Стјуардеса се буди во непознат хотел до мртов маж до неа и пробува да сфати што се случило. Кога ќе започнат истрага за убиството, пробувајќи да се сети што точно се случило, почнува да се сомнева дали таа е убиецот...
Ви ја препорачувам нај новата серија што излезе на Нетфлекс. Bridgrton, снимена според истоимениот серијал на книги од Џулија Квин и во продукција на Шонда Рајмс. 1 сезона е според првата книга The Duke and I, има 8 епизоди и е приказна за една од осумте Бридџртон деца Дафне и (The duke) појма немам како би била неговата титула на македонски Сајмон. Не сум баш по пишување рецензии и затоа ќе оставам трејлер, НО ако решите да ја гледате не гледајте ја со деца или со родители, посебно од 5 епизода па натаму има доста секс сцени Серијата е многу интересна а Сајмон е цреша на шлагот
И јас вчера ја почнав, интересна е, ја препорачувам, актерката која ја игра Дафне ми е многу антипатична и ни малку убава како што ја претставија сите флолес, ама гледајќи ги англичанкиве колку се сите грдички, јасно ми е зошто и во серијава се сите такви, буквално исти се и во живо.
Kakvo spienje, poslednite 3 epizodi se naj jaki @1209 Da, isto i jas celo vreme velev deka epten ja promarshile Dafne, mnogu antipaticna. Gledav videa na YT abe ushte si e so krkminata kratki razdeleni na patec , a Simonche e Lepota
Таман до сексовите си стигнала Ја изгледав и јас во еден ден. Сакам вакви период драмас, со костумите, со леле ме допре за рака, со не смее да биде сама со друг човек... ама кога.. Спојлер и шепкаше како да се допира сама навечер дјуд у кое време беше дејствиево? Ама пак повеќе ја сместив во фантази, отколку во хистори. Шишките на Дафне и мене ми беа ептен трагични
Шишките ко јас да сум ѝ ги шишала, имав еден ист ваков испад како дете. Ко близначки во косите, се утепав од смеење додека гледав. Можеби затоа толку се соживеав со серијава, не знам. Шала на страна, мене Дафне ми беше многу убава. Не можеле да одберат подобра актерка за оваа улога, ептен ми се вклопи со замислата за неа што си ја имав во глава, а срцка беше и во Younger. Бев многу скептична за серијата, затоа што - ја обожавам Џулија Квин и серијалов ми е еден од најомилените чик-лит историски романси. Ептен имам trust issues кога адаптираат книги кои ги обожавам. Од една страна со душа ја чекав, од друга страна се плашев да ја почнам. Ми беше страв да не забегаат премногу, но уживав. Ептен добра адаптација, една од подобрите, без разлика што додавале и нови ликови. Кадри, костимографија, сценографија, eye-candy беше серијава од почеток до крај. Музиката - одлична. Всушност, додека не наидов на една статија на нет, не ни приметив дека станува збор за модерни песни аранжирани како класични. Thank you, next - генијална. Се прашував од кај ми звучи ова познато, а еве што било работата. Ја завршив во еден ден, не можев да си легнам додека не ја изгледам. Прекрасна ми беше серијава од почеток до крај и мислам дека пак ќе ја гледам за празнициве, ептен голем фан сум им на Бриџертонови.
Ми остај впечаток дека до последната епизода не забележав да е спомнато и од ко те прочитав чекав да се спомни само негде. Ете.
Колку што ме држи паметов мислам дека уште во првата епизода на почетокот се кажува дека е 1813 г. Колку време ќе чекаме за 2ра сезона? Знам, ептен нестрплива сум Цела сезона посветена на Антони
Даниел Гарсија работи во семејна пекара и живее со своите родители. Неговиот живот ќе се промени, кога случајно ќе ја запознае меѓународната суперѕвезда Ноа Хамилтон...
За љубителите на британски период драми - Белгравиа Од Julian Fellowes, авторот на култната Downtown abbey, доаѓа приказна за тајни и скандали меѓу горниот ешалон на лондонското општество во почетокот на 19 век. Романса помеѓу еден млад маж и жена од различни класи активира серија настани што ќе имаат последици во наредните децении. Убава серија, држи внимание, има една сезона со 6 епизоди, ама некако фали Maggie Smith со нејзиниот незаменлив, типично британски сарказам и црн хумор. Како и да е, супер ескапизам 6 пати по 45 минути во времето скоро два века пред сегашноста.
Приказната за семејниот хотел сместен во измислениот крајбрежен шпански град Канталоа во 1905 година, кој претставува сцена за љубов, уцени, љубомора, криминал, комедија, заплети и мистерии, сите вклучени сопственици на хотелот, гости, детективи и вработени. Многу е интересна серијата и плус шпанска.
The Deceived https://www.imdb.com/title/tt10681614/ Нема да ја должам многу. Ако ви се допадна тематиката на Слом (The Undoing), тогаш и оваа ќе ви се допадне. Само 4ри епизоди, нема непотребни дијалози и кадри, дејството е релативно динамично. Млада студентка започнува афера со нејзиниот женет професор. Но, кога неговата сопруга ќе почине во мистериозен пожар, Офелија почнува да се сомнева дека можеби нејзиниот љубовник и не е толку идеален како што таа дотогаш мислела. Ок приказна, го задржува вниманието. Нека ви биде предлог за кога нема да сакате со денови да „заглавите“ со серија а сепак ви се гледа солиден трилер.
Tabula Rasa https://www.imdb.com/title/tt5197860/?ref_=tt_urv Предобар психолошки трилер! 10/10 Меи се буди во психијатриска болница, дознава дека има амнезија и дека ништо не памети од изминатите година и нешто но во исто време е и главна осомничена во случај на исчезнување. Кој од нејзините најблиски е пријател или непријател, и дали таа самата е жртва или крвник, Меј мора да се сети што побрзо зошто со секој поминат ден судбината на исчезнатиот е се поизвесна. Девет епизоди преполни со пресврти, напната до самиот крај. Првата епизода е можеби најдосадна, но приказната како клопче се одмотува, прво поспоро, потоа се побрзо и побрзо и едвај ќе чекате да ја пуштите наредната епизода за да дознаете што се случило.