Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорачајте интересна серија со кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Sonce, 8 ноември 2009.

  1. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    2.583
    Фалаа:hug:

    Ако имате и други предлози пишувајте:D
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Yellowstone. Само што ја завршив 5тата сезона, едвај чекам да излезе и 6та, пишуваше крај на 2024та ќе излезе. Леле волку јака серија немам гледано. На Филмовиплекс ја гледав.
    Пак ќе ја гледам од почеток. Бет ми е прејака. Може се гледам себеси во неа во одредени животни ситуации, па затоа и толку ја сакам.
     
    На simoncelicius, Camille84 и 1209 им се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.440
    Допаѓања:
    24.927
    Гледај ја "1883" ако ја немаш гледано, една од најдобрите серии некогаш снимени е според мене. И "1923" не е лоша.
     
    На simoncelicius, Camille84, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Фала, ќе ги гледам. Не сум фан на ваков тип филмови, ама приказната на Бет и Рип кога почнаа да се вртат по Фб видеа, ме натера да сакам да ја гледам. :D
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Frasier 2023, reboot, revival, што и да е, ама е одлична. Почнува малку климаво, додека на сите им легнат улогите, ама хуморот е истиот, типичен за Фрејзер. Топла препорака доколку сте ја гледале и сакале оригиналната серија, нормално дека фалат Мартин, Најлс и Дафне, ама и овој кастинг не е лош. Посебно Фреди, синот на Фрејзер, се истакнува.
    Дајте и шанса. Ако за ништо друго, тогаш од носталгични причини.
     
    На emiliana, DaisyDoo, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. n0Limits

    n0Limits Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    You на Нетфликс.
    Одличен психолошки трилер според мене, за момче кое се опседнува со одредени девојки.. има 4 сезони, за прекратко време ги изгледав сите
     
    На bad girl18 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    19.831
    Пол:
    Женски
    1. Shining girls 7.4

    Патување низ времето, мојот омилен наратив. Мрачна и страшна приказна за сериски убиец и структурата на времето која дефинитивно е на негова страна. Одличен хорор наратив за трауматизираниот живот на Елизабет Мос, во улога на Кирби, архивистка во познат весник во Чикаго. Кога се случува уште едно убиство, налик нејзинот претходен напад кој успева да го преживее, почнува да се отвара истрага која води до голема мистерија.

    Наративот започнува во 1974 година, со Харпер и потоа има неколку временски периоди, со истиот тој Харпер, претставен низ призмата на убиец, меѓутоа со неговиот нималку променет лик. За него не постои време. Меѓутоа, најлошото не е тоа што Харпер не старее, ниту тоа колку ја има уништено сега веќе возрасната Кирби, единствената преживеана жртва. Вистинските непријатели се уствари, времето и просторот.



    2. Dear child 7.3

    Libes Kind е оригиналниот наслов на оваа германска мини серија, која обработува психолошка манипулација, токсична зависност, угнетување, контрола со изговор безбедност.

    Вистинскиот хорор започнува кога Лена, претходно исчезната веќе 13 години, повторно се појавува во болница по доживеана сообраќајна незгода, заедно со нејзината ќерка Хана.

    Родителите на Лена брзаат да ја видат, но само за да потврдат со сигурност, дека жената која се претставува како нивната ќерка, тоа не е. Од друга страна, малата Хана го има истиот лик на Лена кога била мала. Тие се сигурни дека таа е нивна внука.

    Јас сум големо девојче, се сетив точно на се, правам се како што треба, се зборови на малата Хана, кои прогонуваат во текот на серијата со само една цел, мистериозен и вознемирувачки наратив од кој се чини дека нема излез.



    3. The girl in the mirror 6.3

    Шпанската серија, девојката во огледалото, со оригинален наслов Алма, е комбинација од драма, хорор, мистерија, со отворени прашања за тоа што е реалност, а што е имагинација. Се работи за психолошко патување на главните ликови, а во кое постојано демне опасност.

    Алма, по преживеана сообраќајна несреќа, се буди во болница и има амнезија. Трауматизирана од истото, се обидува да ја реши мистеријата која стои зад несреќата.



    4. Tabula rasa 7.9

    Ова е вистински психолошки трилер, во кој изобилуваат неколку временски нивоа. Се работи за мајка која страда од краткорочно губење меморија, која прави белешки со цел да се сети на настаните. Завршува во психијатриска болница, а едновремено е и осомничена за исчезнувањето на Томас, кој последен пат е виден со неа.

    Приказната движи напред, назад и обратно, затоа е потребно големо внимание за секој еден детал. Предобра!



    5. The innocent 7.8

    Марио Касас, треба ли да кажам повеќе? :D

    El inosente, уште еден шпански, предобар психолошки трилер во низата, чија наратив не само што има суштина и логика, туку држи и голема доза на неизвесност. Еден куп прашања и одлични пресврти.

    Матео, осуден за убиство од небрежност, се вљубува во младата Оливија, но иднината за двајцата е далеку од светла, се чини дури и невозможна поради тајната која ја крие Оливија. Таа, заминува во Берлин поради работни обврски и исчезнува. Ова е моментот, кога Матео се вплеткува во се подлабока мистерија, уште повеќе кога ја запознава детиктивката Лорена која истражува убиство кое некако има или можеби нема никаква врска со Матео и Оливија.

     
    На kravce, Belgin1, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  8. carver91

    carver91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    Јасна Ѓуричиќ е феноменална, интересна тема, многу добро сценарио и кинематографија...најдобра серија од 2023 година.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Каде ја има?
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    На Disney+ ја гледав.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Monarch

    Monarch Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2023
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    Ја препорачувам 30 Coins одлична серија 10/10

    Опис на серијата:

    Протеран свештеник се обидува да ги избегне своите демони додека живее во зафрлено село во Шпанија.

    Отец Вергара, егзорцист, боксер и поранешен осуденик кој е протеран од црквата да биде свештеник во еден оддалечен град во Шпанија. Додека неговото минато и старите непријатели се враќаат да го прогонуваат, чудни работи почнуваат да се случуваат. Се формира неверојатна работна група додека градоначалникот Пако и локалниот ветеринар Елена ја бараат вистината, додека реалноста е искривена со проколната паричка која е во срцето на глобалниот заговор.

    Не е за оние со слабо срце, стомак итн.





    Ја гледав на HBO MAX
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Monarch

    Monarch Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2023
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    Dark од 2017 до 2020

    Првата германска продукција од водечката светска Интернет ТВ мрежа е сместена во денешен германски град каде исчезнувањето на две мали деца ги разоткрива двојните животи и нарушените односи меѓу четири семејства. Во 10-часовни епизоди, приказната добива изненадувачки пресврт што се поврзува со истиот град во 1986 година.

     
    На BubbleBum94 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    Од досада лани ја загледав Reacher, од проста причина што Вила Фицџералд ми е преслатка. :lol:

    [​IMG]

    Моментално во тек е втората сезона (Вила не глуми во неа повеќе :doh: ), продолжив да ја гледам и неа па ми текна да пишам нешто за серијава, иако не знам колку е ова препорака за интересна серија. Поготово кога доаѓа од некој кој тотално презира акциони драми. Да, серијава е акциона крими-драма и за мене жанров е тотално бумерско шоу. Така го доживувам, тоа е. :D

    Серијава воопшто не е лоша, особено кога немате ништо друго поинтересно за гледање. Правена е според книгите за Џек Ричер, авторот е Ли Чајлд. Накратко, Ричер е поранешен воен полицаец и ќе се случи нешто поради кое што ќе мора да соработува со полицијата и така всушност ќе се врати назад во игра.

    Две сезони се, секоја (ќе) има по 8 епизоди. Морам да признаам дека првата сезона ја изгледав во еден цел ден, ми беше доста заразна иако не можам да кажам дека е нешто посебно и нешто невидено - прилично шаблонизирана серија, како и сè друго од овој жанр. Баш е тип на серија во која I'm in for the thrill и ништо повеќе од тоа. :D
    Втората сезона ми е дури малку подобра од претходната, па останува да видиме како ќе се развива. Ѝ предвидувам еден куп сезони, богами со книгите имаат насобрано еден куп материјал.
     
    На bad girl18, RainBow и 1209 им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    И јас ја почнав, првата сезона ја избинџав, приказната е предобра.
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На bad girl18, X.X, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    Тежок кринџ ме фаќа кога го даваат во кадар, пред очи ми излегува Силвестер Сталоне со напумпаните мускули и не можам. :rofl:
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.768
    Допаѓања:
    33.592
    Пол:
    Женски
    Ја почнав Liebes Kind прејак почеток.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.498
    Допаѓања:
    41.684
    Пол:
    Женски
    Препорака за добра медицинска драма? :)
    Мислам дека скоро све ми е изгледано:D.
     
  18. www123

    www123 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    a mene predlozete mi sci-fi serii so,patuvanje vo paralelni dimenzii ili niz vremeto pr ko quanrum leap, moze i film na taa tema
    ili nekoja druga interesna sci-fi serija,
     
    На X.X му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    12.392
    Пол:
    Женски
    @www123 the sandman? Ептен сум на почеток, втора епизода ама вака ми стои како солидна.
     
  20. BubbleBum94

    BubbleBum94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2021
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Од овие ја имам гледано само "The gril in the mirror" и многу ми се допадна. (y):*:
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.