Тајната колиба на плажата од Сара Џио Историска драма за Втора Светска Војна, сага за недозволена љубов, убиство и одамна загубена слика…Летото во 1942 година, дваесет и едногодишната Ен Келовеј, неодамна свршена, одлучува да ја напушти својата земја за да служи во Армијата на медицинските сестри на Пацифичкиот остров Бора-Бора. Ова за неа претставува нешто сосема ново и возбудливо, сосема спротивно од она на кое е научена и навикната со нејзиниот мирен и предвидлив свршеник, па нејзиното внимание веднаш го привлекува мистериозниот војник по име Вестри. Нивното пријателство на прекрасно опишаниот остров наскоро почнува да цути како што хибискусот цути покрај океанот. Но покрај океанот има и нешто друго… Мала напуштена колиба на одамна починат сликар, непозната за останатите војници, па Ен и Вестри се состануваат под малиот речиси распаднат кров каде делат еден свој приватен свет. Но нивниот мал идеален свет во колибата се распаѓа кога стануваат сведоци на грозоморно убиство во близина на колибата. Брзо по убиството, Вестри одеднаш го преместуваат на друга воена локација и целата убавина исчезнува во ветриштата на војната. Ен Келовеј, сега старица, ја раскажува оваа приказна обидувајќи се да открие нешто повеќе во врска со љубовта која трае повеќе од седумдесет години… Многу убава книга и ја препорачувам да е прочитате
https://www.goodreads.com/book/show...e?ac=1&from_search=true&qid=fsep9x2wcC&rank=1 https://www.goodreads.com/book/show/41021967-punk-57 https://www.goodreads.com/book/show/25912358-a-thousand-boy-kisses
Препорачајте книга за студент на Општа медицина, да е поучна и да држи внимание. И ако ја има во електронска форма, уште подобро. Ви благодарам ❤️
Сите книги на Теодор Драјзер. Сите се над 400 страници. Во друг случај, би ти ја препорачал Глувци и луѓе од Штајнбек (140 страници). Врвна книга
Препорачајте ми интересна книга која мислите дека секој треба да ја прочита. Само да не биде љубовна, тие не ги можам. Одамна не сум читала, ми фали. Сега имам баш време и сакам да го искористам со квалитетна книга а не да купам некоја која нема да ми задржи внимание.
Каков жанр поточно те интересира? Сликата на Доријан Греј од Оскар Вајлд според мене секој млад човек треба да ја прочита
Било каков само да не е типично тинејџерски, љубовно романче. Фала ти за предлогот. Каде можам да ја најдам книгава?
Горан Стефановски, Петре М. Андреевски, сите нивни дела. Милан Кундера исто. Многу ми се допаѓа и Георги Господинов, Физика на тагата. Скоро ја прочитав Преубници од Вида Огненовиќ и ептен ме бендиса. Како италијанист секогаш ги препорачува Алесандро Барико, Маргарет Манцантини и Николо Аманити (Не ми е страв). Во последниве години читам доста (претежно) македонски автори како првите што ги спомнав, ама Петар Андоновски од помладите ептен го засакав.
Раскажувањето на Маркес е уживање, немој да ја одбегнуваш „Љубов во време на колера“. Дај ѝ некогаш шанса, многу повеќе е од (лигав, плиток) љубовен роман. Он топик: Ме воодушеви замислата и идејата на „Атлас на облаците“ од Дејвид Мичел. „Мајсторот и Маргарита“ на Булгаков отвора нови светови; „Источно од рајот“ и „Глувци и луѓе“ на Штајнбек; „Бесмртност“ на Кундера и „Дервишот и смртта“ на Меша Селимовиќ. Последно ја читав „Образована“ од Тара Вестовер, се работи за мемоари. Далеку е од 100 books everyone should read before they die ама ја препорачувам поради тоа што дава една поинаква перспектива.
Ugly Shy Girl by Laura Dockrill Дали оваа книга ја има на македонски јазик? Или па и да ја нема на македонски јазик, нека биде на англиски. Ја има ли било каде во Македонија?
@calm-girl Со брза проверка на гугл и на cobiss каталогот, можеш да видиш дека таква книга нема во превод. Еве ти на англиски https://ug1lib.org/s/laura dockrill
До толку не би знаела, ќе си прошеташ по книжарниците, Икона и слични кои носат странски изданија и ќе прашаш.