1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорачајте интересна серија со кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Sonce, 8 ноември 2009.

  1. Amica geniale

    Amica geniale Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2026
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    282
    Серијата го прикажува животот на двајца полубрака, расколот помеѓу нив кој го направи една девојка, позади нејзината убавина се крие мрачен лик, истата сака да е независна и мокна, ги користи сите свои атрибути во нејзината намера.
    Станува жена на едниот од браќата, мајка на две близначиња,ги остава, проба да го убие нејзиниот сопруг,тој преживува. Еден Кинез станува мајка и татко на близнаците, тој ги одгледува децата и ги учи на се во животот.
    Понекогаш кармата на животот си го прави своето, истата девојка успева во животот со лаги убиства го добива она што го посакува ,станува сопственичка на бордел јавна куќа, но минатото ја следи постојано.
    Смртта и болката го менуваат човекот, едниот брат близнак загинува, другиот е скршен од болка се додека неговиот татко не го благослови и не му даде надеж за животот.
     
  2. dasd

    dasd Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2024
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    92
    upload_2026-10-14_0-26-43.png
    Незнам зошто не сум ја сретнал до сега, предобра е серијава, животот на лик кој пере пари за мексички картел, ја фаќа женаму како го вара во истиот момент кога му ги убиваат колегите за кој тој појма нема дека работеле за картел и краделе од нив. За да си ги спаси децата останува со женаму и одат на едно езеро каде тој треба да испере голема сума на пари за картелот а во тоа се вклучува цела фамилија
     
    На Amica geniale му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.962
    Допаѓања:
    25.039
    Нова адаптација на култниот Carrie од 70-тите, дешавките се во денешно време, базирана според романот на Стивен Кинг, али и изменета малку. За сите љубители на хорор-психолошки драми, мене ми беше одлична, топ глума. 9/10. Една сезона, 8 епизоди по околу 50 минути.

     
    На Amica geniale, Angie1432, emiliana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    4.141
    Допаѓања:
    45.526
    Пол:
    Женски
    Cassandra - 2025

    Германска психолошка sci-fi серија,
    семејство се вселува во една стара, футуристичка куќа управувана од дигитална асистентка по име Касандра. На прв поглед совршена ( за мене од старт крипи), за постепено да си ја покаже мрачната страна, нејзината опсесија да преземе контрола над семејството од желба за човечка љубов и припадност.
    Интересна серија, мрачна во која се прашуваш дали човекот е вистинска закана или технологијата.
    Вреди да се погледне.
    Една сезона - 6 епизоди

    mv5byji3njlhnditotblzc00otmwlwi0yzytymi3zdy2mddkmtixxkeyxkfqcgc_v1_fmjpg_ux1000.jpg
     
    Последна измена: 17 октомври 2026 во 10:30
    На Amica geniale, ladyineon, Mazegin и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.699
    Допаѓања:
    47.486
    Пол:
    Женски
    Сакав да ја препорачам и јас, како фан на Mike Flanagan веднаш штом излезе ја гледав. Глумата на Кери е врв, а освен хорор-фантастичниот дел кој што ни е веќе добро познат, особено ми се допадна и целото претставување на булингот и (не)справувањето со него. Драми сместени во средно школо имаат тендеција да се кринџ, оваа ми беше полн погодок. А Samantha Sloyan е родена да глуми контрол фрикс/религиозни фундаменталисти, предобра.
     
    На Amica geniale, ladyineon, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  6. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.962
    Допаѓања:
    25.039
    Иста Гордана Гоџо, топ глума.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    3.171
    Одлична глума.
    Ретко гледам серии што не се на англиски, не ми е криво што и дадов шанса.
     
    На emiliana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    4.141
    Допаѓања:
    45.526
    Пол:
    Женски
    Исто, посебно германскиот ич не обожавам да го слушам, ама вредеше.
     
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.699
    Допаѓања:
    47.486
    Пол:
    Женски
    Леле да, кај ти текна. :rofl::rofl::rofl:
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.268
    Допаѓања:
    9.218
    Пол:
    Машки
    East of Eden - ремек-дело!

    Не сум го гледал филмот и не сум го читал романот. Имаше многу препораки за оваа серија, со жанр трагична драма, па и дадов шанса и не зажалив.

    Ја изгледав во еден здив. Епизодите траат по 1 час. Дејството е сместено во 19 век, во Америка (Конетикат и Калифорнија), во времето на каубојската ера, односно при завршетокот на војната.

    Крајот е трагичен и тажен, па доколку сте сензитивни, не препорачувам.
     
    На Didajo и Amica geniale им се допаѓа ова.
  11. Amica geniale

    Amica geniale Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2026
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    282
    Пред да почнам да ја гледам некако немав некој впечаток дека ке ми се допадне, се излагав.
    Прекрасна серија, многу добро е направена, мене ми се допадна што дејството во серијата се случува денес,се е склопено како што треба,булизамот, пубертетот, честитки за серијата,ја препорачувам на секој.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Amica geniale

    Amica geniale Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2026
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    282
    Cristal Lake, хорор серија која е базирана на филмот Петок 13.
    Се работи за една мајка која има дете кое е не е добро, таа работи во еден летен камп.
    Нејзиниот син се дави во езерото, мајката за да се заштити себеси од минатото и од луѓето кои ја прогонуваат, врши повеќе убиства.
    Нејзиниот син Jason не починат тој е жив, живее во шумата , има легенда за него , кој влегува во шумата не излегува жив..
     
    На blackpanter и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  13. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.962
    Допаѓања:
    25.039
    Планирам да ја гледам следна.