Ако имате Нетфликс - Yellowstone Серија која се бори да ги задржи своите фамилијарни вредности, да не потпадне под влијание на глобализацијата.. Серијата е трилер Ако имате Gley - Zigosani u reketu Носталгична драма за двајца поранешни кошаркари и добри пријатели кои се обидуваат да го „заживеат“ нивниот, некогаш успешен кошаркарски клуб.
The Penguin (2024) Веројатно најдобра серија за 2024 година. Чекав да излезе цела сезона за да ја гледам, до 5та епизода сум. Во почетокот ми беше тешко да го поврзам гласот на Колин Фарел со маската што ја носи, ама сега ми е 100% автентично. Ликовите се одлично одбрани и претставени, нивната приказна недосадно раскажана низ епизодите. Без преочигледни укажувања за гледачот. Секоја епизода е интересна и полна со случувања, глумата е на ниво. Уште не сум ја догледала првата сезона, а нетрпелива сум за втора. 9/10
https://m.imdb.com/title/tt7137906/ Мини серија, на вистинска приказна. Група деца се обвинети за силување на жена. Не би сакала да раскажувам натаму, да не откријам премногу. Серијава е предобра од мене 10/10
https://m.imdb.com/title/tt7137906/ Ова е мини серија од 4 епизоди. Базирана на вистински настан. Силувана е жена додека џогира ноќе. Сакајќи да го затвори случајот побрзо, обвинителка наоѓа деца кои биле присутни во паркот, и ги присилува да превземат вина. Оцена би дала 10/10
Them (2021) Предобра трилер/хорор серија. Одлични глумци, интересна приказна, штом ја почнеш, тешко е да престанеш да гледаш. Невообичаено, ама втората сезона е уште подобра од првата. Барем за мене. Серијата воедно оберботува тема расизам и натприродни сили. Двете сезони се во различни временски рамки. Дејството во првата е во 50тите години, а во втората во 90тите години. Се надевам дека ќе има трета сезона и топло ја препорачувам. Ја има на Amazon Prime, ама сигурно има и торенти. 8.5/10
Electric Dreams (2017) Постара серија, ама јас дури сега ја изгледав. Футуристичка, сличен концепт како Black Mirror. Има 10 епизоди, неповрзани една со друга. Некои ми се свиѓаа повеќе, некои помалку, но сепак е доволно добра за да ја препорачам овде. 7/10
The Capture (2019) Одлична трилер серија. Не е премногу предвидлива или преполна со клишеа. Приказната започнува со Шон, војник-повратник од Авганистан кој е изложен на јавно судење за убиство. Ќе биде ослободен со помош на видео докази и оттаму приказната добива поинаков тек. 7.5/10 Има две сезони, оцената е за првата сезона, втората уште не сум ја почнала.
Nobody wants this, ако не ти е гледана. Мене ми беше преслатка An astrological guide for broken hearts, италијанска е и ја има на Нетфликс.
Торент Да се надополнам. Втората сезона доста послаба од првата. Малку како да не знаеле кај да тераат. Како и да е, сметам дека серијата вреди да се гледа. Првата сезона зашто е добра, а втората заради closure
Apple Cider Vinegar (2025) Бел Гибсон е австралиска инфлуенсерка која гради империја промовирајќи алтернативни третмани, лансира апликации и готвач кои ѝ помогнале во нејзината борба со ракот. 8/10 од мене, мини серија, биографска, 6 епизоди од по 1 час. Накратко: Мрачната страна на велнес индустријата претставена преку неколку животни приказни.
Why women kill (2019) Комична и забавна серија. Сличен концепт со "Desperate Housewives", со наратор и сплетки Двете сезони се одлични. 7/10
The Lost Flowers of Alice Hart (2023) Изгубените цвеќиња на Алис Харт е потресна и емотивна драма која сложено ги спојува минатото и сегашноста додека Алис се движи во своето трауматично детство и потрага по идентитет. Животот на Алис е обликуван од жените кои ја опкружуваат, вклучувајќи ја и нејзината баба Џун и други силни женски фигури на цветната фарма, од кои секоја носи свои приказни за болка и преживување. Минисерија, драма, 7 епизоди, 9/10 од мене.
From не е лоша, ама почнаа да го тупат на крај. Bookie ми е пресмешна серија. А ако сакаш стварно добра добра добра крими серија, THE WIRE. Кој ја нема изгледано, ќе се кае. РЕМЕК ДЕЛО.
The Day of the Jackal (2024) Уште една одлична трилер серија! Кој ја нема гледано, време е да и дадете шанса. Ја има на SkyShowtime, ама сигурно има и торенти. Еди Редмејн е во главна улога и како и секогаш, глуми феноменално - не се заебава Игра платен убиец кој води двоен живот. Од една страна татко и сопруг, а од друга страна ладнокрвен и вешт снајперист. Серијата е возбудлива, интересна, емотивна и држи внимание. 8/10
Adolescence (2025) Генијална мини серија. На почетокот ми делуваше малку досадно, ама брзо се навлеков. Одлично одглумени, долги сцени (мислам дека секоја епизода се состои од по една сцена). Кинематографско уживање, ама остава грутка во грло. 8.5/10
Hysteria (2024) Тинејџ хорор серија, на тема сатанизам. Мене ми се допадна, забавна за гледање. 7/10 Paradise (2025) Пост-апокалиптична, ми лежи жанрот Добра е, само крајот не ми се свиѓаше. Не е тајна дека ќе има втора сезона, па некако на моменти имав впечаток ко да се развлекува непотребно, особено последната епизода. 7/10 Severance (2022) Првата и втората сезона ги имам подзаборавено, ама се сеќавам дека ми се свиѓаа. Третата сезона многу досадна и конфузна. Не ми е догледана до крај, само одложувам. Едит: втора сезона ми е досадна, трета уште нема
Да не се збуни нешто? Уште не е ни почната со снимање третата сезона, денес искочи финалето од втората. Кога сум веќе тука, огромна препорака од мене за оваа серија. Многу уникатен концепт и врв глума и режија.