1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорачајте интересна серија со кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Sonce, 8 ноември 2009.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.604
    Пол:
    Женски
    Ја загледав Nolly со Хелена Бонам Картер, 3 епизоди се само.
    https://www.imdb.com/title/tt16233462/

    Хелена е одлична, а на серијата ѝ фали малку динамика, но доста е кратка па не се осеќа до толку и брзо се гледа.
     
    На ice.princess и simoncelicius им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Not dead yet, нова серија со Џина Родригез во главната улога. 20тина минути се епизодите, има пет излезено.
    Баш вакво нешто барав, забавно и кратко.
    Нел Серано се обидува да си го врати стариот живот, откако оставила све за да биде со својот вереник, кој ја оставил. Новинарка е и пишува obituaries, ама ги гледа и духовите на оние за кои пишува.
    Кратка, лесна и интересна, ако барате вакво нешто топла препорака.
    https://www.imdb.com/title/tt18250904/
     
  3. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    10.190
    Пол:
    Женски
    The last of us (HBO) !
    Серијава иако со зомбиња, а јас зомбиња не гледам, е пре до бра.
    Ели е имуна на вирусот што го нападна цел свет и со помош на Џоел ќе патува од точка А до точка Ш, со цел да проверат од односно дознаат дали ќе можат да направат вакцина или лек за вирусот.

    Бела глуми предобро, Педро со причина го викаат daddy по тик-токон :D серијата е базирана на видео игра, и колку што успеав да видам некои клипчиња од играта, баш се држат до скриптата 8)

    Ми се допаѓа серијава навистина, нема мноооогу зомбиња, поголем фокус е ставен на врската помеѓу Џоел и Ели.

    Ви ја препорачувам, има 10 епизоди првава сезона, секој понеделник излегува нова со тоа што финалето од сезонава е сега наредниов понеделник, а како што ми се чини ќе има и втора сезона.(fingers)

    MV5BZGUzYTI3M2EtZmM0Yy00NGUyLWI4ODEtN2Q3ZGJlYzhhZjU3XkEyXkFqcGdeQXVyNTM0OTY1OQ@@._V1_.jpg
     
    На SanjaSt, Billy Idol, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Дечки, предлог за добра, хорор/трилер серија?

    Патем, ја има ли некој гледано The Outsider? Имдб 7.7, одлични рецензии и секако дека е прилагодување на мојот омилен хорор writer, маестралниот ум на Stephen King. Ќе ја почнам вечер.
     
  5. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.535
    Допаѓања:
    28.742
    Пол:
    Женски
    Супер е the Outsider, јас ја гледав после читање на книгата и ептен добро е направена. Доволно creepy, ама не е gory тип на хорор.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    Severance.
    Ја изгледав тек минатава недела, некако ми личеше досадно за да ја почнам порано иако имаше високи оценки и e излезена лани. Колку многу сум згрешила, дефинитивно една од најдобрите серии што сум ги изгледала. Одлична, во секој поглед. Одлично режирана, мистерија што држи внимание, паметен sci-fi заплет, поставува добри етички прашања. Ако некој ја нема гледано и бара предлози тука - е оваа.
     
    На X.X му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.604
    Пол:
    Женски
    Сосем случајно ја загледав The Great, ја има на HBO.
    https://www.imdb.com/title/tt2235759/

    [​IMG]


    За Катерина Велика е и за тоа како дошла во Русија - мислеле дека е многу наивна девојка со која лесно би можеле да манипулираат, а всушност била сè спротивно од тоа и малку им ја извадила душата со тоа што гласно се борела против глупостите на Петар III.

    Толку е преслатка Ел Фенинг, природна, шармантна, ја носи целата серија и тотално ја обожавам. Ќе ја почнам втора сезона деновиве, ептен ми е забавна. Има некои брутални нешта и сцени, ама и малку е изромантизирана од историски аспект. Но и жанрот е комедија спакувана во вид на историска драма, па не се замарам многу. Ми легна ептен, а пред недела дена отприлика излезе и третата сезона па таман ќе имам со што да се занимавам периодов.
    Препорака за сите љубители на драми. (y)
     
    На Scott Weiland, Flower27, Kohlensäure и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    Abbott Elementary
    Комедија, баш е онака едноставна и лесна, ама интересна е има смешни и убави моменти. Епизодите се кратки, по 20 минути. Се работи за наставници во основно училиште и предизвиците со кои се соочуваат, а нешто во стил на modern family e, така е снимана.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.378
    Допаѓања:
    34.165
    Пол:
    Женски
    Ја гледал некој, да сподели импресии?

    SAS Rogue Heroes
    [​IMG]
     
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    21.270
    Silo - супер sci fi серија. Сило е огромен бункер-град под земја, каде луѓето живеат не знаејќи што точно се има случено надвор, но веруваат дека ако излезат, ќе умрат. Поради тоа, најголемата казна која може да му се даде на еден престапник е да се испрати надвор да ги чисти прозорците на бункерот. Неколку луѓе почнуваат да се интересираат за минатото и дали навистина надвор значи смрт. На почетокот е малку поспора, ама до крај е супер, ептен држи во неизвесност.

    The Bear - втората сезона е исто предобра како и првата, ако не сте ја гледале, обавезно гледајте ја. Еден млад готвач доаѓа во малото фест фуд ресторанче на брат му, да помогне да го одржи во живот откако он ќе се самоубие. Цела екипа на местово, секој со својата вештина, се труди да допринесе некако. Глумата е врв, приказната е супер, вајбот ми е прекрасен, обожавам вакви серии.

    Platonic - лабава серија со Seth Rogan, он и негова стара другарка пак ќе почнат да се дружат откако он ќе се разведе. Он прави пиво и има свој бар, она е поранешна адвокатка која не работи за да си ги чува децата. После толку години на недружење, сега дружбата и за двајцата е баш тоа што им треба у животот.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.733
    Допаѓања:
    8.092
    Пол:
    Женски
    Препорачајте некоја крими серија,или трилер нешто така.
    Многу имам гледано,ама можи сум пропуштила некоја.
     
  12. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    3.723
    Пол:
    Женски
    Silo гоолема препорака и од мене. Членката погоре има краток опис ( над 10,000 луѓе живеат во Силос, не знаат зошто, не знаат од кога и не знаат до кога. Единствено нешто што знаат е дека не смеат да излезат надвор бидејќи е опасно, а зошто и што има надвор никој не знае. Нормално човековата љубопитност почнува да расте кај поединци ...)
    Сакам вакви филмови кога со ништо не си на чисто.
    Секој мал детал може да значи нешто за поврзување на коцките за понатака.

    Втора сезона се снима, едвај чекам што ќе се дешава.
     
    На X.X му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.604
    Пол:
    Женски
    The Dropout
    https://www.imdb.com/title/tt10166622/

    [​IMG]

    Кратка серија сочинета од само 8 епизоди кои траат по отприлика еден час. И секогаш, ама баш секогаш овие краткиве ми се сто пати подобри од сериите кои се влечкаат со сезони и сезони.

    Искрена да бидам, почнав да ја гледам само поради Аманда. Немав поим за што се работи и можеби подобро, зашто веројатно и ќе ја заобиколев, не знам, имам аверзија спрема вакви ликови.

    Се работи за Елизабет Холмс, биотехнолошка претприемачка, основач на Теранос и дубарите во кои замешала прсти. Според вистински настани е серијава, судењава и до скоро беа актуелни и баш концизно опфатила сè без да смара и да премине во досадна биографија.

    Елизабет уште од средношколски денови имала една визија - да стане билионерка. И богами, успеала. 8-|
    Се запишува на факултет и прилично блеска како студент. Ќе изуми уред што баш звучи како рај за сите оние кои мразат игли, лаборатории и анализи...Потребна е само една капка крв и толку, сте завршиле работа. Кажете им чао на иглите и едно фала на Елизабет. :D
    Меѓутоа, во втора година ќе ѝ се случат некои збрки во животот и одеднаш ќе реши да ги прекине студиите. Но, тоа не е крајот, баш напротив. Преминува на главното и ќе даде сè од себе за да си ја оствари замислата која отсекогаш ја имала - да направи нешто револуционерно и вртоглаво да се збогати.

    Аманда ми беше одлична во улогата. Гласот иритира малку, ама и гласов на Елизабет не е баш музика за уши. :D Така што, да, одлична работа завршила актерката, зеде Еми и Голден глоуб за улогава и според мене - сосем заслужено.

    Препорака за сите кои сакаат драми, биографии, корпорациски сплеткарошења и слични теми. :)
     
    На kikin, Scott Weiland, Flower27 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.659
    Допаѓања:
    11.092
    Пол:
    Машки
    Освен нешто кратко во 2011 не видов за серијава. Мислам дека е можеби и по ТВ канали некогаш но не сум сигурен.

    [​IMG]


    Истовремено и лесна серија за гледање, и убаво изградена приказна, ретко е сите актори за комедија да се погодени.

    Nancy Botwin останува сама по смртта на мажот, и со два тинејџера, и почнува да дила трева за екстра пари. Се вклучуваат и брат и Andy и адвокатот Doug, ентузијасти на главната тема на серијата да речеме, и бизнисот се шири ама така и новите проблеми и луѓе и интрикациите меѓу нив.

    Jenji Kohan ме освои со серијава и Orange is the New Black, и Glow во последно време. Оригинално идеше од 2005 до негде 2012 и на прво гледање ми беше прејака. Пред некој ден гледав уште некоја епизода и толку работи имам пропуштено ко ново гледање ми дојде, многу е екстра хуморот.

    На моменти е мрачна и брутално реална, но изобилува со смешни сцени.

    Омилена ми е кога Doug расправа со Andy и влага чистачката и Andy: Hey, Lupita! Settle an argument for us. What do you call the thing between the dick and the asshole? Lupita: The coffee table. :D

    Препорака за сите што сакаат драма комедија и веќе ја немаат гледано но се сомневам.

    9/10
     
  15. SanjaSt

    SanjaSt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2020
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    Баш предобра(y)
     
  16. SanjaSt

    SanjaSt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2020
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    The Queen's Gambit (2020) Netflix

    Kратка мини серија од 7 епизоди. Доколку сѐ уште ја немате погледнато.

    IMG_4208.jpeg

    Осумгодишното сираче Бет Хармон е тивко и повлечено девојче со невпечатлива појава. Така е сè додека не ја изигра првата партија шах. Нејзините сетила се изоструваат, размислува појасно и првпат во животот чувствува дека има контрола.

    На 16-годишна возраст, таа веќе се натпреварува на „Отвореното првенство на САД“. Но, како што ги усовршува вештините на шахот и зачекорува на патот на успехот, работите почнуваат да се менуваат.

    Прекрасна историска драма.
     
    На Billy Idol и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  17. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Snowpiercer - Imdb 6.9

    Одлична! Мрачна и напната атмосфера со комплексни карактери. Дејството се случува во воз кој е во постојано движење и ги носи последните остатоци од човештвото. Околу 3000 преживеани по еколошката катастрофа поради која земјата станува непогодна за живеење оти надворешната температура изнесува -170 степени.

    Патниците во возот се поделени на строг класен систем, со привилегирани патници напред и оние помалку привилегираните сместени во втора и трета класа. Во репот на возот има патници кои успеале да влезат во истиот без тикет и тие имаат најмалку права или воопшто ги немаат. Наративот ја следи револуцијата да се оспори тиранијата која владее во возот.

    Wayward Pines - Imdb 7.3

    Во навидум нормален град, наречен Wayward Pines, пристигнува федерален агент со цел да ги истражи случувањата околу исчезнувањето на двајца негови колеги. Наместо тоа, влегува во се поголеми мистерии и открива дека напуштањето на градот е невозможно, со што останува заплеткан во се покомплексна и мистериозна атмосфера.

    Silo - Imdb 8.1

    Цел еден град вгнезден во подземна структура кој е постојан дом на 10.000 граѓани, комплетно изолирани од надворешниот свет. Дејството се случува 140 години по изградбата на градот. Луѓето не знаат ништо за надворешниот свет, ниту како претходно се живеело. Целата човечка историја е избришана и зборување за истата се смета за незаконско и опасно.

    Единствената нишка која ги поврзува внатрешниот и надворешниот свет е прозорот преку кој единствено се гледа сивило, а ноќе убавината на ѕвездите. Наративот започнува со низа убиства кои водат до се поголема мистерија и прашања зошто и дали воопшто мора да се живее во подземен град.

    From - Imdb 7.7

    Предобра! Наратив кој се врти во мал мистериозен град од кој никој не може да излезе. Сите обиди за истото се неуспешни и секогаш луѓето се враќаат на првичната точка во градот. Оној кој влегува во истиот, останува заглавен да го живее хоророт кој го демне градот секоја вечер.

    The killing - Imdb 8.3

    Серија која ја почнав во недостаток на избор и се навлеков. Многу е добра, особено првите 2 сезони. Ја следи мистеријата за убиството на 17 годишна девојка, која полека се открива, но само за да доведе до се повеќе прашања.

    Chapelwaite - Imdb 7.2

    Adrien Brody е извонреден во улогата на Чарлс, морски капетан, кој по смртта на својата сопруга, одлучува со своите 3 деца да се всели во куќата на неговите предци. Наративот станува се покомплексен од моментот кога тие се вселуваат во куќата и не се прифатени од граѓаните кои живеат во малото место.
    https://youtu.be/5Oe21SFan_0
    Archive 81 - Imdb 7.3

    Сторија која го следи Ден, задолжен за обнова на оштетени касети од пожар, преку кои се отвара цел еден куп прашања кои само повеќе го збунуваат главниот лик. Одлична мистерија која брои само осум епизоди и многу брзо се гледа.
    https://youtu.be/ibxKEqxARkE
     
    На Angie1432, kravce, sweet-cherry и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.604
    Пол:
    Женски
    Parks and Recreation (2009)


    [​IMG]


    Станува збор за Лесли Ноуп и нејзините колеги вработени во државна администрација, во одделот Паркови. Навидум звучи како ништо посебно, ама всушност е врвна.

    Ова е стиком од типот на Офис. Јас би рекла дека ми е на исто ниво како Офис. Дефинитивно и неа ќе ја сместам во омилени ситкоми.

    Немам поим зошто чекав толку долго за да ја почнам. Епизодите сами си вртат, до толку се заразив, што дури не знам како стасав до последната сезона. И сега ми е криво што ќе се разделиме со административците од Пони. :doh: :u:

    Каков развој имаат ликовите, неверојатно добра серија е Parks and rec. Не можам да издвојам еден посебен лик за анализа, зашто сите ми се дел од едно цело и совршено се надополнуваат, притоа опфаќаат разни стереотипи кај одреден тип на луѓе и не е реално колку е реална. :D
    Ама, Рон Свансон ми е дефинитивно омилен лик, ме боли стомак од смеење на неговите глупости, култен лик е нема што. :D

    Препорака за сите кои сакаат нешто топло, фино, со добар хумор и уште подобар сарказам.
     
    На Camille84 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.193
    Допаѓања:
    2.518
    Препорачајте ми некоја женска серија во стилот на Bold type, Ginny & Georgia.

    Emily in Paris и Younger гледани ми се:D
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.604
    Пол:
    Женски
    The sex lives of college girls, Workin' moms, Good trouble. :D
    Good trouble e спиноф на The Fosters. Изгледав јас 2-3 епизоди ама презаситена сум од од Фостерови па ќе ѝ се навратам за некое време.
     
    На ana-sweet му/ѝ се допаѓа ова.