Versailles. Го опфаќа периодот кога на кралот Луј XIV му доаѓа идеја да го изгради познатиот дворец Версај. Интриги, лаги, љубов, неверства, сплетки, секс и се што вклучува животот во тогашна Франција. Јазикот во серијата е англиски, одлична актерска екипа, 3 сезони, снимени од 2015 до 2018. Посебно ќе го издвојам Александар Влахос во улога на Филип, брат на кралот Луј, кој бил отворен хомосексуалец во тоа време. И се разбира, гледајте ја целосната верзија, не цензурираната што тече по тв програмиве. 9/10
Само што ја завршив со гледање последната снимана сезона 4 од Outlander , интересна серија која има од се по малку: фантазија, историја ,секс.
Seven seconds на Нетфлекс е. Не ме бидува многу да пишувам рецензии, некој во две реченици ќе ја опише цела серија, мене сигурно ќе ми земе цела страна и пак нема да ви ја доловам сликата на серијата Затоа ќе ставам you tube трејлер и кратка рецензија од интернет . Серијата е многу добра ветувам, гледајте ја нема да зажалите За сега има само 1 сезона. When 15-year-old black cyclist Brenton Butler dies in a hit-and-run accident -- with a white police officer behind the wheel of the vehicle -- Jersey City explodes with racial tension. This crime drama explores the aftermath of the accident, which includes an attempted cover-up by the police department and a volatile trial. Assistant prosecutor KJ wants to prosecute the hit-and-run as a hate crime, in addition to a negligent homicide. The longer the case drags on without a resolution, the more tense the situation becomes. Emmy winner Regina King stars as Brenton's churchgoing mother, Latrice
Russian Doll Се работи за жена која на нејзиниот 36-ти роденден ја прегазува кола, по што пак се враќа на почетокот на забавата. Ова се повторува неколку пати, умира на најразлични начини за да се врати на истиот момент и да ја живее истата вечер, па таа сфаќа дека е заглавена во бескраен time loop и пробува сѐ за да ја реши мистеријава. Излезена е само една сезона, 8 епизоди од пола саат, ја голтнав за едно попладне денес. Надја ме освои уште во првите сцени - многу интересен, гледлив лик, со опасна смисла за хумор. Комична и мрачна во исто време, mind blowing серија со емоционална длабока порака, фантастично нешто. Топло ја препорачувам.
The Enemy Whithin Многу добра серија! Ерика Шепард беше еден од најбрилијантните оперативци на ЦИА, додека таа не стана една од најголемите предавници во американската историја, служејќи доживотна затворска казна во затворот Supermax. Сега, за да ја спаси нејзината ќерка, таа мора да се здружи со агентот на ФБИ Вил Китон - човек чиј живот го уништи - да пронајде жестоко опасен, неостварлив криминалец и неговата легија на шпиони.
Ја препорачувам, чисто колку да направите промена од досегашниот претек на серии. Серијата има 40тина епизоди, се работи за животите на четворица млади во 30тите и нивните пријателства, емотивни односи, начин на живот и сл. Дајте и шанса, баш е интересна, реална и помалку романтична.
The Murders Многу добра серија, за тие што сакаат детективски серии со мистерија. Кејт Џејмсон е нова детективка за убиство во полициската станица, која бара искупување во сите нејзини истраги откако нејзиниот партнер е убиен.
Love, Death and Robots (2019) Серија која најлесно би ја опишал како анимирана верзија на Black Mirror. Со таа разлика што ги нема сите работи кои мене не ми се свиѓаа кај Black Mirror - не е претенциозна, не се преправа дека е ултра-интелигентна или наменета за менса публика и епизодите не траат како гладна година. Напротив - имаме интересни приказни, спакувани во епизоди кои траат по 10-15 минути, секоја со различна приказна и од различен автор - и секоја со различен тип на анимација. И има од се’ по нешто - тешки и мрачни егзистенцијални прашања, акција, хумор и бизарна артоина. Се’ на се’, дефинитивно нешто што вреди да се погледне - особено ако сте фан на Black Mirror, а и ако воошто не сте.
Последна серија што ја изгледав е шпанската драма El Embarcadero (Док) шпанците се стварно мајстори за љубов и прељуба сето тоа исплетенано во триаголник. Нема да пишувам за дејството. Го поставува прашањето дали е возможно да се љубат двајца во исто време?! Дали брзиот живот и амбициите го уништуваат задоволството на животот?! Дали родителот може да го предаде сопственото дете за сметка на својот успех?! Не станува збор за многу набиено дејство туку за меѓучовечки односи и врски кои сочинуваат еден живот.
Ај да препорачам и јас неколку од моите омилени серии: 1. 9-1-1 (201 Една од најдобрите серии што сум ги гледала во последно време. Се работи за пожарникари, џандари и вработени во кол центарот на 9-1-1 каде излагаат на терен и се соочуваат секојдневно со страшно необични случки кои се просто неописливи, треба да ги видите со свои очи. ПРЕ ДО БРА ! 10/10 од мене оцена https://www.imdb.com/title/tt7235466/?ref_=nv_sr_1?ref_=nv_sr_1 2. Legacies (2019) Бидејќи обожавам серии со вампири, врколаци, трибриди и сл, ова е најново продолжение на режисерите на The Vampire Diaries и The Originals. Се работи за Hope ќерка / трибрид на Клаус Мајклсон еден од првите вампири , која е во школо за деца со натприродни моќи. За мене лично 10/10 https://www.imdb.com/title/tt8103070/?ref_=nv_sr_1?ref_=nv_sr_1 3. Тhe Order (2019) Дечко сакајќи да ја одмазди смртта на својата мајка се упишува на факултет каде сака да влезе во култ наречен The Order, знаејќи дека татко му (он смета дека е татко му одговорен за смртта на мајка му ) е главен лик на култот. Исто така ПРЕДОБРА 10/10 https://www.imdb.com/title/tt8295472/?ref_=nv_sr_1?ref_=nv_sr_1 Имам уште мн на лагер, ама мислам дека веќе ви се повеќето опфатени тука.
In The Dark Нова серија! Вака за почеток интересна е. Се работи за една млада, слепа жена која се обидува да го реши убиството на нејзиниот пријател.
Би сакала Бендер, али во последно глата ми страда и капацитот ми е опаднат. Да ја млуцнам Сабрина и ќе ја ѕирнам оваа. :3
18 епизоди, една епизода е 10 минути у просек, што значи 3 саати севкупно. Ја за два дена ја изгледав, ама ја сум аматер за бинџање у споредба со тебе.
Уф примамливо, са да ја почнам до полноќ готова. Tempting. Ама да ја догледам Сабрина и утре ќе ја гледам ова. Ради Сабрина два пати ќе закаснев на работа така да таман е темата - ГЛЕДАЈТЕ ЈА. Онака се туширав во 5 минути и трчав по автобус оти не ми се оставаше. :') Hail Satan.
Нешто ново, а добро што изгледав периодов беше "Love, Death & Robots", буквално испружување на кауч и гледање 4 саати од прва до последна епизода. Гледам пред пар мислења погоре убаво е препорачана, па нема да навлегувам во детали. Anyway, вчера завршив со "The Umbrella Academy". Излезена е уште во фебруари, што не знам како ми има промакнато. Група супер-херои (но не во класичната смисла на зборот као Супермен) кои пораснале заедно, се враќаат назад дома кога нивниот татко ќе умре. Неколку дена пред крајот на светот. Ликовите се преуникатни, секој со своја приказна, живот, борба, траума, прекрасно испреплетени во оние неколку денови од нивниот живот прикажани во сезонава. Серијава е полна со акција, sci fi елементи, комични моменти, многу добри визуелни ефекти и топ музика. Дури и крајот ми беше океј, уопште не го уплескале, туку даваат добра шанса за втора сезона.
Налетав на уште една многу добра серија - Warrior, базирана на напишани работи од Брус Ли. Излезени се 2 епизоди и можам да издвојам најмалку 3 сцени (на пример: 1:10) што ме натераа да не трепнам за да не пропуштам нешто. Дејствието е сетирано при крајот на 1800-тите во пределот Чајнатаун во Сан Франциско. Главниот лик А Сан доаѓа од Кина на брод како и секој друг кинез и уште во првиот ден се приклучува на една од водечките кинески банди, со цел да најде една девојка (барем во овие 2 епизоди кои засега се излезени). Многу добро е снимена, сцените со тепачки имаат посебен стил и шарм, ликовите се привлечни, а приказната е се' уште во развивање, но делува интересна. Не знам зошто, нешто ме потсеќа малку на Daredevil. Дали поради тој тип на кадри... П.С. Што е фората со серииве што ги прават најавните шпици во ист стил? Мислам, ми се допаѓаат, ама сум забележала во последниве 2-3 години, многу серии имаат сличен стил.