Една од моите омилени комедии, или релакс серии. Почнав да ја гледам пред 2-3 години, од почеток ми беше само онака, али со тек на време станува се подобра и подобра. Многу интелигентно напишана, многу слатка, смешна, ко мелем за душа серија. Не ја ни тегнеа повеќе од што треба, шеста сезона и беше таман. Никој не ја гледа од тие што ги познавам, а заслужува поголема публика. Препорака и од мене.
Зошто жените убиваат (2019) Три жени, во различни декади живеат во една куќа. Бет Ан е домаќинка во шеесетите, Симон е соcијалит во осумдесетите и Тејлор е адвокат во 2019та. Сите живеат во една иста куќа со своите мажи, во кој се справуваат со проблемите во бракот. Куќата како да е проколната. Во сите три фамилии се вмешува друга личност во бракот шо на крај завршува многу трагично. Интересна драма со многу црн хумор. Премногу преплети со среќни и тажни моменти.
The 100 За љубителките и љубителите на sci-fi серијалите. Откако земјата е уништена од нуклеарна катастрофа а со неа и големиот дел од човештвото, малкуте преживеани на вселенската станица после 98години испраќаат 100 тинејџери-престапници на земјата под казна да проверат дали земјата е сеуште населива. Драма со акција и авантура, не изостанува ни романтиката. Моментално се дава 7-та и последна сезона која што е доста далеку од првичниве дејствија.
За Normal people потпишувам со две раце, омилена серија од последно време. Обожавам серии, филмови и книги кои опишуваат тек на живот, ништо посебно навидум, а се многу убави приказни, сите ми се реални и топли, серијава е одлична од секој аспект, интелигентна, топла, малку драматична, љубовна, супер актери, гледајте ја. Инаку кој прати Нетфликс, Zone Blanche или Black spot, загледајте ја, малку е крипи, ама мистерија е со доста интересни ликови, мене ми легна ептен.
Млад писател запознава една келнерка во ресторант и ќе имаат афера. Потоа тој ја остава својата сопруга со која има 4 деца. Таа афера ќе им го смени животот и на двајцата...
Барав тема за серијава и дали е воопшто спомната, ама не најдов баш ништо (а може па и не ме бива да пребарувам)... Како и да е, ја препорачувам Crazy Ex-Girlfriend (2015). Ребека Банч е паметна и успешна млада адвокатка чиј приватен живот се распаѓа, па таа постојано е во потрага по знак дека треба да смени нешто. Еден ден ќе го сретне момчето со кое се гледале неколку недели дури биле во летен камп во средно и тотално ќе се опседне со идејата дека универзумот ѝ дава знак да се пресели во неговото мало гратче Вест Ковина. И тука започнуваат вртоглави драми, планови, криенки и непотребни лаги. Карактерите се полни секој со свои бубачки, но мене ми се многу допадливи, иако на моменти ќе си речете дека некој е ту мач... Всушност, серијава на комичен начин опишува колку знаеме да бидеме затворени во свој меур, лесно подводливи, приглупи и себични, но и колку сме сосема обични и кршливи. Ми се допаѓа бидејќи секоја сезона се оди подлабоко во откривањето нова страна на приказната и зошто работите се ко што се. Третава сезона е веќе помрачна, хехенцата се на минимум, па дури и си поплакав на некои делови бидејќи продира во скршените делови на душата и работите добиваат друга димензија. Рејчел Блум, која ја глуми Ребека, е всушност и креатор на серијата и единствени зборови со кои можам да опишам како го доловила хаосот на нарушеното ментално здравје е топло-сакам да го гушнам ликот-сакам другиот лик да го убијам-не, првиов е за ќотек-прекрасно-трагично-топло допадлив. Има 4 сезони и многу ми е мака што имам уште дали 20ина епизоди за гледање. Јас ја гледам на Нетфликс, ама пошто е завршена, сигурна сум дека ја има насекаде за стримање и симнување.
Многу ми се допадна,пишав и во другата тема,ја догледувам шестата сезона.Баш ми ја погоди. Еве и јас ја препорачувам,кој ја нема гледано а е љубител на крими драма серии,задожително да ѝ даде шанса. Во главната улога е Аналис Китинг,врвна адвокатка по кривично право и професорка на правен факултет и група од неколку практиканти кои ги ангажира за да решаваат комплицирани случаи,но набргу се вплеткуваат во серија убиства и мистерии,па се работи на нивно успешно решавање...Интересна,во секој случај. Ајде сега препорачајте некоја друга крими,а интересна.
Еден од топ 3 ситком серии (според мое мислење). Серија која те расположува до максимум, те подучува на многу работи и која ќе ја гледаш по втор пат сигурно. Серијата е за 4 другаии - сите научници кои на некој начин почнуваат да ги искусуваат "нормалните" работи подоцна во животот, бидејќи науката им била примарна постојано. Прогласена е повеќе години за најдобра серија, исто и главниот актер има неколку пати земено награда за најдобар актер, и све години по ред беше најплатен актер. Овие луѓе прават да се чувствуваш како да ги познаваш цел живот.
Јас се изнаплакав на задња сезона. Ми беше преемотивна. Јас оваа сакам да ја гледам https://m.imdb.com/title/tt2741602/?ref_=nv_sr_srsg_0
Ја обожавам How to get away with murder!! Јас вчера почнав да ја гледам Killing Eve, една епизода изгледав затоа што беше касно ама таа една беше многу интересна. Е сега колку што сфатив од една епизода има една девојка платен убиец е, тајни агенти ќе истражуваат за да најдат кој е убиецот. Ако ја немаш гледано, провери трајлер може ќе ти се свиѓа.
Најпрво, и за двете серии, баталете ги коментарите и рејтинзите на imdb. Најверојатно уште еден токсичен фандом. Така се зезнав со Пикард- читајќи ги рецензиите, не му ни дадов шанса се до пред една недела а првата сезона заврши во март. Моја загуба. Star Trek: Picard https://www.imdb.com/title/tt8806524/?ref_=nm_flmg_act_2 Мислам дека насловот доволно објаснува за што е серијава Во главна улога : професорот Ксавиер од Икс Мен. Нема многу да навлегувам во детали за да не спојлерувам ствари ама накратко- Пикард (релативно) ужива во неговите пензионерски денови и „приземјен“ живот се додека една девојка не побара помош од него и време е за нови вселенски авантури Ќе се сретнеме со некои стари сакани фаци, ќе запознаеме нови, ќе решаваме мистерии, ќе не продрма носталгија и ќе ја симнеме The Next Generation за пак да ја гледаме... Само 10 епизоди кои брзо се гледаат па кој е по научната фантастика нека си ја пушти. Обновена е и за втора сезона. Star Trek:Lower Decks https://www.imdb.com/title/tt9184820/?ref_=tt_urv Додека Кирк, Пикард, Џенвејн и останатата екипа се фрцкаат на мостот, екипажот си брка работа низ бродот. Во Lower Decks можеме да видиме како си поминуваат навидум неинтересните членови на Звездената Флота. Односно, оние кои чистат јадра, растоваруваат опрема откако важните фаци ќе го направат првиот контакт, поправаат транспортери...Добредојдовте во животот на redshirts. Забавна, смешна, позитивна серија.
The Boys Како не-љубител на сè што е поврзано со суперхерои, морам да кажам дека прилично многу уживам во серијава. Во суштина, се работи за ситуации, случувања и комплицикации во свет каде суперхероите се дел од милијардерска корпорација и во генерала се личности со „сомнителни“ морални насочувања. Дејството е доволно интересно за да те задржи да гледаш, а исто и забавните ликови, ама она што ја издвојува серијава од другите се оние уникатни quirks што ги има. Многу е брутална, немилосрдна со ликовите, има фантастични шок моменти уште од почеток. А и љубителите на гот бизарности има што да видат, да не откривам. Исто така, режијата и едитирањето се многу специфични, лично немам видено слични кинематографски избори во други серии. Пример, одвреме-навреме се става фокус на рандом мува што им лета во лице на ликовите, или звукот одеднаш премногу се намалува, или камерата се заджува на еден лик многу подолго време... Во секој случај, мислам дека серијава е совршена за секој што сака да погледне поинаков поглед на марвел/DC филмовите. Те тера да ги засакаш ликовите, ама исто така те тера да се осеќаш многу виновно за тoa. Две сезони се, финалето на втората излегува овој петок, а обновена е и за трета. Епизодите се по педесетина минути.
2% од населението ќе исчезне мистериозно. Во оваа серија не се работи за тоа како исчезнале и што им се случило, туку за другите што останале. Како се справуваат со тоа и како им се одвива животот после случувањата. 9/10
Fargo Ако барате совршен трилер со примеси на dark humor и сплетки, тензија и одлична глума, ова е серија која треба да ја погледнете. Направена по истоимениот филм на Коенови, го зема нивниот рецепт за совршен хумористичен трилер, ја видоизменува приказната и voila, имаме серија со ОГРОМНИ 8.9 рејтинг на ИМДБ. Доброто е што секоја сезона е со различни глумци, различна приказна и различен set up. Некои опфаќаат потопли краеви на Америка, а во некои се опфатени ладните, снежни држави. Првите 3 сезони имаат сличен шаблон. Негативец кој е ладнокрвен сериски убиец, протагонист, кој прави грешен потег поради својата алчност за пари и добар полицаец. Во 4тата веќе имаме нешто подруго, мафии, и нивните пресметки, а воедно тука е и сериски убиец, се разбира, овој пат жена. Протагонист што е алчен и прави грешка, сеуште нема, па има некој поразличен шмек и тензијата е поголема.