Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорачајте интересна серија со кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Sonce, 8 ноември 2009.

  1. Miss.A.

    Miss.A. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    По колку минути е една епизода?
    Имам претчувство дека е предобра, и ќе ја изгледам за 2 дена. Па после ќе плачам за уште.;(
    Се надевам дека се снима и втора сезона.:bandit:
     
  2. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.026
    Пол:
    Женски
    Изгледа интересно, а и штом е од Нетфликс сигурно е добра.
    За сега на листа за чекање, премногу серии гледам во моментов, а многу чекаат ред.:)
     
  3. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    околу 45 мин, една епизода ако не се лажам. Толку и ние во 2 дена ја смачкавме :D на wikipedia пишува бр. на сезони 2, ваљда се снима втората сезона.
    да нетфликс моментално има нај добри серии.
     
    На smooch и Miss.A. им се допаѓа ова.
  4. Miss.A.

    Miss.A. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    @ane.bella, и Vis a Vis е исто така добар, гледај ја ако ја немаш гледано.(y)
     
  5. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    Rosewood(FOX crime 20:10h пон-пет)
    Криминалистичка серија за патологот Роузвуд кој има приватна лабораторија и решава секакви видови убиства со детективката Вилја и детективот Хорнсток.Едноставно прејака е според мене серијава.
    :P
     
    На Miss.A. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Исто на нетфликс ја има?
     
  7. Miss.A.

    Miss.A. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Да!:angel:
     
  8. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Не можам да ја најдам на нетфликс, дали е можно да не е достапна во Америка? Чудно ми е :|
     
  9. Miss.A.

    Miss.A. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Locked up и е насловот на англиски, заборавив да непоменам.:sweat::)
    [​IMG]
     
  10. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Ја нема, момаков мој ми кажа дека нетфликс е регионален во смисла различни држави различна програма за гледање.
    Дали ти ја почна серијата кас што ја препорачав.
     
  11. Miss.A.

    Miss.A. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Штета:|...ама би требало да ја стават во програма, баш на пролет треба да излегува нова сезона.:inlove:
    Денес почнувам.:party:
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Question за НЕтфликс...
    Нели прв месец е безплатно...е сега дали тоа важи пример од 10 до 10 нареден месец или ако се уклучам на 10ти ќе ми биде до 1ви март само...???
     
  13. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    29.332
    Пол:
    Женски
    Важи од датумот кога ќе се регистрираш. Значи би било од 10 до 10ти.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    167.327
    Пол:
    Женски
    Точно еден месец, на денот кога правиш прва уплата, следниот месец на иста дата правиш уплата.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    167.327
    Пол:
    Женски
    The Good Doctor
    upload_2018-2-8_21-7-18.png
    Се работи за генијален доктор, со аутизам, за кој од почеток се дискутира дали треба или не треба да работи со зборови „денес спаси човек, но утре можи да убие поради неговата состојба“. Прво, мора да пофалам добро глумење, тоа е голем, голем плус за мене. Повеќе ми е важна добра, точна глума наспроти приказна зошто колку и да е лоша приказната, ако е добро глумено можи да стани добра и добро прифатена приказна. Секоја епизода е во болница каде Шон Марфи се соочува со многу предизвици, секојдневно, и постојано се надоградува, учи, се подобрува.
    Длабоко ја препорачувам.
    1 2


    Young Justice
    upload_2018-2-8_21-13-19.png
    Како голем фан на DC, за мене серијава беше цреша на шлаг. Ја уживав секој момент, прво зошто ликовите ги имам читано и гледано во многу други изданија. Следно, имам преголема надеж дека во третата сезона ќе се појави мојот омилен лик, па еве стискам прсти. Дамјанче, те чекам.
    Накратко, се работи за малите херои, оние кои ги припомагаат постарите, кои имаа засебен тим и се на пат кон осамостојување за да од young justice, да преминат во justice league. Имаат многу мисии, без малку драма не би било тоа што е исто така, но во глобала доста акција, одлична анимација, иста и како анимираните филмови на DC (од тука верувам дека Дамиан ќе се појави).
    1 2


    Друго што гледав и не баш ми го зеде вниманието.
     
  16. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Quantico

    Поглед на животите на млади вработени во ФБИ за обука во базата Квантико во Вирџинија, кога еден од нив е осомничен дека е теренски терорист.

    Оцена 10/10
     
    На pianogirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.597
    Допаѓања:
    35.064
    Пол:
    Женски
    Да ми препорачате серија? Некоја која е завршена, оти немам нерви секоја недела да чекам нова епизода. Сакам во еден здив сите да ги изгледам. Нешто во стилот на Стар Трек Војаџер, scifi ама не too much. Не сакам бајковити, комедии. Може нешто крими, драма. Нешто лесно за гледање, да пуштам мозокот на пасење :rofl:
     
  18. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.026
    Пол:
    Женски
    Firefly
    Постара е оваа. Јас не гледам многу scifi и оваа ја почнав најмногу заради TBBT, дек Шелдон ја збореше - многу му се допаднала и затоа ја симнав.
    Мене не ми беше нешто нај особено почетокот, и таман кога ми стана интересна толку беше.
    И овие се текви некако - на листа за чекање ми се мене, види може ќе ти се допаднат, одлични реакции има и од двете.
    Black Mirror
    Altered Carbon


     
    Последна измена: 9 февруари 2018
    На Scott Weiland, Nausicaa, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    167.327
    Пол:
    Женски
    Ако си фан на Star Trek, би ти рекла гледај Star Trek: Discovery, ама тек уште епизода мислам завршува прва сезона, далеку од завршена серија е. Ама вреди многу.
    The Sinner е завршена, со една сезона, се работи за жена која убива момче на плажа, па се зборува за нејзиното судење. За време на судењето се гледа нејзината ментална состојба и мотивот поради што се случува тоа што се случува.
    11.22.63, која топло ја препорачувам иако не сум сигурна дека баш влегува во тоа го сакаш, како и повеќето серии кои се сосем завршени, а ги имам гледано. Се работи за професор кој можи да се врати во минатото во одредено време, треба да живее во минатото извесен период, и има за цел да го спречи убиството на прецедателот Кенеди.
    Одамна ги немам гледано и затоа се двоумев дали да ги напишам, ама одамна ги имав гледано 24 серијалот, криминалистички. Планирам да ги гледам па сега вака од меморија се думав дали вреди да пишам или не зошто некогаш меморијата знај да излажи.

    Е сега ќе ти предложам некои добри кои не се завршени, па сепак, одлуката паѓа на тебе.
    Altered Carbon е нова, надежна, доста добра серија. Се работи за далечна иднина во која луѓето свеста ја складираат и доколку дискот во кој им е свеста не е уништен - тие можи да бидат „родени“ пак во ново тело. Тоа се случува со главниот лик, кој е терорист, но се раѓа пак. Секогаш кога имам нешто гледано пазам да не ми се испушти нешто.
    Black Mirror е совршена. Секоја епизода е засебна приказна, како да гледаш мини филмови е. Заедничко е што се работи за влијанието и негативните страни на технологијата, најчесто.
    Dynasty ретко гледам чисто нешто ради драма, ама имав потреба за релаксација и серијава е на место. Значи драма, драма и само драма е. Се работи за богато семејство и нивните меѓусебни караници. Ако не се лажам има и постара серија под исто име, оваа што ја гледам јас е remake.
    Lucifer ти е детективска серија, најчесто решаваат убиста, а Луцифер е себичен и егоистичен консултант во Лос Анџелес, па секоја истрага ја сфаќа лично за нешто што него му се случва во животот. Патем се работи за ѓаволот кој му се здосади да седи во пеколот па се пресели во Лос Анџелес.
    Master of None никогаш не сум знаела како оваа серија да ја препорачам, ама е доста добра, секојдневна, и доста лесна за гледање, а во исто време обработва тешки теми на многу едноставен начин. Прави се да изгледа лесно.
    Marvel's the punisher, не е многу криминалистична, ни пак драма. Нешто измеѓу, за војник кој бара одмазда за убиството на својата фамилија е. Ако си фан на насилство и екстремни, некогаш и дури многу громорозни сцени - длабоко препорачувам. Една од омилените серии ми е во моментот.
    The Expanse една од подобрите серии кои ги гледам, значи се работи во иднината каде што Сончевиот систем е колонизиран. Има политика, љубов, пријателство, истажувања, борба. Дејството се одвива на три места, три паралелни приказни кои eventually се соединуваат или треба да се соединат. Едната е на Земјата, другата е на вселенски брод, а третата е на одредена вселенска станица. Во третата приказна има пропаднат полицаец кој се обидува да најди изгубена девојка.

    едит 2. Ја испуштив 9-1-1, нова е, засега нема ни цела сезона поминато ама се работи за секојдневна работа на полиција, пожарникарна и сл., со разни примери и примеси на приватниот живот на вработените, нели да се внеси малку и драма инаку ќе испадни како документарец.
    Како други вреди за гледање, кои не сум сигурна дека би ти се допаднале: Atypical, BoJack Horseman, Dark, Stranger Things, Game of Thrones, Sense8 и the man in the high castle.
    едит. Од серииве кои сеуште се емитуваат, ретко која во моментот вади неделно епизода. Тие од Нетфликс ја вадат сезоната наеднаш, а периодов кон средина или кон крај на сезона се повеќето.
     
    Последна измена: 9 февруари 2018
    На Scott Weiland, Nausicaa, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. лавица19

    лавица19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    здраво дали некој можи да ми препорача психолошка,драма,мистерија..нешто слично на Mr ROBOT?