Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорачајте интересна серија со кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Sonce, 8 ноември 2009.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.923
    Допаѓања:
    81.206
    Пол:
    Женски
    The Sex Lives of College Girls

    [​IMG]

    Многу забавна серија која се гледа во еден ден. Ако си сакате вакви колеџ лајф серии, тогаш ќе ви се допадне и оваа.

    Четири бруцошки ќе станат цимерки и баш ќе им биде забавно. Толку се различни - навистина секоја од нив си е приказна за себе, а толку совршено се надополнуваат. Си газат по нерви, си ги „притискаат копчињата“ една на друга, заедно грешат, плачат, уживаат, се забавуваат и што уште не. Ќе го живеат студентскиот живот „од соништата“ и ќе видат дека работите што ги гледале во тинејџ-филмовите немаат баш некоја допирна точка со реалноста. Навистина беа проникливи, која од која похаризматична, не можам да издвојам омилен лик.
    Но дефинитивно најмногу ме смееше Кимберли (Паулин Шаламе, која патем му е сестра на Тимоти :wasntme: ), мислам дека втората сезона има шанси да биде исто толку добра. Барем се надевам дека нема да ја утнат.

    Темите кои беа опфатени можеби се навидум просечни, ама па со што друго може да се соочи ете еден студент во првата година од студирањето? Скроз реална, сите теми ми беа баш интересни зашто има од се по нешто и секој може да се пронајде бар во делче од содржината. Ептен сакам вакви сестрани серии, кои опфаќаат семејни односи, па има малку драма, малку флинг романса, целиот пакет што ги прави овие драми пријатни за гледање.

    Минди Калинг е главен виновник за постоењето на серијава и според мене завршила одлична работа. Со душа чекам втора сезона, се надевам дека нема да ја прекинат серијава, би била огромна штета да се деси нешто вакво.
     
    На marsilia, simoncelicius, -црноока- и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    The Marked Heart Screenshot_20220605-231016_Opera.jpg

    Млада жена е киднапирана и убиена, за трансплатација на нејзиното срце.
    Срцето го добива Камила, жена на богат човек, која долги години е на листата за донации 9/10
     
    На senjorita-v, Selest и Bananki023 им се допаѓа ова.
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    It's a must. Ben Stiller каква режија :clap:
    Одлична модерна мистерија/трилер, од прва до последна епизода уживав јас. Кинематографијата е врвна.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kumanovkaa

    Kumanovkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2019
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.138
    Пол:
    Женски
    Manifest е предобра серија, ја препорачувам :)
     
    На floppy77, X.X, Kohlensäure и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    House of the Dragon

    [​IMG]

    Кој ја гледал Игра на тронови веќе знае што да очекува. Враќање назад 200 години пред се' да се случи со фокус на Таргеријан. Само една епизода е излезена засега, но ветува многу.
     
    На X.X и Elenpelen им се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.445
    Допаѓања:
    24.951
    Конечно екстра добра серија - "Black Bird". На еден дилер осуден на 10 години затвор, му нудат опција да го префрлат во полош затвор кај што се напикани хардкор убици што служат доживотни, со цел од еден психопат да дознае каде закопал тела од девојчиња, за возврат скроз да му ја поништат казната и да го ослободат. Многу добра тажна вистинита приказна и врвна глума, ептен препорачувам.

    Screenshot_20220902-145648_IMDb.jpg
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Кажете бе некоја серија историска.
    Ја почнав The Tudors, ама не знам колку е интересна.
    Веќе гледано:
    Reign ( за Mary, Queen of Scots)
    Victoria
    The White Princess
    Crown
    Tut
    Kosem
    Catherine the great
    The great
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.923
    Допаѓања:
    81.206
    Пол:
    Женски
    Интересна е Tudors. На списоков ти фали The White Queen, таа е за Елизабет Вудвил и Едвард.

    Гледај ја Outlander. И нека не те плаши тоа што има тајм-травел, одлично е вклопено, серијата е фантастична. Не е баш конкретно за некоја личност од историјата, ама е многу интересна затоа што проткаени се многу култни историски настани низ неа, oд 18-ти век натака.

    За Борџиите си гледала нешто? The Borgias гледај ја, добра е и таа.
     
    На 1209, ane.bella и Feminka22 им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    The White Queen ја имам почнато пред некоја година ама не ми фати око и останав на прва епизода.Ама може после Тудориве таа.
    Чим ја препорачуваш.
    Не ги знам, кои се тие Борџии?
     
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    39.741
    Пол:
    Машки
    Spartacus, секс, афери, битки, убави мажи и жени, Рим, гладијатори... Историска Гејм оф Троунс.

    Оди по оваков редослед. 1 сезона, па оваа бонус мини серија, па другите две сезони се со друг глумец пошто првиот почина од рак. :(

    Rome - Најголем буџет имаше пред ГоТ. Лошо е што ја прекинаа и никогаш не заврши. Слична тематика како првата, само овде е прикажан животот на големците, битките во Египет и падот на Рим.
     
    На ane.bella и Feminka22 им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Ми искочи на Томато Rome а ја одминаав
    Ама чим рече Египет.Ме купи
    Значи имам бар три.
    Тудори, па Вајт Квин па Роум
    Фалааа
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.923
    Допаѓања:
    81.206
    Пол:
    Женски
    Борџиите се од времето на ренесансна Италија, многу моќно папско семејство биле и доста контроверзни се, бизарни. И Медичи од истиот период, само треба да проверам дали имам гледано нешто за нив и што.

    Во секој случај, The Borgias е навистина многу добра серија.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Еј
    Ако има за Медичи нешто, би било топ
    Знам дека Катерина била јака жена.
    (Не физички)

    update
    Најдов за Медичи

    https://www.imdb.com/search/title/?title_type=tv_series&genres=history

    Die Medici ми ја дава мене
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    @Feminka22 од предложените горе серии и јас би ти рекла да ги гледаш обавезно Spartacus и Outlander
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    The last kingdom и the Spanish princess исто така предобри:)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ivanamackica

    ivanamackica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    1.046
    Пол:
    Женски
    Еве предлог од мене за добра и интересна серија на која што се навраќам повеќе пати.
    Good Girls:makeup::cash: (Комедија-Драма, Криминал)
    Станува збор за три мајки од предградието, кои поради неочекувани финансиски проблеми, ќе решат да ограбат локална продавница. Но, тоа што нема да го знаат е дека баран криминалец ги чува своите пари во сефот на продавницата, па наместо очекуваните 30.000 долари, тие ќе завршат со половина милион. Тие ќе бидат приморани да работат за криминалецот со цел да му ги вратат парите. Откако нивниот долг ќе биде подмирен, ќе решат да останат во контакт со криминалецот што го ограбија и ќе се впуштат во различни процеси „перење“ фалсикувани пари.
    [​IMG]
     
  17. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    982
    Пол:
    Машки
    Криминална со убиства, трилер, по можност понова?
     
  18. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Mare of Easttown, Unbelivable, Sharp objects, Outsider
     
    На MakeDamnSure му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DrRejv

    DrRejv Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2021
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Vikings ми остави многу добар впечаток. Интересна серија со елементи на авантура, акција и трилер.
    Можам да кажам дека ми е во топ3 и би ти ја препорачал.
     
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Ghosts

    Ghosts.jpg

    https://www.imdb.com/title/tt11379026/

    Кратко, слатко, шармантно :l:

    Сем и Џеј се млад и урбан брачен пар кои наследуваат вреден стар имот но тоа што не знаат е дека во куќата „живеат“ духовите на сите оние кои низ вековите починале таму- прастар викинг, циничен индијанец, геј офицер од војната против Англија, џез пејачка од времето на прохибијата, хипи девојка, строга конзервативна прапрапрапрабаба на Сем, вечно позитивно настроен водич на извидници и најмладиот дух по стаж, еден волк од Вол Стрит.
    Откако ќе падне по скали Сем ќе почне да ги гледа духовите и- следат куп комични ситуации.

    Излезена е првата сезона, во тек е втората. Максимално позитивна серија, со топол хумор и ликови кои не може а да не ги засакате.

    *Имајте само во предвид дека рецензијава се однесува на американската верзија.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.