Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорачајте интересна серија со кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Sonce, 8 ноември 2009.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.502
    Допаѓања:
    166.040
    Пол:
    Женски
    Во тоа расположение сум и ќе прам сериско резиме на 2019 година со серии гледани и од претходни години чисто зошто се многу добри. Онака како сериски каталог. :D

    11.22.63 - секогаш тука на мојата добра страна. До сега вакви one shot серии ми имаат оставано најдобар впечаток. Долго секогаш не значи добро. Базирано е на книга од Стивен Кинг и се работи за средношколски професор кој патува назад во времето во дадената дата од самиот наслов - 11.22.63 и се обидува да спречи убиството на Кенеди. Арно ја изгледав два пати серијава пошто кога слегвам серии нели со ред се бројките и со ред се сериите. Е мене нешто ми имаше измешано компјутероти ги гледав 4та епизода, па 2ра, па 1ва, па 3та и си имав сфатено дека овој на секое патува назад. Накратко, гледајте ја со ред, вреди. :rofl: 9.5/10
    9-1-1
    - не е нова серија ама годинава вади нова сезона. Се работи за група на пожарникари (има и полицајци куц- туц, и центарот каде одговараат на итните повици), нивните животи на работа, со што се соочуваат и после тоа драмата дома. They be spilling the juice. 8.5/10
    The discovery of witches
    - оваа серија не ми се допадна многу. :D Ама е тука зошто има предобра сценографија и ефекти. Главниот лик е вештерка која сака ад не живее вештерски живот. Потоа наоѓа една книга и е „впиена“ назад во магичниот свет. Па потоа се запознава со еден дедо, ова вампир. Не би да влеглаво детали за тие кои би сакале да ја гледаат ама ... се сакаат де. Дур и во промотивниот постер е. Ама вампир и вештерка? Не, не. То е забрането. Ама сценографијата надохнадува за мех приказната. 5/10
    A Series of Unfortunate Events - темен, специфичен хумор кој прати едно семејство кое моментално се состои од деца сираци и некој нивен далечен роднина кој се обидува да има старателство над нив за да ги ограби. Сите останати пријатели кои родителите ги пишале како потенцијални старатели се обидуваат да ги чуваат, но Олаф успева да стигни до нив. ]:) Се збора и за тајни друштва инаку. 10/10
    Aggretsuko
    - е аниме за една немажена девојка која има постојан притисок од дома да се мажи и мајка ѝ константно се обидува да ѝ најди маж. Незадоволна е од работното место и има скриени агресивни тенденции кои ги искажува низ метал музика во приватна караоке соба. 10/10
    Atypical
    - секоја година кога ќе има нова сезона од ова ќе ја предлагам серијава. Н-А-Ј-Д-О-Б-Р-А! Серијата го прати животот на едно дете со аутизам и секојдневието и потешкотиите кои ги има. Во меѓувреме ја прати и драмата на целото семејство ама не е смао обична feel good серија туку ликовите се комплексни, проблемите се доста реалистично претставени и се запазуваат годините кои ги имаат личностите. 10+/10
    Big Mouth
    - вие кои имате дете кое влегува во пубертет, серијава ќе ви одговори многу прашања и ќе ви отвори уште толку. Ама препорачувам да си ја гледате со децата во пубертет онака да знат дека не се сами и дека промените кои се случуваат се неизбежни. Хуморот е врв. Серијата предобра. Прати живот на група на деца од иста возраст и нивните животи. Имаат хормонални чудовишта кои ги пратат и ги „палат“ технички пошто хормоналните чудовишта се репрезентација на хормоните кои тогаш почнуваат да се на сегде. 10/10
    BoJack Horseman
    - темна комедија, толку деликатно влегва во сериозни ментални заболувања да ти е ќеф да гледаш. Према мене, тоа што ликовите се репрезентирани од животни е да не биди пресериозна и претемна серијата. А, не кажав битните работи. Боуџек е главниот лик, живеј во Холивуд, ако не е веќе очигледно тој е коњ и пропаднат актер. Ама не му кажвајте дека е пропаднат актер. Имаше успешна серија во 80тите и уште се вади на стара слава со неа. Зависник. 10/10
    Britannia
    - се работи за земјата Британија и како непријателот (Рим) се обидува да ја окупира и направи своја земја. Луѓето кои се таму се спротиставуваат. Многу е магична. Прво, сценографијата е оргазмична. Предобро нешто. Следно, ликовите се добро изградени. И на моменти се осеќам како да гледам некој како игра MMORPG. Има друиди, вештери, богови, пагански ритуали. 8/10
    Carnival Row
    - е исто така фантастична серија, има самовили! Баш сега читав во кон жарн се дефинира крими- фантазија- трилер. Се работи за митолошки имигранти кои почнуваат да живеат мешано со луѓе, па не се прифаќаат, па „ни ги земаат работите“. Пример една група самовили се проститутки и сите самовили кои идат можат да најдат работа само таму. А, луѓето од друга страна сакаат и да ги истражуваат егзотичните земји на митските суштества. 10/10
    Castle Rock
    - мене прва сезона ми беше просек и не ми остај некој толку длабок впечаток, ама втора сезона го достигна самиот врв. Е сега, најважното, серијава е базирана на книга од Стивен Кинг, прилично сите му ги гледам адаптации на серии и се доста добри и сите ги препорачувам така и ова. Дејството се одвива во градот Castle Rock во Меин, и се смета дека е „проколнат“. Дека ѓаволот шета низ градот. Дека е негов град. Адвокат по потекло од градов, се враќа за ново дело и открива како се измачуваат луѓе, и конкретно еден маж, ама дете, ама маж кој е скоро нем. Поточно, можи да збора ама во поќето ситуации одбира да не збора. Втора сезона од друга страна е за нов лик кој доаѓа во градот. Скроз нов лик, налудничав, убиец, со својата ќерка. И пак, се случуваат некои работи, многу ми е тешко да кажвам вака површно по збор два ама гледајте ја. Давајќи ја 100тата 10ка за серија, се гледа дека само најдобрите ги предлагам, а не оние кои се просек. 10/10
    Castlevania - е ... аниме (?) ама не е јапонско и е од Нетфликс. :rofl: Има предсезона која беше чиста 10ка и прва сезона која беше ... просек. Ама меѓудругото сепак е доста добра и високо ја препорачувам. Се работи за ДРАКУЛА и неговиот живот. И тој е вампир, тој е воин, тој од ништо не се плаши, тој е научник. Ама, селаните не го сакаат. Се заљубува во жена, ѝ „дарува“ знаење (книги) и таа жена се шо сака е да помага на сите луѓе. Ама тие луѓе не ја прифаќаат зошто е „вештерка“ ради знаењето пошто дејството е во далечно минато. 7.8/10
    Chernobyl
    - знаејќи колку луѓе ја гледаа оваа серија само тука, не знам дали веќе има на кој да ја предложам. Чернобил го раздлабува дејството зад сцените што се случило во Чернобил 1986та. Политиката зад настанот, невниманието, начинот на кој се обиделе да го прикријат. Ептен добра серија, се глеад во ден. 10/10
    Chilling Adventures of Sabrina
    - е продукција на Нетфликс, се работи за тоа како Ѓаволот, лично, прави вештерки. Тоа би биле оргинални Санатисти, тие имаат одредени обреди со кои го служат него, му се молат, и на одредена возраст треба да се потпишат во неговата книга и тогаш можат да ги задржат вештерските моќи. Скоро и да не можат да умрат, само под одредени услови после тоа и не стареат туку задржуваат младешки лик. Ако не се потпишат во книгата ги губат моќите. Сабрина е мешанец од вештер и човечка жена, и исто така е крстена во католичка црква, која во серијата е прикажана како најголем непријател на вештерките. И таа е бунтовна и серијата ја прати нејзината бунтовност. 9/10
    Constantine: City of Demons
    - стиганјќи до 69тата серија за вештерски и магија и митски суштества, можам да кажам дека такви серии изгледа ме влечат. Ако не го знајте константин, читнете: Hellbalzer стриповите од DC. Константин е вештер (?), магионичар (?) ... не знам како да го опишам ама има магиски моќи. Инаку конкретната адаптација е во аниме стил. 9/10
    DC's Legends of Tomorrow
    - не сум сигурна дека би препорачала друга серија од Arrowverse серијата освен оваа. Се работи за C- list суперхерои за кои нема место во градовите каде што им се роднините, пријателите и другите суперхерои па тие стануваат бранители на времето. И патуваат напред, назад низ време и го спасуваат светот поќе од Супермен. Без навреда Супермен. И уште нешто, трета и четврта сезона гледајте. Во најмала рака не оставајте да ве обесхрабрат првите две. 8-| 9/10
    Dark
    - германска продукција, ептен заплеткана приказна која те тера да се прашаш: „кога се случи“ или „како се случи“ или „зошто се случи“, ново прашање секоја сезона претпоставувам. Ама да речиме дека исчезнуваат дете. Исчезнува едно конкретно дете. Се враќа назад во времето. Толку, не семам поќе. 10/10
    Deadly Class
    - се работи за училиште кое тренира assassins. 8) Исто така серијата се базира на стрип. Го прати животот на Маркус, тој е сирак, беше бездомен, ама е повикан на еден начин во ова училиште зошто се смета дека има потенцијал. Има одредени експлицитности и многу тин драма. 9/10
    Dear White People
    - исто така нетфликс продукција. Често знам да плукам по Нетфликс дека не прат добри серии (*гледам во 13 Reasons Why*) ама кога ќе загледам вака многу нивни серии ми се допаѓаат. Дејството се одвива во универзитет, каде што за прв пат имало црни студенти, па сега водат некоја борба на раса, па борба на пол, идеализам. Многу луѓе на кои ја имам предложено серијава не сакаат да ја гледаат оти мислат дека е некаква жртвена серија, и дека се прај reverse racism ама можам да кажам дека нема такво. Предобра е, навистина. 8.5/10
    Derry Girls
    - се сеќавам ја гледав инстиктивно оти Ирскиот акцент на трејлерот ми беше смешен. ПРЕДОБРА Е. Комедија е, дејството е во Ирска, имаат многу hate врска со Англија, па еден од ликовите е Англичанец и добива многу хејт за тоа до толку шо оди во женско католичко училиште место во машко зошто машките ќе го тепале, а женските не би го наоѓале атрактивен. 10+/10
    Designated Survivor
    - е политичка драма би рекла. Плус то „дилфот“ (во јазик на Шерил Блосом од Риврдејл да кринџнам) од серијата 24 е главен лик, Кифер Сатерленд. Тој беше одбран за designated survivor а тоа е кога умри претсетаделот, па замената, па сите можни замени, има некој одбран од претходно кој ја зазема полицијата на претседател. Епа типов е тој избраниот. Покасно веќе и е легитимно избран претседател. Политика. 8.9/10
    Disenchantment
    - е цртан кој можам да кажам дека ми ја обележа годината. Се работи за принцеза, демон и елф. Пијат, се дрогират, прат глупости. Во позадина има во моментот чума. После то многу работи се случуваат ама ова е основата. 11/10
    Dynasty
    - не е толку добра колку шо ми е guilty pleasure. Се работи за богата фамилија која има драматички проблеми и богати луѓе проблеми. 7/10
    ERASED
    - е аниме кое топло го предлагам на сите. Се работи за едно дете кое има моќ кратко да биди во минатото и да смени одредени работи. Е сега кога бил дете едно девојче било киднапирано, силувано и убиено и тој се навраќа во тој дел од детството и живее одреден број недели таму и се обидува да спречи девојчето да биди киднапирано, силувано и убиено. Се обидува и да најди кој го прави тоа. Неколку пати не успева и неколку пати се враќа назад. 10/10

    Се уморив од пишење, а и многу серии требаше да ги тргнам зошто сум имала поќе од 1500 карактери, и за уште малку ќе остам за некој друг ден. Нека биди ова Дел 1. :sweat:

    ДЕЛ 1
     
    На candy.cane, Scott Weiland, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.502
    Допаѓања:
    166.040
    Пол:
    Женски
    ... продолжение

    Final Space - е цртан кој се одвива во иднината каде луѓето патуваат во вселената. Таму се сретнуваат со Mooncake кое е најсилното суштество во цел универзум и доколку провоцирано или малтретирано можи да предизвика да се случи Final Space. Епа тоа пробуваат да го спречат цела сезона, а Mooncake е толку слатко. Би си го чувала за милениче. 10/10
    For all Mankind
    - е серија за луѓе кои одат на месечината. Група на астронаути кои полетуваат, останата група на женски астронаути кои ги обучуваат зошто НАСА доби критика дека нема доволно жени. Па и по малку драмата на главните ликови надвор од работното место. Исто така САД против СССР. 9.5/10
    GLOW
    - група на девојки, актерки, кои имаат потреба од пари се нафаќаат да работат програма каде што од бокс, боречка вештина, врска немам шо конкретно, прават уметност и шоу. Па заземаат одредени улоги, како на пример едната ја репрезентира Америка, а другата Русија, во време кога беа во војна за да ја возбудат публиката. Ги обработува личните животи и како им влијаат на работата, па како се држат сите како група и семејство зошто за време на снимањето поминуваат многу време најбитно. И секогаш гледавме како вежбаат и како снимаат ама еднаш серијава не удостои со една цела епизода како би била од аспект на гледач во серијата. 8.5/10
    Game of Thrones
    - треба да објаснувам? Гледајте ја, скокнете последна сезона за ваше добро. 9/10 за инает.
    Good Omens - е базирана на книга на Тери Претчет и се работи за еден ангел и демон кој шетаат по земјата и се пријатели и се обидуваат да спречат крај на светот и неизбежната војна меѓу ангелите и демоните. 9/10
    Happy!
    - е темна комедија за несреќен човек кој има замислено другарче. Поточно едно девојче е во неволја и нејзиното замислено другарче оди кај овој несреќен, насилен човек за да ја спасат. 10/10
    His Dark Materials
    - заврши сезоната неодамна и е базирана на книга ако не се лажам. Серијата е феноменална. Сценографијата е ОДЛИЧНА, незаменлива. Приказната е ПРЕДОБРА. Се работи за посебен свет каде што секој човек е поделен меѓу тело и душа и душата му е во животинка која секогаш мора да е во близина. 10+/10
    Insatiable
    - еј сослушајте ме ... прва сезона е лоша комедија, втора сезона е пародија и е предобра. Толку добра шо не ми се верваше дека гледам иста серија. Плус, отвора многу сериозни теми, многу теми за проблеми со исхраната и психолошката позадина на истото. 7/10
    Lost in Space
    - е серија каде што луѓе од Земјата колонизираат планета. Ама уз пат се случуваат одредени непогоди и се „загинват“. Има еден робот кој би рекла е главен лик, кој можи да ги врати кај шо треба, ама друг таков робот е причина зошто 24тата колонизирачка мисија го „греши“ патот. 10/10
    MINDHUNTER
    - психолочки трилер би рекла, каде што двајца агенти испитуваат и сослушуваат затвореници, сериски убијци, силувачи и работат на рехабилитација на затворените, а не само на нивно казнување. Ликовите кои ги сослушуваат се реални ликови, после епизода често читав онака за споредба. Дур и ликовите ептен им ги годат, физички. 10/10
    Maniac
    - е серија one shot, со една сезона и е ненормално добра. Се работи за експериметн каде што двајца непознати кои се дел од експериментот им се испреплетуваат патиштата. 10/10
    My Hero Academia
    - е аниме во свет каде луѓето почнаа да мутираат и имаат супермоќи. Има посебно училиште за херои пошто многу луѓе тие мутации ги користат за лошо. Ако не се лажам моментално стои за едно од најдобрите аниме серијали и најпопуларно. 10/10
    Osmosis
    - дејството се одвива во Парис, во блиска иднина каде шо се развива апликација за дејтање и кога ќе се поврзиш со сродната душа, пошто апликацијата ја бара сродната душа, се поврзвате на повеќе нивоа. 9/10
    Prodigal Son
    - до сега скоро вадеше нови епизоди. Се работи за син на сериски убиец, кој има доживеано траума ради татко му и има истиснати мемории. Има одредени тенденции и работи како консултант за полицијата зошто можи да размислува како убиец, ради уникатната ситуација во која се наоѓа. 10/10

    Honorable Mentions: Ajin, Altered Carbon, American Gods, Angel of Death, Black Mirror, Chewing Gum, Creepshow, Devilman Crybaby, Doctor Who, Don't trust the B--- in apartment 23, Elementary, Elite, Everything Sucks, Friends, Frontier, God friended me, Godzilla, Gotham, Gravity Falls, Hannibal, Jane the Virgin, Killing Eve, Manifest, Mars, Marvel's Agent Carter, Marvel's Cloak and Dagger, Marvel's Jessica Jones, Marvel's Punisher, Patrick Melrose, Master of None, Merry Happy Whatever, New Amsterdam, Nailed it!, Krypton, One Punch Man, Russian Doll, Santa Clarita Diet, Sherlock, Sick Note, Sugar Rush, Supergirl, Swamp Thing, That 70s show, the Blacklist, The Frankenstein Chronicles, The Goldbergs, The I-land, The purge, the sinner, Vikings, Victorious

    Ова неискажаното шо морав да го избришам од претходното мислење да не е џабе куцав, нека биди вака посебно.

    ДЕЛ 2
     
    На Scott Weiland, Lella, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  3. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Ај препорачајте серија од хбо...
     
  4. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.026
    Пол:
    Женски
    True Detective
    Big Little Lies
    Game of Thrones
    Euphoria
     
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.502
    Допаѓања:
    166.040
    Пол:
    Женски
    Ми излезе са реклама од HBO и ако добро видов His Dark Materials е нивна.
     
  6. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Од овие еуфорија ја неам гледано. Ќе проверам...
     
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Silicon Valley
    sv.jpg


    Конечно после исцрпна потрага по мини хумористична серија, наидов на овој гем. Ми фалеше вакво нешто нердовско откако едвај раскрстив со Биг Бенг.

    Накратко, брилијантен мозок со одлична граунд брејкинг бизнис идеја, со социјални и менаџерски способности у минус, пробува да се пробие у светот покрај крупните зверки во ИТ фелата, кои момците како Ричард ги јадат за појадок.
    Како и дали ќе успее, погледнете сами. :D
     
    На Bojana890 и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.502
    Допаѓања:
    166.040
    Пол:
    Женски
    ... продолжение

    Raising Dion - не е најдобрата серија ама мене ми стои некако уникатна. Се работи за дете со супермоќи, кои уствари наследно ги доби од татко му кој е умрен ама ... не баш? Ја почнав серијава ради Michael B. Jordan ама го имаше премалку и мислам дека за то малку се разочарав ама воглавно беше многу емотивна и многу интересна серија. 7/10
    Rick and Morty
    - од кога ја гледам не мислам дека некогаш ја имам предложено, за жал. И еве ќе ја искористам приликата да ја предложам серијава. Анимирана е за научник (и дедо) и внукот кој не е воопшто паметен и нивните авантури во мултиверзумот. На многу суптилен начин се отвораат тешки теми. 10/10
    Riverdale
    - е ужасна. :D Ама после трета сезона, ако можите да се релаксирате и да се смејте на серијата ГЛЕДАЈТЕ ЈА. Ја предлагам зошто толку е лоша, што уствари е добра. Би сакала да ви кажам за шо е, ама не мислам дека има човек кој знај. 5/10
    See
    - на почеток малку ми беше трула ама како што прогресираше приказната некако ми легна. Главен лик Џејсон Момоа, главна причина зошто ја почнав серијава. Дејствотот се одвива во апокалиптична иднина каде што луѓето се слепи и не постојат луѓе кои гледаат. .... but do they? Пошто уствари има човек кој гледа и се пари со луѓе кои не гледаат и излегуваат деца кои гледаат. Тие мислат дека е иднината на човештвото. Инаку слепите, оти се слепи, технолошки се многу назад, многу работи кои ни го олеснуваат животот сега им се оневозможени, за разлика од оваа мала група на луѓе кои можат да гледаат. 8/10
    Sense 8
    - мојата омилена оргиј-- ова серија. Се работи за 8 луѓе, од различни места на планетава кои се споени на некое подруго ниво, родени во скроз исто време. Кога им се активира „спојкава“, тие се поврзуваат и можат да комуницираат без физички бариери. И не се тие само луѓе кои се поврзуваат вака, туку има многу други групи од по 8 луѓе и можат да се поврзат и да бидат во контакт, поврзувајќи се со очи. Буквално ако јас сум во ПМС, и некој со кој сум во ист ''cluster'' можи да го почувстува то. Или ако не ме бива за нешто, некој да ми помогни, без нели, никој да знај. 10+/10
    Seven Deadly Sins
    - е аниме кое вреди да го гледате, без мајтап. Се работи за 7 херои со карактеристики на седумте смртни гревови. Се борат против демони кои сакаат да го освојат светот. 9/10
    Sex Education
    - ми е една од оние серии кои ми ја обележаа годинава. Ако добро памтам и јас предложив во темава, можеби во друга. Ама негде сигурно ја предложив и повторував колку добра серија е уствари. Се работи за Отис (кој можеби има, или нема доживеано некаква траума) и не можи да мастубира и општо да има било каква врска со сексуални активности. Но, неговата мајка е ... сексолог! И е под постојан притисок. Сепак, слушајќи ги сеансите на мајка му, тој разбира одредени работи. Е сега, во училиште има едно девојче - Мив. Та знај да прај пари и бизнис. Таа овозможува Отис да држи „терапија“, према то шо има слушано од мајка му, на соучениците. 10+/10
    South Park
    - го прати животот на 4 деца, и во последно на цел град кој се вика South Park. Каде децата водат бурен живот, а возрасните се глупи. 23 сезони има, сериозно сакате да резимирам за шо се работи? 10/10
    Star Trek: Discovery
    - е уште една Star Trek серија, но овој пат е на бродот Discovery кој истражува space travel, брзо патување, начини, ризици. Фактички, е научен брод. Е сега, се случуваат работи, како тоа кое го користат за патување е жива габа и уствари има цел свет на мрежи со кој мора да си деликатен. Ова серија многу добро се сеќавам дека беше од оние кои сакав да ги прекинам после 2-3 епизоди. Серијава е многу поќе од првите 2-3 епизоди. 8.5/10
    Stranger Things
    - не мислам дека има некој кој нема слушнато за серијава ама исто прати живот на група на деца во еден град каде што ги напаѓаат суштества од „долниот“ свет каде што едно дете се „загинува“ претходно. Исто така има девојче со супермоќи. 9.5/10
    Tales of the City
    - ја гледав во грешен редослед и пак е одлична серија. Уствари оргиналната серија е од 1993та година, а новата минисерија е усвари продолжеток на приказната, во 2019 година. Го прати животот во прогресивниот Сан Франциско, во една многу убава куќа која е на транс-жена и таа нуди кирија. И така сите кираџии уствари се спријателуваат и репрезентираат фамилија. До толку шо во продолжението од 2019 се истите актери, само остарени, кои живеат на различни места во Сан Франциско, па дури и во други градови ама пак се блиски и пријатели. Па, живеат нови станари кои се исто така блиски како да се фамилија. Се влегува во многу актуелни теми: хомосексуалност, драг, транссексуализам, хомофобија итн. 10/10
    The Crown
    - уф не можам да опишам колку ја сакам серијава. Нетипична серија за мене пошто е многу смирена за разлика од другите. Кога го увидов тоа не мислев дека толку ќе ми прирасни на срце. Се работи за кралицата на Велика Британија и нејзиниот живот, од круносувањето па на таму. Сега веќе и актерка сменија постара да биди. Го опишува животот на кралското семејство зад „завесите“ и сите драми кои излегле или пак има некакво соменвање за било шо. Исто така на крај на епизода обично има црн екран или сет на снимки и слики со тоа што моментално се знај за ситуацијата со точни дати и настани. 10/10
    The Disastrous Life of Saiki K.
    - е аниме! Имам потреба одма да нагласам што е аниме пошто неќам било кој да се чувстува излажан штом отворат и видат шо е. Ама иако е аниме, длабоко ви го препорачувам. Се работи за дете со натприродни моќи, кој е многу интровертен и затворен во себе и не сака да се истакнува. Толку е моќен шо носи направа која му ги намалува супермоќите. Можи пример се да слушни на одредена дистанца со направата шо му намалува супермоќите и можи да смени само одреден тип на работи. Можи да добие пари за замена на предмет. Пример еднаш заменуваше кафе пудинг кој го имаше со пари, па парите со предмет од дома, па предметот со друг предмет со слична вредност и така дур стигни да земи одредена сума на пари. Ама, на пример кога бил дете пред да има направа за сузбивање супермоќи, смена цел генетски код на луѓето само зошто тој имаше розова коса и сакаше сите да имаат шарени коси за да не дели. И е, како шо кажав, многу интровертен, ама на група на луѓе им е „неодолив“ и има пријатели и има типична тинејџерска драма, само со супермоќи. :rofl: 111/10
    The end of the F***ing World
    - е Нетфликс продукција која многу ми се допаѓа. Се работи за тин момче - Џејмс, кое мисли дека е психопат. Не само шо мисли дека е психопат, тој е убеден дека е психопат. И му се смачува со малтретирање и убивање животни, има фантазија да убие човек. И во училиштето иди ново девојче - Алиса. И тие стануваат пар зошто тој сака да ја убие. :inlove: Таа е нервозна, бунтовна и сака да избега од дома, и тој гледа прилика да ја убие дур не се во град. И се на таму е историја. 10/10
    The expanse
    - е sci- fi серија, со дејство во иднината, постои брзо патување низ простор, луѓето колонизираат соларен систем. Но, се случува нешто на „Појасот“. Да речиме вирус, болест, можеби вонземјанин ... не можам да ви откријам шо. На почеток имате неколку паралелни приказни кои немаат, навидум, допирна точка со себе. Едната е политичка приказна. Другата приказна е детективска. Третата приказна се одвива на вселенски брод итн. Е еден настан ги спојува и трга вниманието во ист правец и од тогаш има една главна приказна кон која се се вклопува. 10/10
    The Haunting of Hillhouse
    - е една од ретките хорорчиња кои ми се допаѓаат. Го прати животот на едно семејство и првите епизоди се фокусираат по една цела епизода на еден лик од семејството и нивното минато. Како им било кога се вселиле во оваа куќа која се смета дека е опседната. Какви чудни работи им се случувале. Колку од работите кои ги сметаат за нормални уствари не се. 10+/10
    The man in the high castle
    - можам комотно да речам дека ми стој за серија број 1. Ок, комотно можда не, ама ми стои за една од најомилените серии. Се работи за паралелен универзум каде што Хитлер ја победува втора светска војна. Какви поделби има на светот, како би можело да биди. 1001/10
    The Politician
    - е само уште една политичка драма која ја гледам. Се работи за средношколци, многу амбициозни и еден од нив има сон да биди претседател и е внимателен за да биди совршениот претседател, да нема утки од „младоста“. Има женска, која сака да биди првата жена. Ова пред некој месец ја гледав, од сегашен аспек ми е криво што девојчето имаше едина желба да биди нечија жена. ЖенЦка залужи подобар, ама нема да спојлнам шо напрај колку и да сакам. 7.5/10
    The Umbrella Academy
    - ајде сега повторете по мене Gerard Way, Gerard Way, Gerard Way! Знаев дека беше вреден за моја средношколска симпатија пошто ми го лечеше моето емо срце тогаш, ми го лечиш моето емо срце сега. До толку шо и стриповите ги прочитав врз кој е базирана серијата. На одредена дата на која не се сеќавам, родени се одреден број на деца со супермоќи. Моќниот богаташ Reginald Hardgreeves успева да спаси 7 деца. Грешка, украде 7 деца. А, и да, мајките пред овој момент не беа трудни туку едноставно се породија. 8-| Децата буквално ги вика по бројки, и им прави робот мајка која им дава имиња и таа само им се обраќа по имиња, но не и татко им. Тие сите имаат супермоќи и тој зато уствари и ги зема. Освен 7мото дете, и тој буквално ја користи секоја прилика да ѝ кажи дека е неважна, небитна и дека нема моќи и дека не припаѓа со нејзините браќа и сестра. 10+/10
    Trinkets
    - се работи за тинејџерка која е клептоманка, можам комотно да речам така. Таа има потреба постојано да кради, има одредена траума која можеби, а можеби и не, влечи корен за овој проблем. И во група за помош се запознава со други девојчиња со кои крадат заедно. 9/10
    Money Heist
    - кога почнав да пишам ова уште со дел 1, напрајв листа за кои серии ќе зборам, кои серии ќе се само спомнати во дел 2 и кои серии нема да ги спојам. И сегта седам и се думам кај ми е Money Heist и зошто ја нема. Не знам зошто ја нема ама знам дека мора да е тука, барем првите две сезони. Третата сезона ми е толку избрана шо не ја можам. Се работи за група на луѓе кои ограбуваат и држат луѓе како заложници. 10+/10

    Многу ме мрзеше да допишам, ама многу поќе ме нервираше ворд документот со насловите за кои сакав да допишам нешто. А, толку добри наслови, греФ ќе беше да не допишам. Ај од година, се надевам ќе ме собери само едно мислење.

    ДЕЛ 3
     
    На lovemme, candy.cane, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Ја те моЉим во трет дел да не пишуваш оценки со жолто- зелени тонови, не ги читам :whew: тенк ју
     
    На Juicy и theowndemon им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.502
    Допаѓања:
    166.040
    Пол:
    Женски
    Има време до кога следен пат би се нафатила да пишам за поќе серии ама ќе имам на ум. :D
     
  11. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    p13361406_b_v8_ad.jpg

    Iron Fist

    Фан сум на DC филмови/серии, но и Марвел не се лоши. Од сите Марвел серии што ги има оваа ми е омилена.

    Еден млад човек е даруван со неверојатни вештини за боречки вештини и мистична сила позната како Iron Fist.
     
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    C636CA76-47DE-45DC-8C8E-0300D3A3F10E.jpeg
    дел од сериите што сум ги гледала и ги препорачувам сите.
    -рецензии нема шанса да пишувам бидејќи до вечер ќе заглавам :$
     
  13. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Самопрозван пророк прави хаос со разни трикови, додека CIA се обидува да го разоткрие. Има само една сезона, гледива е и интересна. Мишел Монаган одлично се вклопува во улогата. Ја препорачувам:)

    Screenshot_20200109-143922_IMDb.jpg
     
    На MarijaMi90, Cosmic Girl, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  14. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Во луксузен брод што патува од Шпанија до Рио, се случува убиство. Двете сестри истражувајќи го убиството, откриваат многу тајни во нивното семејството... p16851921_b_v8_af.jpg
     
    На joy1, Luminary и theowndemon им се допаѓа ова.
  15. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    5.352
    Не мислев дека некогаш ќе сретнам личност што изгледал поише серии од мене. Иако добар дел имам изгледано од овие листи ме надминуваш и тоа значително :)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.444
    Допаѓања:
    24.944
    The Outsider - серија снимена според книга на Стивен Кинг. Конечно одлична криминална серија! Приказната е типична за СК, преполна со мистерија и трилер. Во градчето во кое се одвива дејствието, пронајдено е убиено дете. Еден од градските детективи апси осомничен кој е нормален фамилијарен човек. Секако, тој тврди дека е невин. Она што веднаш ги замрсува нештата се контрадикторните докази од обете страни кои прават да личи како осомничениот да бил на 2 места во исто време. Кинематографијата е врв, алал да им е како ја снимиле! Бојата на сликата, кадрите, музиката, тензијата, драмата... многу добро! Глумата исто така, особено на Ben Mendelsohn кој го глуми детективот. Осомничениот го глуми Jason Bateman, кој е режисер на втората епизода. Ептен ми се допаѓа, се опседнав!
     
    На WildMk, 1209, smooch и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Cable-Girls-Season-5-696x392.jpeg

    Интересна серија. Се работи за 4 девојки што работат заедно како оператори во телефонска компанија. Секоја со различна приказна.
    Ја изгледав прва сезона, се надевам ќе ми го задржи вниманието и понатаму...
     
    На dayla и John Snow им се допаѓа ова.
  18. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Кај да ја најдам Сенки над балканот прва сезона..,?
     
  19. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Ragnarok 2020

    Ако сакате Нордиска митологија, може да ја погледнете скндинскава драма. Снимена во Одда, , или имагинативно, Едда, градче во Данска .:) Рагнарок претставува крај на светот , борба помеѓу богови и онова, ново раѓање. Серијата започнува кога се преселува едно семејство, мајка со два сина. Едниот од нив е богот Тор.:)

    Предвидена е и втора сезона.

    Ја препорачувам8)
    Ragnarok_castannounce-8dc21fe-scaled.jpg
     
    На the.vampire.girl и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Ајде и јас да предложам нешто, ако остана нешто покрај @theowndemon :rofl:. Не дека не ги знае, ама да напишеме по нешто и за нив :rofl:. Мислам дека барем во претходните 10 страни не се споменати, да не ги повторувам.
    Инаку, освен This is us, не гледам серии кои не се завршени, бидејќи: 1. Се фрустрирам кога ќе ги откажат од нигде-никаде без завршеток :@, 2. Немам трпение да ги чекам да излезат :worried: ( Game of Thrones ја почнав дури 1 месец пред да излезе последната сезона, за да се усогласам временски да не мора да ја чекам :lol:) и 3. Заборавам што се случувало претходно (подетално) и ми се губи целината на приказната :!:.
    Ова значи дека ќе кажам малку постари серии, кои можеби не се исто релевантни денес, но ми се допаднале.
    Оценка не ставам, бидејќи немам некој репер или стандард, некои ми се допаѓаат многу, некои малку помалку, ама не би можела да дадам точна бројка.

    Lost - верувам дека сите ја знаете. Авионска несреќа која доведува до тоа луѓе да заглават на остров на кој се случуваат чудни работи. Преполна е со мистерија, бара концентрација и следење на настаните, бидејќи не ги дава по редослед и сам треба да ги поврзуваш. Во тоа време беше една од најиновативните серии и мислам дека концептот на снимање доведе до еден нов тип на серии. Крајот беше многу критикуван, но мене лично не ме налути или исфрустрира, иако остана уште огромен потенцијал за развивање на приказната :D.

    This is us - семејна драма, колку и да не се тематски поврзливи, користи сличен концепт на снимање како Lost, само во многу позабавена верзија и игра на емотивна карта. Дејствата се позабавени дури и од обична серија, ама некако толку добро актерите ги доловуваат емоциите, а и режисерот, не знам, скроз емпатизирам со ликовите.

    Xena the warrior princess - ах, спомени од детството... Ако не ви смета да гледате малку позастарена снимка (се доснимала мислам во 2001), ако ви е интересна грчка митологија и ако сакате малку girl power и женски херој, тогаш ова е серијата за вас. Борби, итрост, богови, легенди, сѐ има :D.

    Younger - модерна серија, со кратки епизоди од по 25 минути, претежно хумористична со малку драма, но не е sitcom. Се работи за жена во свои 40-ти години која не може да најде работа и поради младоликоста, наоѓа работа во издавачка куќа преправајќи се дека има 26 години.

    Fresh off the boat - sitcom, но без смеење во позадина (веројатно има друго име кое не го знам). Се работи за азиско семејство кое живее во Америка во 90-тите години. Има интересен хумор, истиот creator (како би го викале ние ова? Креатор, создавач?) го има како Don't trust the b... in apartment 23.

    Jane the virgin - знам дека е спомената, ама толку малку луѓе ја знаат, што ми е многу криво. Многу ми е слатка и dear серијата и е хумористично-драматично-мистериозна. Е како еден вид на пародија на шпанските теленовели, со многу интересен хумор, особено тој што го има нараторот. Многу ми е креативна и несекојдневна, не познавам друга слична серија. Се работи за девојка која по грешка ќе биде вештачки оплодена, а е сепак девица. Натаму се случуваат многу испреплетени и неверојатни работи кои наликуваат на теленовела. Знам дека за некои кога ќе се спомене теленовела им се крева косата, но не е како што замислувате :*.

    The bold type - модерна, феминистичка серија која ги следи животите на 3 девојки кои работат во издавачка куќа за списание. Разгледува прашања со кои се соочуваат девојките во модерна Америка. Драма со комични елементи.

    Dexter - не знам дали има некој кој не ја знае. Се работи за сериски убиец кој всушност работи во полиција и добива „конкуренција" од друг сериски убиец. Мистерии и испреплетеност.

    Medium - исто серија од детството. Се работи за жена која има „медиумски“ способности, односно гледа случки (поврзани со криминал) претежно на сон, а потоа се обидува ѝ помогне на полицијата да го најде виновникот, додека и таа се обидува да ја склопи приказната во нејзината глава. Не е толку фантастична колку што звучи, но има мистерија.

    Ghost whisperer - подраматична, потинејџерска верзија на Medium. Се работи за жена која гледа духови кои прават неред во нечиј живот или не се сеќаваат што им се случило додека биле живи, па таа треба да им го открие проблемот, да им помогне да се at peace и да прејдат во светлината (другиот свет, кој не знаеме што е).

    Revenge - драма. Се работи за девојка која го губи својот татко како мало девојче и кога пораснува, го менува својот идентитет и се инфилтрира во богатото семејство кое го смета дека е виновно за смртта на татко ѝ. Има доста сплетки.

    Suits - драма поврзана со адвокати, има многу правнички жаргон, ама е интересничка.

    Merlin - дејството се одвива во времето на кралот Артур, Мерлин е „скриениот" волшебник кој постојано го заштитува Артур од неволја и му го спасува животот. Малку е постара и можеби ефектите не се нај нај, ама интересна е.

    Scrubs - исто од детството, sitcom без смеење во позадина, дејството се случува во болница. Баш интересничка :*.

    Ugly Betty - базирана на мексиканската теленовела La fea más bella, иако мислам дека освен генералната идеја, немаат до толку заедничко. Претежно комедија, се работи за грда девојка која се вработува во модно списание и која се справува со еден куп предизвици, како професионални, така и лични.

    Останати серии од кои имам потфатено епизоди, кои ми изгледале интересно и планирам посериозно да ги изгледам во иднина:

    How to get away with murder - исплеткана драма која се одвива околу животите на една професорка по право и нејзините ученици.

    Reign - приказна која се врти околу животот на кралицата Mary Queen of Scots. Драма, со многу сплетки.

    Lost girl - девојка со натприродни моќи, која постојано налетува на некои кои сакат да ѝ наштетат бидејќи е „посебна".

    Speechless - сѐ уште излегува, но имам потфатено неколку епизоди на foxlife. Sitcom (без смеење по позадина), се работи за семејство кое има дете со церебрална парализа. Нетипичен хумор.

    American housewife - сличен опис ко погоре, само сите се здрави деца, просечно американско семејство кое живее во богата населба. Исто нетипичен хумор.

    Од шпанските:

    El internado - постара серија, со тинејџерски шмек, ама преинтересна мистерија. Сѐ се случува во интернат за деца до 18 години, има еден куп убиства, исчезнувања, мистерии, сплетки, прашања и само прашања.

    El barco - кратка (3 сезони), не повеќе од 40 епизоди. Заглавуваат луѓе на брод, не можејќи да најдат копно од некоја причина. Има еден куп сплетки, убиства и мистериозни исчезнувања, а се соочуваат и со временски непогоди. На моменти е cheesy, ама пак ми е интересна :*.

    Gran hotel - дејството се случува мислам во 19-ти век, во еден хотел. Сѐ започнува така што едно момче се вработува во хотелот сакајќи да открие што ѝ се случило на неговата исчезната сестра. Мистеривчиња, интриги...

    Да не ги прекинеа без врска, на cliffhanger, ќе ви ги предложев и The royals, The arrangement и Odd mom out. Imposters исто имаа убава идеја и ок, имаше крај, ама пак, само 2 сезони е.

    П. С. Колку само описот не го доловува чувството на некоја серија. Додека ги пишував, си помислив колку само не би ме привлекло да ги гледам сериите доколку им ги читав описите :rofl:.

    :*
     
    На candy.cane, Mrs. Lovett, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.