Препорачајте интересна серија The vampire diaries Gossip girl How i met your mother Modern family Desperate house wives cougar town House Greys Anatomy
Препорачајте интересна серија Мора да ви ја препорачам Fringe. Ептен е добра, моментално излегува 3та сезона, предходните 2 имаат по 22-24 епизоди така нешто, од последнава има 10тина излезено. Серијава е напната скроз, ептен заразна, изгледајте ја првата епизода и нема да можете да ја оставите Се работи за фби агент (преубава девојка) која заедно со двајца, еден научник,физичар и син му истражуваат чудни, необјаснети феномени - значи не се работи за марсовци и такви ставри туку необјаснети феномени од облста на физиката како телепортација, патување низ времето, вештачка интелигенција...кршење на законите на природата и физиката. Еден од креаторите е и Ј.Ј.Abrams, па ако ви се допаѓаат Lost и Flash and Forward, оваа ќе ја сакате 100%
Препорачајте интересна серија Lost! - единствена, неповторлива, најдобра! Одамна заврши ама ако некој ја нема гледано, навистина ја препорачувам. Californication - е на ова се смеам многу во последно време. Дејвид Духовни е цар!
Препорачајте интересна серија Garry Unmarried ми е интересна, почнав да ја гледам на Фокс Лајф. Исто од Фокс Лајф и Greek ми се допаѓа. Не знам колку сте запознаени со серијава, се работи за студенти кои се во братства/сестринства на колеџ. Мене ми е интересна, но бидејќи не знам кога точно ја даваат, не сум многу редовна со гледањето. Да не ги заборавам и Gossip Girl, House и How I met your mother - серии кои дефинитивно вреди да се погледнат.
Препорачајте интересна серија Samantha Who на памет ја знам Сто пати ја вртат на фокс лајф, ама не знам дали ја дале до крај. Има само две сезони серијава и на нет ја изгледав, бидејќи нели, на фокс лајф нема шанси да дочекаш крај на некоја серија.
Препорачајте интересна серија Glee ја загледав, ама не ми се виде интересна. Можеби требаше да и дадам шанса, ама жанрот мјузикл ми оди на нерви. Modern family исто погледнав 2 епизоди и престанав со гледање. Хуморот извештачен, ликовите некако без душа. Овие не ги препорачувам за гледање.
Препорачајте интересна серија модерн фемили јас ја гледам, не ми е нешто посебно, ама и јас првите неколку епизоди ми беа како идиотски, не знам поточно кој збор да го употребам, посебно ради фактот што не сме навикнати да гледаме хумористични серии без она смеењето во позадина а понатаму има епизоди(кога ќе се навикниш) што се газев од смеење ) ми се допаѓа мене, ама не ми е од типот серии со кои сум заразена, па едвај да чекам следна епизода.... Lie to me ( http://en.wikipedia.org/wiki/Lie_to_Me) би ви ја препорачала, не дека е феноменална, туку дека е интересна, иако третава сезона која е во тек некако слабо се покажа. Првата и втората се онака добри. Можеби има некоја сличност со The Mentalist ( http://en.wikipedia.org/wiki/The_Mentalist )(или барем други ја споредуваа).
Препорачајте интересна серија Nurse Jackie Многу интересна серија, Џеки е медицинска сестра која води двоен живот, има маж и две деца а во болницата каде што работи има дечко Само една докторка со која се пријателки знае се за неа. Исто така шмрка и пие апчиња, и секој ден го вади венчалниот прстен пред да влезе во болницата. Многу интересен лик а и глумицата ја сакам многу. Серијава ја гледам на FoxLife. http://www.youtube.com/watch?v=1reaej51 ... re=related
Препорачајте интересна серија Лелеле, колку сакав да ги гледам. Со душа чекав нова епизода да дадат за да гледам Сори за офф топиков ама да не знае некоја каде да ја најдам серијава ?!?!
Препорачајте интересна серија The Big Bang Theory е најзакон серија шо сум ја гледала, значи хумор, сарказам невидени! Ама ви препорачувам да ја гледате ако ви е добар англискиот зашто мкд превод за оваа серија не сум сретнала. Сега е во тек 4тата сезона
Препорачајте интересна серија ^http://forum.femina.mk/serii-i-emisii/teorijata-za-big-beng-the-big-bang-theory-t4477/ Eве има тема за серијата И јас исто ја препорачувам, ќе ве изненади хуморот.
Препорачајте интересна серија Gossip Girl и The Big Bang Theory се оние што моментално ги гледам и топло ги препорачувам, посебно TBBT Планирам после How I Met Your Mother да ја гледам. А да, и Allo Allo ви препорачувам иако е стара серијата сепак е многу смешна
Препорачајте интересна серија Британска серија, досега има 3 сезони, ќе излезе и 4-та која воедно ќе биде и последна. По 8 епизоди во сезона, во времетраење од 20 минути. Може да ја изгледате и во еден ден. Многу интересна.