Разговори со Бога; моќта на самодовербата; во вортексот на остварените желби; што не е љубов....ги има доста Почни со разговори со Бога
Дали вреди серијалот од Лусинда Рајли да ги купам сите, до сега ми се допаднале нејзините книги уште овие ми останаа за читање.
Интересни се, секоја сестра има посебна приказна и судбина. Да, почетоците на книгите се повторуваат (барем на првите три) но интересно е да се види/прочита од "други очи" истата приказна затоа што секоја сестра како што кажав си е засебна приказна и карактер.
Кога сакаш некого-Кристин Хана По болниот непријатен развод поради долгите години борба со неплодност и неможноста да зачне, Енџи се враќа во родното гратче и започнува да го води семејниот ресторан. Сè уште скршена од болка, таа се спријателува со млада девојка која и самата има прилично многу проблеми. Енџи ја вработува 17-годишната Лорен, затоа што во неа гледа нешто што другите не можат да го видат. Двете стануваат пријателки, а откако Лорен ќе остане без старател и покрив над главата, Енџи великодушно ја поканува да живее кај неа. Сепак, животот ги става на тест двете жени, едната која очајно копнее да стане мајка, а другата која моли за мајчинска љубов и внимание. Но, ништо не може да ја подготви Енџи за реперкусиите од овој акт на љубезност. Заедно, двете жени – едната што копнее за дете и другата што копнее за мајчинска љубов – животот ги тестира како никогаш претходно. Оценка:10/10 Ви ја препорачувам да е прочитате
A fire sparkling, Julianne MacLean. Провери дали се уште е бесплатна на Амазон, беше до пред некое време.