Да ја препорачам. Средно темпо по дејствие, затоа не е ни досадна ни прединамична. Има само една сезона од 6 епизоди, со, според мене одлична актерска постава. Интересна и за мене поинаква, затоа што не сум гледала хрватска серија од времетоЗамрсени односи стандард, но тоа е ваљда дозволено во драма нели. Одлично сценарио и продукција
Queen of the South ✔ Оваа серија започна во 2016 до крајот на 2018 има 3 сезони и во 2019 се очекува четвртата. Дејството започнува во Мексико,Синалоа главните ликовите носат шпански имиња но јазикот е англиски. Има криминален карактер доста е драматична и динамична,има постојано предизвик кој ти го задржва вниманието. Се се врти околу Тереса Мендоза која е прогонувана од шефот на картелот кој му пресудил смртна казна и таа секојдневно бара нови начини како да преживее па се испостави дека тоа го прави одлично и ќе стигне таа да го убие него и да му ја превземи позицијата, инаку мислам дека по вистинска приказна е режирана има доста тешки ликови со јак карактер, не е поучна во никој случај ама ја прикажува црната страна на успехот на Тереса и како стигна да биде кралица на југот.
The Passage Серијава многу ми се допадна предобра е! Се работи за животот на Ејми Белафонте, девојче сираче, додека таа е манипулирана од страна на владата за заштита на човештвото за иднината на дистописки вампири.
И јас ја загледав The passage. Мајка ми ја имаше фатено на fox и ја симнавме. Нејзе и беше малку језивка, јас ја продолжив and i am hooked. Во потрага по лек за болест, двајца доктори одат во Боливија во научна експедиција и ќе најдат откритие што може да го промени светот. Но, тоа има цена. А цената ја плаќаат затвореници на смрттна казна кои ги користат како лабараториски глувци за тестирање на лекот. Тајниот проект го достигнува врвот, кога на земјата и се заканува епидемија која може да го уништи целото население доколку наскоро не се модифицира формулата на лекот и го прават најстрашниот чекор од сите, го тестираат лекот на дете. Но, дали навистина ова ќе донесе лек за епидемијата или ќе создаде уште полоша нова епидемија е the main question. Интересна е ептен серијава, барем за мене. Sci-fi, dystopian со малку хорор елементи. Базирана е на новела, до сега има 4 епизоди излезено, и мене ми се допаѓа како се развива приказната. Дека е нешто ново, не е. Ама интересна е за гледање.
I second this. Имам серии за предлози само премногу ме мрзи да пишам за шо се ама серијава ми е доста добра. Зошто само за викенд гледам, дел ми се за покасно гледам, ама оваа ја гледам од недела за недела.
Последно ги гледав The fall, This is us и clique. The fall, е една од подобрите криминални серии со многу добро сценарио и глумци. Guilty as charged почнав да ја гледам заради Jamie Dornan кој глуми сериски убиец и некако тешко ми беше да го прифатам како таков зашто глумецот ми е симпатија драма- трилер- крими серија што не треба да се пропушти, а да и ирскиот акцент ми е многу интересен. This is us, првата сезона бев заразена, интересна фамилијарна драма со неочекувани пресврти, ама во втора сезона на средина некако изгубив ентузијазам. Clique е британска серија драма со студентки кои одат на пракса во фирма вмешана во нелегални дејства (во првата сезона).
Се приклучувам и јас на препоракава. Многу освежителна серија, ги обработува сите можни табу теми на забавен и смешен начин. Ликови тинејџери се во фокус, но во никој случај не е само за таа возраст. @theowndemon како и секогаш е врвен дилер за серии.
You kid, сакаш нешто за размрдвање, хехе? Имам за спуштање тука, имам за кревање, некои шо ќе те натерат да се прашаш за реалноста хехе.......
Rosewell, New Mexico Кога видов кои се глумци и глумици во серијава одма ја засакав. Од Originals, Pretty Little Liars и The Vampire Diaries добар тим се. Реинтеграција на Розвел, која се базира на жителите на Ново Мексико, каде што вознемјани живеат скриени меѓу луѓето.
The Umbrella Academy https://www.imdb.com/title/tt1312171/ Во ист ден, во исто време низ светот се раѓаат 43 бебиња од мајки кои не биле бремени. Седум од тие деца се посвоени од екцентричен билионер, и откако ќе се покаже дека поседуваат супер моќи, стануваат дел од The Umbrella Academy со цел да се борат против криминалци. Екстремно популарни кога биле деца, денес како возрасни, супер-хероите се далеку од тоа што биле некогаш- Лутер живее на месечината, Диего е се уште борец против криминалот но како маскиран одмаздник, Алисон е ултра позната холивудска глумица, Вања е просечна виолинистка, Бен е мртов, Клаус е џанки а Број.5 скокнал во времето како дете и уште се нема вратено. Браќата и сестрите не се блиски и не се виделе подолго време па кога ќе почине нивниот посвоител, и сите ќе пристигнат за погребот, семејната дисфункционална динамика повторно ќе исплива на површина. Но и покрај разликите во карактери, сите ќе мораат да работат заедно зошто Број.5 се враќа од иднината со предупредување дека светот завршува за осум дена. Предобра серија! Интересна приказна, забавни ликови, откачени негативци, одлична музика. Крајот? Само морам да предупредам, ептен е заразна па можно е да баталите се што треба правите за да ја изгледате во едно седнување
Последно гледам Сајки сум предложила во темава, прва серија шо сум ја почнала годинава, па сега дур не ме има смрзено да напишам уште нешто. Young Justice Ја предлагам, иако сега излезе трета сезона. После втора сезона беше прекината и не можам да опишам колку жал ми беше и колку криво и колку бев разочарана. И немаше посреќен чоек од мене кога кажаа дека уствари - ќе ја продолжат! Сезоната е breathtaking, ама тоа можи да е и мојата пристрасност кон DC во глобала (гледам во цел Arrowverse кои се многу лоши ама моето DC срце не можи да ги остави и да ги прекини сериите). Обично, меѓу сезони има одредени time- jumps, се претставуваат нови генерации на супер херои, некои се пензионираат, други беа доволно упорно да влезат во Justice League. Главна тема оваа сезонава е како тоа се киднапираат луѓе, ги вшприцуваат со мета- луѓе ген, голем дел умираат, а другиот дел мутираат и губат свест, ретко да има некој успешен експеримент. Па се алудира на трговија со луѓе, политика и такви работи. Значи сезоната е одлично осмислена. На моменти анимирањето потфрла, ама ќе решам, ептен сум пристрасна. 10/10 Project Blue Book Прва мисла кога ја почнав серијава ми беше: ОмГ ЛиДлФиНгР е ДоБаР и ЖеНа Му Ќе Си НаЈдИ жЕнСкА хЕхЕх Покрај фактот дека требаше да се навикнам ликов да го асоцирам со добри улоги, и ми е тешко, првата епизода јадев лајна, ама ми легна серијата. Доста добро обработена е, има, еден вид на шарм. Се работи за можноста на постење на вонземјани и фактот дека тие веќе се на Земјава. Накратко, се шират теории на заговор во врска со вонземјани во екот на Студената Војна и главниот лик ЛиДлФиНгР тоа го истражува. 8/10 Sex Education Серијава ми е една од најдобрите кои ги имам гледано годинава. Се работи за тинејџери, во училиште, на кои им вријат хормоните, па сите експериментираат, пробуваат нови работи и им треба некој да им помогни. Е сега, мајката на главниот лик е сексолог, и уште од ден еден јас дадов кладба дека е трауматизиран јер соба до соба е со мајка му. Ама, тој исто така има начин како да ги слуша сеансите со клиентите, па од прилика знај како да реагира. Од тука, девојката на сликата и главниот лик почнуваат бизнис каде му држат терапија на соучениците во врска со нивните проблеми поврзани со секс. Вака делува невино и интересно, ама многу, многу тешки теми се обработуваат за зборање. А, и баѓи иронија е користена за одредени теми. Тоа секогаш носи многу поени кај мене. Спојлер: Абортус + секс пред брак Сликата е за абортус. Исто истава девојка протестираше пред клиника за абортус со дечко ѝ. Ама, дозна дека тој имал секс пред брак и му се налути. И сега Отис, главниот лик кој држи терапија, проба да ѝ поможи велејќи дека тоа не е лошо, не е страшно да имаш секс пред брак и дека неговото искуство наспроти нејзиното неискуство не треба да ја плаши. И тука, девојкава фрла нуклеарка за се шо има праено sex- related ама никако секс, зошто вагиналниот секс е даден од Бог и е нешто специјално кое треба да го прат само мажот и жената во брак. 10/10 The Passage И новата серија за ... вампири! Ок, не. Експерименти за луѓе, возрасните се претворат во вампири и барат небитно дете за да експериментират врз него. Задачата да дават на нестабилен аген, кој според фамилијарната историја веројатно ќе отстрапи од мисијата, и да, отстапува од мисијата и се обидува да го спаси девојчето кое требаше да го киднапира. Према како ја опишав, ќе земите да помислите дека не ми се допаѓа. То е факт. Серијата не е најдобра, не е најдобро осмислена во поглед на приказната ама ми се допаѓа динамиката на агентот со детето и изненадно ми е лесна за гледање, доволно добра за да ја предложам некому. И ми се допаѓаат ликовите. Особено девојчето. Девојчето е легендарно и нема да ја остам серијата ради неа, прај се да е доста интересно. Ама искрено, кога ја почнав серијава ми беше досадно и имав ниски очекувања. Мислам дека некогаш е добро ко ќе одиш со ниски очекувања - не можиш да се разочараш. 6/10 Deadly Class Ми е моментално една од најомилените серии. Баш е како life action anime, особено кога ќе се тепаат. Се работи за група на деца кои одат во училиште за assassination. Сите часови им се поврзани со тоа: отрови, боречки вештини, лажење итн. И тие се групираат во gangs, и поќето се пуштени од некоја мафија па се групираат соодветно. Е сега, пример главниот лик, беше бездомник, па тој доби скелет од стаорец, да си знај дека не припаѓа на ни една група. Friendly, I know. Серијава е базирана на стрип, и кога се враќаат накратко на историјата на ликовите (обично, која е причината зошто се во ова училиште, кој што направил па да се мисли дека има потенцијал), се анимирани, во стрип стил. Со дечко ми веќе се решивме дека серијава е не-анимирано аниме. 9.5/10 The Umbrella Academy Се работи за билионер кој реши да посвои деца кои се родени на ист ден, 7 посвои, 6 од нив со моќи, родени од 43 небремени жени околу светот. И сите имаат одреден број, од еден до седум. Додека растат, татко им, или посвоителот, ги тренира и обучува, за еден ден, тие да го спасат светот. Тие се доста популарни, фаќаат прекршители на законот, уште како деца, има многу стрипови и акциони фигури базирани на нив (fun fact: и серијава е базирана на стрип креиран од freaking Gerard Way #myemoheartcanthandleit) ама во цела оваа приказна број 7 е изолирана. Број 5, има моќ каде можи да скока од едно место во друго. Да се телепортира на еден начин, е еден ден откри како да скокни низ време и скокна на ден после апокалипсата, каде нема останато ни еден жив човек. Па поради грешка во калкулации, се враќа во минатото кај своите браќа и сестри, осум дена пред апокалипсата и се обидуваат да ја спречат (ова не е спојлер туку е дел од трајлерот дури). Во глобала, предобра серија. Спојлер: Долорес - најдобриот лик во серијата! 10/10
Го дочекав денот за кој никогаш не верував дека ќе дојде – да препорачам серија за гледање од овие простори. Шокантно, знам. Black Sun (или Сенки над Балканот) е криминалистичка серија со приказна сместена во периодот помеѓу двете светски војни, чие главно дејство се одвива во Белград. Серијата ги следи двајцата инспектори – едниот стар, воен и полициски ветеран, циник со типично „балкански“ методи, другиот млад и надежен, на самиот почеток на кариерата, образуван во Швајцарија, според најсовремените криминалистички методи – во нивната истрага на сѐ поголемиот број на убиства со обезглавувања во градот. Во серијата ги имаме и следниве ствари: руската кралска армија во егзил и нивниот генерал, тајно нацистичко здружение, копјето со кое е убиен Исус, комунистички диверзанти, терористички организации (ВМРО ), корумпирани државници, трговија со опиум, проституција и разврат. И сето тоа спакувано во одлично компонирана приказна, преполна со акција, неизвесност, интриги и пресврти. Освен интересната и (за нашиве филмски простори) невообичаена приказна, вниманието ми го привлече и севкупниот изглед на серијата. Продукцијата изгледа доста високо – комотно можам да речам, рамо до рамо со денешните „холивудски“ серии – заедно со сценографијата, костимографијата и сѐ останато. Да не збореа на српски (и руски, македонски и германски), и да не беше сместена на нашиве простори, тешко ќе ми беше да забележам дека серијава е од балканска продукција. Во однос на актерите, и тука бев пријатно изненаден – одлична актерска екипа, речиси без промашувања (да, има и македонски актери, меѓу кои и Ристановски). Знам дека е тешко да се поверува во сево ова – и ја би бил скептичен кога некој би ми фалел некоја „наша“ серија, особено имајќи ги предвид досегашните остварувања на ова поле – ама серијава е стварно вреди да ѝ се даде шанса. И за случај да не успеав да ве убедам, еве и трејлер, за да не мора да ми верувате на зборот. Bonus tip: Има англиски титлови за сите излезени епизоди, ако некој има мака со екс-ју јазиците.
Мистериите на детектив Мурдок Серијава припаѓа на жанр криминалистичка драма,детективот Мурдок работи во полициска станица во Торонто и решава убиства. Временскиот период е крајот 1890г. и почетокот на 1900г. Интересна серија,каде до последно не се знае кој е убиецот.Посебно ми се допаѓа што во секоја епизода,е вклучена некоја историска личност како на пр: Никола Тесла,Марија Кири Склодовска, и сл. Ја препорачувам од срце,за сите љубители на науката и мистериите. 10/10