Оркански височини, преубава книга. Заборавив на неа, но вчера ја видов во библиотека и си реков да не заборавам да Ви ја препорачам.
девојки, сакам да прашам дали некој ја читал „книга без наслов“ од Непознат автор под псевдоним „непознатиот“, случајно ја најдов во библиотеката, а некако одма разбуди љубопитство кај мене, а јас пак како што сум љубопита .. а и сакам да ве прашам за „Дневникот на принцезата“ што мислите?
Не сум слушнала за таа книга без наслов, али штом ја разбоди љубопитноста во тебе..онда земи и прочитај си ја А за дневникот, ја прочирав пред 2 години и онака ок книгиче е..за тинејџери..тогаш имав 14 години..главно интересно лесно книгиче што се чита за ден-два
Иако можеби не е од област каква што преферирам да читам сепак би ја препорачала "Many lives many masters " Brian L.Weiss -типот е американски психијатар и во оваа книга го опишува искуството со една негова пациентка која страда од многу фобии ,преку хипноза докторов доаѓа до сознание дека сето тоа е последица на претходните нејзини животи.Значи ова го има објавено како вистинска приказна (колку е веродостојно не знам) но сепак е интересно за читање.Книгава ја има само во англиско издание.
книгава од секогаш сум сакала да ја прочитам, ама не сум ја затекнала! сум слушнала дека е доста интересна Spoiler за девојка проститутка .... баш ќе ја побарам! некој што ја читал да ми каже мислење? хаахах, а јас на сите љубители на животни, би им ја препорачала пајажината на шарлота можеби е детски романов, ама многу ме има расплакано што да правам, уште сум дете во емоциите
Дечки може ке сум малце оф топик али да не ја знае некој книгата од Cecilia Ahern - P.S i love you, за што се работи дали е интересна и дали би ја препорачале за мене на пример, 13 год иам ? ми се чинеше интересна коа ја видов во рамстор у книжарата а за препорачување, хм па незнам баш која, ја сите што сум ги прочитала ми се интересни, може Бескрајна Приказна, мн интересна книга. бар за мене
Многу ми е жал што многу луѓе ги немаат прочитано лектирите во основно или пак книгите за обработка од средно. Моја препорака е пред да си препорачувате некои лесни книги или бестселери да ги прочитате големите автори, ѕидари на светската книжевност. Ги препорачувам делата од Балзак, Достоевски, Толстој, Иго, Теодој Драјзер, Џек Лондон. Доста со Николас Спаркс, доста со Ден Браун и компанија- прочитајте ги Мартин Идн, Сестрата Кери, Американска Трагедија, Чичко Горио, Ана Каренина. Ќе видите дека се далеку поубави од некои си четки пред спиење и пораки во шише. Знам дека за вкусови не се дискутира, ама верувајте дека овие дела ќе ве збогатат како личност. Не гледајте само книгата да е мала или да е лесна за читање- верувајте овие книги и автори се храна за мозокот и душата.
Сесилија ме инспирираше еве да ви препорачам некои од книгите кои ни беа додуше задолжителни на факс, ама мене ми оставија посебен впечаток и мислам дека вредат да се прочитаат - за љубителите на оригиналите, по можност на англиски. Стварно се предобри. John Fowles - French Lieutenant's Woman J. G. Ballard - Empire of the Sun...кај овие двете и нивните филмски реализации се одлични David Lodge - Small World , The British Museum is Falling Down J.D. Salinger - The Catcher in the Rye William Faulkner - The Sound and the Fury Vladimir Nabokov - Lolita George Orwell - 1984 , Animal Farm Anthony Burgess - Clockwork Orange Овој пат се задржав само на англиски и американски дела, ама ако имате желба за нешто добро, од се срце ви ги препорачувам. Барем мене ми оставија навистина голем впечаток.
Од неодамна ја прочитав Евгенија Гранде од Балзак и морам да признаам книгата ме воодушеви.Во книгата се зборува за животот,се раскажува животот на едно семејство,но сето тоа од Балзак е предобро раскажано.Дава длабок опис на животните ситуации,на ликовите ,на нивните особини.Книгава дефинитивно ќе пробуди емоции,едноставно неможе да се остане рамнодушен.
Го мислам сосем истото како и Сесилија и Пирамид. Од време на време не е лошо да се одмори мозокот со Шопингохоличарка и такви слични книжулиња, ама реално тоа не е квалитетна литература. И тие што ги препорачуваат Фактор бивши и Која е таа девојка и Јади, моли се, уживај според мене не се љубители на книгата. Туку на евтини романчиња. Нејсе, јас топло ви ја препорачувам Волшебник од Набоков, кој е зачеток на романот Лолита. Малечка е книгата и евтина, на штандот на Ѓурѓа на почетокот на ГТЦ ќе купите минимум 3 квалитетни книги, отколку да плиснете пари на една од тие вашите. За љубовта и другите демони - Маркез Жени - Буковски Јас, Мона Лиза - Џин Калогридис
,, Петтемина кои ги среќаваш во рајот ,, - Мич Елбом. - Дејството се развива околу 83 годишниот Еди, кој го опишува неговиот животот пред и после смртта... Книга која успешно и на свој начин ќе ти го промени животот... и ќе те остави без здив. ,, Почекај до полноќ ,, - Аманда Квик. - По смртта на својот сопруг, кралицата Викторија ќе посака да комуницира со него, со неговиот дух. Во тој период се појавуваат многу медиуми (посредници помеѓу живите и починатите) кои ,,би можеле,, да и помогнат... Книга полна со неизвесност. Ќе сакате да ја прочитате во еден здив... Книга за љубителите на детективската, криминалистичката литература, а воедно и на спонтаните љубовни авантури.
Мартин Идн едвај го дочитав. Само сакав што е можно побрзо да се Spoiler удави А Американска Трагедија е прекрасно дело, чинам во два дела беше Колку длабок опис на човечката психа и на човечките пороци и навистина вреди да се прочита Е сега не секој сака да се расправа со литература која треба да се свари. По толку замарање на мозокот и те како добро доаѓа некое лесно книгиче, да те опушти, да ти ги однесе мислите на друга страна и да те развесели. И така во овој свет сме опкружени со неубави работи, па барем понекогаш да отидеме во некој розов свет...
1.„Трчај дома“- Лори Лансенс 2.„скршени крилја“-Калил Џибран 3.„знаеш ли да чуваш тајна“-софи кинсела посебно ја препорачувам втората за љубители на тажни романси за плачење
Stephen Chbosky - The Perks of Being a Wallflower. Неодамна ја читав книгава и навистина ме воодушеви. Книгата ги опишува тинејџерските години на Чарли и според мене навистина вреди да се прочита, особено ова важи за тинејџерите. Оваа книга ја нема да се купи колку што јас знам, но може да се симне од Интернет. Сите три книги за Споменка од Горјан Петревски се прекрасни. Кога ќе почнеш да читаш, те влече понатаму и не можеш да престанеш. На многу места во книгите ми дошле солзи на очи, едноставно авторот фантастично ги опишува настаните.
Сите книги од Ог Мандино, извонреден автор за само помош. Најголемиот трговец на светот, Најголемото чудо на светот, Најголемата тајна на светот, Најголемата мистерија на светот, Најголемиот успех на светот, 17 Правила за подобар живот, Враќањето на старинарот, Дар на ѕвездата Акабар, Дванаесеттиот ангел, Мисија - Успех! Денес едни од најпознатите и најуспешните луѓе во светот, јавно признаваат дека успеале благодарение на книгите од Ог Мандино.