За вечните љубители на Star trek и незаменливиот Жан-Лук Пикард. Сега веќе адмирал во пензија, во своето уточиште-прекрасен мал дворец каде одгледува винова лоза. Но, никако да го заборави командат Дата кој пред дваесетина години животот го дал за него, постојано го сонува и мисли. Сменети се многу нешта со Федерацијата, со Ромуланците... Дали постои уште некој како Дата? Која е девојката која одненадеж ќе дојде да го посети Пикард, од каде му е позната? Мора да се гледа и ужива. Препорака! 10/10
Behind Her Eyes 2021 Ако сте љубители на психолошки, мистериозни драми, серијава it's a must. Ја изгледав во еден ден, не дека е премногу долга, има само 6 епизоди ама е презаразна. Настаните се така испреплетени што те тера да гледаш сé до самиот крај. Навидум, започнува како обична драма, David и Adele се во брак долго време и се доселуваат во ново место. David е психијатар, кој не е задоволен од својот брак па започнува афера со неговата секретарка Louise. Louise, од друга страна постанува многу блиска и со Adele. На прв поглед клише, но серијава е многу подлабока (од психолошки, како и мисериозен аспект). Во текот на сите епизоди владее голема тензија и напнатост. Полека се откриваат детали, што те тера да размислуваш, но сепак мисеријата останува нерешена до самиот крај. Крајот е , навистина не очекував нешто такво. Последните епизиди претпоставив кој е лошиот лик, но крајот е mind blowing. Има 7.2/10 оценка, но јас би и дала барем 8 ако не и повеќе. Со оглед дека е многу кратка а сепак толку добро склопена, со одличен крај.
Mindhunter 2017 Најверојатно на повеќето веќе гледана ви е серијата, но сепак за останатите како мене кои до скоро не знаеја дека постои. Жанр: психолошка криминологија. Серијата ги следи два FBI агенти, чија задача е да ги интервјуираат најголемите сериски убијци. Одделот во кој работат е освртен кон сериски убиства кои вклучуваат силувања. Целта на задачата е да обезбедат доволно материјали за менталната состојба на поединците, нивните мотиви, размислувања, начин на дејствување, сѐ со цел во иднина такви злодела да бидат сопрени уште пред да настанат или полесно да можат да ги фатат виновниците. Дејството е во 70те години, но не се ни забележува тоа толку многу. Би рекла дека сепак кинематографијата има модерен шмек. Во тој период луѓето кои извршувале сериски убиства без очигледен мотив се сметале за луди, тоа е сѐ што за нив би се рекло. Но, за прв пат младиот агент Холден ќе се запраша ,,Дали позади тоа лудило сепак постои некаков мотив и што е тоа што ги тера луѓето да извршуваат такви злосторства?" Тој е првиот кој го предложува фактот дека ако сакаме да ги сопреме или уапсиме тие злосторници, ние мора да се обидеме да го сфатиме нивното лудило. За прв пат во историјата предложува убиствата и сторителите да се анализираат од психолошки аспект. Од тука и излегува терминот ,,сериски убиства", кој претходно не бил користен. Серијата е од таквите каде гледаш без да трепкаш, едвај ги чекав сцените со интервјуата, баш се возбудливи. Ја завршив првата сезона, се надевам и втората е исто добра.
Серијава е предобра. Првата епизода ми беше малце Slow, ама од 2та е WoW!! "Yellowjackets" tells the narrative of a team of wildly talented high-school girls soccer players who survive a plane crash deep in the Ontario wilderness. The series chronicles their descent from a complicated but thriving team to warring, cannibalistic clans, while also tracking the lives they have attempted to piece back together. Sophie Nélisse, Jasmin Savoy Brown, Sophie Thatcher and Sammi Hanratty star as the teenagers, while Melanie Lynskey, Tawny Cypress, Christina Ricci and Juliette Lewis portray their adult counterparts as they reveal the truth about their survival 25 years later.
Девојки која серија е баш баш популарна ама да излегува епизода по епизда периодов, освен And just like that (продолжението на сексот и градот)? Таа ја почнав да ја гледам, и најинтересно ми е така кога следам епизода по епизода па имам време да ми слегнат впечатоци и да читам мислења отколку кога гледам веќе излезена серија и ја гледам џела сезона во еден ден па не ја памтам воопшто. Вака ја гледав и Undoing и баш го имам запамтено секој детал.
Yellowstone Мислам дека никој тука не ја гледал серијава, никој не ја спомнува. До сега има 3 сезони, глумците се сите Топ, да не одам подалеку главна улога е Кевин Костнер, предобра прејака серија е, ептен ја препорачувам, гледајте ја.
Burn Notice Има 7 сезони. Се работи за Шпион кој неодамна беше отфрлен од владата на САД, ја користи својата обука за специјални операции за да им помогне на другите во неволја. Оценка на Imdb: 7.9/10
Пребарувајќи нови епизоди од сериите што ги гледам, налетав на наслов How I met your father. Во прв момент не се сетив дека не е mother туку father. Има 2 епизоди, фина екипа - хилари даф и ким катрал... Ветувачки делува, ми фалеше релаксирана серија од овој тип.
BESA Кој е љубител на драма или трилер да ја гледа.Во две сезони игра сега за сега,се надевам ке има и трета.Одлична актерска екипа. Урош е обичен фамилијарен човек.Неговиот мирен живот ке се смени преку ноќ ,кога ке направи сообраќајна незгода во која умира ќерката на нај бараниот нарко дилер на балканот Дардан Бериша.Дардан иако знае дека виновникот за сообраќајката е неговата ќерка ,сепак ке бара одмазда.И тука почнува заплетот. Со мм си е*авме мајка со серијата.До 3 наутро седевме да ја гледаме.
Дефинитивно одлично снимена серија, одлична екипа и глума. Само малку премногу агресивна и потресна, а периодов не сум баш расположена за ваков жанр. Сепак со едно око подгледнував зошто мм ја гледа интензивно.
I Know This Much is True 2020 Ако сте љубители на slow-paced, real life experience, драма серии, мислам дека ќе ви се допадне. Јас сум на средина некаде кога станува збор за тој тип на серии но дефинитивно I know this much is true ми задржи внимание. Морам да го пофалам Mark Ruffalo за глумата на двата близнаци Доминик и Томас, сосема спротивни од секој можен аспект. П-р-е-д-о-б-р-о изглумено дури заборавав дека е истиот глумец. Кратка содржина: во 6те епизоди е претставен детално животот на Доминик и неговиот брат Томас кој боледува од шизофренија. Приказна за предавство, жртва и простување. Приказна за покајување и братска љубов. Длабока и мрачна тема, серијата е драма во вистинска смисла на зборот а среќните моменти се скоро и непостоечки..
The sinner - има 4 сезони секоја сезона е посебна. Ептен ми остави впечаток, поготово 2ра сезона пошто е со мало дете .
Little Voice 2020 Бес, млада девојка во раните 20ти години сè уште го пронаоѓа својот пат во овој хаотичен свет. Како млад текстописец и изведувач на песни, макотрпно пробува да успее во она што навистина најмногу ужива, а тоа е музиката. Нејзиниот татко е локален изведувач, кој и покрај својот огромен талент никогаш не успеал да го доживее својот триумф. Бес има и брат, личност со посебни потреби кој е целосна одговорност на Бес. И покрај комплицираниот живот таа не се откажува од својот сон. Сака да биде слушната и да се претстави онаква каква што навистина е, едноставна девојка која обожава квалитетна музика, онаква каква денес ретко се слуша. Серијата е деликатна а толку едноставна од друга страна. Изобилува со драма, љубов, пријателство, семејни елементи но во точната доза. Естетичните сцени се преубави, со доволна vintage мистика. Ме зачуди фактот дека сепак станува збор за американска серија а толку е претставена на еден поинаков начин, мешавина од модерно и еден долго заборавен начин на снимање филмови и серии од минатиот век. Уживање плус е што низ епизодите ќе слушнете доста безвременски хитови. Има само 9 епизоди по 25-30 минути. Штета што ја прекинале.. 9/10 од мене. Спојлер Глумицата е преубава.
Полноќна миса - Midnight Mass (2021) Римокатолички свештеник при аџилак низ Ерусалим се губи во песочна бура, но наоѓа засолниште во некоја пештера. Таму доживува средба со суштество за кое тој, според неговото разбирање на библиските стихови, верува дека е средба со ангел. Можеби ако го доведе со себе назад во САД, суштеството би се смилувало врз неговото мало изнапатено стадо верници кои живуркаат на еден мал и делумно изолиран остров. Со сè уште присутни спомени за последиците од еколошката катастрофа и малите приходи од рибарењето, верата не им е на завидно ниво. Но набргу верниците кои одат на миса и земаат редовно причест, почнуваат да ги доживуваат чудесните ефекти на верата низ подобрување на здравјето. Добрата вест (евангелието) се шири од уста на уста, а шерифот Хасан кој е муслиман, чувствува нелагода што неговиот син Али, наместо да клања на Алах, се повеќе пројавува интерес за Библијата и црквата каде одат неговите врсници во надеж дека ќе посведочат за уште едно натамошно чудо. Но чудата и враќањето кон Црквата имаат своја цена која ќе треба да се плати воочи Велигден. За некои верници тоа ќе значи враќање кон живот со старите потешкотии, а за други смрт како праведна „награда„ за делата им „апостолски„. Но најмногу сето тоа ќе ја здоболи Бев, која несвесна дека страда од нарцисоидно нарушување на личноста ќе мисли дека токму таа му е на Бога најомилена и поставена над другите. Прашања за верските слободи и секуларноста, границата помеѓу силната побожност и фанатизмот, нарцисоидно толкување на библиските стихови, злосторството и казната, вината и простувањето, вечен живот се темите. Многумина би ја окарактеризирале мини серијава како хорор, но попрво се работи за социјална драма и биолошки трилер, а со елементи на хорор. Серијата има 7 епизоди од по 55-60 минути, потребно е да се гледаат по редослед бидејќи се директно поврзани една со друга. Да беше филм, деталната и важна разработка на ликовите не би ја собрало во 2 часа. Секоја епизода е насловена според некоја од библиските книги како „Настанок„; „Дела Апостолски„; „Откровение„ и тн. Одлично разработена приказна и ликови, не е клише, ја препорачувам и на оние кои не сакаат хорори туку семејни драми но и трилери.
Само шо го завршив The Thaw (Odwilz) полски филм, пријатно ме изненади. Има една сезона со 6 епизоди. Нормално се работи за детективка која истражува убијство на ќерка на обвинител ( во исто време го бара и штотуку породеното бебе на убиената девојка) 8/10
Епидемия или To the Lake. Може да се каже дека се работи за зомби апокалипса кадешто дејството се одвива во Москва и рурална Русија. Малку бев скептичен да ја видам серијава (зомби ) но многу ми се допадна серијата и ја препорачувам на секој кој сака трилер, хорор, драма, акција па и пост-апокалиптичен жанр. Глумата е феноменална, приказната солидна а карактерите се сите интересни и веродостојни кои можеш да ги замислиш како вистински луѓе во секојдневието а не карактери преполнети со клишеа. На кратко - епидемија избива во Москва која се шири низ цел свет. Како што пропаѓаат државните институции, законот и редот се заменуваат со беззаконие и хаос а две семејства од Москва се обидуваат да маневрираат во новонастанатото лудило.
Една епизода само изгледав и ептем ми се свиѓа. Пред неколку години, Кирби доживува страшен напад кој и остава лузни - физички, психички... дознава дека скоро се случило убиство кое полицијата испитува дали се поврзува со нападот што таа го доживеала. Ептем препорачувам.
Сите епизоди ги изгледав. Многу добра серија, многу поинаква од она што очекував кога ја почнав. Едвам чекам да почне новата сезона. Ја препорачувам и јас.
Баш супер што си ја гледала и што ти се бендиса, се надевам дека повеќе форумџики ќе се решат да ја гледаат оти серијата е пре јака. Нова 5та сезона треба да излезе во ноември. Знам дека има и 2 други spin-off серии 1932 и 1883, овие не ми се гледани.
Периодов ги загледав "Moon Knight" и "That Dirty Black Bag". Првата е слична на оние суперхеројските, главниот лик добива супер моќи од Египетски бог. Има многу акција, тепачки, бркања, визуелни ефекти. Супер се направени, изгледа одлично. Најинтересното ми е што вклучена е многу Египетска митологија. И Oscar Isaak како и секогаш е супер, он ја прави серијата симпатична. Втората е вестерн, сè се врти околу едно градче во пустина, главната акција се дешава помеѓу градскиот шериф и еден bounty hunter кој убива барани негативци за пари, и главите им ги носи во прљава црна торба, затоа што телото тежи повеќе од главата. А нели, некако треба да докаже дека се мртви, за да ја земе наградата. Ми се допаѓа како е направена серијата, кинематографијата е прекрасна, ликовите се супер разработени. Има еден куп гадни сцени, чисто информативно. И littlefinger одлично глуми и тука пак болен психопат! Ја изгледав и првата епизода од "Severance" зш има висока оцена, ама ич не ми фати око. Ја гледал некој, дали станува поинтересна?