Одлична глума, содржина се' туто комплето. Уживав во сите епизоди, воопшто не ми стана досадна или напорна. Ја препорачувам иии ќе чекаме нова сезона
Breakout Kings Интересна серија, има 2 сезони Се работи за една екипа на американските маршали се здружуваат со затворенеци (поранешни бегалци) да работат заедно на пронаоѓање на бегалци од затвори во замена за добивање време од затвор и да бидат на слобода.
The Boys - во општество каде што реткост и привилегија е да се родиш со супер моќ, една корумпирана компанија има оформено елитна група од 7 суперхерои. Она што е различно од останатите серии и филмови со слична тематика е што тука уште од самиот почеток сфаќаме дека супер хероите се само расипани егоистични идиоти со физичка моќ која останатите луѓе ја немаат. Во општеството се претставуваат како спасители, така што пуштаат во етер исценирани моменти каде што се борат против негативци, додека во приватноста се впуштаат во секакви гнасотии и ги искористуваат луѓето поради нивната супериорност. "The boys" се неколку момци кои ќе направат се' за да им се одмаздат за сите срања што им ги имаат направено овие супер"херои". Ликовите се издвојуваат секој со свој карактер, улога, моќ и изглед, актерите завршиле одлична работа, поготово Antony Starr кој го глуми главниот негативец "Homelander". Не штедат на насилство, има еден куп крвави сцени, но исто така и драматично, акциони, па дури и хумористични. Дури и крајот е добар, што е реткост у серии.
Revolution Предобра серија, има само две сезони незнам зашто ја откажаа и заврши многу глупо а стварно добра беше. Петнаесет години по глобално затемнување, група револуционери се обидуваат да избркаат окупаторска сила претставувајќи се како Владата на Соединетите држави.
The loudest voice Минисерија со 7 епизоди, со Russel Crowe (непрепознатлив) во главната улога и одлична глумачка екипа покрај него. Драма во која се опишува патот кон славата на основачот на Fox Life телевизијата, но и неговиот пад поради бројните игри и сексуално злоставување на вработените. Серија со постојано и интересно дејство. Мој личен рејтинг 9/10
Unbelievable - вчера изгледав 7 од 8 епизоди. Као, гледав буквално 7 саати. Не ја изгледав последната, бидејќи стварно доцна ми стана и не сакав во ум пред спиење да ми биде приказнава. Можеби најдобрата серија што ја имам гледано годинава, од повеќе аспекти. Прво, станува збор за вистинска приказна (приказнИ). Без да оддавам многу спојлери започнува со силување на 16 годишна девојка во сопствениот дом каде што во текот на ноќта додека спие, влегува маж и ја напаѓа. Отткако дава многубројни извештаи, деталите во приказната не се поклопуваат целосно и полицијата не само што не и верува, ја тера да признае дека го измислила настанот. На врв на се', ја тужат за лажен извештај за силување. Во меѓувреме, односно во наредните неколку години паралелно пратиме слични случаеви. Две детективки сфаќаат дека постои сериски силувател. Она што ми се допаѓа пред се' е тоа што акцентот е ставен на жените. Поточно, насилството врз нив. Колку е често домашното насилство, вклучувајќи го и тоа кај униформираните мажи кои треба да го штитат народот од насилство, а тие го практикуваат дома со своите жени. Колку мажите не реагираат исто кога ќе дознаат низ што проаѓаат жените, бидејќи ретки се оние мажи кои прошле низ домашно или сексуално насилство. А со тоа, ја немаат истата жар и агресија која жените ја осеќаат и желбата за спроведување на правда. Глумата е повеќе од ОДЛИЧНА! Не знам кој подобро глуми. Девојките кои се жртви или детективките. Искрено, Kaitlyn Dever ја немам сретнато претходно, ама така добро си глуми девојката... цело време посакував да ја гушнам! Toni Collette по не знам кој пат докажува колку ѕверски глуми! И Merritt Wever! Многу многу ме радува кога ќе ја видам Мерет у добра улога. Кога ја гледав у Godless си мислев цело време, глумицава екстремно многу добро глуми, а ми е така позната. И после сфатив дека е докторката Денис од The Walking Dead! Полека полека, добар опус си праи. Приказнава крши срце, ама глеј те ја обавезно, и мажи и жени! Ај што е вистински случај, одлично е пренесен. Сите срања со кои жените се случуваат, за жал фактот останува дека до ден денес ништо речиси не е променето!
La casa de papel Подобра и поинтересна серија од оваа- НЕМА! Овој мојов на глава застана додека ме убеди да ја гледам, тој беше импресиониран и на сите им кажа дека е совршена серијава, а јас упорно не неее ти не знаеш што гледаш. И ми вика ај само една епизода изгледај па ќе праиме муабет. Ја гледам првава епизода реков не е можно некој ваква серија да измислил се до детал испланирано задржува внимание од прва минута до последна, одма пуштив и втора,оопп сезоната во 2 дена ајде! Нема да ви кажувам ништо за серијава оставам на вас. Три сезони се излезени, 4тата се очекува во 2020, единствено тоа е недостаток што мора да чекам! П.С.Токио на најјако!
Marianne - француска хорор серија на Нетфликс каде што главниот лик Ема е позната писателка која пишува книги за вештерката Мариан која ја прогонува во соништата уште од детството. Поттикната од самоубиството на нејзината другарка од градчето од каде што потекнува, таа се враќа дома да се соочи со Мариан. На пола серија приказната ми подздосади, ама па колку е језива у пм!
From Dusk Till Dawn Многу добра серија! Тексас ренџер е во потрага по злогласните браќа Гецко и нивните заложници. Сите завршуваат заробени во пустински бар, тајно водени од вампири и откриваат вампирски заговор.
"The hundred" ("The 100") Возбудлива серија, со многу акција и непредвидливост. Земјата е уништена од нуклеарки, при што е збришан човечкиот род од земјата. На почетокот се смета дека единствените преживеани се одреден број на луѓе кои живеат во вселената на "Арката" која лебди над земјината атмосфера. Околу 100 години подоцна, кога залихите на кислород на Арката се при крај, тие се решаваат да испратат 100 млади затвореници на земјата кои имаат околу 18 години, со цел да испробаат дали има некоја шанса земјата повторно да биде населена. Дали ќе преживеат, тоа ќе видите самите.
Јас ќе ви препорачам стари серии додуша бидејќи ми се поинтересни од сегашниве. 1.Agatha Christie's Poirot (1989-2013) Главната улога му е доделена на феноменалниот Давид Сушет,кој ја игра улогата на величествениот детектив,белгиецот Херкул Поаро.Во оваа серија станува збор за филмска адаптација на книгите на кралицата на крими романите-Агата Кристи.Некои епизоди се измислени приказни и направени во стилот на Агата,но повеќето се од нејзините книги. За љубителите на крими романите,ова е одлична серија. 2.Agatha Christie's Marple(2004-2013) Од 2004 до 2009 главната улога за уште еден познат лик од детективските романи на Агата Кристи-госпоѓата Марпл му беше доделена на Жералдин МекЕван,а од 2009-2013 на Јулија МекКензи.Исто така адаптација на книги на Агата Кристи каде главен лик е госпоѓата Марпл,во скоро ист стил како гореспоменатата серија. 3.The Golden Girls(1985-1992) Главните улоги се доделени на:Бети Вајт(Роуз),Беатриз Артур(Дороти),Еди-Ру МекКланахан и Естел Гети(Софија).Станува збор за стари жени на возраст од 50,60 и 80тина година кои откако се разведоа и им починаа сопрузите,се запознаа преку оглас за цимер и решија да бидат цимерки и заедно да живеат,што на крајот ќе резултира дека нема да бидат само цимерки,туку и другарки,сестри,фамилија.Оваа серија е од комедичен тип и хуморот е од тој период,но воглавно тој хумор до некаде е присутен и сега.Одлична забава за relax на мозокот. 4.The fresh prince of Bel-Air(1990-1996) Оваа серија е од комедичен со хумор и денешно присутен.Главната улога му е доделена на прејакиот Вил Смит(Вил),а останатите улога му се доделени на:Џејмс Авери(uncle Phil),Џенет Хуберт Витен(aunt Viv),Дафни Максвел Реид(aunt Viv во последната сезона),Алфонсо Рибеиро(Carlton),Татјана Али(Ashley),Карин Парсонс (Hillary),Џозеф Марсел(Geoffrey),Рос Бегли(Nicky),Диџеј Џозеф Џез(Jazz). Станува збор за млад пубертетлија кој се преселува од Филаделфија во домот на својата тетка за подобар живот и образование.Се случуваат многу комедични моменти,буквално до солзи во очите.Иако е цела серија хумор,на индиректен начин може многу работи да се научат за животот.Нешто слично како типот на Friends. 5.Muhtesem yuzyil:Kosem(2015-2017) Е ова не е стара серија,од понов период.Станува збор за љубителите на историјата,за величествениот век во текот на владеењето на претпоследната султанка од период кој беше наречен Султаната на жените. Оваа серија е со толку величествени сцени,оригинално прикажани некои историски делови за султанка која ја надмина и прочуената Хасеки Хурем Султан.Огромна моќ,интриги,убиства,убивање на султани,убивање на шехзаде(принцови),војни,походи,хуманитарност,љубов,омраза,љубомора,одмазда,болест...сето ова го има во една серија. Според оваа фамозна султанка која не дозволуваше никој да ја гази,има снимено и документарен филм и напишано книга-Црната Кралица Косем(иако правилно се чита Ќосем). Серијата ја има без превод на You Tube,а со хрватски превод ја има на фејсбук страницата Величанствено стољече-Косем. Ова е нешто од типот на Медичи серијата,само што е за Османлиска султанка.
Undone - серијата е анимирана, ама одглумено анимирана, ако тоа има логика. Главниот лик на серијата, 20 и нешто годишната девојка Алма се осеќа заглавена во рутината на своето секојдневие и не може да ја прифати онаа општа шема за живеење "работа/маж/деца" за остатокот од нејзиниот живот. Откако ќе доживее сообраќајна несреќа, секојдневието целосно ќе и' се поремети и ќе започне да навлегува во чуден свет, водена од нејзиниот починат татко. Во најмала рака, серијава вреди да се погледне поради визуелното патување што го нуди.
https://www.imdb.com/title/tt2249364/ Детективска трилер серија чија тематика го обработува убиството на 11 годишно момче. Одлична по мој вкус, заплеткана, необична. Одлична наратива, одлични кадри и одлична глума.
Се заразив. Ради неа навечер сум до 2 будна, а плус ао бебе сум и идам на работа. Ич не ми се праеше ќеиф да ја почнам дека е во постаро време, сеа само рачунам колку епизоди можам да изгледам во тек на ден
Fleabag & Killing Eve, две серии - освежувачки binge-watching материјал зад кои стои брилијантната Phoebe Waller-Bridge (во Fleabag освен сценариото ја толкува и главната улога). Првата е мрачна комедија за младa, ексцентрична Лондончанка (позната само како Флибег) во дисфункционално семејство, која со загубата на мајка си и чувството на вина за бизарната смрт на нејзината пријателка се справува преку бес и промискуитет. Втората е шпионски трилер кој ја следи чудната симбиоза меѓу две жени на свој начин посветени на својата *работа* - Виланел, психопат и обучен платен убиец (патем еден од најинтересните женски негативци во серии кои сум ги гледала), и Ив - МИ5 агентка која станува опседната со нејзиниот случај. И двете изобилуваат со отсечно саркастични и брутално реални дијалози во британски стил, совршен саундтрак, и пред сè одлично креирани женски ликови.
Има ли фанови на англиски детективски серии на форумов? Ако има, најтопло ви ги препорачувам Agatha Raisin и Queens of Mystery. И двете серии се многу забавни, имаат солидна доза на хумор, интересни заплети и до крај не се знае кој е убиецот. Одлични се за релаксација. Агата Рејсин е (средовечна) фраерка која како екстра добар пи-ар заработила доволно и решава да се пензионира во мало идилично селце, но набргу се наоѓа себе си како главна осомничена во убиство. Сомневајќи се во способноста на локалната полиција, решава сама да го истражи случајот, со помош на новите пријатели. И тоа е всушност накратко серијата. Каде и да оди Агата, се случува убиство во кое или таа или некој нејзин близок е осомничен и сите заедно го бараат убиецот. Базирано е на книга, снимени се две сезони, првата со осум епизоди, втората со само три. Во тек е третата сезона. Од мене има 10ка Кралици на мистеријата Младата детективка Матилда со нејзините три тетки, писателки на детективски романи, решаваат несекојдневни убиства. Но, мистеријата која највеќе би сакале да ја разрешат е исчезнувањето на четвртата сестра, мајката на Матилда. Досега има само една сезона, со три епизоди (ама во траење од по 1 час и 30 минути) Од мене оценка:10 ка Ако ви треба нешто за опуштање после напорен ден, нема да згрешите со серииве
See - во дистописка иднина човечката раса го изгубила сетилото за вид и општеството има посебни начини за интеракција, војување, градење, ловење и преживување. Паралелно пратиме едно племе каде што лидерот е огромниот Баба Вос, глумен од страна на прекрасниот Jason Mamoa, и лошата кралица Кејн која тргува со киднапирани луѓе. Да не навлегувам во детали и да споделувам спојлери, се' ќе се промени откако ќе се родат близнаци кои ќе може да гледаат. Идејата за приказната е интересна, иако има многу дупки во начинот на кој е претставена, со оглед на тоа дека станува збор за слепи луѓе. Но воглавно доста возбудлива е, има доволно акциони моменти за да не биде досадна, но и интересни филозофски драми за човештвото. Најмногу ми се допаѓа поради што и ја гледам е Момоа. Типот реално роден е за вакви улоги. Поготово сцената во 3-тата епизода кога иде да го спаси едниот близнак и потепува дузина негативци. His Dark Materials - ако се зачитате за содржината на серијава ќе забележите дека е испреплетена приказна од 1 или повеќе книги, бидејќи прв пат налетувам на неа, не сум точно сигурна. Во приказната ликовите живеат во некаков паралелен универзум каде што магијата, науката и теологијата се испреплетени. Ликовите од раѓање со нив имаат животно персонификација кое им е доживотен сопатник. Главниот лик, сирачето Лара ќе замине од домот каде што живее првично во потрага по нова авантура преку која подобро ќе го осознае светот, но подоцна во потрага по нејзиниот единствен другар кој ќе биде киднапиран. Таа ќе знае дека треба повеќе информации да собере околу феноменот Прав, нешто за кое нејзиниот вујко ги предупреди научниците кои се занимаваат со мистериозни нешта. Бидејќи излезени се само 2 епизоди, не можам ништо подобро да споделам. Во најмала рака, прекрасно е изработена, визуелните ефекти се многу симпатични и глумата е одлична. Серијава е мистична авантура и делува одлична и за деца и за возрасни.
Денес ми е во план да гледам втора епизода ама прва епизода ме остај вака - See од друга страна ми е одлична визуелно, ама се останато ми е доволно добро за да продолжам да ја гледам. Момоа се разбира беше причината зошто воопшто почнав да гледам. И многу ми е интересно како се движат.
Orange Is The New Black Конечно ја изгледав серијава, многу добра. Кога ја слушав од други што ја гледале ич не ми беше интересна но после почнав да ја гледам и стварно не е лоша. Осудена за едно сторено кривично дело на транспортирање пари од наркотик на нејзина поранешна девојка, откако Пипер Чапман е осудена на година и пол зад решетки таа се соочува со реалноста за тоа како навистина може да биде доживотниот затвор.