Guillermo del Toro's Cabinet of Curiosities, каква частевка за мојава досада деновиве. Многу е добра серијава, вика дека е хорор ама знаете какви се хорорите на Гилермо, не е многу страшна, повеќе мистериозна со интересни приказни. И актерите се одлични, сценографија и целата атмосфера, штета што не е излезена наеднаш ама сепак вреди да се чека.
Претпоставувам ги имаш гледано The Vampire Diaries и The Originals? И Supernatural? Сеа излезе The Winchesters (во случај ако си љубител на Супернатурал), не е лоша.
Uncoupled Зошто никој ја нема споменато серијава? Патрик Нил Харис е одличен, серијава е продуцирана од Дарен Стар, продуцентот на Сексот и Градот, Younger, и многу други. Оваа е нешто како сексот и градот во машка, геј верзија. Презабавна е, допадливи ликови, супер хумор, топло ви ја препорачувам ако сте во потрага по нешто лесно. По триесетина минути траат епизодите, една сезона има засега, би требало да има и втора.
Серијава ја изгледав откако ти го прочитав постов бидејќи сѐ што е Sex and the City related - a win. Искрено првите две епизоди ми беа ептен безнадежни, некако cringe глума, awkward хумор, приказната без врска некако, ама после третата епизода дали серијата се подобри , дали јас навлегов повеќе не знам ама до самиот крај ептен ми се допадна. Исто така до еден момент мислев дека скроз нема никаква поврзаност, ама некои моменти беа ептен Sex and the City inspired, најмногу од Саманта ми се чини. Спојлер Нели и Саманта им сподели на другиве дека има breast cancer на свадбата на Миранда, исто ко Стенли тука. И карактерот на Били е инспириран од нејзиниот секс без обврски начин на врски. Исто и моментот кога се почуствува дека не е добар пријател, мислам дека и Саманта имаше неколку такви моменти во SATC. Сузан исто кога спомна дека носи штикли од Сара Џесика Паркер. Такви ситници ко tribute ептен ми се допаѓаат во серии. Едно нешто што го имам забелешка кон оваа, а и општо кон другите серии(добро што мислењево е во општата тема), е тоа што се чувствувам ко пола од епизодите да се со филер моменти. На пример приказната на Клер скроз ја гледам ко таков дел, бидејќи во некои епизоди ја имаше доволно за да ја прифатиш ко дел од споредните карактери, меѓутоа во некои епизоди воопшто ја нема и нејзината приказна останува необработена. И цело време во фокус е една приказна, што еве ќе ја земам SATC за пример, во секоја епизода беа опфатени ко две приказни и на некој начин се споредуваа или поклопуваа. Не знам ама за многу серии во последно време мислам дека може да поминат ко филм од два саати. Се надевам наредната сезона на Uncoupled ќе има повеќе сторилајн за другите карактери, бидејќи во последните неколку епизоди почнаа повеќе нивните приватни животи да ги опфаќаат.
the discovery of witches ако не ти е гледана. Vampire academy 2022 Исто така и Lucifer 2016 не е лоша…
Кажете некоја крими серија интересна. Иам изгледано тон серии, ама сакам уште. Се мислев и Очајни Домаќинки пак да ја гледам, од шо неам идеа. Ама некоја шо е завршена, за да не чекам нови епизоди. Имам многу серии така шо ми се почнати, и дур искочат новите епизоди ќе испозаборавам се`. Иначе тип еден, може некој ја знае некој не. Има апликација TV time се вика, може да си бележите до кај сте со серијата, да не се изгубите, и ви стигаат нотификации коа ќе искочат нови епизоди. И ве молам сериите шо ќе ми ги препорачате, да ги има и надвор од Нетфликс, пошо неам акаунт
Крими - criminal minds, you, only murders in the building, x files.... Ако ти се свиѓа очајни домаќинки слична на нејзе е why women kill ама со крими удел и пократка.
Ја имам гледано таа Зашто жените убиваат. Ептен добра серија, и поучна, бар за мажите на Фокс крајм сите се добри жими се`, ама се веќе почнати... сакав некоја отпочеток да си ја фанам. Ај ќе почнам со ОД, па ќе видам некоја од овие шо ги кажа. Тенкс
Вчера ја догледав The Calling и ми се допадна. Пола сезона е посветена на еден случај, пола на друг. Нема акција, повеќе акцентот е ставен на психолошкиот профил на луѓето инволвирани, и бајаги е замрсена.
Ама уште трае... фала на идеа Барам веќе завршени пошто гледам серии манијачки, одма ќе ги изгледам овие..
@Feminka22 crossing lines, scorpions , MacGyver, criminal minds , fbi , blue blood , ама колку што те разбрав се ова имаш гледано штом си редовен гледач на фокс ми ту *the equalizer Castle , Bones , Lucifer White collar
Outer range - мистерија, драма, научна фантастика. Дејството се одвива во Вајоминг и опфаќа семејство што живее на ранч и мистерија што е вкоренета во целото место. Морам да кажам дека е стварно преспора, мене не ми сметаше тоа толку, а ми се допадна зашто има сличен вајб на Дарк и на Твин Пикс. Убаво се разработуваат ликовите и иако некои сцени се чинат непотребни има многу детали. Има само една сезона и поради спорото расплетување на мистеријата на крај остануваат еден куп неодговорени прашања, ама бидејќи е обновена и за втора сезона секако очекувам во нејзе да биде главната обработка на приказната. Освен главното дејство се провлекуваат и теми за религија, семејство, трагедија.