :)

    The Wire е сенамеска серија – има за секого по нешто – таа е многу повеќе од полициска или политичка серија. И сето тоа зачинето со здрава доза на генијален, интелигентен хумор.

    Сериозно ја препорачувам.

    Twin Peaks (2017)

    Кога се појави на времето, Твин Пикс беше инстантен хит кај гледачите – во светот, затоа што немаше буквално ништо слично на малите екрани на времето, а кај нас, затоа што беше една од ретките странски серии на телевизија. :D

    Сепак, иако има култен статус, оригиналната Твин Пикс, со своите две сезони, не беше без свои маани. Несогласувањата помеѓу креаторите на серијата и продуцентите доведоа до многу last minute changes, поради кои и втората сезона е мање-више, каша-попара.

    Сега, изгледа како Лора Палмер да го исполила своето ветување кон агентот Купер – „I’ll see you again in 25 years“, затоа што 26 години подоцна, имаме нова сезона на Твин Пикс.

    За оние кои го читаат ова, а не ја гледале оригиналната серија, тешко е да се објасни за што точно се работи. Накратко, ФБИ агентот Дејл Купер доаѓа во малото, утепано гратче Твин Пикс, за да го истражи мистериозното убиство на миленичката на градот, Лора Палмер. Но ова е претерано упростување. Серијава е преполна со бизарни ликови, жена која збори со трупец, халуцинации, џинови, џуџиња, други димензии и демони. Yup, it’s a strange show, особено за ’80-ите.

    Но и покрај сите овие чудни ствари, ако ги споредиме старите сезони со новава, би рекол дека оригиналната може да се опише како quirky murder mystery, додека новава е целосно batshit insane.

    За новава сезона на Дејвид Линч и Марк Фрост им била дадена целосна креативна слобода, без никакви интервенции од продуцентите, и тоа богами се забележува уште од почетокот.

    Серијава изгледа како indi студентски проект, направен под дејство на најразлични халуциногени дроги. Ако во ’80-ите немало ништо налик на Твин Пикс на телевизиските екрани, истото важи и за новава сезона – нема ништо налик на неа ни денес. :D

    Она што ми се допаѓа и што Линч успеал да го направи (за разлика од многу други режисери на филмски продолженија и prequel-и на филмови снимени пред повеќе години) е тоа што успеал да ја задржи оригиналната атмосфера на серијата, т.е. успеал да го задржи ретро изгледот на речиси сѐ – почнувајќи од фонтот на насловната шпица, преку облеката на ликовите, сценографијата, специјалните ефекти, итн. Ако ги прегледате старите сезони, нема да забележите скоро никакво отскокнување – и новава сезона изгледа како да е снимана во исто време како и тие.

    Друга ствар која ми се свиѓа и поради која сѐ уште ја гледам серијава – иако не сум фан на психоделичноста, морам да признаам – е тоа што, за разлика од сѐ друго на малите екрани – серијава е апсолутно непредвидлива и не ни можам да претпоставам што ќе се случи следно. Ова е нешто што е толку ретко во денешно време, особено за човек како мене, кој изгледал неброено многу филмови и серии, што ваква прилика едноставно не се пропушта. Дури и ако тоа значи дека попатно ќе бидам принуден да дознаам како изгледа внатрешноста на мозокот на Дејвид Линч на ЛСД: :D

    Препорачувам, но само за фановите на оригиналната серија :D
     
    На 1209, kravce, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.615
    Допаѓања:
    44.595
    Пол:
    Женски
    Two broke girls
    [​IMG]

    Two young women waitressing at a greasy spoon diner strike up an unlikely friendship in the hopes of launching a successful business - if only they can raise the cash.

    Препорачувам! Интересна серија за две девојки со сосема спротивни карактери, се трудат да заработат пари за да си го остварат сонот. Пропратени со уште неколку многу интересни карактери, секој приказна за себе.
    Има 6 сезони со по околу 22 епизоди од по 20 минути. Јас сум до 5та сезона и не сакам да заврши бидеќи се соживеав со ликовите, ептен ме расположуваат секогаш кога ги гледам,и ќе ми фалат. :wasntme:
     
    На Miss.A. му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    http://www.imdb.com/title/tt2085059/

    Black Mirror 10/10

    Предобро осмислена и реализирана серија. Топла препорака за сите фанови на science fiction жанрот.
     
    На WildMk, theowndemon, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Mindhunter (2017)



    Mindhunter е нова, интересна серија од Нетфликс, која на веќе презаситениот жанр на серии и филмови за сериски убијци му дава нова свежина и шмек.

    Сместена во ’70-те години, во зачетоците на бихејвиоријалната единица на ФБИ, кога еден агент го поставува прашањето кое никој претходно не го поставил – „Што е она кое ги мотивира сериските убијци?“

    Во време кога секое злосторство без очигледен мотив било отпишувано на „crazy“, младиот агент Холден Форд се запрашува дали во лудилото кое навидум го прикажуваат сериските убијци постои некаква внатрешна логика и мотив. Но најмногу од сѐ, сфаќа дека ако сакаме да имаме некакви шанси да ги фатиме ваквите злосторници или да ги спречиме, мораме да се обидеме да го разбереме нивното „лудило“.

    „Дали злото е вродено или стекнато?“, „Дали сериски убиец се раѓа или се станува?“, „Колкав е уделот на генетиката, а колкав на средината и најблиското семејство при формирањето на еден сериски убиец?“ – одговорот на овие, но и многу други прашања се обидуваат да го дадат заедно со неговиот постар партнер, Бил Тенч, основачот на бихејвиоријалната единица на ФБИ, кој е целосна спротивност на Холден. Едниот е млад, неискусен и идеалист, а другиот е ветеран во Бирото, циник и стои цврсто на земја. Но сепак, ги обединува нивната желба за знаење и спознавање на умот на најнасилните и најизопачените криминални умови.

    Помеѓу актерската екипа, иако е релативно непозната, има одлична хемија и навистина се добива впечаток дека секој актер е совршено погоден за улогата која ја толкува. Атмосферата е одлична – тешка и мрачна, како што и доликува на тематиката, пропратена со доза на ненаметлив хумор.

    Бонус е што серијава е снимана според книга и е базирана на вистински настани. Ако на тоа се додаде и учеството на Дејвид Финчер, кој веќе е докажан во жанрот со филмови како Se7en и Zodiac, во улога на продуцент и режисер на 4 од 10-те епизоди, Mindhunter прераснува во вистинско аудио-визуелно доживување.

    Ако сакате уште една серија за сериски убијци и ФБИ агенти, тогаш Mindhunter можеби и не е за вас. Но ако сте презаситени од клишеа и сакате нешто поинакво од овој жанр, тогаш ова е серија која дефинитивно ја препорачувам.
     
    На WildMk, 1209, Tiki-lolipop и 5 други им се допаѓа ова.
  9. IvanaJenner

    IvanaJenner Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2017
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Понудете некоја добра серија, љубовна да е. Имам гледано доста серии, но никогаш не сум наишла на некојa ''љубовнa'' серија. :inlove:
    (Се извинувам ако има ваква тема но неможев да најдам:!:)
     
    На Kohlensäure му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.615
    Допаѓања:
    44.595
    Пол:
    Женски
    Imposters

    [​IMG]

    Не знам зошто, но не очекував премногу од серијава на прв поглед. Слушав за неа и се решив да ја гледам, и сум многу пријатно изненадена. Има една сезона, 10 епизоди кои траат по околу 45 минути. Многу интересна за гледање. Само што ќе си помислиш дека тоа е тоа, се случува нешто ново и неочекувано. Моментално сум до 6тата епизода и многу ми се допаѓа. Ме интересира како ќе заврши ептен :D

    A dark comedy that focuses on a female con artist who marries people and then disappears with their money.
    Препорачувам:D

    Плус да додадам, Parker Young е мноогу згоден.:$
     
    Последна измена: 13 ноември 2017
  11. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    4.978
    Brace yourselves:

    1. Моментално на прво место ми е The Big Bang Theory. Во серијата се раскажува за секојдневниот живот на двајца физичари од Калтек (Шелдон и Ленард), кои живеат спроти русокоса келнерка (Пени) која сака да стане актерка. Ленард и Шелдон се цимери и брилијантни физичари. Тие се беспрекорни умови кои знаат како функционира вселената. Но, ова знаење не им помага во комуникацијата со останатиот свет, а особено кога треба да се разговара со жените. Ситуацијата се менува кога во станот отспротива се вселува симпатичната и комуникативна Пени. За Ленард, од тој момент се отвора еден сосема нов, нему непознат свет, во кој може да се најде место и за љубов. Најдобриот дел е што сеуште се снима и ќе имаме доооооста епизоди за гледање YAY!
    2. Old but gold - Grey's Anatomy. Дејството се фокусира на група млади доктори, кои ја започнуваат својата медицинска обука како стажисти, напредувајќи во хирурзи, во болницата Сиетл Грејс (подоцна преименувана во Греј Слоан Мемориал) во Сиетл, Вашингтон. Протагонистот на серијата е д-р Мередит Греј, оттпрвин стажист под раководство на д-р Миранда Бејли, заедно со Кристина Јанг, Џорџ О‘Мали, Изи Стивенс и Алекс Карев. Веднаш по смртта на О‘Мали и заминувањето на Стивенс, во шесттата сезона како нивна замена се воведени д-р Џексон Ејвери и д-р Ејприл Кепнер. Останатиот дел од актерскиот тим е составен од ликови, дел од персоналот на болницата, меѓу кои Дерек Шепард, главен љубовен интерес на Мередит, како и неговата жена д-р Адисон Монтгомери, која на крајот од третата сезона преоѓа во своја нова серија насловена Private Practice.
    3. Witches of East End ги следи животните дејства на семејство вештерки Бошамп: Џоана и нејзините две ќерки Фреја и Ингрид, како и нејзината сестра Венди. За жал оваа серија има само две сезони, едвај се помирив и ги имам изгледано епизодите по неколку пати. :lol:
    4. Body of Proof - драма во која главна улога е патологот Меган Хант. Таа се труди да балансира меѓу професионалниот живот (каде решава случаи и анализира тела) и приватниот живот (пробувајќи да се зближи со нејзината ќерка). Хант прво работеше како неврохирург, но автомобилска несреќа и го смени животот што потоа резултираше да изгуби пациент на операционата маса. Таа се откажа од оваа професија. Интересен факт: за време на снимање на серијата, ликовите биле под надзор од вистински патолози и форензичари кои помагале сите процедури да се извршат реално и точно. По 3 сезони престана и оваа серија.
    5. Desperate Housewives кој не ги гледал, сега е време да почне. Локацијата на серијата е во улицата Вистерија Лејн, во американското предградие Фервју. Ги следи животите на пет жени (Габриел Солис, Линет Скаво, Сузан Мајер, Бри Хоџ и Иди Брит) гледано од очите на нивната почината сосетка (Мери Алис Јанг) како тие се справуваат со секојдневните нивни проблеми, додека во позадина се откриваат мистерии.
    6. Уште една класика добро позната на сите е Sex and the City. Локација на снимање е Њу Јорк каде се фокусираме на животите на четирите најдобри пријателки: Кери Бредшо, Саманта Џоунс, Шарлот Јорк и Миранда Хобс. Во серијата слушаме за нивните сексуални доживувања и фантазии, како и за нивните верувања и мислења. Често, нивните разговори беа искрени дискусии за романса и сексуалност, особено во контекстот да се биде сама жена. 6 сезони за сите оние кои се слободоумни во врска со сексот, а да станат такви и оние кои не се. Серијата е реалистичен портрет на сексуалното однесување и животниот стил на многу урбани Американци.
    7. Hawaii Five-0 e акциона серија која ја следи истоимената елитна полициска група што се бори против криминалот во Хаваи. Главен на овој департман кој решава случаи од тероризам до киднапирање е командирот Стив Мек Герет. Негов партнер и пријател е детективот Дани Вилијамс. Во овој тим членуваат и командантот Чин Хо Кели и неговата братучетка - полицајката Коно Калакуа, специјалната агентка Лори Вестон, доктор Макс Бергман, Џери Ортега. Подоцна се приклучуваат и командирот на СВАТ единицата Лу Гровер и девојката на Стив - Кетрин Ролинс. И немојте да ја гледате само заради главнава улога, навистина интересна е серијава :lol:
    8. За оние на кои им недостигаат шпанските серии - Jane the Virgin e сатирична романтична комедиска драма која се фокусира на животот на една млада, вредна и религиозна латинска девица Џејн Виљануева која случајно е оплодена преку ин-витро постапка. Во серијата се зборува главно на англиски, иако се користат доста шпански фрази. Џејн на почетокот е во врска со детективот Мајкл Кордеро, но по оплодувањето се станува комплицирано. Биолошкиот донатор е женет, поранешен плејбој и човек кој преживеал канцер и не е само сопственик на хотелот каде што работи Џејн, туку е и нејзин поранешен симпатија (Рафаел Солано). Во текот на бременоста, Џејн е растргната со одлуки за нејзиниот професионален живот и двоумења дали да биде со Мајкл или со Рафаел.
    9. Долго време бев опседната со Spartacus. Протагонист во серијалот е познатиот грчки гладијатор Спартак кој станува водач на големото востание на робовите против римската власт. Не многу реални акциони сцени, ама затоа голотија, секс и насилство колку сакате.
    10. Empire - Приказната на серијата се центрира околу Луциус Лајон, основач и директор на Empire Entertainment, една од најуспешните музички издавачки куќи во Америка. Toj e поранешен дилер на дрога кој се соочува со потешкотии откако гревовите од минатото се враќаат да го гонат во сегашноста. Луциус е свршен со Аника. Куки Лајон е неговата бивша жена и мајката на неговите три сина која поминала 17 години во затвор заради дилерство со дрога. Андре Лајон е најстариот син на Луциус и Куки. Андрè е финансискиот директор на Empire Entertainment која боледува од биполарно растројство. Џамал Лајон - "црната овца" во фамилијата и најталентираниот од трите синови. Џамал е хомосексуалец и заради тоа е во несогласности со неговиот татко. Хаким Лајон е хип-хоп ѕвезда и најомилениот син на Луциус. Хаким е во одлична врска со брат му Џамал и чуствува омраза спрема Куки.
    11. Во Hart of Dixie главна улога е докторката Зои Харт која по уништувањето на нејзините соништа да стане кардиохирург, прифаќа да работи во мала медицинска ординација во Блубел, Алабама. И покрај тоа што е многу интелигента и што зборува брзо, Зои често запаѓа во невоља поради тоа што не ги разбира горделивите јужњачки обичаи.
    12. Devious Maids зазема дејство во Беверли Хилс, Калифорнија и ги следи животите на 4 латино девојки кои работаат како чистачки во куќите на богатите семејства (Марисол Суарез, Роси Фалта, Кармен Луна и Зоила Дијаз). Додека работат за најгламурозните и најмоќни жители на Беверли Хилс, чистачките често се соочуваат со тајни, мистерии и криминали скриени од фасадата на нивните богати работодавци зад затворена врата во нивните домови. За жал од оваа серија гледавме само 4 сезони.
    13. Инспирирана од романот „Грофот од Монте Кристо“, имавме можност да ја гледаме Revenge. Предобра серија. Емили Торн оди во Хемптон за време на летото, изнајмувајќи куќа до богатото семејство Грејсон. Сепак откриено е дека Емили претходно била во Хемптон кога била мало девојче. Всушност Емили е Аманда Кларк, чиј татко бил обвинет за злосторство кое не го извршил и бил осуден на доживотна казна затвор. Таа била засекогаш разделена од него и никогаш не го видела повторно. Сега таа се враќа во Хемптон со намера да им се одмазди на луѓето кои ѝ наштетиле неа и на нејзиниот татко. Викторија Грејсон - главата на семејството Грејсон и жената која ја сакал таткото на Емили која на крајот го предала, е на врвот на нејзината одмазничка листа. Емили сака на сите да им се одмазди. Додека го спроведува својот план, Емили се обидува да го управува високото општество кон уништување на оние кои го предале нејзиниот татко. Но, колку подалеку оди, толку повеќе доаѓаат до израз нејзините чувства и таа започнува да се сомнева во нејзиниот мотив и потезите кои што ги прави.
    14. Young & Hungry - насловов зборува за себе :). Богатиот претприемач Џош Камински кој живее во Сан Франциско и дава работа на Габи Дајмонд како готвач во неговиот стан. Во серијата се работи за парот и нивните пријатели после дилемата околу нивниот секс за една вечер.
    15. *FAVE* The Royals e драма во која главни улоги се: кралицата на Англија - Хелена, нејзините близнаци принц Лиам и принцезата Еленор, нејзиниот девер - принцот Сајрус (по смртта на кралот Симон, ја наследува титулата), телохранителот и уценувачот на принцезата Еленор - Џаспер Фрост со кој подоцна развиваат љубовна врска и Тед кој е главен на тимот кој го заштитува кралското семејство. Гледајте да не ви раскажуваат!
    16. Rules of Engagement - 2 пара и нивниот сингл пријател се соочуваат со компликациите кои ги носат врските и браковите. Се јавуваат различни врски во различни стадиуми: Џеф и Одри Бингам како пар кои се долго во брак и тазе верените Адам и Џенифер Ротс. Како нивни сингл пријатели ги гледаме: Расел Данбар и Тимир Пател. Сите тие често заедно се собираат да дискутираат за нивните проблеми во ресторанот „The Island Diner“.

    Се надевам ви дадов идеи за наредна серија. Не сум љубител на одредени жанрови, како што сами видовте, туку едноставно си гледам тоа што во моментот мислам дека ми е интересно. :hai:
    best-spock-leonard-nimoy-star-trek-episodes-750x480.jpg
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kohlensäure

    Kohlensäure Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2016
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    4.707
    Пол:
    Женски
    Што точно бараш со ова "љубовна"... страст,секс,романса?
    Еве нешто лесно со повеќе романтика
    Younger
    aov8rzjd_xk-market_maxres.jpg
    Awkward
    347436257_1382572377.jpg
    90210
    90210-1024x768.jpg
     
  13. IvanaJenner

    IvanaJenner Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2017
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Riverdale. Интересна серија. :D Прво ја гледав на еден српски сајт "гледалица" но понекогаш кочи, така да сега гледам на "Popcorn". :* :lol: :clap:
     
  14. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    The Punisher
    [​IMG]
    Серијава првобитно е класифицира како спин офф од Дердевил, така да ако сте ја гледале втората сезона од ДД запознаени сте со Френк Кесл ака The Punisher. Искрено мене најдобар дел од втората сезона на ДД ми беше токму он па затоа со душа чекав да направат и самостојна серија каде малку повеќе ќе се запознаеме со ликот и минатото на Френк, и што уствари го натерало да се претвори во антихерој како сите што го нарекуваат.
    И морам да признаам дека воопшто не ме разочара. Ептен ми се допадна што ја ставам тука негде меѓу прво и второ место со Дердевил никако не можам да се одлучам.:D
    Одлично разработена приказна, одлични ликови, одлични негативци. Се појавува и Карен Пејџ од ДД, и иако таму не можев да ја поднесам тука ми беше потолерантна и имаат одлична хемија со Френк.
    Интересна приказна и многу двосмислена. Некој ги оправдува постапките на Френк бидејќи убива само криминалци, луѓе кои направиле здодела, но од друга страна сепак станува збор за одземање нечиј живот. Има ептен добри дијалози и опфаќа доста популарни и контраверзни теми како gun control што се навистина добро разработени. И секако го имаме Jon Berntral како The Punisher што е полн погодок и еден од најдобрите кастинзи воопшто што сум ги видела.
    Дури не е ни потребно да сте ги гледале останатите серии од Нетфликс, може слободно да се гледа како самостојна приказна, ама препорачувам да ја изгледате само ДД претходно, посебно втора сезона колку да бидете запознаени со неговата приказна!:D
     
    На 1209, blackpanter, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.021
    Допаѓања:
    159.676
    Пол:
    Женски
    The Good Place
    [​IMG]
    1 2 3
    Ова ми е една од сериите за кои чудно ме привлекуваше, а не бев многу надежна за тоа што ќе се случува и мора да кажам дека многу е лесна за гледање, многу интересна. Особено ми се допадна првата сезона, втората не толку, ама првата е одлична.
    Се работи за девојка Елеонор, која е пуштена во доброто место (рај), место во лошото место (пекол), и зошто е на грешно место и за сега го знае само таа тоа, се обидува да се однесува морално за да си го заслужи местото во доброто место.
    Се работи за лесна комедија, која брзо се гледа и према мене навистина вреди да се посвети време на неа.
     
    На WildMk, sweet-cherry, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.021
    Допаѓања:
    159.676
    Пол:
    Женски
    Dark
    [​IMG]
    Уште сум до првите три епизоди, ама врнежливо е, ќе биди за брзо готово. Серијава е феноменална, иако до крај на втора епизода бев цела прашалници не знаејќи што се случува. Прва серија на која сакам да ѝ ја слушам интро песната исто така.
    Се работи за еден мал германски град, каде што исчезнуваат две деца, и со самото истражување и одење подлабоко во серијата се открива поврзаноста на четири фамилии кои се претставени уште во првата епизода и имаат одредена врска. Што и да кажам повеќе би било спојлер.
    Има многу голем Stranger Things vibe, и мислам тоа е дел кој ми се допаѓа најмногу и се надевам дека нема серијава да ме разочара дур да стигнам до крајот.
    1 2 3
     
    На LadyC, WildMk, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  17. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.342
    Пол:
    Женски
    Riverdale
    That 70s snow
    Првава серија е под основа од Archie comics,и ако се сеќавате имаше еднаш една епизода со Scooby Doo and Jossie and the pussycats?Е овде тие ликови се перфектно обработени така модернистички накај teen наликува но сепак има нешо акција,мистерија,драма ова она...
    Вторава серија е прејака,малце е стара ама не знам колку ја имате гледано порано(јас не ни бројам колку пати ја имам гледано),но сепак ви ја препорачувам како беше во 70тите години кроз животите на Ерик,Дона итн.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    http://www.imdb.com/title/tt0306414/

    Не знам дали некој ја спомнал серијата The Wire, но станува збор за исклучително квалитетна серија веројатно една и од најдобрите серии некогаш снимени според многумина. Мотив на серијата е тешкиот живот на црнците низ гетата во Балтимор. Сиромаштија, дрога, криминал, полиција пресликано низ една многу реална слика.

    Втора серија што ја загледав периодов е Сенки над Балканот. Мојот впечаток е што знам. Се гледа дека посветиле внимание на камера, глума, маски, приказна, квалитетна селекција на глумци. Покажува Балканот дека може да креира серија од врвен квалитет со малку средства, но некако серијата ми е копија на британската Peaky Blinders.

    Никола Ристановски блеска во серијата. Неговите дијалози звучат доста моќно во негова интерпретација.
     
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.021
    Допаѓања:
    159.676
    Пол:
    Женски
    The Sinner
    [​IMG]

    Ја почнав серијава, не ми беше интересна. Изнапикав тон работи дур ја продолжам и сега кога ја продолжив како друга серија да гледам. :o :l: Првата и втората епизода не ми оставија некој впечаток, па утрово кога си станав си реков ајде редно е да ја продолжам и стварно доби смисла, контекст.
    Се работи за Кора, која е мајка и сопруга. Навидум се нормално семејство, одат на плажа и додека дечко и девојка малку подалеку од нив се бакнуваат и пуштаат музика, која е како тригер за Кора, која лупи јаболко за синчето, станува и со ножот го убива дечкото. Потоа се работи за судењето, за нејзиното минато, приватен живот, проблеми кои ги имала, можни причини поради кои се случило тоа што се случило и слично. За разлика од други слични серии кои ги имам гледано со оваа тематика - оваа ми се допадна најмногу. Почетокот ми беше малку развлечен и ќе згрешев ако решев да не ја продолжам серијава. Се надевам дека нема да ме разочара уште за некоја епизода. :lol:
    Засега има една сезона со осум епизоди кои траат по околу 40 минути.
    Не очекував ова да го речам пред една недела кога ги гледав првите две епизоди, ама длабоко ја препорачувам. :wasntme:
    1 2 3
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    6.115
    Пол:
    Женски
    The war at home (2005-2007)
    T_78902.png

    Жанр: комедија

    Parents struggle to raise their teens.

    Вики и Дејв се родители на тројца тинејџери. Сето она што нивните деца се обидуваат да го направат, они го имаат направено (најмалку два пати :rofl:) . Серијава ја покажува секојдневната борба помеѓу тинејџерите и нивните родители. Секој од нас би се пронашол во ситуациите прикажани во серијата.