Не така брат (2016–2018 – тинејџерска комедија – Заплетот на серијата го следи животот на ученикот Мишо, кој е посветен на науката, но нема искуство во љубовта. Главниот советник во животот е неговиот брат Дидо, кој наместо да му помогне, редовно го внесува во комични ситуации заради лошиот совет што му го дава. All Inclucive (2020–) – комедиjа – Во центарот на настанот се наоѓаат две пријателски семејства кои тргнуваат на возбудливо летно патување од Софија до брегот на Црното Море. Пријателите откриваат дека сонуваниот луксуз со 5 везди е всушност неважен, затоа што највредно е да имате блиски луѓе со кои да ги пречекаат радостите и неволјите во животот. Два отца и два сына (2013–2016) – комедиjа – Павел Гуров е успешен актер и богат човек, познат по учеството во серијалот „Мајор Лавров“. Но, еден ден неговиот син Виктор и внукот Владик доаѓаат во неговата куќа. За разлика од тоа, Виктор е губитник и досаден. Откако неговата сопруга се разведува од него и го остава нивниот син Владик да живее со него, таа оди во Москва за главна цел да стане актерка. Физрук (2014–) – комедиjа – Главниот лик - Олег Фомин „Фома“ работел во текот на целиот свој живот како началник за безбедност на Мамај, влијателен бизнисмен со криминална позадина. Откако беше отпуштен од Мамај, Олег одлучи да се врати на работа по секоја цена. Заедно со неговиот пријател – Лиоха "Психо", тие излегоа со план, тоj ке стане учител во училиштето каде учи Сања, синот на Мамаj. Сепак, на свое изненадување, Сања излезе дека е девојче. Новата цел на "Фома" е да стане пријател со Сања. La qui se avecina (2007–) – комедиjа – Серијата зборува за секојдневните проблеми на групата соседи кои живеат во „луксузен“ комплекс на периферијата на Мадрид. Всушност, проблемите на соседите произлегуваат од фактот дека таканаречената „луксузна“ зграда не е баш како што се вели во огласите. Соседските односи не се воопшто обични и нормални. Никогаш не успеваат да постигнат едногласност, а историјата на секоја од нив е различна и уникатна. Кавгите се секојдневна рутина, како и комичните ситуации со кои се соочуваат ликовите. Българ (2008–) – пародија, комедија, сатира, анимација – Дејствието се одвива во Несебар (Стариот град), каде живеат 5 пријатели - Българ (добродушен Бугарин, верувајќи во вечно пријателство), Пешо „Слепиот“ (тој е слеп и е син на локален војводе, тој секогаш лажно сведочи против неговиот пријател Аспарух), Онуфри (еден од најголемите олигофрени во Несебар и единствената личност на светот кој мисли дека планетата на која живееме се вика Николај), Аспарух (најдобриот пријател на Българ) и Супер Спиро (Суперхерој)
Препорачајте ми некоја женска лесна за гледање серија, во стилот на desperate housewives, why women kill, devious maids ( освен gossip girl )
Unorthodox Минисерија инспирирана од автобиографијата Unorthodox: The Scandalous Rejection of My Hasidic Roots на Дебора Фелдман. Се работи за 19 годишната Ести, која е дел од ултраконзервативна еврејска заедница во Бруклин и веќе една година е во договорен брак кој не ја исполнува. Без речиси ништо освен облеката што ја носи на себе, ограничена сума пари и документи за право на германско државјанство по линија на мајка ѝ која живее таму (и за која верува дека ја напуштила како мала), Ести еден ден решава да побегне во Берлин. Таму за првпат осознава многу аспекти од надворешниот модерен свет и се ослонува на својата долгогодишна пасија, музиката, како единствен излез кон еманципација и нов самостоен живот. Емотивен приказ на една култура доста непозната за пошироката западна јавност, со своите традиции и обичаи, но и ригидните правила кои ги гушат посебно жените. Актерката во главната улога е извонредна, ги заслужува сите можни награди за тв остварувања од неанглиско подрачје. 4 епизоди ги бинџав и премалку ми беа, не најдов инфо дали планираат втора сезона но се надевам дека ќе има уште...
За истава дојдов да пишам, потпис и печат на напишаното од special, одлична серија од секој аспект. На моменти бев на штрек и црева ми се собраа кога ти текнува на колку различни начини живеат луѓет. @Someonespecial нема мислам втора сезона, како минисерија им била испланирана. На Нетфкилс има 20 минути Making Unorthodox со кратки интервјура од актерите и тимот што ја работел серијата
Tales from the Loop - серијава е прекрасна, но чудно болна за гледање. Во неа се прикажани ептен уникатни случки на разни жители од едно мало градче кое се наоѓа над нештото наречено "Loop" - мистериозна институција каде што научници создаваат чудни научно фантастични нешта. Секоја епизода е толку специјална со оригинално дејствие, и повремено слатка, а повремено болна поука. Никогаш не ми се случило да не можам да изгледам повеќе од една епизода во денот, иако сум копнеела да дознаам што ќе се случи понатаму. Но серијата има некаква посебна тежина, ми создаваше чудни помешани емоции на тага и носталгија. Не се сеќавам дали имам гледано во последно време scifi серија со фокусот поставен на приказната, наместо на визуелните ефекти. Dave - од времето кога излезе "Broad City" немам налетано на волку добра комична серија, со повремен изопачен хумор, но претежно симпатичен. Дејв е рапер со "уметничко" име "Little Dicky" бидејќи има мал и несекојдневен пенис. Паралелно се прикажани потешкотиите кои ги има во пробивање во раперскиот свет, одржување на романтичната врска со девојката која ја сака и докажување на сите што ги знае дека верувањето во себе и постојаното работење на тоа што го сакаш, евентуално носи успех.
Откако патниците на летот 828 мистериозно исчезнуваат, тие се враќаат после 5 години не остарени ни еден ден. Почнуваат да добиваат визии за да решат некоја мистерија...
Препорачајте некоја крими/трилер серија од типот на Killing Eve.Стварно немам идеја веќе... Се обидов да ја гледам Ozark,ама некако не ми фати око.
Погледни ја White Lines, јас ја гледав на Нетфликс. Станува збор за една женс која што се обидува да открие кој го убил брат и кој бил исчезнат повеќе од 20 години. Дејството се одвива на Ибица, супер сцени и пејзажи се изнагледав Има 10 епизоди, а една епизода трае 55 минути мислам.
Многу ми се допадна. Од мене 9/10 Normal People Конел и Мериен се познаваат уште од средно училиште. Иако се многу различни, меѓу нив се раѓа инстантна привлечност. Но, дали љубовта може да го преживее тестот со текот на годините?--- crnobelo.com
Schitt`s Creek https://www.imdb.com/title/tt3526078/ Богатото семејство Роуз ги губи сите пари и единствено нешто што им преостанува е да заминат да живеат во мотел во местенцето Schitt`s Creek кое таткото Џони некогаш го купил на шега. Серијава е љубов. Топла, позитивна, забавна, емотивна, смешна. Не можеш а да не ги засакаш ликовите. Од се срце ви ја препорачувам ако барате нешто пријатно и лесно за гледање. Таткото го знаеме како таткото со веѓите од Американска Пита, мајката ја знаеме како мајката на Кевин од Сам Дома, градоначалникот го знаеме како оној со раката од Страшен Филм двојката Нека не ве пишманува името, верувам дека серијава ќе ви стане една од омилените комедии ако и дадете шанса. Првите неколку епозоди се така-така, ама кога ќе си го фати темпото, серијава е неверојатно добра. На почеток ликовите се несимпатични, насочени кон себе си и арогантни но учат, растат и стануваат многу подобри личности. Хуморот е дискретен, но цело време присутен. Не можам да ја споредам со друга серија, прилично е уникатна. Симнете си ја и гледајте ја, нема да зажалите
Од каде ја спушти? Јас прва ја изгледав, одлична е, за втора само две добри торенти, другите никако не ми ги спушта, ептен се нервирам.
Викате добра е Schitt`s Creek ? Ај да ја симнам тогаш. Прочитав лоши ривјуа, ама се е уствари прашање на вкус.
@1209 ај пробај со овој. Би требало да е добар торентот. Јас сите сезони ги симнав од тука. Јас симнувам или кнабен или рар.бг Многу ми е мило што ти се допаднала Јас ја почнав кога почна короништево, зошто ептен се осеќав лошо и ми требаше нешто позитивно за гледање. Schitt`s Creek како мелем ми дојде во тензичен и неубав период. @rokmibejbi, јас би ти рекла- дај и шанса. Ова не е серија за смеење на глас и превртување од столче ама затоа е комедија со душа Првата сезона е можеби најслаба од сите, зошто тогаш ги запознаваме Роузови кои на почетокот баш и не освојуваат симпатии. Пример, Алексис во првата сезона е ужас, но понатаму станува срцка.
NORMAL PEOPLE Еве и во оваа тема да ја пофалам Normal people. Обожавам филмови и серии во кои зборуваат со ирски акцент,а исто така одамна не ми се случило да гледам втор пат серија само што ќе ја завршам. Приказната е многу едноставна за двајца млади што се заљубуваат но заради несигурност, затворен карактер, тајминг нивната врска не е постојана. Во 12 епизоди опфаќаат подолг временски период од средно школо до факултет. Многу убави кадри има серијата, глумците се извонредни многу автентични, саундтракот исто така е одличен на рипит ми се неколку песни од серијата. Тивка, емотивна, срцепарателна, нежна и сензуална серија. Нема многу динамично дејство, доловува друга реална димензија на љубовта и општо внатрешниот живот на младите.