Гледана да, и една меѓу подобрите серии шо постојат. Штета да, зошто е совршена. Ама, ако траеше поќе немаше да прај смисла. Флибег буквално не остава и не ни дозволва да продолжиме да одиме со неа после свештеникот. Претходно не се сака многу, после него учи да се гледа себеси зошто тој е првиот шо ја гледа неа. Пред него сама се обидува да се справи со загубата на пријател и осеќа вина и то го пополнува со то шо не вклучва нас (публиката). Колку пати зборала со нас и никој апсолутно не го гледа то. Ама дури и само поглед да ни пратеше - тој гледаше. И ја научи да се сака, како шо тој ја сака. Да се гледа себеси, како шо тој ја гледа неа. Со негова помош учи да се сака себеси и да се ослободи од тежината и болката шо ја носи. И поќе нема потреба да ја носи та тежина со то шо прај ментален чек аут за да можи да се справи со емоционалната тежина. Јас уствари вака разбирам крајот. Крајот е многу bitter-sweet. Тажен, сакам уште, Флибег и свештеникот ми го скршија срцето. Ама на крај на ден е „среќен“ крај и зато приказната мора да заврши.
Се ми е јасно, а и уште подобра ја прави ставањето крај "на време". Но, ме остави гладна за уште. Постојат мали шанси за 3 сезона...
Дојдов да пишам нешто за серијата СРАМ. Јас ја гледав хрватската верзија, а ги има повеќе. Првата е мислам снимена во Норвешка. Ист концепт само локално прилагоден. Серијата го следи животот на тинејџери во средно школо, прва љубов, прв секс, булинг и сѐ со што се сретнуваат во тие години. На моменти и малку кринџ ама многу гледлива и заразна. Мене искрено ми беше супер, ме врати назад на тие години кога мислев сѐ што лета се јаде Во јануари излегува трета сезона, а првите две се достапни на yt.
Најдобра серија евер! Ги имам изгледано сите верзии, најдобра ми е сѐ уште Норвешката и сега Хрватската, другите верзии ми се така мех, единствено може тука некаде Италијанската да е. Едвај чекам следна сезона од хрватскава Скам
Ај да ја додадам и Heated Rivalry, ја открив откако го напишав мислењево. Препорака ако сакате спортски содржини кои вклучуваат хокеј, затоа што јас воопшто не ја гледам ради тоа што е steamy серија со двајца презгодни мажи. Воопшто не гледам романтики, ама за оваа направив исклучок.
Серијава... Допрва уште толку ќе експлодира. Невидена хемија имаат, има нешто стварно посебно. Мислев дека е некоја смат глупа серија направена според смат книга, ама... уфффф. Предобра. Пре.до.бра. Ќе отворам тема утре. Мора. All the things she said, од сите песни, нормално дека е таа. Ремиксот... Немам зборови. Патем, имаше хокеј во серијава?
Од спорт, ми се допаѓа делот на крајот кога фудбалерите ги соблекуваат дресовите и ги менуваат како еден симбол на фер-плеј и меѓусебна почит, а денес ја изгледав и првата спортска серија Heated Rivalry. 10/10.
Доста долго време барав серија за гледање и конечно нешто ми привлече внимание, серијава ја изгледав вчера. Не можам да кажам дека ми е 10/10 но е ако сакате мистерија, психологија и трилер и имате слободно време препорачувам да гледате. „His & Hers“ е серија која ја раскажува истата приказна преку две спротивставени перспективи неговата и нејзината. Во центарот е еден настан што на почетокот изгледа јасен, но како што напредуваат епизодите, станува очигледно дека секој лик крие своја верзија на вистината. Серијата длабоко навлегува во човечката психологија, довербата, манипулацијата и токсичните односи, прикажувајќи како љубовта, вината и стравот можат целосно да ја изобличат реалноста.
I Swear (2025) 10/10 Британска серија базирана на вистински лик и неговиот живот низ призма како луѓето преживуваат со Tourette Syndrom. Брилијатно обработена серија.
Периодов сум опседната со вестерн, па покрај 1923 која е феноменална и премногу ми се допаѓа, ја гледам Landman со Деми Мур и Били Боб Торнтон. Меѓутоа, за освежување, ја започнав Rooster со Стив Карел. Дефинитивно би гледала сè што ќе излезе со актеров, премногу ми се допаѓа хуморот кој го внесува секаде кај што ќе се појави. Серијата е одлична, ја следам на HBO и секој понеделник има нова епизода. Од продуцентот Тед Ласо, серија која многу ја сакам. А и другиве ко што гледам му се со доста високи рејтинзи. Би дала шанса на уште нешто, дефинитивно си ја знае работата. Серијава е комедија по жанр, за професорска екипа на еден колеџ. Во центарот на вниманието е Грег Русо (Стив Карел), кој е писател на многу популарни романи за ликот наречен Рустер, кои всушност се евтини акциони трилери, но ултра-мега популарни. Грег добива прилика да предава на колеџот кај што веќе работи неговата ќерка Кејти. Има интересни ликови, некои неочекувани, но и очекувани сплетки специфични за ваков тип на комедија, но сепак многу е добра. Има простор за да тргне во многу насоки и ме интересира како е замислена и како ќе се одвива понатаму. Ме релаксира страшно многу, ме смее, скроз ми легна. Со душа чекам нова епизода и добрата вест е што ќе има и втора сезона. Ептен многу ја препорачувам.
Ако си опседната со вестерн гледај ги The Abandons и The English, поготово оваа втората. Ќе ми заблагодариш подоцна.