Wentworth Би Смит е прогласена за виновна за обид за убиство на нејзиниот сопруг, и е испратена во затворот Вентворт. Додека го чека судењето, таа мора да научи како да преживее во затвор. Серијата е за животите на затворениците и затворскиот персоналот во казнено поправниот дом Wentworth додека тие се движат низ подемите и падовите на нивните животи во затворскиот систем. Ја загледав и се опседнав, веќе сум на осма сезона а ја почнав пред 2 недели. Не можам да престанам да гледам. Сега кога ќе подразмислам, за некој ден ќе ја завршам и ќе ми е криво. Многу е underrated серијава, забележав дека не е гледана многу низ светов за жал, ама па и ретко е достапна по стриминг платформите. Обожавам вакви серии, како и Orange is the new black, која исто така ми беше предобра.
The Patient За сите љубители на психолошки трилери. Алан е искусен психолог којшто животот го става пред искушение. Накратко, еден од неговите пациенти, инаку сериски убиец, сфаќа дека “нормалните” терапии не му помагаат. Поради ова решава да го киднапира својот психолог и да го држи заробен во неговиот подрум, присилувајќи го да ги одржуваат сеансите таму. Серијата е напната, со добри дијалози и неизвесен крај. Мене ми држеше внимание, солидна 8/10!
Серијава пријатно ме изненади. Се работи за стендап комичар во обид, кој ќе и стане опсесија на жена со нарушено психичко здравје. Не сакам да откривам премногу, мислам дека најдобар начин да се гледа филм/серија е со што помалку предзнаење и очекувања. Според вистински настани, оцена 9/10
Бев скептик поради името, ама серијава ми се свиѓа. Се работи за тајни агенти - сопружници, кои добиваат задачи (мисии) од непознат работодавец. Одлична хемија меѓу двајцата главни актери, забавна, напната, квалитетна серија. Уште не ми се изгледани сите епизоди, ама би дала оцена 8/10
@Anika55 да те замолам во текстот да го пишуваш и името на серијата. Бидејќи по некое време сликата се губи и не знаеме за која серија станува збор.
Па по некое време сликата е недостапна. И тоа најмногу иритира, ќе прочиташ добра рецензија а немаш појма за која серија се работи.
Fallout (2024). Постапокалиптична, снимена според видео игра. Немав големи очекувања, ама ми се свиѓаше. Малку споро се одвива дејството, ама дефинитивно ќе гледам втора сезона. Оцена: 7/10
Луѓе дајте предлог некои добри серии. Веќе не знам што да гледам. Најчесто гледам драма; мистерија; sci-fi, акција; хорор...
The Leftovers (2014) Серијава ја имам гледано поодамна, а верувам дека пак ќе ја изгледам. Веќе ја имам подзаборавено, ама се сеќавам дека бев воодушевена. Од приказната, ликовите, настаните.. Пичнува со тоа што еден ден ненадејно исчезнуваат луѓе. Бебиња, деца, мажи и жени, без некој посебен редослед или нешто заедничко. Понатаму ја гледаме борбата и различните начини на кои оние кои останале ќе се справуваат со загубата и ќе бараат одговори за настанот. Оцена 9/10 Station Eleven (2021) Се чудам како досега не сум чула за серијава. Многу ми се допадна. Настаните започнуваат со пандемија, вирус со 100% смртност. Потоа паралелно гледаме случувања од пред-пандемискиот и пост-пандемискиот период. На почетокот е малку чудна, но со секоја нова епизода, убаво се поврзуваат ликовите и дејствијата. Ја препорачувам, особено ако сте љубители на пост-апикалиптични филмови. Оцена 8/10 Narcos (2015) Drug trafficking и картели не се тема што ме интересира, па затоа дури сега и дадов шанса. Серијата е квалитетна, но тешка за гледање. Не само поради насилството, туку ми создаваше и чувство на бес и лутина, навистина вознемирувачка содржина. Тежината е поголема кога се работи за вистински настани. Ја догледав зашто морав да го видам крајот на гадот. Премногу крв и гадости (очекувано). Една третина ја премижав. Оцена 7.5/10
Expats (2023-2024) Тазе изгледана, уште сум под импресии. Прекрасна серија, топла и тажна. Одлична глума, ликови со кои лесно можеш да сочувствуваш, убаво склопена приказна. 8/10
From 2022 - Жанровски хорор со научна фантастика, за мене предобра серија. Накратко, дејството се случува во напуштен град населен од луѓе коишто на идентичен начин, не по своја волја, се нашле таму. Преку ден живеат навидум нормално, но откако ќе падне мрак се појавуваат паранормални суштества од кои единствениот спас е луѓето да ја минат ноќта затворени дома. На моменти почнуваше да ме нервира поради фактот што отвараше многу прашања, а поретко одговараше на истите. Се надевам во последната сезона ќе ги одговорат сите дилеми и сѐ ќе има смисла. Дефинитивно држи внимание. Сакам да филозофирам и да си правам теории за дејството, па супер беше што не ја гледав сама и имаше простор за дискусија. Топло препорачувам. Ако ја изгледа некој нека пише своја теорија во лп.